1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашат од дечко ми

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од OzzyAngel, 10 октомври 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Девојки, откако се запишав на факултет се спријателив со многу машки и девојчиња...
    Е сега проблемот е во машките!
    Со двајца од нив се зближив повеќе, колега ми е!
    Пред некој ден ми рече дека не сака да има проблеми со дечко ми, а се дечко ми се познаваат!
    И мислам дека сега нема да се дружиме како порано.
    А другиот е помал од мене, и тој се познава со дечко ми, тоа е!
    Јас си го викам “мало“ и многу ми се допаѓа, срцко е.
    Вчера си пишувавме на мсн и му реков дека одамна го немам видено и ми рече дека не му било пријатно да зборува со мене за да си нема проблеми со дечко ми...
    Се прашувам зошто е така... :(
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Оззи, мене на ова ми текна прво... Дечко ти, да не им има речено нешто во стил да стојат понастрана од тебе? :^) На тоа ме асоцира :?:
     
  3. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    И јас мислам дека е така , бидејќи ако имаш дечко и машки добри пријатели ваквите работи се обавезни :*
    mwa mwa mwa
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    и мене како оффи тоа ми текна прво ... да не им рекол дечко ти нешто ?? :^)
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Искрено, не знам! А и не верувам, затоа што мојот дечко не е некој заштитнички настроен тип па така да им рече. Не знам зошто да се плашат, не знам што да направам за да си ги зачувам другарите, многу си ги сакам!
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    редактирав од претходно .... да не не го знаат доволно па им делува како лош тип ??
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Можно е да им има речено, и мене ми се случи истото. Кога ќе испадне муабет за дечко ти, пробај нешто како на шала речи им на другарите: де бре, дечко ми не јаде луѓе и насмевни се, или нешто во тој стил. Најчесто успева да “ископаш“ некоја информација.
    Или како што кажа тедибеар, можно е да имаат нешто лошо слушнато заедно, па тоа да е пречка.
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    На тоа малото веќе му кажав дека дечко ми нема да му рече ништо, му пишав порака сношти ама не ми врати :(
    не знам искрено што се случи и ми е криво, па сакав да го споделам со вас, можеби ви се случило нешто слично...
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    мене ми имаат речено така на шала ама не се оттргаат од мене ... си се гушкам со нив пред дечкото што знам можеби ги гледа чудно малце љубоморно ама знае дека си го ссакам само него ... зборувај со дечко ти и ситуацијава ке се реши не ги губи другарите зборувај и со нив ама во 4 очи не преку мсн и слични раб како мсн ... кога некој го гледаш во очи се гледа искреноста ... бар јас така правам ... и не се разочарувај се ке се среди :* :* :*
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Ози да не е некој билдер дечко ти? :P ;) па се плашат да не изедат ќотек :lol:
     
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Можеби мислат дека ако се дружите постојано ќе имаш подоцна проблеми со дечкото, можеби затоа се однесуваат така
     
  12. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    :lol: :lol: камо да беше...
    Не е билдер ама има страшен поглед, ионака е љубоморен на сите машки кои ќе ми зборнат,а камо ли да ме гушнат како што се гушкам со нив двајца...
    Кој знае колку страшно ги гледа кога ќе се сретнат... :(
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Мило мое, сите другари се плашат од љубоморни дечковци, да знаеш :!: :lol: . И да не е болно љубоморен, сепак го гледаат така. И јас еден период имав такви другари, и еден по еден како ни се завлекуваше врската почнаа да ми бегаат. И ми признаа дека од што бил љубоморен, не сакале да се караат, а колку што знам ништо тој не им рекол, ама ете од погледот забележале оти не му е сеедно. Сега пак се научија и се во ред. Извини, ти кажав мој пример, за да ме разбереш што сакам да ти кажам. Ќе се вратат тие, сега се заплашени, а те ценат многу сигурно, па затоа не сакаат да прават „кавги“ демек :?:
    И плус, она старото, не постојат машко женски пријателства, тоа ги плаши можда :!:
     
    На Victorya и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Оззи и мене истото ми се има случувано. Значи 2 години бевме со дечко ми заедно во Стив и кога се шетавме заедно сум приметила, колегите мои со кои на факс добро си муабетиме некако се трудат да ме заобиколат или го веднат погледот, во најдобар случај едно кратко здраво само и толку. Исто и еден другар на цимерката нон-стоп доаѓаше кај нас и онака пријателски секогаш беше настроен, многупати имаме долго разговарано, а кога и да беше дечко ми на гости кај мене едвај здраво ми кажуваше.
    А не е до дечко ми, знам, не е љубоморен, никогаш не би му пререкол некому нешто.. изгледа до нив е, потајно се плашат да не бидат сфатени погрешно, да не направат проблеми. Не предизвикуваат, и да сакаат нешто го прават тоа дискретно. Кога ќе размислиш пак подобро е така, не велам да не се дружиш со нив, ама сепак на некоја дистанца, за да не дојде до случај и дечко ти да реагира. ;)
     
    На Victorya, OzzyAngel и teddybear им се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Се согласувам со сите претходни коментари. Или твојот дечко претходно им има кажано да стојат понастрана од тебе, или пак го знаат од порано каков е со девојки, па затоа си држат растојание. Меѓутоа сметам дека тоа не е добро. Не знам колку долго си со дечкото, но неговата љубоморна не смее да те оддалечува од пријателите. Ако е љубоморен - нема доволно доверба во тебе, а според мене искреноста е најважна во една врска.

    Разговарај со дечко ти, кажи му дека ти е криво што така ти рекле другарите, и прашај го зашто така викаат, дали знае нешто, да видиш што ке ти каже.
    И сметам дека треба повеке да поработите на довербата, ианку ке си имате често проблеми.
     
  16. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    и јас го имам тој проблем, добро сега... да ги поздравам ок, ама гушкање нема шанси :lol: и мојот тел број ми го има сменето неколку пати и нејќе да им ги дадам на другарите. кога се сретнуваме (во присуство на дечко ми) само ме поздрават, и тие демек не сакаат да се караат. знае дека го сакам само него, знае дека другарите со кои имам контакт ме сметаат како сестра но пуста љубомора |( :$
     
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    значи сите машки се исти :D сите се љубоморни на другарите на девојка им и ги сметаат за потенцијална опасност.зашто?зарем не мозат да сватат дека тоа се само другари,а не потенцијални удварачи,мувачи.. или им треба време да сватат :D леле колку мака мачев со дечко ми на почеток на врската додека му објаснам и свати некои работи.штом ке ми зазвонеше некој другар на телефон или сретневме некого,одма мислеше да не сум имала нешто со тој,што сака тој од тебе.зошто те вика на кафе итн..му викам човече,па имав живот и пред тебе неможам одеднашка да престанам да контактирам со некои луге шо сум се дружела со години,само затоа што ти се појави во мојот живот. :) сега ги немаме тие проблеми во врската ама искрено и телефонот не ми звони као што ми звонеше порано. :D машките другари кога ке увидат дека си во сериозна врска,некако као да ги снемува еден по еден,се плашат да не ти направат проблеми во врската,да не е љубоморен дечко ти и сл,а и ти немаш веке време за журкање и искачање као шо си имала порано,гледаш повеке да си со дечкоти,и така секој на своја страна и се одалечуваш.жалосно ама така е.опстануваат само вистинските другарства а такви може да се само неколку.
     
    На bona му/ѝ се допаѓа ова.