Утрово се тестирав во Авицена, резултати ми рекоа за 6 часа преку нивната страна. Пробувам цело време, но ми пишува НЕВАЛИДНА НАЈАВА. Од која причина, дали некој знае?
На фактурата која ти ја даваат го пишува мејлот кој ти е запишан таму и со него и лозинката од фактурата би требало да можеш. Ако не успееш, јави им се.
Здраво на сите. Бидејќи дојам и сум со мало бебе никаде не излегувам и се пазам максимално. Ме болеше грло 2 дена, ми се смири болката, вчера пробав смоки вкусот пречуден, другото се во нормала. Денес јадев житарки, вкус како пипер..Носот само ми тече денес, друго мака немам. Не сум вакцинирана, правен брз тест пред некој месец немав антитела. Ваши искуства? Дали пациенти со ковид губат вкус на се или делимично? Ви благодарам
Здраво на сите Ај и тука да пишам зашто сум без памет. Дали има некој од вас симптоми за ковид дијареа и тт околу 37-37,2? Матичната, а и гинекологот ми укажаа дека сега и дијареа може да е симптом. Правев од брзите тестови од зегин испадна негативен. Сега тука читам дека не се баш најверодостојни. Каде се најефтини ПЦР тестовите?
Јас имав вкус, само мирис изгубив, ама се пореметува вкусот кога се губи мирисот. Се осеќа дали е благо или солено, ама не знаеш што јадеш оти нема мирис. Солта ми горчеше на пример, луто не можев да јадам иако си каснувам често. Може и стомачен вирус да е, не мора да е ковид.
Па и јас ги убедувам дека ми е стомачен вирус, ама ај ќе видиме Благодарам на одговорот во секој случај
Не можам да ги разберам тие што мислат дека и да кивнеш корона е, како други болести досега да немаше. Главата ги боли одат купуваат тест за корона .
Јас па таквите како тебе неможам да ги разберам.Пандемија е биди одговорен. Ти ако кивнеш, од кај си сигурна дека не е ковид???
Абе не можеш ти да кажуваш за мојата одгворност. Зборувам дека некогаш се претерува за некој работи, ама кој има вишок пари, тоа е. И не може ако некој направил тест и му испаднал негативен по сто пати да се теситира додека не испадне позитивен, само заради тоа што имала дијареа.
Дијареа знае и ковид да даде, незнам дали знаеше. Не мора да се тестира, доволно е да се изолира. А ако има вишок пари , не е наша работа. И менена третиот тест ми покажа позитивен.
Да не се разбереме погрешно, ниту вишак пари, ниту вишак време имам за тестирање. Само сакав да видам и нечие друго искуство, дали има слично и тоа најмногу затоа што сум бремена и тоа ептен на почеток. Тоа ми е паниката најмногу. Извинете ако вознемирив некој и дојде до недоразбирање
Во рана бременост паѓа имунитетот поради вгнездувањето на плодот и лесно се закачуваат настинки, стомачни вируси и слично. Не мора да значи дека е ковид, иако дијареја е еден од симптомите. Меѓутоа, не кај сите и генерално има некоја омалаксаност или болки во коски и мускули. Следи ситуација, напиј се пробиотик, внесувај доволно течности и ќе бидеш добра.