Здраво... Јас сум разведена и кога го запознав и тој ми се претстави дека е пред развод. Ми одговара во секој поглед. Веќе се заљубив. Секогаш весел и расположен да се видиме кога јас ќе посакам. Но, пред 1 недела се посомневав дека сеуште живее со сопругата и отворено го прашав. Ми призна дека е во многу лоши односи со неа, но заради децата мора да живее вака. Мислам дека умрев во истиот момент. ШТО ДА ПРАВАМ?
Радосниче ваквите врски не завршуваат ,,славно,, , но ако те сака и го чувстува истото што и ти мисла дека нема да се колеба да се разведе како и што самиот ти вели: ,, Во многу лоши односи сум со зена ми таму живема ради децата,,. Но реално колку може некој да изджи со човек кој не го сака, и животот да му е пекол ?-женаму. Исто така кога тогаш децата ќе разберат дека не се согласуваат , затоа не ја гледам причината-децата? Јас ти предлагам сериозно да разговараш со него и тогаш донеси трезвено одлука. СРЕЌНО!
Мислам дека би било најдобро да се тргнеш на страна, ако нему му е навистина до подобар живот ќе се разведе од жената со која има лоши односи и ќе сака да биде со тебе а чим и покрај тоа што вели дека имаат многу лоши односи пак е со неа значи не му е сеедно дали ќе биде или не со неа. Најдобро би било да се тргнеш од него пред да се приврзеш уште повеќе и пред да ги задлабочите повеќе односите.
Ако толку го сакаш,и ти е совршен,бегај си настрана додека е со жена му.Ако се разведат,и ако бидат расчистени работите меѓу нив,тогаш можеш да пробаш да започнеш нешто со него. Ама во меѓувреме,стој на дистанца.
Го кажувате токму она што и мене ми се мота низ глава сите овие денови.....и ме боли што ќе мора да се откажам од него сега кога ми е најубаво и во љубовен залет. Се ближи денот кога се договоривме отворено да разговараме и јас да му ја кажам мојата одлука.....еден од фактите кои сакам да му ги кажам е да биде храбар и да се разведе.....но и покрај тоа што и нему му е прекрасно со мене и полн е со емоции, мислам дека нема намера (којзнае дали воопшто во иднина ќе го направи тоа)... ееех...колку е полесно да советувам другарка во ваков случај-ќе и кажам воопшто да не разговара со него
Тешко ќе биде, ама потешко ќе биде по три години да пишуваш тука како не можеш да си го замислиш животот без него, како викал дека ќе се разведе, ама ништо од работата, па така поминале годините... Додека е време тргни се, па може и он ќе размисли, ќе види како стојат работите...
Во парво си ние сите те советуваме од аспект на пријателство, но само ти вистински занеш како се чуствуваш и низ што мораш да поминеш.
Да....сосема пријателски совети...и полесно е вака, затоа што повеќето што ме знаат ќе се чудат како не сум приметила таква лага од почеток. Вашата објективност ќе ми користи да им отворам војна на моите субјективни заслепени чувства и да не си го губам времето со некој што ми е од старт забранет... Се надевам дека ќе имам сила
Кога уште на почетокот си знаела дека е женет (иако нели ти тврдел дека е пред развод), си требала уште тогаш да се тргнеш на дистанца се‘ додека не ги расчисти сите сметки со жена му. Но, муабети од типот што би било кога би било нема да помогнат. Убави совети ти дале сите, а гледам и самата добро знаеш да процениш Ти посакувам се‘ најдобро и се надевам дека се‘ ќе се среди
Го сакам но тој е женет...... Вака незнам од каде да почнам.Тоа е човекој кој е најдобар пријател на дечко ми воедно и негов зет за братучетка.Уште кога го видов се заљубив во него пред 5г.Знам дека и тој не е рамнодушен мн пати ми се јавува ми прака пораки .....имаме останувано насамо тој се обиде да ме бакне да ме гушне но јас не дозволив ( колку се кајам тоа ми беше единствена шанса да јја почуствувам неговата прегратка).Тоа се случи пред 2г,како малку да се ситшија работите,но како да го извадам јас од мислите како да кажам на срцево да не го сака.Пред некој ден бевме кај него...ме добре за раката под масата....душата ке ми се парчосаше .ГО САКАМ НО ЗАЛУДНО. Неговата сопруга и децата ме саакат повеке од било кој и ме ценат исто и јас нив.Мојот дечко е најдоброто суштество на светото.КАКО КАКО ДА ГО ЗАБОРАВАМ И ДА НЕ МИСЛАМ НА НЕГО....СЕКОЈА НОЌ ЗАСПИВАМ СО МИСЛАТА И СОЛЗИТЕ КОН НЕГО....УТРОТО Е ИСТО...помогнете ми ве молам....
Го сакам но тој е женет...... Олесни му ја маката на дечко ти,и раскини му.Лиши го од личност,која не го сака и почитува доволно. А избегнувај го него и неговото семејство.Немој да растураш нечиј дом.Иако граден врз лага(ако посегнал по додворување на тебе,се знае колку му теже паметот),не биди причина ти за распад на истиот.
Го сакам но тој е женет...... Toa mi e i problemot, nesakam da rasturam necij dom,kako da go napravam toa na lugeto sto me sakaat i pocituvaat previse.Nemozam da izbegnam konakt so niv nikako....znaci tie se najbliski vo familijata postojano sme zaedno...dopolnitelno mi stvara problem.Kako mozev da se zaljubam kako vo takov covek.Se tresam koga ke go vidam isto i toj..se sum veruvala no deka ova ke mi se sluci ne..i ne e 1g,2 veke 5g mi gori dusata.A nemozam da napravam nesto nemozam da bidam pricina za necija taga......mi ide da se otkazam i od zivot i sve
Го сакам но тој е женет...... Ова ми личи како сценарио од турска серија пих! Цуро мислам дека тролаш вака неделно пошто и така недела е досаден ден,што си чекала 5 години? Што не пиша порано? Извини вака ама ваквите ко тебе мислам треба пешки до Италија и назад да прошетаат
Го сакам но тој е женет...... Pisuvav i porano na drugo sajtovi,nesakam da gi zamaram lugeto so moite problemi.Sekogas sama smetav deka mozam se da napravam da se soocam no nema izlez veke...duri se dodvoriv na edna drugarka za ova nemozev povekl...Blagodaram za mislenjeto...jas si ja znam tezinata na srceto samo jas........INako na kraj svetot bi otisla peski i nazad ako so toa mi se olesni dusata na kraj svetov.....ne turska serija ova moevo e i turska i spanska i indiska nema kraj...amn vise
Го сакам но тој е женет...... ЕВЕ ВАКА СЕГА ПРОЧИТАВ БУБЕНЦЕ ШТО СИ НАПИШАЛА СЛУШНИ МЕ СЕГА СО НЕГО НЕМАШ ИДНИНА ОН Е ЖЕНЕТ И НОРМАЛНО ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ЗАЉУБИ ВО НЕКОЈА АМА ТОА Е ТРАЕ НЕ ПОВЕЌЕ ОД 2 3 МЕСЕЦИ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ПОМИНАЛЕ ГОДИНИ ТОЈ Е ЖЕНЕЕТ СВАТИ ГО ТОА ЗНАЧИ СТАЈ СЕ ВО СИТУАЦИЈА НА НЕГОВАТА СОПРУГА ВООПШТО НЕ МОЖЕШ ДА СЕ ЗАМИСЛИШ ДАЛИ МИСЛИШ ДЕКА ТОЈ СТВАРНО ТЕ САКА НЕ БИДИ БУДАЛА НЕ ВЕРУВАЈ ВО ТАКВИ ФИЛОЗОФИИ ИМАШ ЗЛАТЕН ДЕЧКО КАКО ШТОО КАЖУВАШ НЕМОЈ ДА СИ ГО СПОДЕЛИЛА ТОА СО НЕГО НИКАКО ПОШТО МОЖЕШ ЗА СЕКУНДА ДА ГО ИЗГУБИШ И ДРУГО НАЈБИТНО ТОЈ И ДА ЈА ОСТАВИ СВОЈАТА СОПРУГА ЗА ТЕБЕ ИЛИ БИЛО КОЈА ТОЈ ПАК КЕ И СЕ ВРАТИ ПРВАТА СВАДБА ПРВОТО ДЕТЕ НАЈУБАВИТЕ МОМЕНТИ МУ СЕ СЛУЧИКЕ СО ТАА ЖЕЕНА!НЕМОЈ ДА ПЛАЧЕШ НЕМА ПОТРЕБА СВАЌАШ ЕДНОСТАВНО БИДИ ЛАДНА И НЕ СЕ ЗАМАРАЈ ГЛЕДАЈ СИ ГО ДЕЧКОТИ !МОЈ СОВЕТ МОЕ МИСЛЕЊЕ ИМАВ ДРУГАРКА ИСТО ТАКА КАКО ТЕБЕ ТОЈ ГИ ОСТАВИ И ДЕЦАТА И ЖЕНАТА ЗА НЕА И БЕШЕ СО ЕНА 4 МЕСЕЦИ И МУ ЗДОСАДИ И ПОВТОРНО СЕ ВРАТИ КАЈ ДЕЦАТА И ЖЕНАТА!
Ееее колку е само тешка ваквата ситуација. Во слична се имам и јас најдено.. На работа доаѓаше, секој Божји ден , стапивме во контакт, се ми кажа имам жена имам девојче 6 месечно, вака се вика, цела е на мене др др др, секој ден исто. Ме адна на фб (демек пријателски пишувавме ни тој мене ни јас него не признававме дека имаме чувства еден кон друг). Излегов од на работа, почнавме се почесто и почесто да комуницираме, некогаш ќе се најдевме случајно по пат, ти Јована треси се од возбуди. АМА НЕ!! Му признав еден ден, му реков не сакам да контактираме веќе, мораме да ставиме крај на ова. Неговата реакција беше бурна. "Зарем толку лесно можеш оставиш нешто што може да биде прекрасно створено?? " - рече... "ДА!! Ако треба со векови ќе се борам против моите чувства, но јас и ти нема да сме заедно!" - Реков. Тој ни беше последниот муабет. Ден денес не жалам што постапив така, напротив се гордеам. Затоа "Bubenceto073 " Мој совет е да разговараш со него и заедничка точка да ставите.
Во случајов за жалење се жената и децата на оженетиот. Кутрата се омажила за некој кој демек ја сака, а децата имаат татко кој сеуште е тинејџер. Јас таквите мажи не ги сметам за мажи, туку за слаби, себични личности кои немаат почит кон сопругите. Ако не ја сакал не требало да се вечна со неа, а не потоа да ја повредува и да бара развод. А сите кои имаат двоумици во врска со женети мажи, протресете си ја главата и речете си: "Еј ало ти нормална си што правиш, има толку мажи на светов, а ти си се затрескала по зафатен човек"
Бубенцето или како и да е...не му го губи златното време на твојот дечко што може да го има со некоја друга.Јас мислам дека си со него затоа што ако се разделите,нема повеќе да бидеш блиску до твојот сакан.И како што и самата си кажа 5 години си заљубена во него,НЕ во дечко ти.Ако си доволно свесна за ситуацијата и не сакаш да растуриш нечиј дом(а не си среќна во врската),тогаш повлечи се и заврши ја оваа работа.Греота е да ја користиш на овој начин добрината на некој дечко.Твојот сакан ако е таков мислиш ли дека нема други?Кога се обидел во фамилијата тоа да го прави што е со надвор?Ти му веруваш и се тресеш кога ќе го видиш ама него изгледа само нешто друго му се тресе(се извинувам за вулгарноста)
ахх леле, не ти е лесно ... Штом велиш дека си толко блиска со неговото семејство биди задоволна и со тоа дека си блиску до него без разлика што неможеш ништо со него, т.е. можеби можеш но мислам дека не е во ред. Едноставно биди задоволна со тоа што го гледаш среќен и така ке ти биде полесно, барем така мислам