1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сите се против мене

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Lady-Sweet, 16 јуни 2011.

  1. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Девојки претешко ми е ;(
    го сакам премногу, а знам дека и тој ме сака;
    Се скаравме заради други, тој ги подржува и премногу ги цени другарите негови и девојките нивни...Тие со мене се однесуваа како да сум најпоследното нешто, најлошото. Тој не ме сфаќаше колку ми е се тешко, и одеднаш пукна се, јас се искарав со нив, им кажав се што мислам, но најмногу ме боли што тој е со нив :(
    Сето ова се случи пред десетина дена, единствено криво ми е што тој за се ме обвинува мене, а нив ги брани ;( и многу ме боли само што не сум со него, а за нив не ми е воопшто гајле вака ми е многу подобро бидејќи знам дека нема да бидам секоја вечер во едно друштво каде што не сум добредојдена...

    Премногу ме боли што така се однесуваа тие со мене, ги почитував многу сите ама не требаше, многу сакав да се дружам со нив, цело време се обидував да се доближам ама ме одбегнуваа :worried: Многу сум поразлична од другите девојки во тоа друштво, но тие ме одбегнуваа, јас си чутев :( сега го изгубив и него и цел свет ми се сруши :(
    Тој е многу добар и сака на сите да им угоди, наивен е и незнам како да му ги отворам очите да види какви се работите :(
    Душава ме боли ;( го сакам премногу!!!
     
  2. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    навистина ми е жал што ти се случува ова ќе помине немој премногу да се нервираш,со тек на време тој ќе свати што изгубил и што е испуштил од раце,мој совет е остави го неколку време нека си ги среди и тој мислите може ќе се смирите и ќе почнете од почеток ;) ако не побарај од него да разговарате и објани му некои работи а ако не ги разбере тогаш чаос болката можеби ке трае но ќе знаеш дека никој нема да те исмева и да те омаловажува позз се најдобро :)
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Тој да сакал да сите да им угоди, ќе го слушнел и твојот збор па би нашол некој начин се да помине без караници, а ти да се осеќаш поопуштено.
    Незнам колку сте биле во врска, но пробај без него, искачај со свое друштво каде си ценета.
    Тој со време ќе свати што направил.
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Он е на средина, или поточно бил ... и избрал страна, за жал погрешната. Толерантен е - да, но само кога би можел да подразмисли дека ниту еден од тоа друштво непомислува зошто е тој сега сам... и да свати дека само ти си таа што го мислиш...и сакаш.

    незнам што да направиш освен да разговарате
    поздрав
     
    На Chocoholic.girl и Lady-Sweet им се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Лејди ич да не се замараш..Знаеш што?во слична ситуација сум ако не и полоша ситуација,ама си ја ладам и не се замарам.Шо сака нека праи бе,еве му ги другарите и другарките..Ке го напуштат и тие кога ке му бидат потребни.Ке сфати што загубил.

    Нека олади малку,не го барај.Ке те побара тој биди сигурна..Знам дека е тешко да се одбере страна ама има да го стегнеш
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    И да го барам да разговараме ми кажува дека неможел повеќе...
    решив да го оставам некое време, ама знам дека нема да ме побара бидејќи е премногу горделив, а го боли знам... и сношти се видовме, и сабајлево нешто на фб порака ми оставил дека ми посакува се најдобро бла бла... Знам дека ќе се кае ама несакам да биде касно :(
    Го сакам премногу, прекрасна врска имавме ;(
     
  7. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Не ми е баш јасно,те сака,а ги одбра другарите.Да,навистина треба да разговараш со него,кажи му што и како се чувствуваш,биди искрена и остави го нека си реши или ако веќе не сака да разговара напиши му порака.Смири се и ти,не очајувај толку,ако треба да бидете заедно,ќе се пронајдете пак и после неколку години,тоа е така во животот.Твое е да му кажеш дека го сакаш навистина,а ако пак ги одбере другарите,тогаш душо не те ни заслужува,нема зошто да се трудиш околу него.И тој треба да им даде на знаење на неговите другарки и другари дека ти си негова девојка и не смеат да прават ништо со што ти би се осетила непријатно во друштвото.
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Остави го едно извесно време не го барај на фб никако пишење...... ако те сака ќе ги остави другарите и гордоста и ќе те побара..а ако не тогаш не бил за тебе.
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Мила,и кај мене е вака,ке го оставам,не му пишав два дена и оп ми пиша,нема да го барам,нема да му вракам,нека ме бара а направи го и ти тоа.Ке виде самиот што загубил.Другарите си доагаат и си заминуваат,љубовта си доага и си заминува,ама тој ке се покае,биди сигурна.Избриши солзи,удри шминка и на кафе со другарки :*
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сега не го барај, остави го, не му sвони на мобилен и никако не му пишувај ни на фб ни никаде... Ако му значиш ќе те побара самиот, ќе си ја увиди грешката. Остави го малку, нека помине некое време и решението само ќе се појави. Се надевам дека ќе ја прегази гордоста и дека се ќе биде во ред, ти посакувам среќа!
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Уфф како се нервирам кога некој попрво ги избира другарите...Алоо нема да бидеш цел живот со нив нема да имаш деца и фамилија..Ако стварно те сака ќе биде со тебе,без разлика што му кажуваат тие :)
     
  12. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Како што кажаа сите остави го малку да олади, ке сфати дека згрешил... ќе те побара ќе видиш...
    Се наогал на средина, му ја наполниле главата другарите и другарките и сега не размислува како што треба, но се ќе се среди ќе видиш... Ти само седи си мирна и немој да се нервираш, не си за ништо крива, остави го ќе сфати... :)
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Значи преку глава ми е кога се мешаат трети личности и ги слушаат нив.Тоа и машко и женско се полудело денес.Да не знае човек да се разбере како што треба.Девојкоо еден совет,од лично искуство,не го барај,не се понижувај,имај гордост и не ја губи зошто ако попушташ ке ти се качи на глава.Е така.
     
  14. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    вака ја ко поискусна совет за сите у ваква ситуација......не е до другарите проблемот до него е
    јас имав у младоста :lol: ист ваков проблем се маткав со еден се маткав 4 години така ...другарите па другарите и раскинавме они му беа се у животот а јас престанав да се понижувам и тргнав понатаму.
    што се случи!!! си фати друга женска после 1 година заради која ги остаи другарите одма ...и еве го со неа е уште, несакам да ме свати девојката по грешка ама може и не те сака толку колку што мислиш.и ја со мојов шо бев сите беа сигурни дека ме сака, ептен мнооогу бевме блиски какви се не работи праел за мене ама ете не било тоа тоа не било доволно , не ме сакал повеке од другарите, си најде некоја шо ја засака повеке и одма ги остаи другарите !!!!!!!!!
    совет...немојте заради некој друг да си го уништувате животот да се понижувате , таму некаде ве чека некој што е подготвен се да направи за вас само треба да го најдете ВИСТИНСКИОТ :*
     
  15. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Ти си постапила правилно.Не можеш да ги занемаруваш твоите чувства само за да му удоволиш него и упорно да пробуваш да се вклопиш онаму каде што не си добредојдена.
    А ако тој е слеп и не може да увиди со какви личности се дружи тогаш жалам ама мислам дека најдобро ќе биде да се одалечиш од него и да видиш што како ќе бидне.Сепак ако те сака искрено,ќе ти се врати и нема да му биде важно што другите мислат за тебе.Важно е како тој те гледа...
    Ти не си во врска со неговите другари, ти си во врска со него и ако тој нема свое јас и слепо им оди по газот на другарите тогаш заслужуваш нешто подобро.Некој што ќе те цени и почитува без разлика што зборуваат другите.
     
  16. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека еој не вреди за ниедна твоја пролеана солза,ниту пак за да те боли душата-туку на против треба да бидеш среќна затоа што си открила на време каков слаб карактер има кога побитно му е друштвото од твоите чувства,значи дека тој не те сака доволно!!!
    Ако те сака НЕ БИ ПОСТОЕЛА НИКАКВА ПРЕЧКА ниту туѓо мислење кое би влијаело на него!
    Затоа девојко ГЛАВА ГОРЕ, тој се одлучил за останатите,само напред и не вреди д го ставаш на мисла!
    Подобро сега отколку утре во брак,па потоа деца...па проблеми други-не ке се занимваш тогаш со недораснат ум без свое Јас во животот! :nod: :nod: :nod:
     
  17. Bruno.Mars

    Bruno.Mars Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Нова сиум на форумов, гледам и се чудам се какви проблеми векје нема! А тој ако те сакал сгурно немало да го избере друштвото, но кога векје се случило па можеби не е за тебе! Но дај му малку време, не му звони, не му пишувај, ако те сака и ако сака да е со тебе сигурно кје ти пише или кје ти се јаави и кје се покае а ако па тоа не се случи глава горе и оди понатаму, не е единствен на овој свет кје најдеш подобар што кје те сака и цени! поздраав :*