па со тоа едно прашање сакав да те натерам малку да размислиш, а не да коментираш дали јас сум по цел ден со него. Точно се бунтуваш за едно менење на лозинка во обична врска, а замисли што ќе бараш во бракот. Не сакав ни најмалку да те критикувам туку само да те поттикнам да размислиш дека тоа всушност и не гоолем проблем.
Туф туф, ама запнавте сите со приватноста брееееееееј. Ајде, тоа со бришењето пред да го праша не бива, ама па како би се осеќале вие да видите дека дечко ви пишува цуци буци со други? Зошто да не си го знаат пасвордот ако не кријат ништо и двајцата? Ја молел ова она, па после пак го сменил и не и го кажува. 2 години се заедно, не се 2-3 месеци па да кријат пасворди и глупости.Јас и дечко ми сме толку, и јас му го знам пасвордот,и тој мене.Што ќе ми е приватност, кога не кријам ништо? Мојата приватност ја делам со него, исто и тој неговата со мене. Стварно не треба да има проблеми за фејсбук, ако не криел ќе го дадел, и готово.Се ќе било мирно, и ќе си биле среќни и заљубени. Јас би му раскинала одма, чим еднаш така направил, ќе направи пак.
Да, ФБ е моја приватност. Таму со другарки си пишувам се и сешто, тие ми пишуваат што ги мачи и ако дечко ми има мој пасворд и е љубопитен сигурно и пораки од другарки би проверувал. Е тоа не го сакам! Затоа пасворд не се дава на никого, без разлика дечко/девојка, брат/сестра. Девојче многу си згрешила што си му го хакнала ФБ. Не го оправдувам него што си пишувал цуци/буци со девојки, бакнежи и што ти знам. Но, хакнувањето и инсистирањето на менување на пасворд е твоја грешка.
Не се разбирам многу во техника и немам ФБ, ама знам дека кога Ева се логира на ФБ и стига на мобилен некој код кој всушност е втор пасворд. Без тој, ручки од тупани што ќе се логира некој љубопитен (мама,тато ...сега за сега)
На 19, и? Има можеби нешто спорно? Друго е да имаш врска на 19 друго на 14. Не би да разглабам во каков однос сум со мојот партнер, ниту причини зошто сум се верила, тоа се индивидуални размислувања, а мојот однос, мојата врска и мојата вердиба се моја ствар. Фала Богу досега не сме имале сериозни проблеми и кризи, зошто друго е врска помеѓу зрели личности (е сега и зрелоста е индивидуална) а друго помеѓу пубертетлии чиј што живот го обликуваат социјалните мрежи. Знам дека офф топик мислењево, ама срце не ме држеше а да не одговорам.
Јас само незнам како може поради фб да влегувам во конфликт со човек со кој што сум 2 години во врска!?!? Каде е довербата во сето тоа поминато време? Реалноста не е во фб .
Нити јас му го знам пасвордот, нити он мојот ...зашто нема потреба ! Да требало така да биде немаше да има пасворди нигде.Е сеа ти сама си се сј**ала што си фаќала кај што не ти е место ! Ако толку немаш доверба во дечкоти и , и тоа што тој го прави едноставно раскини и расчисти со него!
Како прво навистина си многу мала да се замараш за работи за кои имаш сеуште време..јас на твои години не ни помислував на дечко имав симпатии како сите ама дечко па уштте две години заедно тое премногу озбилно за тебе па само 16 години имаш..Како второ јас го знам пасс на дечко ми на фб..грешно или не јас го имам и си влегувам ама не за да му читам разговори туку онака да видам кај него шо има знам јас да си чепкам по фејсбуци ако немам шо да прам (тоа ми е мана) ама тоа што си му бришела пријатели не смееш...немој да мислиш дека ако му избришиш тој не можи повторно да ги најди...така да тебе не те оправдувам шо му бришиш пријатели ама него не го оправдувам тоа шо пиши со женски...ако немаш доверба во него треба да му раскиниш..аа ако не можиш ако го сакаш тогаш разговарај..ама незнам колку би ти помогнал разговорот...препоставуам дека е во такви години шо лудва и незнае ни самиот шо прај...Ти згреше од почекот не требаше да влегваш во таква сериозна врска...пред тебе е животот за машко ќе го имаш цел живот да ти соли памет на гла..слободна нема да бидеш..така да мојот совет тие да раскиниш со него затоа што си сеуште мала да се замараш со дечко...уживај си со другарките
Во една врска мора да има доверба а ако бараш лозинка значи дека не му веруваш. И ако тоа е така, што бараш да си со него? Како и да е, мислам дека си згрешила што си бришела девојки, не било потребно..
уф јас со децко ми.. сме вака така. абре некои работи и маЖот не треба да знае се не деЧко ти .. еден ден се сто знае за тебе ке ти префрла преку нос... не ме сфакај погресно.. нее проблемот во пасвордот проблемот е во.. да имас свое јас и свој став во се во Животот дека никој не моЖе тебе да те контролира.. мислам.. аако ти дава повод на сумлјенје.. има наЧин разби му го пасвордот .. има некој сто тоа го знае и ке дознаес се.ама ако има повод. а да мора се буквално да знае се.. мислам.... залјубена е во правоо не месајте врска и брак ве молам..секако тие сто с ево брак имаат поголемо искуство од зивотото а вие од 14 години едноставно примајте совети бидејки нема добро д азаврсите.. позз..
Не значи ако имам дечко дека сум необразована или не литам книги или слично, нема врска со тоа..јас прашувам за совет а не зада критикуваш и да ми го анализираш карактерот преку моето прашање.
најубава верувај дека си ми една од омилените членки и уживам во твоите постови, така да, да ти појаснам само дека прашањето ниту ми беше за карање ниту па слично на тоа. Само сакав да ти потенцирам дека нема потреба од такво врегање на девојката,бидејки претпоставувам дека не е до толку недорасната.Па ти си се верила на 19 шо значи дека предходно си била у некаква си сериозна врска нели... Што пак знаци дека ни она не е до толку мала и недозреана како што ја сметаат повекето од тука.А тоа верувај во каков однос си со твојот партнер ама уопште не ме тангира.Се надевам т.е ти посакувам да си во најдобар можен однос. И јас сметам дека на 14 треба да си игра криенка со другарките , ама тоа не ми дава никакво право да се правам алфа на форумов и да врегам нели? Поздрав и секое добро. П.С Се надевам дека ме свати што сакам да кажам
овиј тебе со гаранција не те сака и што поскоро раздели се од него и покажи му дека не си глупа ама овој пат со докази раздели се од него
Кога некој бара совет очигледно е дека ке добие и критики а за навреди не би рекла дека е или пак?Што има чудно овде?Девојчето е виновно,дечко и е виновен.Нека не се навредува девојката многу бидејки да не ги бришала пријателите немало сега да си мава главата од зид...па 16 години е побогу треба да знае што е правилно што не е ама очигледно не е запознаена со тоа...и побогу не работи за ФБИ па да врши контрола со кој пишува. Не сум против давањето пасворди,всушност многу ми е гајле ама тоа не треба да се злоупотребува како во случај девојчето. И каква е таа ваша врска во која дозволувате кавга ради фејсбук?
^Те сфаќам Хани-бани, но мојот пост во никој случај не верувам дека бил навредлив, знаеш чудни сме ти ние луѓево се додека некој реалноста ни ја сервира во украсна хартија со пуфки и сл. ќе ја гладеме хартијата а реалноста ќе ја занемариме. Многу е подобро кога некој ќе ти ја плесне во фаца, ако ништо друго барем знаеш на што си. Ужасната сум од влијанието на овие социјални мрежи врз младите, ужасно многу ги оштетуваат и унаказуваат карактерно, немаат самодоверба, патат по лајкови, од што по цел чкрапаат по тастатури во живо незнае проста реченица да склопи, да не зборам за ниските вредности и голотии. Поради ваквиот мој став очигледно ти изгледа навредливо мојот пост. Но напротив не е воопшто наменет да навреди туку ете надеж дека некој барем за момент ќе сфати дека фб не е се во животот.
^^ епа мило ми е што се свативме И потполно се согласувам со тоа како влијаат социјалните мрежи на младите. Се дур се преокупираме со некои си пријателки од Фб, или лајкови или постови ништо не бива од врската со саканиот. Совет до девојчето, раскини му не затоа што стиска лајк на фб, туку затоа што тебе те лаже, те избегнува, те игнорира. Најди си друг што ке те сака и цени и ке биде искрен со тебе.
Не те анализирам, ти давам совет, губиш време и си ја доведуваш врската во прашање поради Фејсбук? Проблемите во врска се решаваат очи во очи, а не преку интернет статуси и коментари.