Без разлика колку години имаш , тоа не е сериозна врска,чим фејсбукот толку влијае на вашата доверба. Долга е, сериозна не. Тебе те депремира фактот што не можеш да видиш на кои девојчиња им пишел срциња и муциња, бидејќи ја сменал лозинката. Мој совет- раскини му. Ако продолжиш со него, наредниот пат кога ќе му провалиш во фејсбукот ќе се разорачараш дупло.
Дете ај иди читај книги, или некоја статија на нет за доверба и приватност, и прочисти си ја главата од бубачки. Ако продолжиш вака никогаш нема да задржиш дечко па да не збориме маж. Можеби само некој со многу мало IQ.
и после се чудам кога гледам некое статиситки колку врски/бракови се растурат за овој фб...алооо бе деца па живејте бре живот а не само на фб и лајк мајк копи паст бла бла да биде.... во врска со пасс....јас немам фб а дечко ми има,фала богу дека му го знам пасвордот(делиме компјутер)откако јас мојот го избришав некогаш го користам неговиот за да си поразговарам со другарките...АМА....никогаш ниту сум помислила да му бришам пријателки ниту сум избришала...и во моменти кога сум била во Мк а он таму не сум влевала да се правам контролор на него (секоја тајна не е трајна така да ако треба да се дознае нешто ке се дознае) а да си правам расправи заради фб-не фала! Во врска со твојот дечко или добар муабет или крај,така врската неможе да продолжи (иако недај Боже да сакам да влезам на фб а да видам променет пас и јас би се подзамислила)
видете вака па и не е сеедно пошто ради овај фб можете да испаденете најголеми телиња. мене личо многу ми смета, пошто секое машко ама буквално секое кога ке види згодна некоја на фб или не мора па да е згодна таа може да е сто пати погрда од вас ама ради да ве напрај љубоморни или не знам од која причина и мава лајкови, па коментари, па на крајот на кафе излегоа (мој случај јас одев со дечко ми) бидејки таа вечер бев на слава,и он да не седе сам дома една вечер не долази у обзир ја повика и излегоа ја зеде со кола не ни знам кај беа, ARNO шо во тој период му ја знаев лозинката од фб да го видам тоа(кога се договораа) што се успостави дека не му е другарка, тоа се знае само вие дозволувате да ве лажат ради "големата доверба што ја имате стекнато" ... итоа е тоа не знам сеуште што да правам ....
офф брее прво кое е тоа право кое си го дозволуваш да бришеш девојки од неговиот профил..? Го сменил пасвордот ???море малку е тоа....он срцка не е твое сопствеништво....никој не е сопственост на никој....така да многу лошо од тебе што си го направила тоа..не знам колку години имаш ама многу е детски и непромислено.....Ништо нема да правиш..ке си седеш и ке си свиркаш и смири се малку...биди културна и другпат немој да му бришеш пријатели од фб а уште помалку да се луиш кога го менува пасвордот зашто тоа е негов фб...негов личен профил....а како што кажав погоре он не е твоја сопственост ниту пак ти негова!Да си ми мене девојка ја одма тебе прво ќе те избришам од фб за да ти дојде паметот ..извини што може сум дрска ама сакаше мислења епа еве ја си го кажувам моето..многу си мала сигурно па штом вака размислуваш....
Даа..ама пр. не би ти паднало убаво ако видиш лајкови..а уствари мене ми се лути ако прифатам некое машко..иначе се обидов да се скарам ама не моѓи не ми дозволва ме моли...не ме остава на раат..а не сакам да продолжам со него затоа што ме лажи..ве молам некој совет сега за ова :/ Да..како што кажав претходно бев понесена со фактот..доверба меѓу нас и демек фб ништо не можи во врската ама напротив...многу можи..на фб сите имаат сила да се удвараат и се..навистина е за нигде..
навистина од твоја страна е лошо тоа што си му го направила мислам за фб.Но штом сте толку години заедно незнам што да ти кажам..ако навистина тој сака да те изневери ке го направи тоа и ако му го знаеш пасс на фб.Разговарај со него прашај го што се случува меѓу вас..Навистина не го сваќам ова
Оди излегувај со другарките, санкај се на снегот. Ќе пораснеш за некоја година - ќе сфатиш. И ќе се смееш за глупавиот фејзбук во комплет со драмата "менување пасворди и праќање срциња"
Сакам да ве прашам за мислење. Вчера дознав дека има фб а ми рече дека го избришал... Што да правам? Како да се понашам? Се каравме еднаш на таа тема, затоа што јас несмеам да имам фб и сега... Несакам да се карам стварно се понаша како дете...
^^^ За почеток, прочитај го постот на членката над тебе. Кратко и јасно, девојката се кажала... И само ќе додадам...Get a life!
Сетајќи наоклу по темиве ми се смачи читајки од девојчиња по 15 години, демек врски, дечковци, секс .. а да ве прашам вие имате родители !?!??! Ве знаат што пrавите каде одите, ви имаат кажано што е а што не е нормално з авашата возраст !?!??! Мислам хелоооу , ме енрвирате наместо да уживате во вашиот живот, вие овде незнаете што да правите, пасворд сменил, незнам што направил, срамота , навистина срамота . На 15 години уживав со другарките, одев у школо и секојденвно после часовите одев на кафе, дечковци не ме интересираа, се ми беше убаво и интересно . А вие сега што правите, каков живот имате освен ФБ друго и не правите, додуша и вашите родители не ви обракаат внимание , мое лично мислење. Постов го пишувам за сите девојки кои незнаат да го живеат животов, и се замараат со глупости, жалам што сум груба, но ми скисна веке од овие глупости
Пасворд сменииилллллллллллл ????????? Па ја да сум Он, не би менувал пасворд , девојката би ја сменил
Се читаш !? Несмееш да имаш фб?! Татко ти е тој или што ти е? Маж не ти е, а ни вереник - па со кое право ти забранува да нема[ фб? Очигледно тој твој збор не слуша чим отворил скришно, така да можеш да си најдеш подобар дечко.
Mb34 просто ме запрепасти со темава...Не се малце 15 години за вакво однесување..иако сепак можам да те "утешам“ дека постојат и повозрасни личности со твојот проблем шо лично мене не ми е сватливо ни во твојот а помалку уште во нивниот случај. Незам дали не ти е доволно што ги имаш дилемите кои 90% од девојките ги имаат во врските па мораш и на Фб да пробуричкаш за да си додадеш некоја грижа на купот. Можност да те изневери секогаш ќе има а ако ти продолжиш да се однесуваш двојно помало од твојата возраст само ке ја потикнеш иницијативата во него, зошто драга врска не се гради на основа на фејсбук ниту срце муце и маче туку на доверба и меѓусебно разбирање а ти би требало и ова да го знаеш земајки во обзир дека си имала "сериозна" 2 годишна врска. мој совет е (а и ко шо гледам и на пола феминки) а си о релаксираш главчето да се журкаш и се друго што личи на твојте години **а за моментот "не можам да му се скарам ме моли" ми дојде да се одлогирам за секогаш! Дај малце покажи став-ако веќе си разочарана од него како шо велиш
И јас по неколку пати роварам по Врски и Љубовни теми, ама ова тема ми боде очи! Добредојде во клубот, не си сама, на 80% од феминките ни скисна од такозваниот ФБ проблем! Не сум којзнае колку кадарна да делам совети, но преувеличувањето на една социална мрежа и нејзинотото влијание на врската е една од најголемите глупости која ја имам прочитано! Факт е човек ко човек е социална единка која создава врски, љубовни, пријателски, роднински...и сл...тоа право не можеш на човек да му го одземеш! Тоа е дел од нормалното живеење....па дај ви се молам, удрил лајк на друга женска....па што? Биг деал! Мислам дека е време малце пореалистично да се размислува на ова ситуација... Фб не е мерна единица на љубовта....
Слична глупост. Дечко ти да беше паметен немаше да си ја смени лозинката (ниту ќе ти ја кажеше), туку ќе те сменеше тебе. Па направи си и ти фб бе, што он имал (не го избришал), а ти несмееш да имаш, како не, напрај си ти уште одма!!! И сакаше да кажеш и двајцата се однесувате како деца не само тој?