3 дена сам зачленета тука, и е супер форумот. Гледам дека помагате ногу и дека има многу совети што би помогнале. Решив и јас да се искажам оти веќе незнам на кој и како да си помогнам Моментално се наоѓам во голема депресија, ке се обидам да објаснам што ми се случува. Јас сум 23, од 18 години се борам да останам во Германија и некако ми успеваше ама се на некој краток период. Тоа време до 18 год до 22 год имав дечко со кој бевме 7 години заедно. Поради мојата голема желба да останам таму се оделливме. Се запознав со друг, германец, (што моѓам да кажам дека се многу поладнокрвен народ од нас). Тоа се случи претходното лето, се беше супер, и уште е...еве на 10 Јуни ке се мажеме, ама... мене ме мачи сето тоа. Ногу често сме одделени, јас сум во Македонија моментално поради тоа што морам да чекам за виза, он е таму сам, имам преголем старв да не ме оставе баш на крајот. Ми тврди дека ме сака и се ама јас пак се двоумам Се е излезен со другари, или неговите другари/другарќи ке се дома и ке гледат филм ( а на мене ми има ветено ке се слушнеме на скајп), па јас чекам, некогаш го чекам и до 04:00 само за да си попраеме муабет. Незнам дали да му верувам, не се чуствувам дека се мажам, моите дома не кажуват на никој, страв ѓи е да не ме оставе незнам зашо така мислат. Многу мој другарки се мажија и просалвија а кај мене е се на чекање, оделување, надевање.... незнам ни на мене што ми се случува ама од оваа депресија не гледам никаков излез Проба да зборам со мојте другарки и сите само едно исто ми вика „ ајде ке се среде не се нервирај„ Ама мене ми е тешко и незнам со да правам како да си помогнам и дали да му верувам и дали вреде сетио вај ризик што го правам . Ве молам за совет, било каков, ке ви бидам многу благодарна.
Ке ве молам за совет Да и тоа многу, секогаш кога го гледам на скајп ми се иде да се фрлам у камерата по него. Ама поради тоа што го сакам ногу се плашам да не ме оставе. Незнам ни на јас што ми е, дури сум некогаш љубоморна зашо е со друштво
Ке ве молам за совет Драга Сања, како што јас можев да заклучам, проблемот тука не е до тебе. Така да оние работи кои не можеме да ги промениме, можеме само да се прилагодиме на нив. Твојата желба била толку силна да останеш во Германија, што дури си прекинала и 7 годишна врска. Јас верувам дека оние работи кои силно ги посакуваме, секогаш ги добиваме (само незнам дали кога ги добиваме сеуште ги посакуваме ) Не гледам причина зошто твојот сегашен дечко, германецот би те лажел, ако не планира да се земете, најискрено. Само има поинаков начин на живот кој ние овде не можеме да го сфатиме и затоа гледаме проблем таму каде што го нема. Така да, немој да бидеш во депресија, што е твое ќе си дојде. Опушти се и не размислувај многу многу, остави ги работите сами да си течат. Па сигурно нема да закажува свадба ако не мисли сериозно да се земете. ПОздрав и секое добро !!!
Ке ве молам за совет А зошто не му веруваш? Има причина? Пример јас кога сум во ПМС ме лупаат депресии, станувам љубоморна итн итн. Размисли си убаво дали сакаш да бидеш со тој човек или не.Мажачка не е мала работа
Ке ве молам за совет Мене ова некако чудно ми е Ќе се венчате,а не зборите,тој си седи со другари и другарки. Ти во Македонија,тој во Германија. Е сега,ти го сакаш,ама се плашиш да не те остави.Е сеа...он тебе те сака? Мислам дека да сакал да те остави,би те оставил. Некако се ми е измешано,си оставила еден,си зела друг од Германија... И искрено,7 годишна врска не е малку. Колку време си со овој?
Ке ве молам за совет Се согласувам,тие се многу поразлични од нас,како што кажа и самата,тие се ладнокрвни.А проблемот е кај тебе имаш страв да не те остави,па затоа би требало да си ги подредиш мислите т.е отворено разговарај со него,сепак би требало да имате свој заеднички јазик што сте пред земање,се надевам дека картите ќе ти се наместат како што сакаш,и се најубавкоо
Ке ве молам за совет Си ја нашла среќата на својот живот.Од страв да не го изгубиш, те мава ваква депресија.И самата кажа дека самиот народ е поладен за разлика од нашиот менталитет.Не си прави лош филм, уживај си во секој момент, 10 јуни се ближи и еден ден ќе се смееш, за ова твое сомневање. Нека ти е со среќа бракот и да бидете среќни и долговечни.
И јас имам дечко што е во странство а јас овде! И тој понекогаш излегува со другари па нормално е тоа секое машко сака да излегува! Мислам дека нема потреба за паника но сепак гледај да не згрешиш! Позз
Не му ја мисли толку... Животот е непредвидлив, во тоа е и убавината... Занимавај се нешто за побрзо да ти помине времето додека дојде свадбата... Ако мислиш вака, само ќе се измачуваш, а не е нешто што можеш да влијаеш... Верувај си во среќата... Ми делува дека не ти се верува дека ќе бидеш среќна... Уживај, се надевам нема вистинска причина за твоиве мисли. И се` најубаво
Уфф имате право, можеби и јас само претерувам или како што кажа Геа „Си ја нашла среќата на својот живот.Од страв да не го изгубиш, те мава ваква депресија„ Сепак едно големооо фала што се потрудивте да ми пишете некој совет. колку повеќе позитивно читам толку повеќе ме смирува Фала ви многу
Доколку сакал да те остави верувај дека одамна ќе го направел тоа, а како прво ако не му било до тебе никогаш немало да ти понуди брак! Не се секирај, уживај во подготовките за свадбата, така времето побрзо ќе ти помине, а и ти ќе си помирна. Сите невести се нервозни пред самиот чин па милион прашања им се вртат низ глава! Е сеа сосема е друго ако ти не си сигурна дали тој е вистинскиот за тебе, веројатно не се колебаш заради твојата претходна 7 годишна врска :? :? ?! Ти посакувам се најдобро! Без нервози!
Не таа врска беше одамна распадната. Немам никакви чуства за бившиот. Имаш право, треба да се релаксирам да не мислам ногу. Фала многу за советот
морам да се согласам со ова некако од твојот пост ми звучиш како ладно спрема оваа работа и несигурна во себе ти го чуствуваш сето тоа цела таа несигурност а не си разговарала со него за сето ова дополнително родителите ти фрлаат сол на рана па ти се мажиш каде е твојата еуфорија и на твоето семејство незнам зошто затоа цел тој страв е насобран во тебе те разбирам искрено но да не бидам негативна ќе ти речам дека ако треба да се случи нешто ќе се случи опуштисе и не мисли на ова нека си течат работите спонтано со среќа
Devojko moeto mislenje eeka ako on tebe ne te saka nema da mislis na mazecka ?dali me razbiras? znaci on planira nesto stvarno so tebe . a tebe ti e cudno zatoa sto nie tuka vo makedonija imame mn drug princip na ziveenje a tie drug. i zatoa tebe ti e cudno. ne se sekiraj ako on saka d ate ostavi nema da ti predlozi brak.ostavi se vo svoe vreme. ke vidis deka se ke se sredi tolku od mene.ti poskuvam se najdobro pozz
Верувајте не сам ладна или несигурна, добро несигурна да оти неможам сама да сфанам што ме маче ама како што кажа и ти, се надевав барем дома од мојте среќа , веселба, се наедевав ке се вратам и ке се веселиме, ама они (како и од секогаш се ме оствале на моја глава) нема да слават додека не се случи. Можеби и јас претерувам и ме мава психа што не сме заедно сега кога највеќе сакам, да планираме се заедно ... Сите ваши милења и совети ми доаѓат со позитивна енергија и ви благодарам за тоа многу
знам дека е чудно....не викам дека не збореме ама има денови кога ми вете ке седеме на скајп а он со друштво лелле звучам како некоја права егоистка знам дека не треба ама те ајде глупава нервирам се..... со него сме 1 година заедно...со бившио е се средено, и така не ни одеше врската поради тоа что јас цело време бев натам навам....затоа и пишав овде, посл толку теми прочитани знаете да помогнте многу, и точно е секоја позитивна порака или мислење влијае многу . уште еднаш фала
јас како што сватив од твоите постови твоите родители ти оставаа самата за себе да си ги решиш работите мислам дека родителите треба да играат овдека многу поголема и поважна улога зато ја нема кај тебе потребната сигурност опкружена си со негативна енергија но како и да е јас би ти рекла кога ги знаеш какви се нека не те засега нивното понашање послушајги советите на твоите другарки и овде на девојките бидиси весела за твојот нов живот кој те чека биди позитивна излезиси со другарките на кафе и ти кажувај за твојата среќа биди насмеана и позитивна пред твојот вереник не би сакал и тој неговата идна сопруга пред заедничкиот ваш живот да е тажна и негативна нели? и во право се девојките тоа тој што се дружи со другари другарки не го сваќај сериозно само опуштено ти знаеш дека таму не е како кај нас не се конзервативни како тука таму на луѓето не им завршува животот со бракот знаеш ајде биди позитивна и не дозволувај никој да ти ја расипе среќата па ни твоите родители позз
Несигурноста во тебе произлегува од неговата нубедливост! Сакам да кажам дека идниот твој маж те тера да бидеш несигурна со тоа што е стално излезен со другари и другарки, што си се забавува со нив а ти го чекаш до 4 сабајле за да позборувате! Каде е неговата пожртвуваност во овој случај??? Дали тој знае дека ти си депресивна и несигурна? Ако знае за твоите чувства тогаш треба да биде толерантен и да те успокои,да те убеди дека нема ништо лошо и место за несигурност нема! Сепак ти ќе бидеш негова животна сопатничка и тој е должен да се грижи за твојот мир и спокојство како ти што си должна да се грижиш за него! Јас би те советувала да поразговараш со него и да му кажеш дека се осеќаш многу лошо! Можеби разговорот ќе ти влее доверба и спокојство, можеби ќе свати дека сте во период кога очекуваш да се посвети на тебе а не на журкање до 4 сабајле! Да бидеме искрени никој не би бил спокоен во таква врска! Разговарај,не оставај да те јаде сомнежот во тебе, тој е должен да ти обајсни! Уште ова,не разбрав колку време сте во врска со идниот сопруг?