Бегај и од двајцата, не те разбирам како си можела тоа да го напраш баш со неговиот најдобар другар! Не те осудувам, но не можам тоа да го сварам никако. На дечко ти нема да му биде сеедно верувај, а кога тогаш ќе дознае, дали од тебе, од другар му или некој трет. И сигурно нема да те гледа како што те гледал порано, можеби на почетокот и ќе го крие тоа, но на некоја караница може ќе ти го спомне и ќе те заболи дупло, а може и да ти го направи истото. Ништо не е невозможно. Затоа најпаметно кога веќе сте скарани со дечко ти тргни си се настрана и продолжи понатаму со некој трет.
Вистина дека чувствата не се губат за еден ден ама не чувствувам исто од таа вечер за дечко ми... Инаку баш поради тоа што секогаш гледам само за мене повредувам се околу мене....
Е ајде де јас барам подржување во мојата замисла да бидам со другар му,а и самата сум свесна дека не е воопшто во ред тоа што го правам...
Eпа ако секогаш гледаш само за себе можеби е време малку да помислиш и на другите? Не мора да бидеш со дечко ти, само за да не го повредиш. Но барем ако веќе не сакаш да си со него, кажи му ја вистината, тоа ќе го боли секако, но повеќе ќе го боли ако некој ден ја дознае вистинската причина поради која си го оставила. Пак ќе ти кажам, размисли убаво пред да направиш нешто, можеби некој ден ќе се покаеш. Поздрав.
Фalaa богуу сите ме осудуваат мене ... Срцка јас би била во врска со другар му и би одела против сите само од некоја страна страв ми е дека ке го изгубам мојот дечко кој стварно ме сакааа ...[/quote] Јас ти реков луѓето секако ќе зборуваат, а најтежок избор во животот на секоја девојка е да избере меѓу дечкото што таа го сака и тој што ја сака неа. Размисли си ти добро со кој сакаш да бидеш, а сигурна сум дека ќе донесеш правилна одлука
“Јас барам поддршка да бидам со другар му“... Сериозно бре? Ти над 15 години немаш, гарант. И по постовите и по размислувањето. Оди ајде со другар му. Заеби врска. Забиј нож во грб на дечкото што те сака. Слободно. Што има врска? Демек дечко ти има чувства па ке се повреди. Псс....не бе, другари се, нормално е се` да делат па и тебе м? Мислам, и онака дечко ти кога ке дознае ке ти стане бивш. Сеедно е веќе. Што сакаш прави. Полесно ке ти е ако ти дадеме виртуелна поддршка? Ке ти помогне да се чувствуваш помалку виновна? Мислиш дека нашата поддршка ке му значи нешто на дечко ти? Ни самата незнаеш што сакаш. Ти мрда газето на големо. Море за вакви само и двајцата да ве заебат, па да си чукате тие лејките од ѕид.
Јас не можам да се изначудам каков човек е дечко ти уште да те моли да му се вратиш. Претпоставувам дека е таков,добар да не речам наивен,ти си зела слобода тоа да му го правиш.А тој "другар" му не знам како да го опишам.Свака му част. Извини на мојата грубост ама јас да сум двајцата нема да сакам да ве видам пред очи,а не уште да молам таква личност да ми се врати во животот. Покрај се убаво што си се освестила барем што човек ќе испаднеш. Да не бидам офф-ќе ти речам не го запустувај тој дечко ти уште толку и тргни се од него (зошто кога еднаш си го направила,ако не сега по некое време пак ќе го направиш кога знаеш дека се ќе трпи),а со тој другиот тука негде сте си,прави што сакаш од него. И не сакам други дискусии околу мојов пост.Кога веќе бараш совет секој има право да си го искаже своето мислење,а јас моето го кажав.
Eпа тој воопшто и незнае дека сум била со другар му инаку да знае не би сакал да биде со мене мн јасно колку и да не сака.... У секој случај фала за советот
Да зошто тој што ти се свиѓа ќе те остави за таа што ја сака. Ти тој дечко не го заслужуваш, ни па тој му е прав другар, повеќе од јасно е. И јас бев во слична ситуација, ама на местото на магарето, тој што е изигран, у овој случај дечко ти. Ова твоево ми е крајно дебилен и низок потег. Од сите други со кои си можела да се смуваш, ти го избра неговиот најдобар другар (у наводници)? Па ај ако не цело друштво пројди му го. Ќе му кажеш на бившиот што си направила и ќе ги оставиш и двајцата зошто за кој и да се одлучиш врската нема да функционира. (читај грижа на совест) Во иднина памет у глава, зошто освен врска знај дека си уништила и другарство.
Не верувам дека ќе беше исто ако ТОЈ те изневерел со твојата најдобра другарка? Што би мислела ти за него? Што би мислеле тука на форумов? Не верувам дека би нашла поддршка да му се вратиш ако тој така те изневерил. Бараш олеснување на совеста, но за жал, да си имала совест, не би го сторила тоа. Велиш околината ќе те осудува, но и навистина си за осуда. Си повредила нечии чувства, си извалкала нечија љубов... и си ја извалкала својата чест (да, и тоа постои, дури и во денешно време, чест и образ). И утре и на другаров истото би му го направила и тој новиот (муваторот) секогаш ќе биде свесен за тоа и никогаш нема да те почитува. Верувај дека во првата прилика ќе ти префрли како си го изневерила дечкото со него и верувај дека ќе биде убеден дека нема да ти треба многу и нему истото да му го направиш. А и од него и неговата чесност ти не очекувај многу. Ако може да зае*е другар за девојка, многу лесно девојката ќе ја зае*е за било што друго. Посебно девојка добиена на таков начин.
Знам дека ниту го заслужувам ниту му е прав другар... инаку и јас се прашувам истото зопшто од сите девојки баш мене ме избра.. И за другарството не сум го уништила јас туку тој самиот ! А никој не ме разбира мене дека ми се свиѓа дечкото ии дека беше посилно од мене и дека сум свесна дека сите сте во право ... веројатно на никоја и се нема случено нешто слично
епа сеа види вака...одбери го оној што подобро те работи, оној кој можеш полесно за нос да го влечеш (за во иднина да можеш пак со некој друг другар негов да бидеш) оној кој има поубава кола, оној кој има повеќе пари и нека не те боли позади грб што ке зборат дека си дроља ти важно прави си кејф на дундата и иживеј си го животот...саркастично нели? ако ти е за утеха колку си виновна ти толку е и "другарот" на дечко ти, и ако има уште достоинство во тебе и добрина ке го оставиш дечко ти да си најде некоја што ке го заслужува и ке го оставиш овој новиов за да не го убиеш психички исто така дечко ти. верувам дека бар толку заслужува
И мене ми се има присвиѓано бивши муватор на другарка, ама преовлада свеста. Мување со него - категорично НЕ! Свиѓањето е релативна работа, ама другарството е нешто што останува. Признај ја работата, после ќе биде потешко за двајцата.. уствари тројцата. ▲
Глеј вака разликата ево тоа што јас никогаш не би била со некој што и е бивш на другарка ми па макар и мувач само... а овака дечкото ми се свиѓа премногу и едноставно тоа преовладува во мене ... А тоа дека другарството е нешто што останува си стои аама веќе тука треба другар му да му ја мислии а не јас... грешкааа... не сакам ниту за нос да го влечам ниту ме интересира каква кола вози ниту колку пари има едноставно ми се свиѓа и се ми смении преку ноќ ... и баш би сакала да се различно наместени работите!
Што било поминало. Сега си пак на почеток на кој не би требало да го жалиш дечкото, затоа што дури тогаш кога би се смирила со него тој би бил за жалење. Сте раскинале, точка, крај. Ти се свиѓал другар му, било што било, пак точка ...или три точки сама одлучи си. Со тоа што пишуваш дека ти е жал за дечкото ме иритираш толку мноху што ми иде шамарче да ти врзам Најлошо е некого да жалиш. Мислам дека со тоа го навредуваш и омаловажуваш. Демек он сега ни пие ни јаде зошто принцезата не му се враќа. Ехеее уште колку принцези и принцезички ќе му паднат во раце... и ако сите го жалат, налет Ако сметаш дека треба да бидеш со другар му, биди! Побогу па никого не си убила.... а и башка кога тоа се случило ти си била ничија девојка. Со среќа...како и да е
до сега 2 пати ми се има случено да сум со некој и нели да го запознаам неговиот НАЈ другар, па тој да се сврти накај мене и отворено да ми се пушта на повеке начини, ама другарство и секако дека во двата случаеви завршија со кавга(нели машка љубомора) и распад на некогашното другарство
Ми треба помош мојта ситуација е следна станува збор за бифши дечко со кој бев некој период и си го сакав онака искрено детски ми беше прв во се, и уживаше ужасно голема доверба кај мене но дечкото без причина некоја посебна си најди нова девојка и мене ме остави без никакво објаснување освен не те заслуживам така нешто во тој стил намерно или не незнам ја носеше новата девојка во друштва кај што бев јас , значи тотално без причина ме уништи ниту сме се скарале ниту ништо почна да се друже со мои бифши другарки од никаден и тоа со девојката негова основа клан против мене незнам како да објаснам ... си помина време јас поштено го преболев и пред некое време се смотав со негов другар не баш близок другар од друг град е ама се дружат често и овој епрен убаво се понаша со мене е сега бифшиот ми висе по инстаграмот и на стари слики несакајќи ми стиска лајк па го ваде , по други прашува како сум што сум дали имам некој ,проба преку другарка да објасне дека не знаел зошто така ми направи ни сам не бил свесн зошто така направил ... Меѓу тоа јас него многу го мразам значи немошам да опшам колку ми е одбивен никогаш не би се вратила кај него ама дали би било океј да почнам да се гледам со другар му многу е по убав од него и многу по зрело се однесува се пронаоѓаме во се и не се откажува ме бара нон стоп ...
@alena19 кога веќе си направила нешто со другар му не гледам причина да не се гледаш, макар што кај мене важи едно правило, со другари на бивши и со бивши на другарки не се плеткам. Мене така да ми ја носи новата девојка пред други луѓе со цел да провоцира реакции ќе си ги добие, ќотек пред сите таму, па ќе види како се прави драма. Новиот овај што викаш дека му е другар, ти предложи врска ?