Се плашам да не и се врати на бившата

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Emchulence, 12 март 2011.

  1. Emchulence

    Emchulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Па вака да почнаам.....
    Имам дечко со кој одам 5 месеци.. Значи стварно совршено машко. Убав,карактер преубав и се тоа.. Но има еден проблем.. ЈАс пред да се фанам со него пред тоа тој ме молеше повеќе од пола година за да сме заедно, а јас безмилосно го одбивав.. Сигурна сум дека тогаш ме сакаше затоа што правеше апсолутно се за да сме заедно и пред се најважно ми е тоа што кога ме молеше мене таа година не беше со никоја. Ама ете.. изгледа му се смачи да ме моли а јас да не сум со него и се фати со друга.. Со неа беше 5 месеци исто.. И сигурна сум дека ја засака затоа што тој е таков тип што никогаш не би одел со некоја а да не ја сака. Од ко раскина со неа.. НЕ помина ни 1 ден па ме побара пак мене.. ИЗлегов јас со него и правев муабет и ете така решив и да пробам со него.. Да бидам искрена почетокот не го сакав, но сега го сакам повеќе од се. Јас сум таква личност што кога сакам не го покаажувам тоа доволно.. Не се борам доволно.. Јас сега иако сум со него.. Мислам дека тој сеуште осеќа нешто спрема бившата.. И сега сакав да ве замолам за совет. Што мислите да направам за да го сочувам покрај мене? Оти стварно го сакам и не сакам да и се врати нејзе.. Стварно сакам да сум со него.. На денешно време ретки се таквите како него.. Па затоа и не сакам да го изгубам. Ве молам за совет што мсилите дека треба да направам! однапред ВИ БЛАГОДАРАМ! :*
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.825
    Ај ве молам за совет!

    Почни да му покажуваш дека го сакаш :)
     
  3. Emchulence

    Emchulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Ај ве молам за совет!

    ајде помагајтее и дрр :((
     
  4. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    101
    Ај ве молам за совет!

    Ако некој не сака да биде со тебе, колку и да е совршен, џабе ти се сите тактики да го зачуваш до себе. Ем тој нема да е среќен, ем ти ќе бидеш разочарана заради лошиот фидбек.
    Мој најискрен совет е да разговараш најискрено и со најотворени карти. Кажи му дека пред да биде со неа, не си знаела каков човек е, не си била сигурна за тоа дали е тој правиот.... сега откако сте заедно дека ти е убаво и дека ти значи.. Но и покрај тоа, не си среќна поради тоа што чувствуваш дека сеуште има нерасчистени сметки со бившата. Разговарајте.... нема подобро решение од тоа. Проблемите не се за да се пикаат под тепих.
    Барем јас би играла така. (Се надевам дека не се неосновани твоите сомнежи околу нештата поврзани со бившата, бидејки ако е така може да го навредиш со твојата условно неоснована недоверба.)
    Секое добро. :$
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    190
    Ај ве молам за совет!

    А дечко ти тебе те сака??? Ако те сака тебе и ја сака и неа, дефинитивно дечкото незнае што сака :?:

    Како мислиш? После 5 месеци сега мислиш??? Што со 5 те месеци што сте ги поминале и нивната приказна? Си приметила нешто несекојдневно или???

    Како и да е да скратам, ако он реши да отиде со која било друга, ќе го направи тоа, колку и да се трудиш. Ако успееш да го одвратиш од таа желба, од се тоа ке добиеш само кавги и расправии секојдневни... Не се лути, ама реално така е :|
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Ај ве молам за совет!

    И ти си многу дигноглава, неќе некој цел живот по тебе да лази и да те моли. Ако го сакаш докажи му и зачувај си го. За тоа со бифшата слободно направете си муабет, можеби му треба време да ја заборави ама сепак разговарајте, да не испадне дека пак го одбиваш. Можеби работите се одвиваат пребрзо па тој не може да се адаптира. Само искрен разговор ќе ги разреши недоразбирањата.
     
  7. Emchulence

    Emchulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Ај ве молам за совет!

    Mi ima receno ednas ''Te sakam'' no dali e taka ne znam..
    Inaku i mi se javuva nonstop.. po 2-3 pati na den.. Se gledame 4-5 pati nedelno...
    a za toa ne sum dignoglava zatoa sto jas ne sakav da se fanam so nego a da osekam nisto so nego!
    ve molam kazuvajte uste sovetiii ...
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Ај ве молам за совет!

    Почни да ги покажуваш твоите чуства и бори се за него. Ако сеуште чуствува нешто за бифшата, потруди се скроз да му излезе од глава :)
     
  9. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    101
    Ај ве молам за совет!

    Тоа што ти кажал -те сакам- немора да значи и дека го мисли.
    Мене за деца и бракови ми зборувал, па ме остави како да сум тавче во рерна....
    Не верувај така лесно на се што ќе ти каже. 100% доверба само во мама и тато.

    Не знам какви други совети очекуваш........
    единствено нешто што ми паѓа на памет се црни магии хахахахахаха .. НЕ! -.-
     
  10. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    281
    Ај ве молам за совет!

    јас би ти препорацала сто и да правис немој да изгледас о4ајно никој несака јадници поготово ако претходно те молел ти сега да му ја доказес теоријата дека кругот се врти.НЕМОЈ! покази со дела дека ти знаци но не на колена или да ми казувас колку го сакас со тоа ке сване само дека те добил и магијата исцезнува бивсата треба да се освојува,знаци круната на главата и не показувај страв дека ке го изгубис сети се кога трцал по тебе сто е тоа со го посакувал и сто го полудувало кај тебе зосто ние сме такви не осекаме кога се мениме и не ни е јасно каде гресиме.да не филозофирам биди слатка добра фина и САМОУВЕРЕНА покази ја дивата во тебе ..верувај ке ги пробудис цуствата кај него сто ги имал претходно тимас дјокер искористи го цим порано те молел цекал докази му дека има зосто но само верувај во себе и не го показувај стравот биди кул :D
    со срекја! :*
     
  11. Em4e711

    Em4e711 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    166
    Ај ве молам за совет!

    Зошто мислиш дека можно е да го изгубиш...само затоа што имал бивша? АКо ви е се убаво зошто самата си набиваш комплекси?
    Опушти се и со дела покажи му дека му значиш и дека не сакаш да го изгубиш..
    И самата си кажа дека е таков тип што не би идел со девојка ако не ја сака, штом така мислиш значи иде со тебе затоа што те сака : )
     
  12. MelanijaOh

    MelanijaOh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Ај ве молам за совет!

    Незнам од каде ти е заклучокот дека не те сака и од каде заклучи дека сеуште ја сака бившата. Ти во секој случај можеш да му се посветиш и да му дадеш до знаење дека навистина ти значи а не дека си со него зашто бил упорен. Позитивен знак е што повторно те побарал тебе веднаш по раскинувањето со претходната девојка. А ги знаеш ли причините зошто раскинале. Ако ги знаеш многу полесно и поедноставно ќе можеш да се соочиш со ситуацијата во спротивно се е резултат на твојата имагинација. Биди своја биди горда немој да оставаш впечаток на несигурна девојка која незнае да го покаже своето ЈАС. Остави во неговите очи да бидеш мирна дружељубива и самостојна девојка.
     
  13. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    Ај ве молам за совет!


    Емчуленце.. мислам дека ова не е и некаков проблем..
    вака прво зашто мислисш дека не те сака повеќе,.? да не би те сакал.. сигурно немал да те побра.. кога раскинал со бифшата.. ти текнува? и немаше да идеш со него веќе 5 мес.
    имаш напишано ..Сигурна сум дека тогаш ме сакаше..? зашто тогаш.. ? ова ко сега да не те сака..
    второ.. има нешто кажано?.. направено?.. па за да мислиш дека сеуште има чуства за бифшата..?
    по што мислиш така..? мора да има некоја добра причина што те натерало така да мислиш... неможе само така.. а и како што имаш напишано он е ок со тебе.. се гледате.. ти се јавува.. итн..
    трето.. мораш да почнеш да му кажуваш дека го сакаш.. и дека те сака.. иако идете веќе 5 мес.. и сеуште само 1наш. те сакам. м?! некако не е ок.. :/
    во врска се влегува со човек што го сакаш и што те сака.. а не само така од курташак.(извинете ме на израз)
    седни зборувај најотворено со него.. и види.. според мене ова не е никаков проблем.. мислам дека само ти така си имаш умислено.. и така си мислиш.. мислам дека машко кое не би сакало да биде со некоја девојка не би издржало ни неколку дена.. недели а не пак месеци.. а и плус.. имало нешто предходно.. и сега се остварува... он да не те сакал и после бифшата... немал пак да те побара за да се видиите и да почнеете нешто.. а и немало сега да бидете.. заедно.. :) така да уживај..
    мој совет.. ако толку си уверена.. дека сеуште ја сака неа.. најубаво седни зборувај со него.. решете го проблемот.. сигурна сум дека ќе се потруди да не мислиш така.. :)
     
  14. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    227
    Ај ве молам за совет!

    едноставно кажи му го ова што го имаш напишано овде и докажи му го тоа.. ако сеѕште му траат чуствата спрема тебе тогаш се ќе биде супер :)))

    и не дозволувај тоа да ти стане опсесија бидејки така само ќе влошиш се... труди се да уживаш во врската да не се замараш со тоа, бидејки може да се разделите утре заради нешто друго... :)
     
  15. mimi.d

    mimi.d Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Posle dve godini mi prizna deka koga ja videl bivsata ne mu e seedno i deka si velat zdravo i deka mislii deka imaat nesto nezavrseno i deka trebalo da razgovara so nea za da rasresat i da mu bilo polesno? A mene mi veli deka me saka stvarno i deka saka da bide so mene zasekogas i deka samo saka da dovrsi so nejze da ne pravat moabet veke voopsto i da ne misli na nea i da ne mu bide takaa koga ke ja vide
     
  16. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.766
    Остави го да расчисти со нејзе, ако така се чувствува. Ако после тоа ти се врати немаш причина за паника. Подобро нека го направи тој разговор за да не мислиш понатаму. Не е фер спрема двајцата. А биди среќна што бил искрен со тебе. И тоа е нешто отколку да крие од тебе.
     
    На mimi.d му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    18.331
    Пол:
    Женски
    • Oн те сака. Сака живот да помине со тебе.
    • Не му е сеедно кога ќе ја види бившата
    • Бара од тебе дозвола да разговара со неа, а веќе си го имаат муабетот без претходно да побара твоја дозвола за тоа.
    • Сака да разрешува нешто со неа две години по раскинување на врска со неа.
    Мене овде нешто не ми мириса на убаво. Прави што ќе правиш, твоја врска е, никој не ја знае подобро од тебе што е правилно а што не, само не дозволувај да се ставиш во ситуација на резерва ако не му оди со бившата. Да не му стане навика секој пат кога ќе се појави некоја за која не му е сеедно. Oдлуката е твоја на пристапот внимавај.
    Во најлош случај

    тој ќе те изгуби тебе
    ти ќе го изгубиш него.
    бившата ќе ти го земе

    Среќно.
     
    На eloves, marama, JustFun и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Дечкото е незрел и очигледно не знае што сака.Ако останеш во оваа врска, ќе живееш во константен страв дека сеуште има чувства кон бившата.Може додека е со тебе, да мисли на неа.Не сакаш да се измачуваш себеси секојдневно, нели?;)Мој совет е, да му предложиш пауза додека да си ги среди мислите.
    Ќе видиш после како ќе има незавршена работа и сотебе.;)
     
    На eloves, Miss.M5, mimi.d и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.183
    Многу се нервирам кога читам вакви работи иако знам дека е во прашање некоја децка љубов.
    Но не ме зачудува дрскоста на мажите туку да ми простите на изразот, глупавоста на девојките.

    Тој и вика ја сакам бившатам што значи со неа се играл само, таа Вика многу е фин како да го задржам..... Па добро бе човече, што треба да ти каже за да сватиш дека треба да си ги собереш парталите и пат под нозе додека не си затруднела?

    Каква иднина имаш со дечко кој не те сака? Што ако физички го задржиш кога емотивно ти е далеку.
    Знаете ли вие што значи да некој ве сака?

    Најмногу ме нервира оној изговор, ќе и се вратам на неа за да расчистам нешто а ти чекај ме и они гуски и двете си ги врти како што сака.

    Искрено со сета почит кон вас жените и девојките но некои од вас неможам да ги разберам. Како воопшто мислиш дека ќе го задржиш ако уште сега покажува непочитување кон тебе? И, што ти вреди и да биде со тебе кога нема да бидеш сигурна да го пуштиш сам ни до ВЦ?
     
    На Salome, SwanMay и fallenangel им се допаѓа ова.
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.353
    Девојче минутите минуваат, а ти сеуште си со него.
    Што чекаш??