Мислам дека претеравте, таа немала ништо се него а вие направивте како да му го растурила бракот ... Таа само си ја кажува маката и бара совет како да го заборави а не како си прости ако би имала нешто со него. На секого може да му се случи ова. Како и да е тој е повеќе виновен од неа, како што разбрав тој прв почнал се ! Сепак немој да продолжиш како до сега, покажи му дека не те интересира повеќе, така ке биде најдобро
Ами ние и дадовме совет како да го заборави,но таа остана глува на нашите зборови. Побитно и беше што ќе облече,нели ќе идела кај него,т.е кај него и неговото семејство
дали мислиш дека сакам да бирам што ке облечам ??? и дека сакам да се тресам кога ке го видам ???бев искрена во моментото...потсвеста е опасна работа ама мислам дека згрешив што си ја кажав маката...секако сум крива...ајде кажав бидна работата ...не сум глува на вашите зборови ги прочитав вашите мислења по 10 пати најмалку...
Мене ми е драго ако мислењата ги имаш прочитано 10 пати,а уште по драго ќе ми биде ако барем еден од советите примениш. И имаш право потсвеста е лоша работа,зашо таму е складирано вистинското твое јас.Пробај да ја контролираш,во спротивно мноогу работи на виделина ќе излезат.Колатерална штета за сите вас ќе биде. Размисли малку да се оддалечеш од се,од него..м?Избегнувај да одеш кај нив. Можеби дистанцата ќе помогне да разбереш дали се работи само за заблуда. Ако не,остави го дечко ти.Како може да си со еден,а да сакаш друг?
јас сеуште не разбрав како таа се вљубила во него? Само од гледање? Или коа си оди дома си праи филмчиња како се плескаат и се прегрнуваат и дека децата негови се нивни заеднички па си праи девојчето падови и подеми во главата и така секоја вечер, па пак се враќа во реалноста па плаче, па пак си фантазира итн до бескрај Навистина сакам да знам како и зошто се вљубила во него?
^ Романтични души, неизживеани, или благо депресивни, несреќни, лесно можат да се заљубат и тоа претежно во погрешни личности, за да додадат драма во својот монотон живот. Се кладам дека овие 5 години за неа не се измачување туку највозбудливите во својот живот. На многу погрешен начин си прави екскурзии за жал. Друг е проблемот кај неа, уште кога ќе видиш дека 5 год е во врска со некој што не го сака, знаеш дека не и се сите овци на број и дека на крај неславно ќе завршат некои работи. Се надевам дека нема и дека ќе се опамети со време.
Jас ке ти дадам совет да си расчистиш прво со дечко ти ,оти и него го мачиш и сама се мачиш,како издржуваш 5 години со некој кого не го сакаш?A заводникот во кого навидум си вљубена ,е само илузија и го идеализираш ,но што и да чувствуваш кон него е излишно и биди свесна дека не може да биде твој!Hе сакам да те навредам,само ти давам совет најдобронамерно
Еве вака...од почетокот на мојата врска со дечко ми најблиски сме со нив.Отсегоаш е постоело шеги дружба меѓу нас.Постојано се зезавме ке пишевме по некоја порака за зезање,тој ми се јавуваше се глупиравме нели пријателски.Полека но сигурно тој ми се навлекуваше под кожа,јас и незнам како можам да го сакам.Но сега кога го вракам филмов назад се присетувам дека тој постојано ме демнел и се обидувал да ми се приближи а јас тоа не го ни забележав и така полека полека додје до ова.Не правам никакви фантазии во врска со него,јас несакам да повредам никого само сакам да не го чувствувам ова.Пишав во претходен пост дека тој седеше до мене и ме добре за раката ама не напишав дека кога тој го направи тоа неговото дете кое седеше во мене го ставив помеѓу нас, да знае и тој дека има препрека голема меѓу нас двајцата. ГО САКАМ КАКО ГО САКАМ НЕЗНАМ.ВИ пишав дека се обиде да ме бакне но не дозволив ме прегрна тој ( и ова не го пишав еве го кажувам сега,зошто мислам дека ке ме направите луда или дека мн гледам серии) ме бакна на челото ми рече дека можеби во некој дуг живот ке сме заедно.На тоа јас се насмев и му реков дека тој може да ја има која сака ( мн пати ја има изневерено жена ми го знам тоа со сигурност имам цврсти докази,но тоа е негово немам намера да се мешам таму) дека има жена, но тој се заврте и ми рече ОВА НЕ Е ИСТО ТЕ МОЛАМ НЕ СЕ СПОРЕДУВАЈ СО НИВ и замина.евееее и што да правам јас ајде што да направам го сакам а како и зошто незнам ни јас...да не знам каков е дека има жена и деца ,дека се коцка и се по ред ајде би рекла сум се заљубила и тоа е ок ама вака...неможам да поверувам ни на самата себе....ете така
Cвесна си барем дека е лажго и ете ти доказ,ја изневерува жена му,а со тебе дека не било исто да не ти мачка очи,тој ќе направи се да те придобие да му јадеш од рацете и после кога ќе си негова да не можеш да го оставиш,тоа сака тој,само швалерација.Hема љубов ,нема чувства од негова страна,инаку да било така штом намерно те заведувал ќе ти речел нешто друго и секако пред да почне со тебе нешто,би сакал да ја напушти жена си,што секако не е убаво за тебе оти и тебе би те изневерувал плус би растуриле семејство. Tи не допуштај да ти прави филмови,или има некое решение во кое тој има жена и швалерки а тебе ќе те сака .Oтвори си ги очите ,и да не се заљубуваш повеќе,оддалечи се од него.Mораш да бидеш искрена и со дечко ти инаку тој лавиринт е бескраен!
Извини вака, али неможев а да не го кажа своето.. Види, јас сум тинејџерка, до уши вљубена сум во еден познат пејач.. Искрено стигнав до тоа и да имагинирам за ‘нашата‘ свадба, а сеуште го немам видено.. И мислев дека сум малце ‘швркната‘ но психологот ми кажа дека тоа е нормално за мој години..Но, еднаш останав така сама во собата и размислив, што ќе ми донесе имагинацијата? Стварно ќе се мажам за него или ќе се заљуби во мене кога ке ме виде? Искрено, не верувам.. Па, сакав да кажам дека ова не е вистинска љубов.. Исто е и твоето, ти не го сакаш него, имаш симпатии! Верувај! Несакам да те навредам и ретко употребувам вакви зборови во мојот речник, но глупо од твоја страна што му допушташ така да си игра со тебе.. А и човек што има жена, па со нејзе и деца.. Не верувам дека туку така ја заборавил, попосле пак ќе и се врати на нејзе. Инаку јас го кажав само моето мислење.. Извини што забегав малце од тема, но незнаев како да ти го кажам тоа..
Бебенцето види вака, мојата ситуација е далеку по различна од твојата, но мислев дека имам чувства за еден. Тој што го сакам, не беше со мене. Немав доволно љубов и барав некој кој ќе ми обрне внимание. Се погоди еден таков ко тој твојот, ама незнам ништо за него (сигурно е слободен, барем така тврдеше). Само ме додаде на фејсбук и си пишувавме. И јас се занесував дека ќе биде вака, ќе биде така. Ама среќа на време сфатив дека се тоа само фантазии на нешто што ми фали. Сигурно и кај тебе е така. Пробај среди си ја врската, види што и недостасува и батали го тој женетиот. Или барем раскини му на дечкото. Стави се во негова кожа да видиш како е. Сигурно не би сакала некој така да ти прави.
Далеку од тоа дека можам да замерам некому за мислењето, секој има право да си го каже своето.И јас почнувам да мислам дека си поигрува со мене.Но зошто...која е користа од тоа? Со дечко ми се најдобри пријатели како може тој да го гледа во очи секој ден незнам...заедно работат,јадат...све заедно. А јас па се прашувам како го гледа...како нешто подобро да сум од него..Го сретнав и денес и секој ден само кажав здравоо и поминав ( а не да застанам и да муабетам) ме праша каде,јас одговорив каде што имам работа...можеби е некој почеток за мене ова кон подобро.Претходно пишав дека можеби не требаше да објавам.НО СЕГА СУМ СИГУРНА ДЕКА ДОБРО ПОСТАПИВ. ВАШИТЕ МИСЛЕЊА ИАКО СЕ ПОДЕЛЕНИ МИ ГИ ОТВАРААТ ОЧИТЕ .СЕ НАДЕВАМ ДЕКА КЕ МИ ДАДЕТЕ ПОДДРШКА И КОГА КЕ МИ БИДЕ НАЈТЕШКО ЗОШТО РЕШИВ ДА ГО МАВНАМ ОД ЖИВОТОВ ....А ГИ ЗНАЕТЕ МОИВЕ ЧУВСТВА ЗАТОА...БЛАГОДАРАМ ОД СЕ СРЦЕ
Tука сме за поддршка бубенце и ретко кој би издржал сам да се справи,сите имаме потреба од совети . Tака да,во денешно време посебно кога на луѓето ништо не им е свето,мислиш би жалеле другар?Cекако не е ова правило но има и многу такви примери,двајца другари и една девојка.Tој сака да си поигрува со тебе,што може да изгуби,веројатно не му е ни гајле за другарот и жената а секако и за тебе.Oтвори ги очите на време и добро е пак ќе кажам што си свесна за се, а не да се залажуваш.Cе најдобро ти посакувам и побрзо разрешување на оваа ситуација