Најпрво едно здраво ... Епа вака .. Откако завршив со една врска,многу болна,од која по цели денови бев како изгубена,се појави едно момче..Го знаев од порано но никогаш не сме муабетеле.Еден ден другар ми му дал мој број па тој ме покани на кафе.Јас прифатив,си реков зошто да не ?! Се договоривме и после недела дена излеговме.Прекрасно беше.Цела вечер шетавме,муабетевме,се смеевме.Таа вечер сватив дека дечково е различен од другите.На крај ме праша дали сакам да се измуваме.ДА , ДА , ДА ! Се измувавме,ме донесе дома.Ми посака добра ноќ,но беше толку толку слатко и мило..што сеуште го слушам гласот негов.Утредента повторно излеговме.Се однесуваше ОДЛИЧНО,ПРЕКРАСНО,НАЈУБАВО ! Како никој до сега.На милиони начини ми покажуваше дека му значам..НЕСВЕСНО. Се гледавме,но не толку често,бидејќи не живеевме во исто место . Заедно излегувавме секаде,нова година заедно славевме.Секогаш ме држи за рака пред другите,ме бакнува,ме гушка..На почетокот му спомнав за врска а он рече КЕ ВИДИМЕ!!! ..Посебна врска имаме.Но последниве две недели како да се повлекува.Не се имаме видено две недели,не ми се јавува како некогаш..али секогаш кога ќе му титнам ми враќа,кога му звонам-се јавува..кога пишам порака-враќа. Дознав дека немал кредит па затоа овие недели не ми се јавувал.Ми се смачи и мене.Ми недостигаа оние денови кога безпрестан ме бараше.Па затоа и јас решив малку да оладам.3 дена не го имам побарано а ни он мене. Се плашам да го изгубам.Не се имаме видено 2 недели еве скоро 3 па заради ова можам да го изгубам.Што да правам? Да чекам да ме побара или да се борам ?? .. Фала однапред .
Епа мислам дека не требало уште од почеток да се затрескуваш толку а не сега да оладуваш, побарај го и отворено разговарајте и нека ти ја каже причината зошто така постапува. Можеби има проблеми, па само е период, можеби не те чуствува толку блиска за да ти ги каже проблемите но кажи му дека сакаш да знаеш на што си. Сепак разговарајте, друг начин да си го решиш проблемот не постои, освен ако знаеш да читаш мисли ти посакувам среќа и ако е тој вистинскиот ќе ти се врати.
Во почетокот и јас мислев дека најубаво би било да го прашам што е проблемот..али ако не е ништо ? ќе испаднам како некоја глупачка ..охххх..незнам што да правам..толку сум збунета
Значи и јас сум таква се повлекувам ако он не ми ѕвони не ме бара не ми се јавува ... али сватив дека не треба така сепак се нема ништо страшно случено па да преувеличуваш ..јави му се ако ти значи не оладувај можеби сака да процени дали и он тебе ти значи ..па среќно
ох..но не сакам да изгледам многуу многуу загреана за него .. сакам да видам дали е заинтересиран за мене..ако е ќе ме побара нели ?!
Епа сега малку сте време заедно и навистина ќе испадне дека си многу загреана, го знаеш ли доволно, сака ли сериозни врски тој, можеби се уплашил кога си му спомнала врска па се повлекол. Седи си мирна за некое време ќе дознаеш што е работата.
Ако не е за врски можда се упрпал кога си рекла да бидете заедно и нели ти рекол ќе видиме . Можеби се повлекол ради тоа , и ако ств си загреана за него мислам да не го бараш . Остави му простор да видиш дали ќе му фалиш а и тој да види . Ако му фалиш ќе те побара
Јас би те советувала да не му се јавуваш! Па веќе подолго време ти му се јавуваш прва, ти му пишуваш прва, ти му титикаш прва... што уште треба да сториш? Ти прва си му спомнала врска, ти настојуваш да се сретненете повторно...па каде е тој во вашиот контакт, каде е неговата иницијатива за да се видите, каде е неговата желба за да изградите нешто кое ќе ве направи среќни и заљубени!?! Нема ли да биде на некој начин наметнување од твоја страна ако и овојпат му се јавиш и бараш објаснување зошто не те бара повеќе! Па вие и немате врска, сакам да кажам тој нема обврска да ти се јавува и да се гледа со тебе и нема обврска да ти објаснува...тоа ќе го прави само ако сака, а ако не... тогаш... Да имавте официјализирано врска ќе те подржував да му се јавиш и да бараш објаснување, ама вака, само мување па и објаснување да бараш ми е малце нелогично! Јас би чекала тој да ме побара и тогаш би го навела на разговор во кој ќе се изјаснам дека не се задоволувам само со мување, дека сакам врска и дека би било убаво ако и двајцата имате исти желби! Ако покаже незаинтересираност тогаш или би се задоволила со тие повремени средби (кога нему му е кефот) или би се одалечила од тој тип барајќи друг со кој би се љубела и уживала во врската и во нејзините убавини!
Два месеци сме заедно..за врска му спомнав уште на почетокот така да не верувам дека е заради тоа.Има најголемо почитување кон мене.Добар е ,мил,нежен.Како што дознав и немал излезено со други девојки.Незнам...можеби згрешив негде.Една вечер малку ме фати пивото па му пишав порака дека го сакам.Он се јави и ме праша дали пораката е за него.Се правев како да незнам што збори.Можеби уште тогаш свати дека сум ЗАТРЕСКАНА по него па си ја крена цената...
Не си го ни имала, па да го изгубиш. Туку, пребрзо си му рекла дека го сакаш, тука ти е грешката. Олади малку и не напнувај. Убаво ти рекоа девојкиве, дистанцирај се, па ако ти значи, ќе те побара, ако не, здравје Боже има и други машки, не е само тој
Ако уште од првата средба си се затрескала во него, потоа си сфатила дека го сакаш, би можело барем малце да се потрудиш да го зачуваш тоа за себе, да не ги искжуваш одма своите чувства. Кога некој дознава дека е сакан,станува суров! Сега за сега можеш да почекаш тој да го направи следниот потег и ќе видиш што ќе биде понатаму,со среќа
Штом на почеток те барал толку и се однесувал супер, и одеднаш го снемува - има тука нешто повеќе од немање кредит за да ти се јави. Плус тоа кога си го прашала за врска не бил сигурен... Ќе видиш што ќе дојде во иднина, не го барај, нека те побата тој и види каков изговор ќе ти каже зашто толку време го снемало.
Ах мужи, мужи, само за еден стап се. Абе девојче не му се замараj, како што рекоа и другите, олади малце, нека му текне и на него дека има девојка. Немал кредит? Па сигурно има некој од домашните, или секој ден во тие две недели да тргал по 10 денари ќе соберел до сеа едно 100че. Ми се чини ко да мути овој нешто, а да се распрашаш поубаво? Се надевам дека не сум во право, и дека едноставно му дошло премногу брзо целава оваа работа, па сака малце да здивне. Еее па сите сме такви понекогаш, има денови кога радо не би го видела дечко ми цела недела, а некогаш па неможам да заспијам ако не сум го видела дента. Значи, не му се секирај, кога тогаш ќе дознаеш што била работата
он дига акции???? па дгни си ги и ти бе, не биди глупава да трчаш по него... цени се себе си и сфати дека си најважна па он ако мисли на тебе и ако од срце и искрено е толку грижлив и добар сигурно ќе те побарал досега...а искрено за она ќе видиме па не ми изгледа као некој сериозен, ама др страна можеби и ти си го исплашила малце онаа вечер, т.е се плаши од обврски..иначе узивај си и писи што ќе биде