Гледам дека проблемите кои ги имавте пред 5 месеци се прошириле, не знам зошто се мачиш и не ставиш крај на врската-бракот со него.
Зошто се замарате со некој тролач? Празничниов период беше долг, а на некој/а му/и било ужасно досадно, па решил/а да си поигра. Не се карајте меѓу себе, за некој што е дојден тука само за тепање сеир...
Па пред 5 месеци ама со друг ник бараше совет- мислење само тогаш не беа дојдени до вој степен , сега гледам дека е проширен проблемот.
Македонци, муслимани, торбеши, роми, антихрист, пријатели, непријатели, Бугарија, брак, курва или не... Ту мач за вовед во една шизофренична серија. Како да го засакаш? Па зар без љубов се омажи и дури сега ќе го засакуваш? Па уште и плачел да не се разведеш од него. И викаш ти на него прва си му била а он на тебе дваес и некој? Така е, убиј ги кучките! Они тебе курва. Сите да ги скараш на фб и да ги разведеш. Како те хејтаа, шо е тоа? Имаш право, маж во брак не смее ни да помисли на кафе да излезе со другари. Стриктно на пиво или нешто пожестоко. Ако се како тебе, те разбирам. Блазе ти како ги следиш. На кој левел беа тогаш? Има нешто слично со приказнава? Јас па мислам дека се обидува да започне роман во стилот на Спаркс, ама не и успева. Цела содржина ја нафрла и исцрпува во воведот и сега не знае како да продолжи. Сакаш наше мислење дали си курва? Не знам што подразбираш под тој термин и не дека не е битна бројката и почетокот на сексуално искуство(којзнае во какви дувла со заглавувала, тука нема врска град-село, проблемот ти е во мозокот) ама со оглед на тоа што си се омажила за него за да бидете цимери и призна дека уште го немаш засакано, па уште и размислуваш да се сплеткаш со друг и да го изневериш, се ова укажува дека твојот стил на живот не се променил ниту малку од тој во минатото. Ти си истата од порано. Факултетот не те прави подобра личност или тоа што си избегала во Бугарија. Од државата и од луѓето што те знаат можеш да избегаш, НО ОД СЕБЕСИ НЕ. И сега да кажам да, курва си?Тоа ти го препуштам на тебе да го решиш, не ти се мешам. Материјалот кој го изнесе на виделина упатува на тоа, но постојат стручни лица кои се компетентни да ја анализираат подлабоко твојата личност.
А тој антихристот од Кавадарци така лесно ја зеде светицава за жена, пред бракот немал другари што ја познавале, откако се венчале ко да почнал да живее. Македонците, албанците, србите, не е проблемот до нив кога човек не може да се спријатели со никој и секој бега од него. Мада мислам дека се ова е измислица.
Ти сама себе се сметаш за курва и тоа сакаш да го скриеш од светот, па ти смета кога светот зборува за тебе така затоа што се чувствуваш како да ја кажува срамната вистина за тебе. Проблемот не е во мажот ти, ниту во другарите, туку во тоа што ти го дефинираш под поимот курва и до тоа што за тебе претставува курва. Се додека не си решиш сама со себе, нема да решиш ништо ни со мажот ти. Прво сама дефинирај се. Дури и мислам дека не го разбираш маж ти. Него, сметам дека повеќе му смета тоа што си го лажела за своето минато, отколку тоа што не ти е прв. Зошто? Затоа што невиноста не го прави човекот човек односно жената човечна, туку особините и душата што ја носи. Тебе треба да те гризи совеста за растурањето на бракови и пријателства, за себичноста и огорченоста што ја негуваш во себе, а не бројот на партнери. Тоа не е никаков проблем затоа што луѓето како луѓе (без разлика на национачност и на тоа каква музика слишаат) ако не зборуваат за тебе дека си курва ќе си најдат да зборуваат дека си нешто друго. За секој некој нешто зборува и тоа не треба да ти е проблем, зошто тоа е секојдневие на сите. Според мене ти не си курва, ти си кучка! И не го велам ова со цел да те навредам, туку ти кажувам најискрено што мислам. Единствено што можеш да направиш е да престанеш да бидеш кучка, а тоа значи да престанеш со сплетки. Се чудам на твојата вчудоневиденост и запрепастеност за тоа дека маж ти излегувал на кафе па добро, што да прави дечкото во животот? Ти каде живееш и во кое време? Прашувам затоа што во ниедна замја и во ниедно време од историјата не се сметало за неправилно ако мажот излезе со другар. Да беше ти машко, ај ќе разберев- патријахалност, закоравени размислувања... ама ова.... јас би те советувала прво да станеш човек, да пронајдеш емпатија, сочуство кон околината, со тоа ќе престанеш да се бавиш со сплетки, а потоа да се едуцираш. Ти ако си едуцирана нема да имаш вакви закоравени размислувања. Побарај добрина во себе, ако некој на добрина ти врати со лошо тоа не значи дека треба да бидеш себична кучка и да почнеш да се одмаздуваш со сплетки, туку тоа значи дека таа личност треба само да ја исфрлиш од твојот живот, се до моментот кога покрај тебе ќе останат само оние кои вистински те почитуваат. Само така ќе имаш покрај себе вистински другари/ки и вистински маж. А дали ти, без оглед на минатото, туку ваква каква што си во сегашноста си вистинска жена за него? Работи на тоа да бидеш. И не очекувај дека се' ќе се се смени преку ноќ. Потребно е време прво за ти сама да успееш да станеш човек, а потоа уште толку време за тоа да го види и околината. Минатото не може да го смениш, но можеш да работиш на иднината.
A shto treba od cel svet da se odeli?gnevot e mnogu losha rabota,lugjeto zborele i kje zborat i najdobra da si pak ke imaat da kazhat neshto,mislam deka site sme pominale niz toa nekoj da kazhe nevistina za nas, no toa ne znachi deka treba da zememe brakovi i prijatelstva da rasipuvame Se nadevam deka ne zaebavash nesho so postov bidejki seushte ne mi se veruva shto prochitav..dokolku ne e toa rabotata se nadevam ke porabotish malku na sebe i ke stavish prst na chelo,bidejki mi izgledash na dosta toksichna lichnost
Си излегувала на места каде што имало муслимани, во ред. Сама си ги бираш пријателите, и тоа е во ред. Си излегувала, си се мувала со 12-13 момци, океј твое право на живот. Си се омажила не затоа што го сакаш туку затоа што ти требало ,,цимерска соба,,?! Зборувале дека си курва?! И што ти за другите ли живееш или за себе?! Па да си и најдобра повторно ќе зборуваат. Ама?! Да растураш бракови?! Да предизвикуваш кавги?! Тогаш ти треба стручна помош а не совет на форумов. Душевно се храниш кога некој е повреден што не ти сторил ништо?! И да ти сторил, со тоа што ,,ќе му вратиш,, ќе бидеш посреќна?! Не бре девојче, госпоѓа, ќе бидеш иста како нив, можеби и бетер. За да возвратиш на ударот секогаш нека ти биде избор да покажеш успех. Сопствениот успех е најдобриот удар.