Здраво.Има едно девојче што ми се допаѓа но незнам како да и пишам, незнам како да започнам.Една од нејзините другарки ми кажа дека таа била многу добро и дружељубива.Незнам како да и пишам и пишав еднаш здраво поминаа два часа не ја виде пораката и јас ја избришав. Совет?
@Heroj а оти воопшто ја бришеш пораката? Можеби била зафатена, на работа, излезена итн..За муабетот нема што да се мислиш (колку повеќе ја мислиш толку ќе ја згрешиш), културен и фин пристап само. Ај со среќа.
Само "здраво" е неприкладно за интернет комуникација. Мора малку повеќе да се потрудиш. Здраво е нормален поздрав за "во пролаз", на разминување со некого. Комуникација во пишана форма, како за првпат со некого бара малку повеќе, некаков вовед, зошто пишуваш, да се претставиш кој си, две три реченици, но никако само здраво или уште подобро здр.
Ако става на стори, некоја песна, некое селфи реплајни и. Лајкни ги последните две слики. Не и пишувај здраво јас сум тој и тој ми се допаѓаш, нападно е некако. Реплајни и со некој емотикон на стори, кога ќе ти врати направи некој бош муабет, здраво што правиш и такааа. Ти посакуваммм се најдобро.
Чекај да стави некоја слика на стори и реагирај со ова или и ако ти врати или ти ја лајкне реакцијата продолжи со муабет. Пиши Хееј или Хаај, "здраво" е мнoгу формално.
Јас прв пат така напраив со симпатијата ехее уште порано, послушав еден другар да и пишам отворено и собрав храброст и пишав и ко ми удри една корпа шо не знаев после во која дупка да се скријам другиот ден на школо . Пубертетски денови и пеперутки
Кога бев тинејџер имав симпатии, сега после толку ударци во животов, страв ми е да погледнам женско в очи
Што се тинејџерските години без вакви доживувања Корпи и ,,разочарувања''... иако во тоа време изгледаат како вистински разочарувања. Барем имаш спомен, нешто што ќе те насмее
Здраво девојки. Во теретаната каде што одам ,има еден доста симаптичен дечко што ми привлекува внимание,не сме имале никаков контакт ,освен ако треба да се замениме за некоа справа па се договараме кој колку серии ќе прави и сл.Мене ми се свиѓа,меѓутоа не гледам баш некоа заинтересираност од негова страна...искрено би сакала да се случи нешто но немам храброст да му пријдам пошто верувам дека ќе добијам ,,корпа,, а пак другарките навиваат јас да го напраам првиот чекор,што да правам?
Ехе колку корпи, колку невозвратени погледи насмевки телефонски повици и пораки. Ако не се обидеш нема да знаеш. Можеби и тој се срами да ти пријди и двајцата ќе останете разочарани. Зборни му покани го на кафе, на блакце Само храбрите ги следи среќата!!!!