^Добро да и тоа твоето е вистинито исто како што е и моето. Јас сакав да кажам дека ете на пример кај мене она што не помислував да го направам на 16 не помислувам ни сега, впрочем како и секоја нормална женска личност. Значи ако некоја немала грижа на совест да се впушта во такви афери на 25-30 години тешко дека имала на 16-17. Проблемот е индивидуален, а не во годините. Годините и зрелоста не се никакво оправдание за постапката, тука мислам дека се разбираме
Имам конкретен пример ... Девојкава се мува со оженет не си става на глава дека е врзан и дека дома има детенце, си тера ќејфот, останува трудна ... по некоја глупа и проста стратегија на крај мора да го роди зашто нели веќе доцна е ... него не го обавестува за ова, дека има дете со неа, заминува од местото на живеење, тој си е со својата жена и ден денес ... дали знае дека има син е веројатност ама малиот еден ден кога ќе стане зрел и свој човек веројатно ќе го побара таткото и понатаму како ќе се одвива сценариото не се знае ... Секоја ваша банална причина зошто сте со оженет има своја последица. Размислете.
Јас тебе те разбрав и тоа убаво само сакав да кажам дека има и такви кои не размислуваат како тебе ! Јас повеке нив сакав да ги анализирам ! Твојот став е ЈАСЕН и така треба да биде ако едно девојче е воспитано како што треба ке го има твоето мислење кое е и повеке од исправно ! Јас имам керка тинајџерка и ке се гордеам со неја ако го имат твоето размислување , а се надевам дека го имат барем засега !
Искрено не ја гледам поентата во целата работа.Тој е ВО БРАК ! Не е врска,па ајде можеби ќе раскинат..Тука веќе растураш фамилија.Па кај е тој никаков да прави такви глупости,не биди и ти.
Ццц..како бе со оженет Добро не ли се ставаш на местото на жена му..Убаво ли ќе ти биде да имаш маш и да те изневерува...
добро стварно се чудам. како може? ајде ок е да направиш грешка да не си знаела дека е женет човекот, ама да знаеш и да се гледаш со него, тоа мене ми е дури и ниско-нека ми извинат оние што се навредиле. братми има еден пријател, доста атрактивен човек на околу 35 години и верувајте има жена и две мали дечина и излегува со братми и мува негови другарки и нз дали само се бацнува со нив што не ми се верува. така да мој совет е подалеку од такви гојда според мене излегувањето со оженети мажи е губење време и достоинство. џабе си ебиш матер со него па колку и да ти било убаво , кога тој вечер пак ќе си легне до неговата жена.
Со кој памет некоја би се осудила да биде со оженет човек? Ај што си ја уништува својата среќа (да остане етикетирана како крадачка на мажи и евентуално никогаш да не се омажи ) ,туку растура семејство! Ете ,и да ја прелажал ,ќе ја лаже месец - два ,нема со години! И затоа постои прекин на врската. Или после ќе и се слади па ај ,"нека е женет ,гајле ми е ,мене ќе ме дупи ,друга дома ќе му чисти'' Од таквите мажи еден на илјада се тие што си го исполнуваат ветувањето кон швалерката дека ќе си ја остават жената ,да му се невиди! Треба да се покаже малку повеќе почит кон себе и да се задржи едно достоинство ,тоа е клучно за секој човек! Само ,кога некој го нема тоа ,во комбинација со низок морал ,јеби га ,се дешава...
Си се цитирам од друга тема, Врска со оженет, не знаев дури две теми дека се, вау. Другарка пред мажење шо се вика, од темава (не форумската, општо) вика ми се одмилува брак од такви дро*и, а со години е со човекот. И ја разбирам. Прво не знам вие како дозволувате самите да си се потцените со впуштањето во таква "врска", пошто за такво нешто треба да не се сакаш себе и да си навредиш интелигенција за почеток. Малку ум во црпката да се има, се знае дека нема тоа хепи енд, како сакаш заврти. Зошто девојка/жена свесно би сакала да биде втора нема никогаш да сфатам. Зошто да се задоволиш со лажење, искрадување од дома, преправање на телефон (не можам да зборам сеа), скапи поклони, нешто секс и тајни средби... Зошто да имаш 5 посто од идиот, кога можеш прекрасен дечко да го имаш за себе. Или од шпански серии ви е влезено дека љубовниците се јака ствар, не знам друго. Генерално зборам, немам желудник да ги читам сите причи. Знаете, се врти тоа. Можда некако и ќе успее таква да се омажи после, ама порано или покасно се враќа. Не мора да значи дека истото ќе ја снајде, ама верувајте не останува недовршено. Фамилија нема никогаш да имате функционална, па и да ја имате, нема да можете да осетите колку е тоа убаво, пошто претходно сте растуриле друга и сте оставиле членови на истата емотивно осакатени.
Не знам дали постои поголем грев на оваа планета, немате ли барем малку свест во тие изветреани Спојлер оросписки глави?! Додека жена му седи дома, па и детето негово ти да им го одзимаш времето што всушност треба да биде посветено на нив! Малку ли слободни машки има? Мора ли да е туѓо? Не знам како не можете да замислите како би било кога на вас би ви правеле така? Ама ништо, знам дека е залудно...само се надевам дека има господ и дека ова што го правите еден ден истото некој ќе го прави на вашите деца. Па да ви раскажуваат луѓето од улица да видите како и колку боли. Се' се враќа, се' се плаќа!
ИСкрено од такви Спојлер курвишта има и многу разводи, како што кажа и Responsible па мора ли да е туѓо, колку слободни машки има, некој се залетале по женет... и крај на краева мислат ли тие дека тој ќе остане со нив... ма нема шанси кога тогаш тој ќе се врати кај жената и детето... Не сакам никој да навредам само кажувам мое мислење.... , Спојлер заради една таква ороспија моите се разведоа...
На темава само ова би го кажала : СЕ СЕ ВРАЌА, МОЖЕБИ ПОСЛЕ МНОГУ ВРЕМЕ АМА СЕ ВРАЌА НА ВАКОВ ИЛИ ТАКОВ НАЧИН
Незнам како некој девојки можат да го прават тоа, а не за друго тој само те искористува и пак ке си оди вечер кај жена му, а ти ке бидеш тука за да му ги надополниш работите што му фалат и можеби веќе што не му се интересни со неговата жена.Но стави се на местото на таа жена и помисли барем на секунда како ќе ти биде тебе вака да ти прави мажот.На светот толку машки баш со женетите ли му е мајката.Но по мене тука се и мажите криви што мајка тераш оженет а одиш по други па да не си се ни женел искрено неможам да ги разберам тие девојки овдее растураш семејство еден ден тоа на еден начин секако дека ке и биде вратено!!
видете јас не судам, имам многу случаји и другарки што дури и ми се блиски но никогаш не сум рекла зошто или како можеш или не ти е срам?! Секој со свој живот, ама ете зборам лично за мене, моралот не ме остава да го направам ова. Како прво и основно, ке ме спречи самиот факт што има женска а не па да е женет. и што абер од таа врска? И нека не се осмели некој да ми каже тоа не може да се контролира, богами никој не те тера да те чеша па да не знаеш кај да идеш туку кај оженет човек сама си сакала.. Според мене, тие девојки што го прават тоа, се најочајните девојки на целиот свет, од толку што се очајни на се би се качиле и воопшто не размислуваат со главата .. И не размислуваат дека прво си го уништуваат нивниот живот (треба на се и сешто да размислуваш, па ке се заљубиш, па не смеам да ти звонам пред жена ти) 300000 глупости! Добро како имаш нерви да ги правиш работиве?! Не ми е јасно.. Добро зошто едноставно да не си фатам дечко што ке биде слободен и заедно со него без никакви препреки без никаков срам да си градам убава и здрава врска.. Ама добро, како што реков не судам секој за себе!!
Се враќа тоа, ама за жал на невини луѓе во најголем број на случаи, иако некогаш и директно на самите дро*и. Aко толку ве сакал и не можел без вас, ако ништо друго дотолку ќе ве испочитувал и ќе си го задржел в гаќи додека не се разведе и немал да дозволи да има материјал за некој да ве вика растурачица на куќи и швалерка.
За жал многу девојки не размислуваат пред да го направат тоа, отпосле можеби се каат,можеби не ,но веќе е касно. Никако не ги разбирам и не ги поддржувам таквите. Не ми е јасно што добиваат од тоа, место да се се шетаат слободно со некое момче кое што е слободно,тие се кријат со грутка во срцето да не ги види некој,одат од кола во хотел и обратно, тие ризикуваат се,целиот свој живот поради нешто што мислат дека е љубов, но НЕ,тоа не е ни приближно од љубов. А,мажите? Факт е дека 99/9 % од нив ги користат девојките само за секс,тие им се една обична авантура,никогаш нема да се разведат од жените,а уште помалце ако имаат деца. ?Ако ги оставите,по некое време ќе си најдат нова жртва. А,епилогот од сето ова е раздрман брак, разочарани деца кои што сакале само среќно и безгрижно детство,за жал како што кажа tessie секогаш во вакви случаи страдаат невините.
ги читав сите што напишале, и само едно ќе додадам Господ гледа се, кај нас се вели - бава ама не заборава!
аман бе луѓе имате вие совест ? се надева сите што си бркате работа со оженети мажи, еден ден и мажите ваши да си бркаат работа со други девојки!
НИКОГАШ не би си дозволила да бидам со оженет или пак дечко кој има девојка. НИКОГАШ!!!! Да знам дека има дома жена, деца или девојка и јас како женско да и го правам тоа на неа, да градам среќа на туѓа несреќ. Ова татко ми и го праел на мајка ми цел живот и знам колку тоа боли...