Што направивте ко во брак да е со деца па се гледа со двајца и грев е. Не е ни во "официјална" врска со ниту еден од нив, па може вака до кога си сака, се додека не почне да ветува брда и долини на едниот од нив, или двајцата. Не би било фер. Давај им на знаење дека не си врзана за нив па да не очекуваат многу од тебе. Вака на почеток, додека (или ако) работите се уште лабави, ретко се гледате, чувства некои посериозни и интензивни уште не се родиле, не е грешка. Млада си, уживај, гледај што ти одговара а што не, и не мора слепо да се врзуваш за еден па да му ветуваш ексклузивност кога искрено таква потреба не чувствуваш. Ниту пак треба некоја незнам каква љубов да чувствуваш кон некој за да бидеш со него. На овие години доволни се симпатии, забава, опуштено дружење...не турски серии со колнење на верност и вечна љубов. Гледај само да не ги искомплицираш многу работите и држи лабаво, бар додека не ти се искристализираат чувствата кон еден од нив. Ако воопшто тоа се случи, ако не, откачи ги и двајцата, на подолг рок врска без вистински емоции зошто ти е?
Голема грешка е што во помладите години на вакви работи се гледа со голема осуда од страна. Исто е и многу нефер да му даваш на некој до знаење дека којзнае колку ти значи, а во суштина не си задовол(е)на само со/од него. Повеќе поштувам пократки врски/мувања, да се запознаат убаво секакви карактери во животот, па со текот на времето си спремен и полесно "детектираш" кој има поискрени намери, а на кој си му за 10 минути задоволство во кола, отколку врски на долги патеки уште од најрани години. Па само што се земале, на едниот веќе му скурчило и тогаш жени доаѓаат на форумов "маж ми после браков веќе не е како порано". И тогаш фактички сфаќаш дека ти отишле годините. Младоста, место на журки, дечки, забави си ја поминала во кинење живци и расправии од типот "другар ми е, добро ќе го избришам, добро ни со колегите не искачам без тебе, зошто не ми се јави пред да заспиеш" и слични банални работи. Нити брак, нити деца, ништо нема да избега и се' ќе си дојде во свое време. Подобро незрели работи да се прават во помлади години, отколку во постари. Зашто тогаш утеха за неисполнетиот живот и брак ќе најдеш и во комшијата.
Да е некој што не го сакам и да дознаам дека е и со друга девојка не би ми било воопшто чудно и би ми било сеедно, и да е и некој што го сакам пак не би ми било чудно тогаш ќе заболи малце ама сепак еднаш кога ќе го почувствуваш тоа, е веќе другот пат ке бидеш спремен Сепак откако некој тебе ќе ти го направи тоа можеби ќе станеш и ти како него, и ти ќе бидеш без осет, e тогаш ќе сфатиш како би ти било
Епа вака сега.. одевме со еден година дена и раскинавме, па сега пак си пишеме нон стоп и тој како сака да е со мене али се плаши да не му раскинам.. а во меѓувреме се запознав со едно момче исто моја генерација е ии баш тие денови почнавме да се гледаме, тој изгледа планира нешто озбилно со мене, а јас не знам што да правам, мн е комплицирано.. Инаку во исто школо идеме со бившиот и вчера ме бакна на вратот кога излегов од школото и се осетив ептен неубаво, сега си пишам и со двајцата и незгодно е.. не знам што да правам, како да изберам навистина не знам..
Зошто раскинавте со бившиот? Со другото момче убаво ти е? Одалечи се од двајцата и добро размисли си.
Е те така. Убаво си кажа. Кога седиш на два стола најдобрата опција е да си бараш трет. Пс: не дозволувај да те бакнуваат дека ќе им текне Викаш стабилен ќе бараш а каде е твојата стабилност?!
Девојки ми треба вашата помош. Имам 17години. Во животот никогаш не сум помислила дека некој ќе се заљуби во мене, поради тоа што одам со.помагало. На втори септември на еден фестивал се запознав со едно ммомче сосема случајно. Почнавме другарски да зборуваме иако ми беше чудно момче со мене да зборува. За три дена требаше да оди бидејќи беше од друг град. Се бакнувавме. Ми велеше дека не е важно каако оддам. Одкако си замина на fb ретко пишеше. Ми велеше дека нема време. Сватив дека сака да ме избегава. На 13 септември заминав за унгарија на размена таму запознав друго момче кое беше многу добро. Почнавме да се запознавме подобро. Истовремено другиот не пишеше мислев дека е готово. Во унгарија по 4 дена му дозволив да ме бакне момчето. Станавме многу блиски. Тој спиеше заедно со мене. Но потоа овој другиот почна редовно да пише. Си велев зошто баш сега. Ми се извинуваше дека немал време затоа не ми пишеше. Се вратив од унгарија сегаа и двајцат ми пишат. Незнам што да правам. . Ни кон двајцата не чуствувам нешто посебно (ваљда). Ми требате првпат во животот истовремено двајца, ни на сон не би ми паднало вакво нешто. Зошто чуствувам грижа на совест. Како вина кон двајцата?
Значи можат и 10 да ти пишуваат истовремено и 100, но ти си знаеш најдобро кон кого чувствуваш нешто....РАзмисли сама не знам како би можела да ти помогнам јас или некој друг
Ако не чуствуваш ништо спрема двајцата тргни се од нив. Можат и 10-20 да ти пишуват немора да значи дека чуствуваш нешто кон нив. Размисли си убаво што сакаш.
Ако сметаш дека ништо не чувствуваш кон ниту еден од нив, тогаш јасно е се. Teбе само ти годи вниманието од нив, па затоа толку ти е тоа во мисла. Уживај и не размислувај многу, не се оптеретувај ако веќе си знаеш што сакаш.
Не го прочитав цело ама остави го дечкото. Не си фер воопшто што го изневеруваш...ако го сакаш другиот оди со него и готово, што го лажеш дечкото?? Нека си бара некоја што вистински ќе го сака, а не да го изневерува зад грб ко ти што му правиш. Додека има време, раскини му.
Е стварно треба да ти се помогни, само не на форум. Ако ти сама не си свесна шо правиш, имаш дечко еј и одиш со друг, па и секс, не знам како можиме овде да ти помогниме. НЕ те осудувам јас, ама изневерување никогаш нема да оправдам, без разлика каков бил ти си му дозволила така да се однесува да ти забранува, чекај и кој е тој да ти забрани ? РАскини му на детето ако не ти е дојдено до него, па после прави шо ќе правиш со друг.
Devojki mnogu osuduvame, jas sto da kazam? Vo vrska sum no ne sum srekna, bivsiot kazuva deka uste ideme, ama ne mi priznava deka me saka, a segasniov mi se druzese so neprijateli, so gnasi, so se, sakam da umre u sandak da go vidam na moment, ama sto da napravam? Nemozam ja da sakam, site samo me povredija, sto bi pravele na moe mesto? Uste decko mi se luti, vika ti ic ne me sakas i ne mi veruvas
Па проблемот е до тебе. Како можеш да му посакуваш лошо. Кога не иде не го тегни пушти го. Во врска не е само љубов.
Не осудуваме само сме реални и ја гледавме ситуацијата како што е прикажана за нас едноставна а за писателот прекомплицирана затоа и советуваме да одврземе конци малце. Зошто те повредува тоа што дечко ти не ти верува? Ни јас не би му верувала на некој што ми посакува смрт. Зошто се замараш со бившиот зарем сеуште те интересира што мисли тој човек ваљда не е за џабе бивши. Мој заклучпк според напишаното е дека ти имаш страв од осаменост, не си единствена познавам многу девојки кои се чувствуваат исполнето само кога имаат дечко, затоа си одлучила да останеш во таа токсична врска.Совет откачи се, дај си малку me time, вежбај, шетај во природа релаксирај се и ќе видиш дека не се врти се окулу машките туку окулу тебе барем во твојот свет.