1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Си ја смени лозинката на фб...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Mb34, 21 јануари 2012.

  1. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Заедно сме точно 2 години, првата година ни беше супер..но во втората година нешто се смена во него не беше онај кој е секогаш тука за мене, претхоно се си кажувавме меѓу себе но една вечер додека седев на неговиот фб започнав да бришам некој девојки што мислев дека вистина нема потреба да бидат во неговиот профил, кога му кажав за тоа тој збесна и го смена пасвордот OK се пмирив со тоа некако тоа траеше околу 4 месеци но тој започна да ме избегнува да ме игнорира, очајував плачеВ. Се одлучив да му го хакнам фб кога влегов во неговиот фб се скршив едноставно никогаш не се имав почувствувано толку збунето тој си пишувал со други чупињапр..срце муце..бакнежи. Тоа беше крај за прв пат, после неколку дена тој ме молеше ми се извинуваше за втора шанса велејќи ми дека тие се ништо и дека ништо не направил, му повервав и се смиривме одтогаш се смена малку но, поминаја 7 месеци одтогаш и повторно си го смена пасвордот и не ми го кажува..Што да правам?
     
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Си ја смена лозинката на фб :(

    Девојко дали ке му го знаеш фб или не он ако сака ке те вара...
    Дали ке му се јавуваш и ке ти кажува кога моча кога сере ништо не менува, ако сака пак ке те изневери!!
    Аман више со тој фб, до кога ке се замарате? |(
     
    На Alesii и dolly.doll им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Си ја смена лозинката на фб :(

    Имаш 15години, а во врска сте 2 години???
    Прво, влегување во неговата приватност така наречена фејсбук профил и бришење пријатели е сосем погрешно. Те сфаќам, 15години си, во ред.
    Тој флертува со други девојчиња, уште асолно не го здрмал пубертетот (кај машките доаѓа подоцна) не можеш да се обврзуваш уште сега.
    Не ти е време за сериозна и долга врска, сфати го ова најдобронамерно.
    Мавни го на страна и дечкото и фејсбукот, другарките под рака и забавувај се/
    Излегувај, шетај, бркај симпатии за сериозни врски имаш ехеее уште колку време :)
     
    На Calypso, Alesii и LittleDevil им се допаѓа ова.
  4. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Си ја смена лозинката на фб :(

    Проблемот е тоа што и првиот пат се држев на тоа а на крај шо добив само разочарување...
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Си ја смена лозинката на фб :(

    Јас да бев на негово место, би ти се скарала. Знаеш зошто?! Па, иако ти е тој дечко, не ти дава право да му чепкаш по фб, па и да му бришеш „пријателки“
    Приватност малку, не ќе ти било поубаво?! Јас со мојов ни фб пасворди знаеме, ниту чепкаме по телефони да проверуваме пораки. Ништо од тоа. Си му се смачила на дечко ти. Опуштено малку.

    П.С. не видов колку години си имала. ОМГ, сериозна врска?! 2 години? :o
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Си ја смена лозинката на фб :(

    ЕЕ да знајш колку сакам така да е...ама..:/ едноставно не можам :(
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Си ја смена лозинката на фб :(

    Додека дозволуваш фб да ти ја уништува врската не си зрела за ништо...
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Си ја смена лозинката на фб :(

    И ти си виновна малку не е само тој...Ке кажам тоа што веке го кажаа...

    Со кое право ти му бришаш пријатели од фејсбук?Тоа што си му девојка не значи дека мора да бришаш пријателки?
    Очекуваш човекот да се затвори и да не контактира со речиси никој затоа што е во врска со тебе? :fubar:
    Ке се почуствува дека го гушиш па подоцна се чудиш зошто го сменил фејсбук лозинката...

    И подобро решете го тој проблем еднаш за секогаш.А за следен пат да знаеш дека лозинките се приватна работа и дека не смееш да го злоупотребуваш тоа.

    Јас да сум била ке сум се извадила од такт...

    А мене уште не ми е јасно зошто се даваат тие податоци? :tmi:

    Извини ако бев груба.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Си ја смена лозинката на фб...

    [​IMG]
     
    На IvanaIvanchica, srcekrsacka, butterfly.93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Си ја смена лозинката на фб...

    нова тема за ова??? :x Можеше да пишеш во љубовни проблеми и совети, тамо ќе ти одговоревме, ама ајде не е мое да зборам , нека средат тоа модераторките.
    Прва работа 15 години, врска од 2 години?? Јас искрено на 13-14 и 15 години, си правев лексикони и си ја ШМЕКАВ :lol: симпатијата! Уживај во годинките девојче има време за серизона врска и дечко верувај, не ти е време да кинеш нерви сега за некој! Има кога :)
    Втора работа, хакнување на фб само за да дознаеш нешто?? Ова ти покажува дека немаш доверба во него, а ако немаш што мајка бараш да си со него?
    Трета работа (од искуство кажувам-мене ми се случи нешто слично) ако еднаш погрешил и сте раскинале верувај дека ќе погреши и втор и трет пат! Машко е, а ако ги има и твоите години се ми е јасно!
    Четврта и последна, фб да ти заебе врска??? епа извини ама се додека дозволувате фб да ви е центар на светот и најважна работа, не сте доволно созреани за сериозна и стабилна врска.
    МОЛИМ ЛЕПО :bow: !
     
    На Alesii и antonina им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Си ја смена лозинката на фб...

    Девојко јас на маж ми не му ја знам лозинката на фб, што велиш дали да се разведам? смајли што се крсти
     
    На Alesii, maca99, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Си ја смена лозинката на фб...

    Слушам на Гламстик знаеле да хакнуваат :wasntme: :geek:

    Џуст сејин ....

    Инаку раскини му бе што ќе се чешаш со него тој се осмелил да си смени пасворд кретен низаеден . Боља причина не може да најдеш ! Јас потпуно те оправдувам имаш моја подршка :worried:hock:
     
    На Pelikuna и Lola-M им се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Си ја смена лозинката на фб...

    15 години, дечко, пасворди, фејсбук.. за секс да не почнавте да размислувате? Озбилна врска од две години? Абе марш тааааааамуууууу.... :^)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Си ја смена лозинката на фб...

    Си згрешила што си му бришела пријатели. И јас да му избришев на мојов и он ќе сменеше пасворд. Ако тогаш пишувал јас мислам дека пишува и сега. Ама тоа ти си знаеш дали имаш причина за сомнеж и колкава е твојата доверба во него.
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Си ја смена лозинката на фб...

    Глупости. |(
    Со твоето однесување покажуваш дека немаш доверба во него, а врска без доверба неможе да опстане. А и зошто воопшто дозволуваш Фејсбук да влијае. |(
    Друго, незнам зошто уште од сега се замараш за вакви работи. Има време и за тоа...
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Си ја смена лозинката на фб...

    Стварно ти е сериозен проблемов, не знам од кај да почнам, ако ништо не ти успее, избриши му го фб и заклучи го во соба, врзи го, измачувај го, не му давај ниту храна, ниту вода, ќе попушти ќе видиш. А во меѓувреме скрши му го компјутерот, така ќе бидеш 100% сигурна дека нема да си пишува со други девојчиња и кажи го на неговите дома да не го пуштаат во интернет кафиња мафиња за да не може да им пишува од таму, а на неговите другари кажи им дека и нив ќе ги снајде истото ако му дадат нивни компјутер да си пишува со други чупиња.

    А може јас еден совет од тебе?-Како му го хакна фб-то жити се, ја никако не можам на мојон да му го хакнам, све пробав и Џек Бауер го најмив ама попусто. Објасни ми ја постапката, те молам :$ :lol:
     
    На Alesii, jasBia, N.Kety и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Си ја смена лозинката на фб...

    Девојко би ти го кажала истото што ти го кажаа и другите. Како прво сте згрешиле уште на почеток кога сте си ги размениле пасвордите. Па Боже, секој има право на приватност. Девојка си му, ама немаш право, како ни он тебе да ти се меша секаде и да прегледува се и да знае се. Можеби сакаш да си кажиш нешто со другарка ти т.е она да ти каже нешто приватно, само за неа, и никој друг нема раво да го чита тоа, и обратно. Тоа исто како некој да ти влегува у вц додека ти си вршиш некоја работа. си изигравала полицаец и си му ги бришела пријателките.он ако сака нешто да аправе ке направе, па ти ако сакаш сите пријателки до една избиши му ги.за се постое лек.ке си направе лажен профил и ке си се допишува или незнам шо.јас одев година и нешто со дечко ми и ниеднаш не си побаравме пасворд, па за тоа и ниеднаш не се каравме околу фб
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Си ја смена лозинката на фб...

    Добро бе, со саркастичниве коментари сакате лајкови да собирате, фаци се правите или што е проблемот? Зошто од помош сигурно не сте.
    Темата е љубовни проблеми и совети за истите, да, можеби некои проблеми се толку смешни и банални,
    НО никаде на форумов не пишува дека 15годишни форумџики не смеат да поставуваат прашања.
    Сте биле и вие некад 15, голем дел од вас у депресија паѓале што не го виделе симпатијата.
    Може не сте имале 2 годишни врски, но и вам некој ви се чудел на паметот.

    Дајте конструктивна критика и совет, за исмевање сите не бива.
     
    На Alesii, Kasandra123, maca99 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Си ја смена лозинката на фб...

    Девојки не глумете лудило, сите од вас кои немаат лозинка од нивните дечковци барем еднаш, или ај да бидеме искрени, цело време ги копка со кој тоа он си пишува. Реалноста ни е таа, се опседнаа сите со фејсбук. Најсрање што се случи во последниве години е што беше креиран фб. Насека е само фб, во автобус, на улица, дома, кај другарка... Бидете реални. И доста е со сарказам, ако имате лице да бидете саркастични повелете, ако не ставете прст на чело.
    А девојче за твојот проблем, ако ти е утеха сите го прават тоа и тоа е нивни срам буквално, немаат м*да да и се пуштат на некоја во реален свет па се силат на фб.
     
    На Alesii и Mb34 им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Си ја смена лозинката на фб...

    А вие да му знаете пасворд нема да му чепкате нели? Нема да ви биде сомнително ако сте го знаеле - го сменил - не ви го кажува?
    Ајде бре.

    Девојко совет - раскини му.
     
    На Alesii, maca99, hunny-bunny и 7 други им се допаѓа ова.