На оваа тема порано секогаш ги осудував девојките кои нашле оженет мувач, а сега со тек на време гледам дека единствен крив е мувачот т.е мажот. Девојката ако е слободна без дечко таа никого не изневерува и нема за што да е крива, а овој дебилот не му е гајле ни за жена ни за деца ни за родители, тоа се егоисти класични кои во животот си го гледаат само нивниот интерес и им е гајле само за нивното задоволство. Секојдневно гледам примери, остај што женети со деца нашле друга и тоа не се ни кријат туку јавно си излегуваат во град по кафичи. Е тоа е немање никаква почит за никој и ништо. Другото е што скоро сите мажи во град се преставуваат како ергени, акаат скитаат се прибираат дома во 5 сабајле, и секако ќе поверуваш оти е слободен оти кој женет маж би си одел дома секое сабајле во 5. Па реално до 5 часот ништо не работи, и нема кај да оди освен ако не нашол некоја. И на крајот “ако глупачката што краде туѓи мажи го одбие“ секако оти ке отиде на друга на трета и една пак ќе прелаже. Девојките може ќе речат готово веќе бегај од ваков подалеку ама тој нема да прекине.
Јас мислам дека и двајцата ја имаат истата мера на вина доколку жената која излегува со оженет знаела претходно.
Ова е уште еден доказ дека луѓето забавата ја бараат на погрешно место. Најверојатно станува збор за недостаток од андреналин. Демек ќе го добијат ако ги излижат Спојлер: Спојлер јајцата на оженет човек, со извинење на израз.
Xaxaxa jakata rabota izlegla so ozenet, nego monotono mu e vo brakot pa nasol ovci ke gi strizi... Odete najdte nekoj sto ke bide edinstveno samo so vas ke ve saka i ke se grizi, sto nema da mu padne na pamet druga pa dojdete i pofaletese... za sega nisto ska
Zdravo sakav da go spodelam moeto iskustvo so vas da slusnam kritiki od vas Bese avgust 2013 god jas izlezena so drustvo,zapoznavam decko koj ke se najfiniot sto nekogas sum go zapoznala,pocnavme da izleguvame kako drugari sekoe utro mi pocnuvase so negovoto Dobro Utro lepotice i sekoja vecer mi zavrsuvase so ubavo da spies lepotice bese decko sto go posakuvav i go zamisluvav mnogu vreme megutoa nemavme nisto bevme samo drugari.Edna vecer dodeka si se setavme i muaetevme mi kaza deka e zenet na 18god po dogovor na negovite,so negovata sopruga ne ziveele zaedno okolu 5 god po nekoe vreme resile deka ke probaat da bidat zaedno i da vidat kako ke im odi,ima nekoja ljubov i neli normalno kako site imaat odnosti itn posle toa imaat sin koj sega veke ima 7 god,megutoa oni nemaat veke dolgo vreme nemaat nisto intimno edinstveno gi odrzuva deteto ,Se gledavme kako drugari i mnogu pati mi imase kazano deka se bi napravil za da me zapoznaee pred 7 god deka mnogu mu znacam vo zivotot i deka nema da dozvoli nisto da mi se sluci deka koga nemoze on da bide so mene moze da se potrudi nikogas vo zivotot da ne mi bide tessko i za sto i da mi treba da znam deka mozam nego da mu se obratam, mi kaza deka me saka i dekamnogu mu znacam megutoa nemoze da imame nisto bidejki ne e spremen da go ostavi sinot kako sto nego go ostavile,bidejki zenata ne e od mk ke si go zeme i nema da moze da go gleda i nikogas nema da moze da mu objasni deka ne go ostava nego tuku deka nema ljubov pomegu niv dvajca.Znaci jas se zajubiv vo nego i stavrno se trudev da najdam nekoj decko koj bi mozel da go promeni moeto mislnje megutoa nemase nikoj koj bi vredel za da probam so nego. posle izvesno vreme se sluci prviot baknez prodolzivme da se gledame kako sekogas,sekoe utro ni bese so zednicki dorucek i vecerta povtorno kafe ili setanje druzba.Sega veke sme 1 god zaedno (bez seks) jas iskrajno neznam sto da pravam stavrno mnogu go sakam i mnogu mi e biten se bi napravila za nego i znamdeka i on istoto ke go napravi za mene osven sto nesaka da se razdeli so soprugata bez da moze da mu objasni na negovoto dete,bidejki on e rasten bez tatko i samo ednas go ima videno pred da pocine. Ne sum nekoja naivna i glupava devojka koja nema moral ednostavno samo se sluci,,treba li da cekam uste mozebi 2 godini koga ke bide vreme.Bidejki on tvrdi deka sekako ke se razdelat. Jas ima 27god on ima 32god. Ako nekoj saka da prsa dali vredi on iskrajno vi kazuvam VREDI,jas od sekogas sum sakala da zapoznaam nekoj sto bi go pravel seto toa sto on go pravi za mene. Vi blagodaram i na kritiki sum spremna
@mecence987 , не знам што прави тој за тебе, ама најмногу што може да направи е да се разведе и биде со тебе. Ако сега не може да го направи тоа, зошто мислиш дека за две години ќе може? Детето и тогаш ќе биде дете, две години поголемо ама секогаш ќе има потреба од татко. Ако е спремен да направи нешто за тебе, нека го направи сега. Немој да си го губиш времето за нешто што не знаеш дали ќе се случи. Јас верувам во љубов, дека го сакаш, дека можеби и тој те сака, ама за љубов се жртвуваш. Нека ти докаже дека навистина е така. Не знам каква улога има времето од две години, освен што можеби со време ќе излади вашиот однос и тој ќе сфати дека и не сака баш развод. А тебе тогаш ќе ти биде криво за времето што си го поминала во чекање.
1 година поминало и ти уште чекаш он некогаш да се раздели??? Нека не ти го губи времето и на крајот ти да бидеш само повредена. Јас мислам дека најубаво ќе ти биде да го баталиш да помине одреден период да го заборавиш (еве и 1 година да е). Затоа што дури и да се разделат, може да помине одредено време и он како да сфати дека направил грешка и повторно да и се врати, а твојот живот да биде уништен. Можам да претпоставам како ти е да се гледате тајно, да се измачуваш за личност која не почитува ни жена, ни дете, ни тебе... Не вреди едноставно.
А што праиме со копилињата што ги вадат бурмите кога искачаат у град со нивните сингл другарчиња? Не, не го правдам женскиот род што очигледно лесно се залетува по нешто да речам "забрането" и недостижно ама што праиме со овие што се до срж безобразни и клети?
Некако не ми држи вода приказната дека го ожениле со сила и тоа на 18, божем во турско живеел па некој жена ке му мести. Па 5 години не живееле заедно, па она е од друга држава... па не некако не ми се уклапат коцките. Ваквите како него знаат да бидат превише слаткоречиви. Кај сите нив е истата приказна дека ке ја остават жена му ама оди види го у друштво со жена му ... светец. Поарно ти е на време да стаиш точка него ли да се надеваш со години и на крај пак со празни раци да си останиш. А он и онака си има фамилија ич нема да му е гајле шо си сама.
Jas sum bila edna od tie devojki koj cvrsto veruvav deka nikogas nema da imam nesto so nekoj koj ima devojka ne pa ............. arno ama rabotite se smenija. Ne deka jas ne izlagam so drugarki i deka nesakam da zapoznaam nekoj so e sloboden i ok decko,na sekoj mu davam sansa i prviot sto bi bil ok bi probala so nego,ednostavno ne sum sretnala nekoj koj ke osetam deka saka seriozno da bide so mene ne onaka za kratko da zvrsime rabota i tolku. Od edna strana se nadevam deka ke najdam nekoj od druga strana se nadevam deka ne e se laga. Ne bi padnala vo depresija i slicno za nesto so sama odluciv znam deka ke se spravam samo neznam dali sakam
Soprugata mu e od germanija,ona e ubava zena iskrajno samo sto e mngu laden covek ne pokazuva nikakv cuvstva,ni saka da si odi ni saka da bide so nego. Jas znam kakov e on koga e doma ili so nea, jas ne vikam deka ne pravi nisto on doma,site prijateli zborat i za nea i za nego (bidejki oni mislat deka sme najdobri drugari)i znam kakov e
@mecence987 Sin mu e samo izgovor da ne se razdeli od nea. Godina dena pominalo, uste ke cekas. Retko koga sum slusnala deka nekoj ostavil zena I deca zaradi avantura. Kako sto gledam te lovi na slatki zborovi I go koristi sin mu da go sozaluvas demek on e zrtvata trpi ubava zena zaradi sinot. Aha. Jas bi ti rekla fati si go svojot pat, zosto toj veke ima semejtvo kade da se vrati a ti ke si ostanes sama. Ne sakam da zvucam grubo, ama toa e moe mislenje. Pozdrav
Јас познавам еден ист ваков, драчевчанец Мислев е единствениот! А познавајќи го него, ќе си земам за право да "судам" за сите што постапуваат исто.. И ќе ти речам не вреди! Убавите зборови додека не преминат на дело, се само празни муабети.
Не знам зошто губите време со женети па згора на се и деца имаат. Ќе се равелае, лаги со опашки....си сакаат само забава настрана. А ако се разведат вие ќе бидете виновникот. Заради вас некои деца ќе живеат без двајцата родители покрај нив. И ако ја изневерил жената со тебе, тогаш и тебе ќе те изневери со друга жена. Тоа се женкари и такви ќе бидат и на стари години. Фино лепо почнете си да се гледате со некој слободен. Зар малку убави и слободни дечки има?
Искрено не знам зошто го потенцираше тоа една година заедно без секс. Па не е дека сите се со некој трет, пет ради секс. Едноставно фино му е со тебе, бегање му е од обврските кои ги има дома, проблемите кои му се случуваат итн итн. Ако ти рекол дека ради детето нема да се раздели и да почекаш некоја година, псоле некоја година ќе биде дека фино било до сега, што ќе смени тоа што ќе се разведе итн итн. Па и не си така млада да се залажуваш дека тој можеби навистина ќе се разведе, што јас лично се сомневам. Не си губи време, вака не даваш простор на некој друг, слободен можеби и подобар за тебе да ти пријде.