Се случи еднаш, а потоа го снема...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lovelygirl1, 30 октомври 2012.

  1. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Во мојот рамномерен љубовен живот пред неколку дена се случи промена...
    Со еден дечко со кој се свиѓавме подолг период ама не си кажавме и двајцата, конечно дојде моментот да смуваме...
    Вечерта ми напиша порака... а утре дента ништо.. веќе е втор ден а од него нема ни трага ни глас... тој не учи во мојот град и само за викенд можеме да се видиме... ама тоа не е оправдување, постои фб, ми го има бројот...
    Со сигурност знам дека ме свиѓа веќе подолго време, бидејќи и викал на моја другарка да му помогне со мене...
    Проблемот е што тој е многу горделив и да не кажам "дигнат", а и јас имам гордост и нешто не ми дава да му пишам прва или да превземам нешто... а многу ме копка дали тој чека јас да превземам некој чекор или не планира ништо повише...
    И да појаснам- НЕ беше под дејство на алкохол, затоа што не пие алкохол... :D :)
     
  2. lindalove

    lindalove Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    25
    Па штом е толу горделив и ``дигнат`` , јас мислам дека ти треба да се потрудеш да го спуштиш на земја. Ако сакаш да трча по тебе, тогаш немој да го бараш. Почекај он нека се јави, нека ти пише. :geek:
     
  3. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Епа според мене има два начина на кои што можеш да реагираш и две варијации на она што тој го мисли.
    1. Е навистина дигнат и сака ти да му се јавиш или пак сака да те оставе да почекаш малку.
    2. Си ја завршил работата човекот, само за тоа му било.

    Е сега можеш да почекаш да видиш дали ќе ти се јави за недела, па ако не ти се јави да се соочиш со него ако те побара кога е во твојот град.
    Или пак да си ја голтнеш гордоста и да му се јавиш.

    Ова е само моето размислување.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    А му врати ти на таа порака?
     
  5. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Ми посака добра ноќ и му вратив... толку...
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Во прашање се само два дена. Можеби тој чека на твоја реакција, и чека на некој начин потврда дека сакаш да продолжите таму каде што сте застанале. Не си размислила на овој начин? И машките понекогаш се плашат и незнаат кој нареден чекор да го направат за да не погрешат.
    Јас не би чекала, ако сакам да го чујам би се јавила.
     
    На lovelygirl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Мислам дека на некој начин си во право, само наместо да му се јавам, нешто друго би сакала да превземам, по дискретно :D Или порака, или на фб да му пишам, лајк... било што... предлог?
     
  8. lindalove

    lindalove Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    25
    Па пиши му нешто во врска со тоа на пример што ќе го објави на фб, као многу ми се допаѓа песната што ја постира или пак, сладок си на сликата и сл. :)
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    На твое место, јас би се јавила да расчистам со самата себе, да го опипам пулсот. Пошо порака или активност на фб може да помине незабележана, па ти уште повеќе да се загрееш да го добиеш одговорот шо го бараш, па по неколку дена пак ќе му пишеш, па после пак и тој може да ти одговори со само еден збор. Вака нема кај да бега, ќе правите муабет и по муабетот ќе осетиш, а ако избегава муабет, речи му чао пријатно и не се замарај.
     
    На lovelygirl1 и Hipica им се допаѓа ова.