Се чувствувам засрамено

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Mitrebapomosh, 6 февруари 2014.

  1. Mitrebapomosh

    Mitrebapomosh Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Sluchajno bev so druagrki vo jbt i se zapoznav so edno momce, posle nekoe vreme preku zaednichki drugar toj mi pobara moj snapchat i pochnavme da si zborime i seushte zborime vekje 2 meseci.A toj drugarot shto ni e zaednichki mene me svigjase ored edna godina. Vcera nesto so momceto zboruvavme na fb i mi kaza deka nekoj drugar od kosarka me svigjal(koja e ironijata toj so go svigjas da ti kaze deka drg te svigja :( ima li neshto poloso?!?) I jas mu kazav deka toa dete n mi e ubavo i deka svigjam drug i se napna da mu kazam kogo svigjam inace kje mi se nalutel, a deteto shto go svigjav bese on. Posle dolgi diskusii se resiv i mu kazav i mi vika deka me smetal kako za drugarka i deka sum bila mn fina i se i deka nejkel da ispadne seljak ama nemozel poso mn negovi drugari me imaat svigjano.. Premnogu se sramam i deneska mi pisa ama nisto uste ne mu ima, vrateno,premnogu se sramam bidejki ispadna mnogu glupo :(
    Sto bi napravile vie na moe mesto?
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    5.045
    Пол:
    Женски
    Живот иде даље.
    Ќе се чувствуваш засрамено едно време и после ќе помине, ќе се заборави.
    Ако сака детето и понатака да се дружите, дружете се и готово.
    Не е тоа толку страшно не се секирај.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    18.134
    Пол:
    Женски
    Искажување на позитивни чувства треба да претставува се` освен нешто од кое треба да се срамиме. Но, за жал, некои општествени стеги и правила не` направиле такви. Ретко на која девојка и` се нема случено ова во тие години. Ама и тој мустра, „кажи ми“ па „кажи ми“. :D

    И со она на крај „ќе ти се налутам ако не“. Гарант претпоставувал дека бил тој во прашање па да си билда его кутриот, цц :D деца бе. Му личи на годините. Од средношколец такво однесување е симпатично и смешно, но од возрасен е тотален turnoff.

    Нејсе, не се срами да си ги искажеш чувствата и во иднина ќе сфатиш дека нема ништо страшно и не губиш ништо со тоа. Губи само другиот шанса да биде со девојка како тебе. :)
     
    На FotoLina3, Westlife и Emotional123 им се допаѓа ова.
  4. Mitrebapomosh

    Mitrebapomosh Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Da mu pisham ili da cekam on da mi pise?
    I dali koga kje zborime da se pravam "vazna" i da se odnesuvam kako da ne sum go kazala toa?
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    18.134
    Пол:
    Женски
    Нема тука простор за многу докажување или муабети. Ти кажал те сака како другарка и тоа е тоа.
    Бидете си другари, ама ако тој ти го каже тоа затоа што после такви изјави на многу машки (особено на тие години) им е тешко да останат другари со девојчињата (Видов дека ти пишал по тој настан а ти си му немала вратено, врати му и видете како ќе одите понатаму). Ако продолжите со другарство, терајте како ништо да не било. Симпатиите се минлива работа, па кога ќе престане да ти се допаѓа можеби уште поубаво ќе ви биде другарството. :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    48.762
    Пол:
    Женски
    Мислам дека те “свиѓа“ и он чим ти пишал. Пиши му и полека полека ќе видиш како ќе се одвиваат работите. Нема зошто да се срамиш, камо јас да можев некогаш да кажам јасно и гласно те сакам на оној кој требаше ;) Ако не речеш сега, ако не се избориш цел живот ќе се прашуваш “што ако“, вака бар ќе знаеш на што си. Некое време избегнувај да бидеш во друштво со тие што те свиѓаат и него, да не се осети дека не вреди па да прекине да се труди околу тебе, гледај ако можеш да не се среќаваш со нив, туку со него и со други другари. Тоа е, не секогаш љубовта правилно ги реди коцките.
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.