Читам, читам и неможам да им верувам на моите очи ... Се прашувам до кога со вакви теми на форумот?? Си ја смени лозинката??? Како да продолжам да живеам ??? Лесно и едноставно - млада си и ќе сфатиш понатаму дека има и поголеми грижи во животот од овие тинејџерски драми.
Секој во врската заслужува малку приватност. Фб е лична работа. Бришењето на други девојки, гледањето на стари постови, тоа само ја покажува твојата несигурност. Ако тој сака да те изневери, тоа може да го направи и без ти да дознаеш. Дали ти би сакала тој сите твои машки пријатели да ги избрише од фб, само заради тоа што смета дека нема потреба да ги имаш? Но сепак ти си таа која треба да одлучи дали тоа што ти го кажува е вистина или пак не. Ти го познаваш, јас не! Според мене за една врска да биде успешна потребна е взаемна доверба и почит кон приватноста на партнерот
Јас ја пробив лозинката. И си кутам. Веке еден месец гледам како се нуди на се живо наоколу, ги кани дома. Баш ми е мило што дознав дека неговата приватност се состои од ороспии. Така што, ке си кутам и понатаму. Засекогаш. А кога лончето ке претече, ке ме снема. (нема да кажам зошто)
Чим си дознала каков е тој навистина зошто не го остави? Има толку многу машки кои би направиле се за ти да бидеш среќна. И не треба да молчиш. Кажи му што ти лежи на срце. И не знам што ти значеше ова последното, но ако помислуваш да си го одземеш животот пак ќе речам НЕМОЈ! Не вреди да се плаче за машко, а камоли да се умре. Стави се себеси на прво место, ти си сепак најважна.
А не мислиш дека требало да претече уште од првиот ден кога си видела се тоа? Koja е целта на ќутење цел месец, па и засекогаш и на крај твоето исчезнување без збор? Me no understand
Значи вака, мислев да ме снема од неговиот живот. Многу сум стабилна, никогаш не сум ни помислила да си наштетам себеси. Како и да е, фала Сапхира што се загрижи, но не мислев на тоа. Мислев, ќе ме снема за него. Молчењето си има своја цел. Еве сега го ставив на пауза, нешто што инаку не сум го направила никогаш. Не му е јасно, па врти, па ова она, сега игнорирање, јас ке си одредам до кога пауза, нека се мачи. И најдобро од се, не ми е тешко. А тоа е најважно. Деновиве ми се испланирани за забави со пријателки и шетање, а тој нека се чуди на паузата и понатаму. Нека си поставува прашалници. А нема да му кажам како дознав. Нема шанси. А поентата на молчењето е баш да видам дали „паметно“ ќе ја искористи паузата.
Сега јас колку што те сфатив ти му даваш шанса да се поправи ама без тој да знае кој всушност е проблемот. Или знае?
А да не си ја мачиш душичката и да продолжиш понатаму, животот е краток и мнооогу убав. Не си го троши времето
Посекако тука си е мојот проблем..ќе се надоврзам на претходното..значи му раскинав..постојано звони не ме остава на мира почна да ми се заканува..оти едноставно не можи да го реши тоа на мира?? Кажува секакви лаги..едноставно овој пат немам надеж за нас..не можам да му се вратам..не ни чувствувам дека го сакам..нешто совет?? :/
И јас го направив истото како и артемис,само што не знаев да преќутам И јас видов дека се нуди кај што ке стаса,дека кажува дека подобро му било коа бил слободен а не коа е во врска,од многу луѓе крие дека е со мене,му смета да стави слики кај што сме заедно,немало потреба од тоа..Демек ништо не криел од мене,тоа што го пишувал немало врска,се било зафрканција...И го смени пасвордот Пред некој ден некој му имаше стаено слика од нас,и овој ја избриша,а ми вика дека не ја избришал, сликата исчезна Според него Што да правамммм?
Стварно имаш 26 години и прашуваш вакво нешто? Клоците в газ и ајт. Очигледно дека не сака да биде со тебе, нека не те игра откачи го !
Ти си му златна резерва. Знае, со која и да е, што и да се деси ти пак ќе го чекаш. Батали го, не вреди
Праќај си сама пораки од кај него те сакам, ми фалиш може ќе ти олесни? Освен ако сакаш да бидеш 4567890 молчи. Јас реално не можам да ве сфатам имате ли бре малку достоинство? Морето е полно куриња едно ќе биде вистинско, и не ја сфаќам поентата кога веќе знаеш дека ве ебава и се допишува со други, кај што вас ве бута на страна и вие молчите и пак со него? Зошто? Ако ви се измачува со некој стојко кој се задоволува со фб порачиња напрајте си фејк профил пишувајте му, создадете нова љубоф, може ќе биде поарно! Разум малку и гордост!
Посекако тука си е мојот проблем..ќе се надоврзам на претходното..значи му раскинав..постојано звони не ме остава на мира почна да ми се заканува..оти едноставно не можи да го реши тоа на мира?? Кажува секакви лаги..едноставно овој пат немам надеж за нас..не можам да му се вратам..не ни чувствувам дека го сакам..нешто совет?? :/ извинете по втор пат истото..ама вистина не знам шшшоо да прам!!! ми се заканва..сакам да се скарам..тој нејќи не можам да поднесам вистина..премногу нерворзи како да го откачам се заканва тој шо ќе ме фател демек за рака ќе го претепал..шо да прам?
Избриши го од секаде за да не може никако да контактира со тебе и да не може да ти се заканува.Тебе ти е убаво сега вака тој да ти се јавува и да те моли,а? Ако не сакаш да те замара не му дигај кога ти се јавува и не му враќај ако ти пишува. Сигурно нема тој кога ќе те види со друг пред сите да го претепа,па и тој има свое ЈАС.. Само зборува така на празно.
Можеби сеуште те сака па неќи да му се скараш......можеби човекот си е упорен за тоа... По долга врска зошто мислис дека неможиш со него и дека не го сакаш...? Дали е тоа така затоа што имаш некој друг шо мислис дека го сакаш ... и може едноставно да го замени него ?
Те сфаќам ама ептен е упорен почна и на училиште да иди сегде..навистина не знам како да се откачам од него Не можам после се да продолжам со него не ни имам надеж ниту пак душата ми сака навистина не знам како да се откачам од него! Поможете ве молам!
Пффф...ти се заканува?? Нареден пат кога ќе ти се закани погледни го вака и кажи му Bitch, please. Крај на приказната.
Девојко со кој мозок на дечко ти му бришеш женски пријатели од фб??Замисли ти да беше на негово место..Што ќе му направеше????Нормално дека и јас би си ја сменила лозинката!!!И тоа што толку млади влагате во врска,верувај ИЧ НЕ Е ДОБРООО!!Џабе си трошите и време и нерви..Најдобро е да раскинете..