1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се мував со оженет...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од samojed, 25 април 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Летиција дај бре не биди у заблуда. Ако толку те сака шо не се разведе? И така сите среќни ќе бидете. И жена му нема да има несреќен брак, и детето нема да живее во несреќно семејство, а ти и он ќе си оформите ново, велам ако толку многу се сакате. Ама очигледно не е така, затоа што тој не планира да се разведе нели? Тој си има фамилија, си има жена крај која ќе легне навечер, си има и љубовница, кој е ко него, те врти како сака. А ти продолжи да живееш во заблуда дека те сака неизмерно, да те сакаше ти кажав што ќе се случеше. Штом си толку свесна во каква ситуација се наоѓаш сега биди паметна и излези од неа, заборави го и продолжи си го животот со друг кој ќе биде само твој, затоа што ќе ти летнат годините ќе останеш заробена со овој женетиов и со вашата „љубов„ и додека он ќе си има и семејство и љубовница ти нема да имаш ништо.
    И да, тој првенствено сам си го расипува бракот со тоа што ја изневерува сопругата, а штета и за тебе што немаш самопочит и си дозволуваш на некого да му бидеш само љубовница ;)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    33.623
    Пол:
    Женски
    Како што кажаа повеќе форумџики претходно, за оваа ситуација подеднакво се виновни и двете страни. Колку и да се трудам не можам да сфатам зошто некои девојки трчаат по оженети мажи?
    Уште на самиот почеток треба да си ја чукнете главата во што влегувате, свесно и беспотребно си го комплицирате животот. При толку слободни мажи, вие избирате некој оженет :fubar:
    Пред да се впуштите во таква авантура, помислете за момент на неговата жена и дете, не бидете толку себични, водени од моменталните емоции. Во таков момент треба да го вклучите мозокот за да не направите нешто, поради кое подоцна ќе жалите и патите.
    Забележувам дека повеќе девојки побарале совет, но навистина не знам што очекувате. Од поголемиот дел сигурно нема да добиете поддршка за она што сте го направиле, никој нема да ви рече браво и верувам дека никој не би ве советувал да растурите нечиј брак.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски

    Само можам да ти кажам „Ич не згреши, трај си и ќе видиш. Дај Боже утре и во твојот брак да се случи истово па со свои очи да видиш дали си згрешила.“ Море маж ми да беше тој, па јас за инает немаше да го оставам (таа испаднала најнаивна на крај), па за инает не го оставав, не оти ќе го сакам после тоа, туку да не го оставам на ********* како тебе, немаше никад веќе да ме има ама за инает папирот дека сме земени и децата да не му овозможуваат со толкава комоција да им го праи кеифот на такви како тебе. Не заслужувате едноставно. Напаѓајте ме до утре сите форумџики ако сакате, јас ова однесување најостро го осудувам
     
    На MacenceEna и stetoskop им се допаѓа ова.
  4. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Без разлика на се, апсолутно никој не ти дава за право да навредуваш. Сиротите ние, ти и сите како тебе што се осудуваат толку остро да напаѓаат никогаш не направиле никаква грешка- безгрешни душички што имаат секакво право да ги осудуваат другите! размисли и ке видиш дека сум во право. Очекував осуда но не и навреди од толкави размери. постот не е пишан со цел да се добијат навреди..жално..а јас немам намера да се расправам..секој со своето мислење..без разлика дали јас сум и кажала на неа или не , фактот е дека тој мене ме лажеше дека се разведуваат а неа ја изневерувал.. тој факт немало да се промени и да сум премолчела. Ако сум премолчела ке сум и го спасела бракот??? Е...таков брак, ако не сум била јас ке била некоја друга.. Идиот како него не се менува.
     
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Теси,еве јас ќе кажам дека потполно се сложувам со тебе-глупава била сопругата ,не ја сакал-море мене да ми дојде на врата такво девојчуре,косите има да и ги извлечам од глава .Мажот,точно е дека е виновен,ама тој си побарал и сси добил,со сила в кревет не ја однел.Пази ти се молам,зарем има уште толку„ наивни девојки“ кои веруваат во тоа дека машкото е „пред развод?“А за тоа зошто трчаат по оженети ,ехеее,до утре може да се зборува.Гледаат каков живот имаат со жените,станбено ппрашање ,позиција и оп-го посакуваат тој живот за себе.А како дошле до тука(финансиски и станбено)колку одрекувања имало-нив тоа не ги интересира,важно да се вовлечат во туѓ живот,па за цената не им е важно(дете без родители,сопругата-бивша на улица).
    Уште нешто,што мајка си барала кај неговата сопруга-со неа ли се криеше по станови или со него?Што има да ја потресуваш неа и која си ти да одиш кај неа да и кажуваш за нејзиниот маж-каков таков тој е нејзин сопруг сама си го бирала,дете му родила,со него легнува и станува,а ти умната одиш очи да и отвориш?Со него расчистувај си ги сметките ,што неверувам дека ти останал должен-те носел на одмор , :clap: Не бе девојче ,ти само сакаш по секоја цена да му се вовлечеш на типот во станот ,па затоа си правиш пат ,демек еве она си отиде ,сега можеме„слободно за рака да се држиме“Срамота!!!!
    Јас би сакала само едно,неговата сопруга да ти заѕвони на врата кај тебе дома ,па како во шпански серии,да ги седне мајка ти и татко ти, да им каже 2-3 збора,а и сликите кои ти си и ги дала на неа да ги покаже на татко ти и мајка ти.
    И не се надевај многу на фраерот-летна авантура си е само за едно лето-ќе си се4 смири он со сопругата и уште повеќе ќе си ја чува (бидејќи г.... му е ука...)а ти во иднина гледај да си фатиш некој што не е пред развод.
    Леле ........
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    ancetupance Утре ти кога ќе бидеш во брак да ти се случи ова на тебе, не би осудувала? стави се ти на местото на жената, сиротото дете .. Јас воопшто не те оправдувам.. Потполно си го растурила бракот на некое да не кажам скромно семејство. и сега што направи, што остана? ништо, сега и ти без него и жена му.. ништо не си добила осве горчина каење и грижа на совест како што и сама си кажа..
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Па убаво си напиша,на ново работно место,се чувствуваш заштитено,секогаш е на твоја страна-те брани.А љубов,каде е љубовта во старт?Или она дојде отпосле како благодарност за тоа што те штити?
    Нај пријателски совет-бегај подалеку,смени го бројот,оди по бајачки да ти го извадат од умот и не си прави зло сама на себе-така ќе биде најдобро за сите 3 или 4 колку сте во тој зачаран круг.Неговата сопруга си е со него за празници,делници,а ти,со кого си ?На Нова година,на одмор,на Бадник...Неговото дете расне ,зарем не би сакала и ти да го гледаш и раснеш твоето детенце еден ден кое ќе се роди од љубов и во брак?
    Сврти нова страна,немој да си играчка-разонода за некој .Да имал намери -озбилни, немало толку да трае сето тоа.Очигледно добро сте се криеле ,па сопругата ништо не приметила,а можеби и знае па не и е гајле,можеби има уште неколку такви како тебе.Се што лета не се јаде,па и типот,немој да мислиш дека е толку незаменлив-не,тој е обична машка к.... која си го лаже и семејството и тебе.
     
  8. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Сосема погрешно сум сватена... сосема..Да, признавам дека е крајно наивно да се верува во тоа дека е во фаза на разведување. Но поверував. И мислејќи дека е сам бев со него. Како успеваше не знам, но мене ми овозможи да помислам дека имаме сосема нормална врска, дека и жена му и детето се одамна надвор (делумично надвор) од неговиот живот. Ти кога одиш со некој дечко одиш за да се пикаш по станови?? Не, сигурно... Па така ни јас. !!! Излегуваш, се дуржиш,.. дури и ме запозна со неговите пријатели, бевме и на одмор-не ме однел..бевме..Фала му на бога јас и самата сум ситуирана материјално за да можам да учестувам во материјален аспект и во одмор и во се друго. Мојата заблуда беше што мислев дека имаме сосема нормална врска- фантастичен лажго! Јас во сето тоа не се доживував себе си како љубовница туку како девојка во нормална врска. Престанете да се обидувате да ме направите најголемото к....... на овој свет! Да сум знаела дека е женет, да ми речел, слушај девојко јас сум женет сакаш ли сепак..... во ред...тогаш и би била к.....што се пика во туѓи животи. Повредена сум, не го сакам за себе воопшто..... А да, и јас дома го донесов после некој месец. Како и во секоја нормална врска. И да, моите го познаваа и кога разбраа што се случило се запрепастија. А да, дека згрешив што исконтактирав со неа , згрешив... Но тоа беше наплив на бес. Сигурна сум (и посакувам всушност) дека ке се смират..
     
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Понекогаш и самиот живот е к.... ама ние самите тоа си го дозволуваме.Овие остри критики кои ти ги упативме(меѓу кои и јас) беа од наша /моја гледна точка како мајка и сопруга.Добро е што си увидела со каков човек си делела време и љубов.Добро е што се каеш,значи дека си ги признаваш грешките.Одсекогаш имало и ќе има такви преваранти кои додека на некоја девојка и симнуваат ѕвезди од небото,децата дома им плачат за леб или горат од температура.
    Еве,рече дека не си знаела дека е до толку лажов-во куќа ти влегол како слободен дечко,те запознал со другарите,а всушност дома жена и дете,ти верувам и да ти кажам навистина ми се гади од типот . Покајание -спасение.
    Внимавај друг пат,да не те колнат сопругите на таквите преваранти и Господ нека е со тебе и со оставената сопруга за да можете да си најдете мир после сите тие гомненици кои ви се случиле .
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Eejjj па ти не си била со него од кеиф туку да и помогнеш на кутрата жена...цццц колку несебично од тебе. Репликава може да помине во сценарио за шпанска серија. Фактот дека тој е маж каков што е воопшто не ти го брише образот во ситуацијата, не се ни повикувај на тоа

    Не те навредив, ја кажав вистината во случај да си знаела дека е женет (иако по мое, одма штом си дознала дека е пред развод си требала да прекинеш, шо ќе те кошташе да почекаш до следното рочиште), а тоа каква сум јас не можеш да кажеш, можеби сум чиста како солза во споредба со тебе не можеш да знаеш. Од грешка до грешка има разлика, пробав да ти ги отворам очите затоа што и ти еден ден ќе бидеш нечија жена па може некоја баш таква каква што си ти сега да се фали на форумов за истата работа. Да не ќе и стиснеш рака затоа што ти ги отворила очите за бракот? I don't think so. Се држам до онаа: „секој ќе настрада од сопственото оружје“ затоа добро го избирам кога веќе мора да го употребам.

    Ај шо си била со него, си била, ама шо ти стори таа кутра жена нејзе да и се светиш. Не е толку подло и ниско тоа што си била со женет колку што е подло и ниско тоа што си и го сторила на жена му.
     
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Лично јас воопшто не верувам во тоа дека девојкиве не знаеле дека дечковциве/маживе се женети.Па зарем никогаш не се распрашувате кој е ,од каде е ,какво минато имал или само така се залетувате.Обично оженетите не се 24 часа достапни ,не ве носат на премногу јавни места ,не ве запознаваат со пријатели,роднини,родители... Зарем ова не ви е чудно? Или се правите наудрени ?
     
    На Tajnaotrovna, SOVRSENSTVO и thelittle17 им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    истово сакав да го искоментирам ама не сакав да бидам нападната па си преќутев и мене ми е мн чудно
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Не го ни прочитав проблемот само го видов насловот и сакам да прашам дали барем малку имате совест кога се мувате или правите нешто со оженет..Ееј со ОЖЕНЕТ ! Значи тој има жена а во најлош случај па може да има и дете ! :!: Еве во мојов град баш сега се земаа едни девојкава има 23 години и значи е совршенство преубава е и мирна е не е растурена а маж и има 27 год и сеа фанал ја изневерува со една од 16 години па дури и заедно си седат понекогаш со оваа 16 годишнава :x ...значи гајле му е дали жена му го мисли...незнам шо да кажам освен кај ви е мозокот да размислите што правите |(
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Девојки нема да ви се мешам во муабетот само ќе дадам еден коментар :) .

    Има такви добри лажговци што колку и да сакате тешко ги провалувате а посебно ако ви го свртат умот со ласкања и симнување ѕвезди бела мачка не гледате пред себе. Има и мажи а и жени такви и подобро да не налетате на некој таков или таква.

    Знам случај од странство каде тип фати позната глумица на финта дека е познат стоматолог за да и ги собере парите за заеднички бизнис, па дури изнајмил канцеларии во елитен кварт за типкава кога ќе дојде да личи дека нему праксата му иде супер а внатре се фалш, врска нема. Направил типот лажен идентитет, лажни дипломи и и собрал 100 000 евра за да ја доопреми ординацијата што немало врска, сакал да си ги украде парите.

    Типкава ни на сон не и текнало дека типот фарба и го открила сосема случајно, воопшто не се ни посомневала зашто била до уши заљубена во него. После имаше судење па искачаа работи што и како типот фалсификувал.

    Имаше и друг случај на тип и тоа еден никаков (ни фраер ни ништо) кој се специјализирал за жени над 40 год што се сингл да им ги собира парите со приказна колку ги сака а има дете болно од леукемија и итно му требаат пари за операција. На 4 жени им собрал 3 милиони ЕВРА се додека четвртата не го фатила дека ја фарба.

    Затоа не судете како не провериле, кога си заљубен и налеташ на вешт лажго многу работи од страна личат лесни но ете наивни и заљубени личности се зезнуваат.

    Ова само како коментар, инаку не заземам ничива страна во дискусијата, продолжете си ја :).
     
    На Natka87, WildCherry, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Првата девојка е измислена. не е можно да постојат толку големи сељачки некој си фантазира премногу :)
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски


    можда имаш право ама има и такви што знаат дека е оженет типот и продолжуваат понатаму со него, згора на тоа и самите и докажуваат на сопругите дека мажот ги вара, ај си направила глупост ај ама гледај да ја поправиш а не да ја правиш уште поголема, со сила и при здрав разум гледаат да растураат бракови, без да се стават на нивно место. божееееееееее :x
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Симонче, ако се умешам у дискусија и го кркам ти си крива :D

    Едно ќе ти кажам, за растурен брак се потребни ДВАЈЦА и типот ако не сакал немало 5 голи жени да го бапнат во кревет и да си ја извара жена му.

    Погледни се себе, ставаш лајкови со неколку машки на фемина, веројатно си имаш и муабет ама секаде го спомуваш дечко ти и на никого не му паѓа на памет да ти предложи нешто непристојно зашто знае дека ќе попие МАСНА корпа. Е тоа е СТАВ кога не сакаш некого да извараш :) .

    Има жени и мажи што кога ќе се заљубат и некого сакаат се спремни да направат СЕ за да го добијат тоа но јас многу повеќе ги кривам тие што си го лажат партнерот и им мрда газот него тие што се сингл па си ја пробуваат среќата.

    Јас лично би сакал да знам ако ме вара мојата поготово ако тоа не бил секс за една вечер туку континуирано и перфидно лажење.

    За таквите имам најдолно мислење.

    Малку бев подиректен се надевам нема да се навредиш :).
     
    На Offspring и simoncelicius им се допаѓа ова.
  18. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56

    Абе и јас не верувам ... Алиии шо знаеш се има по земјава :lol: :lol:
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    НЕ давам конкретен совет на некого туку мое мислење за ’’врските’’ со оженет човек.

    МОжам денес во модерново време да го изневерам дечкото со друг, можам да имам секс со тројца нови типови за еден месец, можам да имам секс со девојка, да носам ултракратка сукна, да флертувам колку сакам, но никогаш ама баш никогаш нема да имам врска со оженет човек ниту било какви интимни моменти.
    Дали некој ви има кажано дека бракот е нешто свето??? Кога сте со него нели го замислувате во прегратка со жена му? Може во тојмомент додека вие се милувате детенцето му е болно и жена му го бара? Зар очекувате да ве почитува човек што не си ги почитува жената и децата? Што ке кажат вашите идни дечковци за ова ако дознаат? Ако е тој деген. покажи ти дека си човек и одбиј го. Јас не погледнувам дечко што има девојка а не па оженет човек. А како може да не сте знаеле, па распрашај се мајкаму стара, кој е, што е, или ептен ако направиш грешка незнаејки, кога ке дознаеш тргни се одма настрана.
    Мој бивши дечко е во план да се жени и ми го кажа тоа. Знам дека не ја сака, ги знам причините зошто се жени со неа, и знам дека можам со еден потег да им растурам се, ама пак не сакам. Не контактирам веке со него, јас прва го избришав од фб, му пракам пораки само за да им честитам празник на него и неговата вереница (или шо знам шо му е сега) и толку. Со тек на време ги губам чувствата за него.
    НИе сме сите, млади, паметни, модерни, згодни , убави девојки и лесно сме мета на такви типови. Ми се има случено еден во присуство на жена му да ми намига (а ептен убав беше) , и да флертува со мене. А ситуацијата таква да е да не можеш да си одиш. Ке отвориш теми на муабет за студирање, за религија, за здравје и меѓу редови ке дадеш до знаење дека си девојка интелектуалка, паметна , а не празноглава убавица која покрај толку убави слободни мажи ке легне со некој оженет.
     
    На Sun.shine, Tajnaotrovna, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Неможев а да не прокоментирам! Неверувам во приказниве во стилот ‘‘Се гледавме некое време и дури тогаш дознав дека е оженет‘‘ .
    Како е тоа возможно? Мене некој да ми допаѓа јас во рок од 24h ќе дознам се занего, а камо па да се гледаме :^) Сепак нестанува збор за човек од друга држава и не сме Лондон па да неможеш за некој нешто да дознаеш, па и таму ако за некој ти е гајле ќе дознеш барем сега тоа е лесно.
    Во предходен пост многу добро е напишано па тој неможе да ти е достапен 24/7, неможе да излегувате како пар на јавни места, не те запознава со негови пријатели и сето тоа зар не е малку чудно?
    Не ги оправдувам ама во никој случај девојките кои одат со оженети и свесно расипуваат семејства!