Edno e da komentir drugo da ja siluvA Togash zoshto i oblecheni devojki od glava do peti bile siluvani
Радикалниот ислам се појавува во 20 век така да нивниот начин на живот и облекување не го земајте за пример за она што зборам. Под пристојно облекување не се подразбира да бидеме како нинџи туку да не биде провокативно и вулгарно. Нема потреба од гради на изволте и фармерки кои пукаат. За тоа зборувам. Во вакво нездраво општество се ви еволуира вам. Одете и напред 50 века ама и силувачите ќе ви еволуираат. Во тој 12 век што го збориш незнам како поминувале таквите празноглавци... Јас не реков да одиме како нинџи, доволно е пристојна облека која не провоцира, како маица со деколте и тесни фармерки или фустанче кое изгледа како појас кој покрива само половина задник. А и плус на работа, немате ли кодекс на облекување? Јас во средно бев единствениот кој се бунеше бидејќи професорка одеше во папучи со голи нозе и со деколте, како во стриптиз бар да оди а не на работа а истовремено ние учениците имавме рестрикции што може да се носи а што не.
Ми се чини дека истава дискусија е водена веќе во темата за силување. Ве молам да продолжите таму да се цитирате, оваа нека остане слободна за ако некој има потреба од совет
За баба ми и прабаба ми зборам, не за радикален ислам. За нив не беше пристојно без шамија да се појават надвор.
Многу сте заминале со дискусијата, дури се чудам во која тема сум, ама она погоре ми падна во очи. Не мислам дека е карактер, его трип е. Воспитан дека е мажјак, дека го фатил господ за муда, дека е најубав (на мајка), најпаметен, со најјака кола, штоидае... нешто е сигурно нај во неговата глава. Не зборам за некој што ќе ти скокне на улица на поминување , туку такви да ја силува на прв дејт, пошто што мислела, зошто се на дејт. Што барала со него на пијачка. Гледајте го The talk show ако не ви е гледан. Се знае какви типови се тие со вакви его трипови
@Vitaly i mene me privlekuva mercedes na ulica, pa ne go kradam, kako shto imashe pishano vekje edna chlenka. Toa znachi drugite da ne vozat mercedes zayoa shto mene toa me provocira? Apropo tvoevo so oblelata
По стотици години било пристојно да се носат строго долги неудобни фустани со корсети во Европа, па ај и сеа да фатиме такви да шетаме на 40 степени надвор за да не испровоцираме, оти се знае дека е пристојно нели. А у меѓувреме низ тие векови, без разлика на облека, било доволно од било кои причини некому да смета жена или да е на некој начин необична за да ја прогласат за вештерка и да ја убијат на најсуров начин. Стотици години во твоите „чесни“ несекуларни општества за кои „ни го перат мозокот како е уствари“ било и е пристојно најмалку косата да е покриена кај жената со хиџаб, па може и скроз да не се гледа која е со фереџињата и бурките, а жени кои научиле за подобро и сакаат да си ја покажат убавината во најмала рака ги затвараат и малтретираат и ден денес. Стотици години во Кина им ги сакателе стапалата на млади девојчиња за да им бидат минијатурни, за да изгледаат женствено, привлечно, па и „пристојно“. Стотици години во Индија им договараат на девојчињата малолетнички бракови, а ако умре мажот пред нив ги изолираат во една соба, ги третираат како лоша среќа и преживуваат со остварување на најминимални потреби. Итн... И погоди што, во сите овие општества и времиња имало манијаци, злоставувачи и силувања, а токму жртвите во минатото и во оние и сега затуцани општества - освен од злоставувачите страдаат и од стигма, и од семејствата, па и од бруталниве казни во склоп на законите. Purity culture (и заедно со неа rape culture и victim blaming) е најголемо зло, вековна пандемија со таргет на жените која треба од корен да се уништи и сотре таму каде што сè уште ја има, а не да се враќа во „нормала“ таму каде што е олабавена. И ниедна информирана жена која си ја цени слободата нема да ја убедиш во спротивното, помири се со тоа веќе еднаш.
Потребата за его трипови е дел од карактерот. Сексуалните предатори имаат потреба и од доминација и демонстрација на моќ. Сексуална преференција е. Девијантна, ама сепак преференција. Дел од карактерот.
@Vitaly сериозно ова го пишуваш и вака размислуваш? Облеката или "голотијата" е само изговор за силување. Главниот причина е неконтролираниот сексуален нагон на силувачот, т.е. мозокот. Си прочитал или уште полошо си слушнал некогаш дека девојка е слувана иако ниту еден дел од телото не и бил оцртан? Ако не, направи истражување и ќе сфатиш дека има голем број на вакви ситуации. Сметаш дека ако сум облечена широко од глава до пети ќе ме заштити од силување. Според тебе не треба воопшто да носам тесни фармерки, истаканати облини и деколте и слично, така само ќе намамам манијаци и силувачи. Ниту првото ќе ме заштити, а ниту второто е причина. "Непристојноста" ќе ми ја видат многу и ако таа е допочнителна причина, секој маж што ќе ме види треба да ме силува, но бидејќи нема да ме силуваат сите што ќе ме видат, значи не е тоа причината. Би ме силувал некој што не го задржал нагонот и чие задоволство се нахранува при доминација и покажување моќ. Со што пак доаѓаме до фактот дека облеката и голотијата не е никаква дополнителна причина. Втора работа без разлика како сум облечена (пристојно (и во пристојното има истакнување и голотија се додека е убаво за очи) или вулгарно) никој не смее да ме нападне заради тоа, ниту да ми суди. Кажа дека ретко било маж да е силуван од жена/маж. Ама баш воопшто не е ретко, само не кажале. Зошто? Заради осудувачкото општество "хехехех што маж си ако те силуваа (со пластичната лажичка в уста)". Ако не си слушнал не значи дека ретко се случува, само намалена е храброата и зголемен е стравот за да се каже. Сега ќе сум малку офф, се извинувам однапред. Непристојно е ако облечам минич или нешто тесно и одма сме коментирани, а машко ако е во тесни фармерки и два броја помала раскопчана кошула/маица за да го истакне телото е сосема пристојно? И ако машкото е силувано во овој случај, сичувачот р крив, не бил тој провокативен, само жените "си го барале". Според твоите стандарди за пристојност ова заклучив.
Се' додека постојат луѓе што мислат дека "сама си го барала" ова нема да се среди. Облеката не е никаков изговор за силувачот да силува. Никоја не сака да биде силувана. НЕ значи НЕ. Кога сме кај облеката, ќе ви кажам еден пример. Пред 3-4 години кога се враќав дома од школо, ноември или декември беше, не знам точно, само знам дека тој ден беше ладно и јас бев во долга зимска јакна и бев свиркана. И гола да е девојката/ жената, таа не бара да биде силувана. И да, престанете со тоа што е, а што не е пристојно облекување.
Ептен ама ептен оф-топик. Ве молам не замерувајте. Периодов сум насочена кон гледање работи од кои можам нешто ново да научам, не само обични серии и филмови. Гуглав ток шоу, ништо поврзано со силување, мачизмо и его-трипови не ми излезе. Документарец е ова, филм, серија? Подкаст не е, штом треба да се гледа. Ако не е проблем, може ли линк од imdb. Ме интересира тематиката во која го спомна како предлог. Завчера го изгледав Athlete A, страшно поразителна реалност.
Не си оф-топик, јас сум малку без памет (од жешково ваљда). The morning show Спојлер: Serija Темата е MeeToo, ама јас го доживеав како и во сосем секојдневен контекст. Не мора некој да ти биде претпоставен или на некој начин да зависиш од него за да те доведе во таква ситуација, може да биде било кој со его трип, а ти случајно си се нашла привлечена од него, ама не до толку за сега веднаш да се фрлиш во акција.Не мора со ќотек да биде силувањето, и под било каква псилошка присила е силување.
Ништо... Од Македонија држава не бидува... Во Македонија за силувачите е доволно 2 месеци казна.... Офффффф, да сум јас таа што става закони и правила за државата, прво што би направила е да дозволам полицајците да ги тепаат затворениците (зависи какво кривично дело направил затвореникот) според тоа колку големо кривично дело направиле. Во овој случај, за силувањето, законот би било брилијантно вака да биде. Силувачот од кога ќе го стори тоа кривично дело, да се носи во затвор да стои таму седум дена. Но за тие седум дена секој час да биде тепан, и на 7 ден да му ја сечат главата. Потоа на парчиња да го расечат и раселените парчиња да ги стават во вреќа и да ги закопаат во земја. Незнам зошто силувачите имаат право на живот кога веќе тие уништиле чужди живот....
Поради вакви случаи нема смртна казна... https://mexpress.mk/zezalica/nevin-...ni-ja-pregrnal-majka-mu-kako-sloboden-chovek/
имам разно разни проблеми кој започнаа со насилство од ваков тип тогаш бев дете молчев незнам зашто но ете успеав да се опоравам на некој начин сепак сеуште имам проблеми како последица од тој настан иако се е зад мене имам свое семејство кое ми е единствената светла точка во мојот живот...проблемите кој сеуште ги имам се анксиозно депресивна состојба и проблеми со интимните односи знам дека треба да се обратам кај психиатар но ете мислам дека немам сила некому во живо да му објаснувам за своето минато.... назнам како да се справам поготово со вториот проблем неможам да му признаам на сопругот зошто го избегавам иако тој знае за немилиот настан и ме има прифатено со се моето минато тој се однесува кон мене како се да е ок и како да ништо се нема случено што од една страна е добро на тој начин се чувствувам нормално како секоја друга жена вредна исто колку и останатите но ете незнае дека секој негов здив на мојот врат ме излудува и се чувствувам како одново и одново да го доживувам тоа што го доживеав додека бев дете.. инаку се до моментот кога тој ке ми се доближи јас сум нормална личност немам никакви мисли и моменти кој ме потсетуваат на некогашното зло сем што сум малку повлечена и не прифаќам да комуицирам со луѓе кој не ги познавам и сите луѓе кој се околу мене тука за мене се странци кој не ми се потребни и по цена на тоа да сум сама со месеци јас не ги прифаќам луѓето од новава средина... незнам дали има некој што би можел да ми даде совет сепак се чувствувам како единствена со ваков проблем иако знам дека не е така
Тешко ми е и срам да зборам за ова, но кога веке има ваква тема и јас ке си ја отворам душичката. На само 15 год ми се случи нај тешкото во животот, еден гад кој е само 30 год сакаше да ме земе на сила. Бев дома (сама) тој дојде (го познавам многу добро тој гад) се доближи до мене, почна да ме гушка, да ми диши во врат... Згора на тоа и ми велеше како за роденден ке ми купел долна облека(гаки и прслуци) пробав да се тргнам од него но тој упорно сакаше да ме бакнува... Требаше да одам на улилиште и со тоа и се извлеков, му реков да си оди зошто си имам работа. Тој го прифати тоа и пред да си оди ми рече "Не кажувај никому за ова" Од како си замниа прво што направив е, што се јавив на моите. И што е добро веднаш го пријавивме... Го мразам тој ден
Жал ми е што си го доживеала најгрозното нешто . Те молам посети психолог , собери сила , кажи му и на твојот сопруг дека сакаш да посетиш психолог и е поврзано со она што си го доживеала , дека ти треба неговата поддршка и разбирање сега , за да го надминеш целосно проблемот . Секако дека си нормална , тоа што си го доживеала те скршило , но тоа не значи дека не си нормална . Ти си многу посилна од нас другите жени , ти си преживеала пекол , и си се издигнала одново . Но , сепак ти треба некој до себе , да ти влее храброст да се соочиш со минатото во 4 очи , и да раскрстиш еднаш засекогаш со него . Само така ќе бидеш среќна целосно . Ќе можеш да се посветиш на своето семејство и се останато што те исполнува . Биди ми поздравена , и знај дека си многу похрабра од што мислиш .
Здраво дечки, многу малку знаат за следново што ќе го напишам. На 16 год, прв пат се фатив со дечко за озбилна врска. Бевме заедно 2 год ( и 3 месеца мање битно). Во тој период што и не трпев, тортура до немај каде, ме носеше само по флиперници, ме тепаше, ме тераше да му зимам и давам пари. Кога почнав да одам на факултет, видов како другите живеат. Журки, свирки, седење до касно, смеи, шали, се тоа што го сакав од дното на душата, а не за викенд да бидам затворена кај него дома вп 4 ѕида и да гледам фудбал, затоа што измамникот немал пари! Еден ден, го чекав кај него дома 2 саати, кога си дојде, се раскаравме, ми вика да си одиш..се сеќавам му реков со задоволство. Една недела бев раат од него, за после да почнат маките. 3 дена по ред ме начекуваше, и јас си знам низ што минев. Освен една вечер, која што никогаш нема да ја заборавам. Дојде кај мене пред зграда, ме натера да се симнам, се доближи до мене со нож, и почна да ме влече накај него дома, миневме низ толпа луѓе а јас не можев да зуцнам, зошто се посилно ме притискаше. Ме довлечка до дома, и мајка му беше таму, почна на сила да ме соблекува, и да ми врши однос. Се обиде и да заврши во мене, со цел да останам бремена, и да останам со него. Врискав на цел глас, се дерев, мавав, мајка му не дојде..се додека не почна да ечи цела зграда, почна да му се дере, и да му вика "нека е курвата нека си оди". Се наведнав да се облекувам патики, она ми се дереше на цел глас со погрдни зборови, а тој ме маваше со сета сила. Ми ја отвори вратата и излетав како пиле од кафез. Сум трчала до дома , уствари убаво се сеќавам ..ЛЕТАВ! Од адреналин не си ги сеќавав нозете, не ја сеќавав земјата.. Другата ден се се реши, од тогаш па навака сум раат. За некој месец си најдов дечко-фантазија. Таков како што ретко се наоѓа. Заедно сме 10 и пол години. Во брак 5, и имаме 2 дечиња, едното ми е 2 год и 3 месеца, другото 9 месеца. ЉУПЧО ќе те изедам да можам ! Да пукнеш!!!