Па вака да почнаам..... Имам дечко со кој одам 5 месеци.. Значи стварно совршено машко. Убав,карактер преубав и се тоа.. Но има еден проблем.. ЈАс пред да се фанам со него пред тоа тој ме молеше повеќе од пола година за да сме заедно, а јас безмилосно го одбивав.. Сигурна сум дека тогаш ме сакаше затоа што правеше апсолутно се за да сме заедно и пред се најважно ми е тоа што кога ме молеше мене таа година не беше со никоја. Ама ете.. изгледа му се смачи да ме моли а јас да не сум со него и се фати со друга.. Со неа беше 5 месеци исто.. И сигурна сум дека ја засака затоа што тој е таков тип што никогаш не би одел со некоја а да не ја сака. Од ко раскина со неа.. НЕ помина ни 1 ден па ме побара пак мене.. ИЗлегов јас со него и правев муабет и ете така решив и да пробам со него.. Да бидам искрена почетокот не го сакав, но сега го сакам повеќе од се. Јас сум таква личност што кога сакам не го покаажувам тоа доволно.. Не се борам доволно.. Јас сега иако сум со него.. Мислам дека тој сеуште осеќа нешто спрема бившата.. И сега сакав да ве замолам за совет. Што мислите да направам за да го сочувам покрај мене? Оти стварно го сакам и не сакам да и се врати нејзе.. Стварно сакам да сум со него.. На денешно време ретки се таквите како него.. Па затоа и не сакам да го изгубам. Ве молам за совет што мсилите дека треба да направам! однапред ВИ БЛАГОДАРАМ!
Ај ве молам за совет! Ако некој не сака да биде со тебе, колку и да е совршен, џабе ти се сите тактики да го зачуваш до себе. Ем тој нема да е среќен, ем ти ќе бидеш разочарана заради лошиот фидбек. Мој најискрен совет е да разговараш најискрено и со најотворени карти. Кажи му дека пред да биде со неа, не си знаела каков човек е, не си била сигурна за тоа дали е тој правиот.... сега откако сте заедно дека ти е убаво и дека ти значи.. Но и покрај тоа, не си среќна поради тоа што чувствуваш дека сеуште има нерасчистени сметки со бившата. Разговарајте.... нема подобро решение од тоа. Проблемите не се за да се пикаат под тепих. Барем јас би играла така. (Се надевам дека не се неосновани твоите сомнежи околу нештата поврзани со бившата, бидејки ако е така може да го навредиш со твојата условно неоснована недоверба.) Секое добро.
Ај ве молам за совет! А дечко ти тебе те сака??? Ако те сака тебе и ја сака и неа, дефинитивно дечкото незнае што сака Како мислиш? После 5 месеци сега мислиш??? Што со 5 те месеци што сте ги поминале и нивната приказна? Си приметила нешто несекојдневно или??? Како и да е да скратам, ако он реши да отиде со која било друга, ќе го направи тоа, колку и да се трудиш. Ако успееш да го одвратиш од таа желба, од се тоа ке добиеш само кавги и расправии секојдневни... Не се лути, ама реално така е
Ај ве молам за совет! И ти си многу дигноглава, неќе некој цел живот по тебе да лази и да те моли. Ако го сакаш докажи му и зачувај си го. За тоа со бифшата слободно направете си муабет, можеби му треба време да ја заборави ама сепак разговарајте, да не испадне дека пак го одбиваш. Можеби работите се одвиваат пребрзо па тој не може да се адаптира. Само искрен разговор ќе ги разреши недоразбирањата.
Ај ве молам за совет! Mi ima receno ednas ''Te sakam'' no dali e taka ne znam.. Inaku i mi se javuva nonstop.. po 2-3 pati na den.. Se gledame 4-5 pati nedelno... a za toa ne sum dignoglava zatoa sto jas ne sakav da se fanam so nego a da osekam nisto so nego! ve molam kazuvajte uste sovetiii ...
Ај ве молам за совет! Почни да ги покажуваш твоите чуства и бори се за него. Ако сеуште чуствува нешто за бифшата, потруди се скроз да му излезе од глава
Ај ве молам за совет! Тоа што ти кажал -те сакам- немора да значи и дека го мисли. Мене за деца и бракови ми зборувал, па ме остави како да сум тавче во рерна.... Не верувај така лесно на се што ќе ти каже. 100% доверба само во мама и тато. Не знам какви други совети очекуваш........ единствено нешто што ми паѓа на памет се црни магии хахахахахаха .. НЕ! -.-
Ај ве молам за совет! јас би ти препорацала сто и да правис немој да изгледас о4ајно никој несака јадници поготово ако претходно те молел ти сега да му ја доказес теоријата дека кругот се врти.НЕМОЈ! покази со дела дека ти знаци но не на колена или да ми казувас колку го сакас со тоа ке сване само дека те добил и магијата исцезнува бивсата треба да се освојува,знаци круната на главата и не показувај страв дека ке го изгубис сети се кога трцал по тебе сто е тоа со го посакувал и сто го полудувало кај тебе зосто ние сме такви не осекаме кога се мениме и не ни е јасно каде гресиме.да не филозофирам биди слатка добра фина и САМОУВЕРЕНА покази ја дивата во тебе ..верувај ке ги пробудис цуствата кај него сто ги имал претходно тимас дјокер искористи го цим порано те молел цекал докази му дека има зосто но само верувај во себе и не го показувај стравот биди кул со срекја!
Ај ве молам за совет! Зошто мислиш дека можно е да го изгубиш...само затоа што имал бивша? АКо ви е се убаво зошто самата си набиваш комплекси? Опушти се и со дела покажи му дека му значиш и дека не сакаш да го изгубиш.. И самата си кажа дека е таков тип што не би идел со девојка ако не ја сака, штом така мислиш значи иде со тебе затоа што те сака : )
Ај ве молам за совет! Незнам од каде ти е заклучокот дека не те сака и од каде заклучи дека сеуште ја сака бившата. Ти во секој случај можеш да му се посветиш и да му дадеш до знаење дека навистина ти значи а не дека си со него зашто бил упорен. Позитивен знак е што повторно те побарал тебе веднаш по раскинувањето со претходната девојка. А ги знаеш ли причините зошто раскинале. Ако ги знаеш многу полесно и поедноставно ќе можеш да се соочиш со ситуацијата во спротивно се е резултат на твојата имагинација. Биди своја биди горда немој да оставаш впечаток на несигурна девојка која незнае да го покаже своето ЈАС. Остави во неговите очи да бидеш мирна дружељубива и самостојна девојка.
Ај ве молам за совет! Емчуленце.. мислам дека ова не е и некаков проблем.. вака прво зашто мислисш дека не те сака повеќе,.? да не би те сакал.. сигурно немал да те побра.. кога раскинал со бифшата.. ти текнува? и немаше да идеш со него веќе 5 мес. имаш напишано ..Сигурна сум дека тогаш ме сакаше..? зашто тогаш.. ? ова ко сега да не те сака.. второ.. има нешто кажано?.. направено?.. па за да мислиш дека сеуште има чуства за бифшата..? по што мислиш така..? мора да има некоја добра причина што те натерало така да мислиш... неможе само така.. а и како што имаш напишано он е ок со тебе.. се гледате.. ти се јавува.. итн.. трето.. мораш да почнеш да му кажуваш дека го сакаш.. и дека те сака.. иако идете веќе 5 мес.. и сеуште само 1наш. те сакам. м?! некако не е ок.. :/ во врска се влегува со човек што го сакаш и што те сака.. а не само така од курташак.(извинете ме на израз) седни зборувај најотворено со него.. и види.. според мене ова не е никаков проблем.. мислам дека само ти така си имаш умислено.. и така си мислиш.. мислам дека машко кое не би сакало да биде со некоја девојка не би издржало ни неколку дена.. недели а не пак месеци.. а и плус.. имало нешто предходно.. и сега се остварува... он да не те сакал и после бифшата... немал пак да те побара за да се видиите и да почнеете нешто.. а и немало сега да бидете.. заедно.. така да уживај.. мој совет.. ако толку си уверена.. дека сеуште ја сака неа.. најубаво седни зборувај со него.. решете го проблемот.. сигурна сум дека ќе се потруди да не мислиш така..
Ај ве молам за совет! едноставно кажи му го ова што го имаш напишано овде и докажи му го тоа.. ако сеѕште му траат чуствата спрема тебе тогаш се ќе биде супер )) и не дозволувај тоа да ти стане опсесија бидејки така само ќе влошиш се... труди се да уживаш во врската да не се замараш со тоа, бидејки може да се разделите утре заради нешто друго...
Posle dve godini mi prizna deka koga ja videl bivsata ne mu e seedno i deka si velat zdravo i deka mislii deka imaat nesto nezavrseno i deka trebalo da razgovara so nea za da rasresat i da mu bilo polesno? A mene mi veli deka me saka stvarno i deka saka da bide so mene zasekogas i deka samo saka da dovrsi so nejze da ne pravat moabet veke voopsto i da ne misli na nea i da ne mu bide takaa koga ke ja vide
Остави го да расчисти со нејзе, ако така се чувствува. Ако после тоа ти се врати немаш причина за паника. Подобро нека го направи тој разговор за да не мислиш понатаму. Не е фер спрема двајцата. А биди среќна што бил искрен со тебе. И тоа е нешто отколку да крие од тебе.
Oн те сака. Сака живот да помине со тебе. Не му е сеедно кога ќе ја види бившата Бара од тебе дозвола да разговара со неа, а веќе си го имаат муабетот без претходно да побара твоја дозвола за тоа. Сака да разрешува нешто со неа две години по раскинување на врска со неа. Мене овде нешто не ми мириса на убаво. Прави што ќе правиш, твоја врска е, никој не ја знае подобро од тебе што е правилно а што не, само не дозволувај да се ставиш во ситуација на резерва ако не му оди со бившата. Да не му стане навика секој пат кога ќе се појави некоја за која не му е сеедно. Oдлуката е твоја на пристапот внимавај. Во најлош случај тој ќе те изгуби тебе ✓ ти ќе го изгубиш него. бившата ќе ти го земе Среќно.
Дечкото е незрел и очигледно не знае што сака.Ако останеш во оваа врска, ќе живееш во константен страв дека сеуште има чувства кон бившата.Може додека е со тебе, да мисли на неа.Не сакаш да се измачуваш себеси секојдневно, нели?Мој совет е, да му предложиш пауза додека да си ги среди мислите. Ќе видиш после како ќе има незавршена работа и сотебе.
Многу се нервирам кога читам вакви работи иако знам дека е во прашање некоја децка љубов. Но не ме зачудува дрскоста на мажите туку да ми простите на изразот, глупавоста на девојките. Тој и вика ја сакам бившатам што значи со неа се играл само, таа Вика многу е фин како да го задржам..... Па добро бе човече, што треба да ти каже за да сватиш дека треба да си ги собереш парталите и пат под нозе додека не си затруднела? Каква иднина имаш со дечко кој не те сака? Што ако физички го задржиш кога емотивно ти е далеку. Знаете ли вие што значи да некој ве сака? Најмногу ме нервира оној изговор, ќе и се вратам на неа за да расчистам нешто а ти чекај ме и они гуски и двете си ги врти како што сака. Искрено со сета почит кон вас жените и девојките но некои од вас неможам да ги разберам. Како воопшто мислиш дека ќе го задржиш ако уште сега покажува непочитување кон тебе? И, што ти вреди и да биде со тебе кога нема да бидеш сигурна да го пуштиш сам ни до ВЦ?