Моето е точно еден месец денес и исто така ја најдов. Значи мрак ми падна кога видов. Кога ја мачи стомачето ептен прета со нозете дали така успеала да се заврти незнам стварно. Ја сликав баш и анализи правам цело сабајле
Кога им се кратат денските дремки од 3 на 2? Да очекувам после 5-от скок? Оваа темпо не се издржува повеќе, малата има 3 дремки ама едвај по 15-20мин. немам време ниту да сработам нешто, ниту пак да одморам. Подобро да спие 2 пати ама временски повеќе.
Кај нас после 6тиот скок се погоди, сега има две дремки. Втората знае да е саат или малку повеќе од саат.
Не го буди ако напредува. Чај и вода не се даваат. Разгледај ја темава. Види во Грчеви кај бебињата има добри совети за кои капки да ги дадеш за да му се намалат.
Честопати се пишува дека како што растат бебињата, се случува помалку да качуваат тежина на месечно ниво, поизразено во случаи кога се издолжуваат. За норовореднчиња на доење пак викаме дека мининумот е 20 гр на ден. Ме интересира, кога престанува да важи ова со 20те грама и кога отприлика почнува стагнацијата со килограми. Секако јасно ми е дека секое бебенце е приказна за себе, но ме интересираат вашите искуства.
Млекцето ,или цуцето како сакаш може да му е утеха. Белото јазиче може да е од млекото а може да е и кандида ,пробај со чепкалка за уши да видиш ако се чисти е млеко ако е закоравени е кандида. За кандида најмногу сода ми помогна ,ќе раствориш малку сода во врела вода,чекаш да се излади и со газичка или чепкалка за уши го чистиш. Чајче и вода не давав до пред да почнеме со кашички. Најмногу за грчеви ми помогна перниче направено од трици ,се загрева во микробранова и се става на меше. Ако ти напредува не ја буди Мене тогаш се на страна ми се вртеше ... Свекрва ми велеше шанси нема кај има сила рскавица е... Ама еднаш јас во вц таа и се свртела до ќош еее ќе паднеше стварно се врти.
Навечер се буди со плачки и тегне уши од што може да е? Да го болат не верувам пошто преку ден го допирам не реагира ко да го боли или да се тргне
Оф леле непцињата му се бели со недели и мислев не е тоа, ај подобро заби него да го боли уше јас само го допирам дали ќе реагира од страв да не има воспаление
ии намали , те читав и мака со мешето си има , сведи на минимум , доколку имаш потреба од млечни производи , ете јогурт павлака тие раб , јас секој ден јадам јогурт и овес /мусли .. Овесот е добар и за млеко .. Кравјото млеко нема бенефит има само тегоби и пр од него , запек , грчеви , хгб да опадне и мн мн др . Зашо и кај малите пред 2 па и 3г не е препорачано да се дава , има мн добри замени за него ..
Процес се забчињата, но чим има бело на непца и тегне ушиња, тоа е. Е сега кога ќе се појават никој не знае. Со лесно
Мами дали и вашите бебиња додека дпијат испуштаат чудни звуци? Како маче некое,па прави фаци како да плаче па се смее на глас.
Колку време беше така да се понадевам дека брзо ќе помине овој 3 дена е таков веќе, а се лигави и нервозно пила се во уста цел месец и више