Да живеат одделно. Мене нешто што ме буни е тоа што членкава пишала дека се добро ситуирани, а живеат сите на куп. Ок, пишала дека брат и' и снаата не сакале на посебен спрат, штом тие не сакаат золвата нека си живее на спратот и што сакаат нека прават братот и снаата. Пиша дека таа и другиот брат повеќе седеле на спратот, па ако седат сите заедно тоа се многу луѓе, 6 возрасни и бебе.
Не си пофакала како што треба. Свекрвата и свекорот живеат со снаата и бебето и синот. Другиве двајца се на друг спрат ама се сеуште едно семејство и имаат заеднички активности фала богу. Кажа претходно дека младите не сакале одделно да живеат им требало помош. Тоа доволно ти кажува.
Како мајка му не притиснала да се земат? Буквално таа рекла абортус никако, синко жени се, дете ќе имате, јас ќе се грижам за сите. Ветар у леѓа за снајка. Нормално, и развод никако, јер што ќе кажат комшиите. Синов затоа не смее да мрдне, ќе бега по соби за да не ја гледа жена му, ама брак мора да биде. Таа си напраила проекција, исто била млада мајка, ништо спорно нема во имање дете на 18. Имала 4 деца, некои пораснале заминале, сега пак има 4. И не и е проблем да им оди по газот на сите, да ја будат ноќе да третира бебе, да чисти машини за перење. Аман синко седете и сакајте се. Ако е доволно упорна може и ќе се засакаат.
Јас разбрав дека се 3 деца не 4, упорно сите викате 4 Сега и дете може додадовме во приказната. А тоа дека золвата може и живее на посебен кат, ама ако е блиска со фамилијата и те како ќе се осеќа засегнато и ќе бара совети. Јас пример утре брат ми и снаа ми вака да се прават недоветни по дома, па и моите да ги подржат, нормално дека ќе се замешам и ќе кажам на сите како стојат работите и да се приберат оти внучето ни криво ни должно ќе ми страда. Оти со брат ми сме преблиски и не би стоела настрана од ваква сличка. Да не се мешаш во туѓ брак, ама ако луѓето покажат дека се способни да имаат засебен брак и да чуваат дете, овие за ништо не се способни и те како треба некој да им ги отвори очите на сите. А тоа дека упорнонја викате дете на 18г, а притоа викате дека веќе на 18 во светот се делат од дома и на други теми кажувате дека сите кои седат со родителите се неспособни е двојни аршани. Дете не си веќе во моментот кога имаш свое дете и сопруг.
Според мене се виновни што од старт не поставиле јасни граници од- до каде се може и е нормално однесување нивно како постари и би било нормално однесување од младиве како помлади. Мајка му се радува на внуче како баба и треба да биде и се однесува како баба, а не мајка. Таа своето мајчинство си го поминала не еднаш туку четири пати (ако добро разбрав две сестри и двајца браќа се децава од золвава).
@Candice.S совет што не мораш да го прифатиш, ама веќе доволно реплицираш, остави ја темата да замре, зошто од толку инфо што си пишала, и само познаници да ја читаат темата ќе сфатат за кој се работи. Ќе стигне до снаата, до твоите, тек тогаш пекол ќе имате дома. Ако сакаш совети, тука имаш и повеќе од доволно. Дискусијата веќе стана бесцелна, не губи повеќе време и живци да се објаснуваш. Ви посакувам се најдобро, а најмногу на бебето.
Хаха што да превземе ,ај те молам.Да, и каже каде се става искорстена влошкаАбе таа нема домашно воспитување и хигиена.Па што ако е 18 години,треба на глава да им се качува.За сексање вез кондом не е мала ,а за раскревање по дома тогаш мала е. Абе што да превземе,да ја учи на основните работи за хигиена.Таа нема домашно воспитување и култура.Или пак ќе кажете млада е ,се случува.Штом е способна да се секса без кондом,на 18 години,тогаш може и да си раскрева по дома .Никој ме е должен поради неа да седи во таков хаос или да чисти по неа.
Ако ја согледаме пошироката слика и таткото на детето е виновен. Првенствено што најверојатно не бил едуциран. Во иднина нема да му текне ни најлончињата од виршлите да ги вади. Девојката сама дете не може да направи. Така да двајцата сносат вина. Тешко само на тоа детето што ќе страда ни криво ни должно.
Па тоа е целта уствари, ама од старт така да напишеше ќе знаевме колку е саат и нема да се замаравме со искрени совети. Овие што се фатиле со миење раце, женски, не знаете никогаш кој миел или не миел раце пред да се ракувате или јадете храна некаде или пиете или... ако мислите дека знаете, живејте си во заблудата, што да ви кажам? Фала Богу дека раце треба да се мијат, ама золвава не рече - тоа и тоа приметив, разговарав со неа, и' укажав, ете не сака да се промени и гадно ми е да земам од неа храна, како да постапам? Нееее, ајде сите да збориме колку, о колку е гнасна снаата! Втора работа, не знам каква е оваа манипулаторка што од една страна маж и' "го скарува" со семејството, а од друга страна истиот тој маж не ја рецка 2% и оди од истиот тој маж да се жали кај свекрва, золва, родители... нели беше манипулаторка? Никој не треба да трпи, ама сите трпат оти тој што треба да пресече - не пресекува - родителите. Золвава и кога зборува со нив ја заќутуваат. Па еве, сите што сте згадени од снаава, дајте и' конкретен совет на золвава што може да направи за да не трпи. Сите знаеме што треба да се случи, ама тоа нема да се случи. Нешто изводливо предложете Членката има напишано дека има 2 браќа и 1 сестра, што ги прави 4 деца вкупно. Веројатно сестрава си е мажена и не живее со нив, затоа и не ја спомнува.
Ок, ама дали пушеше додека го доиш? Дали кога остана бремена кажа прво на мајката на дечко ти? Дали викаше другарки и си седеше со нив додека друг го чува детето, меѓу кои и другарки што конзумираат дрога, додека друг собира и чисти по дома? Дали штедеше додека друг ги покриваше сите твои трошоци? Дали првата недела излезе со дете и не се врати цел ден дома? Тоа дете треба да цица, треба да му се смени пелена. Точно млада е без никакво домашно воспитување (што очекуваш кога татко и наместо да ја научи да учи, ја учи на купување диплома -општествено дно), ама има милион информации на нет може да се потруди да биде подобра мајка, посебно кога има луѓе околу неа. За сопругот нема да коментирам другата страна од општественото дно, катастрофа од човек. Многу жално за нивното бебеце што ќе биде одгледано во таква околина и најверојатно ќе порасне во слична личност што ќе роди само за да го врзе дечкото до себе. А ти читаш селективно, убаво е што не го забораваш искуството и тоа што си го поминала ама доста сигурно во себе ги проектираш твоите чувства врз другите и како резултат правеш многу погрешни претпоставки.
За се има начин ако се сака.. Во овој случај, додека живеат заедно, едино решение е да се разговара со неа за хигиената во домот. Ако не се разговара, она пак ќе си продолжи така, и сите ќе се нервираат. Ете и членката да не сака да разговара, а и пречи тоа, и за тоа и дадовме решение. Да си се повлече на спратот додека овие се иселат. Ако уопште се иселат. За такви проблеми решение се бара. Посебно за хигиената во домот и околу бебето. А за младоженците..... мислам дека ќе пукне кај нив тиквата и толку ќе биде од нив.
@Candice.S како млада мајка која непланирано роди те советувам да имате трпение кон таа млада девојка која што прерано станала жена и мајка. Не знаеш колку и е тешко и низ што поминува колку сигурна сум дека се кае за се. Она го напуштила својот дом и живее кај вас верувај и нејзе не и е сеедно да живее со тотално непознати а до пред малку живеела со нејзините родители. Имај трпение и кога за некој работи ќе згреши како влошка да остави се дешава не и се лути , те советувам да се перете одделно она и брат ти и бебето нека си пуштат своја машина а ти твоите алишта пери си го одделно или со твоите родители. Во моментов битно е да им се најдете колку што сте во можност секако да ја причувате малата бар еднаш неделно да излезат со брат ти на кафе барем да се разбистрат мислите и да се оддржи бар некоја хармонија во нивниот брак. Зборувај и со брат ти верувам и него му е тешко станал татко на тие млади години кога требал да лудува. Нив им треба план за иднината ете нека издржат додека направи малата 9 месеци па нека почне да оди во градинка она ќе се вработи нека присоберат пари па ако се во можност некое станче мало да купат или во најмала рака под ќирија. Тешки се првите години после ќе се ослободат и двајцата. Кажете и после јадење да си ги среди тањирите и да си собира после себе да нема кавги. Не знаеш колку ми е тешко и мене затоа што да се биде мајка е одговорност 24/7 не е ова работно време кај што после 8 саати ќе се испружиш на кауч и ќе си гледаш серии цела вечер а особено ако не си среден со самиот себе и своите мисли. Јас сум и образована и шетала низ цела Европа и сепак ми фали стариот живот на 24години а не пак она млада девојка само што излегла од клупа но како што викаат старите што ќе си надробиш тоа ке си сркаш затоа треба да си се помират си ситуацијата во која се и да се трудат да го извлечат максимумот а вие само да дадете поддршка на овој млад пар да се износи со проблемите во кој се наоѓаат. Поздрав