1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети

Дискусија во 'Психологија' започната од belieber, 31 октомври 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Леле луге ми треба и мене мал совет зошто мислам ке полудам од страв.
    Знам дека може некој да ми се насмее на почетокот на проблемот и дека не ми доликува на годините ама да си кажам јас што си имам :D
    Значи моментално сум во Италија.
    На пат кон градот кај што најпрвин требаше да пристигнам во комбето имавме јако друштво и јаки муабети.И поминавме покрај една напуштена куќа.И веднаш почнаа муабетите дека била куќа на самовили,духови и дека никој не сакал да живее таму и дека се собирале после полноќ.Нормално дека јас не поверуав во тоа ама се замислив малку за сите тие муабети.Демек таа приказна не е туку така извадена ама знаеме сите дека луѓети сакаат да зборуваат.Со тек на времето заборавив на тоа се до пред неколку дена.Јас почнав да имам стравови од духови и натприродни сили,страв ми е ноќно време да отидам да се напијам вода од мисла дека нешто ке ми излезе пред очи.Не верувам воопшто во тоа ама нешто ме плаши.Не знам зошто така бре...Не бев јас ваква.Порано без проблеми си шетав низ куќата во Мкд и не ми беше гајле ама сега?Зборував со мајка ми за тој проблем ама таа ми вели дека нема од што да се плашам ама јас сепак не можам да го искоренам тоа.Ноква дури сонував како бегам со брат ми од такво нешто |(
    И уште нешто ме мачи.
    Таа недела кога пристигнав во Италија требаше со друштво да отидеме во Луна Парк организирано од наши познајници.
    Седнав на топоган кога наеднаш однемав воздух.Не можев да си земам,го викав човекот таму што работи за да ми го извади појасот зошто ми беше страв за да не ми се слоши.Но тој не ме слушна.Само неколку секунди ме делеа до смртта.Јас го извадив појасот некако но таман да го тргнам од половината започна да вози топоганот.Се држев некако иако беше лабав појасот кога го вратив назад.Постојано и тоа ме мачи.Сакам да заборавам на тоа што ме мачи но некако не ми иде.Ми велат со ведри мисли да заборавам на тоа но секое спомнување на лулки и на куќи јас се наежувам.
    Чаре некое? :D
     
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Пеликуна, велат дека најдобриот начин да се надмине стравот е да се соочиш со него. Арно ама, мојот совет е друг. :D

    И јас порано имав огромен страв од отворени водни површини навечер (езеро, море), зошто како мала ми кажаа една приказна што толку ми втера страв во коски и бев убедена дека е вистина. Мој совет е што повеќе да избегнуваш такви места. Дури и ако некој раскажува, тргни се и не слушај. И пред спиење имај си шише вода до тебе, што и да ти треба. Едноставно избегнувај го тоа што те плаши, зошто е моментално.

    Не верувам дека ќе помине долго време и сосема ќе заборавиш на тој страв, па нормално ќе ти биде да стануваш навечер без да помислуваш на страшни работи. Само треба време, биди постојано во друштво, нема ништо срамно да побараш помош за да не се плашиш.

    Се надевам колку - толку ти заврши работа ова, јас така ги надминав ирационалните стравови од страшни тетки и остали митски сушстества. :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Не се плаши Пеликуна. ;)
    И мене истото ми се случувало (на пр. да слушнам такво нешто и после само таму умот ќе ми биде, ќе се плашам), ама поминува. Период е, ама секако и ти треба да се потрудиш. Замисли си дека тоа се само измислени приказни, и кога ќе ти текне на тоа размислувај на нешто убаво.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас имам прашање, мислам дека е за тука.
    Во врска со плачењето и липањето, некогаш непотребно и неразумно од каде ми иде..
    Не дека не сум среќна или па дека сум депресивна, не сум, значи јас бев личност која тешко плаче, а сега, не можам да се препознаам.
    Плачам многу, значи речиси да нема ден да се расплачам, за некоја обична ситница, како пред три дена,плачев четири часа, липав, на глас, абе дехидрирав буквално.
    Искрено, незнам зошто почнав да плачам толку, зборувам, зборувам, се карам еве на пример, и после одма плачам, не можам, само иде, посилно од мене е.
    Или па кога сум сама, како пред некој саат на пример, ми удри филм во глава нешто да не му се случе на дечко ми, ако му се случе нешто дека јас ќе полудам, и ми се вртеа слики како рикам во болница по него, како ми ставаат инекции да ме смират, како викам врескам и почнав да плачам, значи липав!
    Зошто ?!
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Пеликуна, не се плаши, без разлика дали има или нема, дали веруваш во тие работи или не, едноставно заборави на тие нешта доколку тоа ти предизвикува страв.Иако според мене не е нешто од што човек треба да се плаши, всушност човек треба да се плаши од човек, а не од дух кој ништо не ти може, секако дека физички не е присутен.Значи кажувам, според она што мислам и сум доживеала во однос на тие работи, пример мене нема да ме исплашат ако на таков начин ми кажат, бидејки знам дека има.Може и тоа да го прават со цел самото место, куќата да е позната.Како и да е , доколку тебе тоа те плаши, не мисли на тоа, заборави едноставно, бидејки колку повеќе придаваш значење на некои работи, толку повеќе ќе те мачат.Самата рече дека забележуваш разлика помеѓу таму и тука, можеби и дека си на друго место, самата промена на местото си го прави своето, па дополнително ти го зголемува стравот, не дека ти се плашиш поради промената, туку потсвесно, самата промена на местото влијае на некој начин.Можеш да го искорениш тој страв, само ако не му обрнуваш внимание, ништо друго.Италија е најнајубава, покрај таа убавина, не дозволувај стравот и тие негативни работи да те мачат :) ;)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Фала ви на советите мили мои :hug: некако успевам да почнувам да не мислам на тоа откога ги прочитав вашите совети неколку пати.Незнам,се надевам дека нема да ми се врати стравот назад бидејки нема да знам што да правам.
    Почнав да одбегнувам такви приказни и клипови а хорор филмови одамна престанав да гледам,само што ме мачат малку и тие језиви соништа.Се надевам дека и тие ке исчезнат.Само што штета не можам да ја видам таа куќа целосно зошто многу ми се допадна таа градба само заради тие приказни без разлика дали се вистинити или не :D

    Инаку Анушка нестле,како да се читам самата себеси во твојот пост.Јас сум иста ко тебе.Порано не плачев а сега се може да ме расплаче макар и најмала ситница,филм со срекен крај или тажен,како и да е.
    Во ред е да си ги покажеш емоциите,не е срамота да плачеш.Полесно ке ти е на душата отколку да чуваш во себе и да си направиш полошо.
    Мора да има нешто што го потикнало твоето однесување.
    Промена на клима,околината и се тоа може да влијае на твоето моментално однесување.Пробај да се контролираш...да избегнуваш кавги и да почнуваш да свртуваш на шала ако дојде до перод на кавга или едноставно излези си од соба.Јас така правам и верувај дека успевало многу пати.
    За црните мисли за твојот дечко пак ке ти кажам...тргни ги тие мисли од глава.Најважно е што не се случило,не го повикувај злото така со тие мисли.Би ти кажала една случка ама не е за овде бидејки не сакам да ги исплашам остатокот од читатрелите а многу помалку тебе бидејки имаш такви мисли.Ако си заинтересирана можеш слободно да ми пишаш лп и да ти кажам што се случило.
    Преокупирај го мозокот со други мисли,на убави работи.Елиминирај го тоа или тие работи што те мачат.
    Се надевам дека барем од малку помогнав. :)
     
    На anuskaNESTLE и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Pelikuna мислам дека стравот кој го чуствуваш има поврзаност со тоа што си подалеку од МКД како еден мал вид на стрес,подалеку од дома, сепак ако добро разбрав си била во Италија,нормално е човек да има страв но немаш потреба тоа да го сфакаш толку панично,мислам дека ке се ослободиш од стравот со позитивни мисли дружење и не размислувај и се што ти предизвикува страв хорор филмови или такви разговори игнорирај се ке се среди,а тоа што сонуваш е твојата потсвест бидејки си мислел на тоа се ќе помине не грижи се поздрав :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    И мене така ми се случуваше, ама сеа воопшто немам никаков проблем. Ако ноќе неможеш да заспиеш од тоа. Замисли си дека одиш на плажа. И таму лежеш на брегот кај што доаѓаат брановите и те плискаат, така веднаш забораваш,а ако се присетиш пак на тоа, замисли некои случки на кои не си можела здив да земеш од смеење, па и без да сакаш ќе се насмевнеш, а ако само еднаш се насмевдеш, замисли дека сите духови на светот ги прегушувало таа насмевка и сите упираат и исчезнуваат, полсе пак присети за на плажата и така нешто. Ако пак небива број овци, шо да ти кажам :* а ова пора да помогне и веднаш |-)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ноква сите што не спиете ако го прочитате ова многу ке ми значи ако ми одговорите
    до пред 5-6 часа се беше ок сега од тогаш наваму сум буквално скршена толку сум несрекна исплашена скршена скроз а без никаква причина значи имам се фала му на господ маж две деца пари храна облека ама некако не се осекам сигурно и некако нешто ми фали за да бидам како што бев да знам што е тоа сама би си помогнала но незнам проблемот ешто незнам што е тоа ми се идево секој момент да се расплацам :tmi: ;( ;(
     
  10. BlekiD

    BlekiD Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Понекогаш и не ни е потребна некоја причина да заплачеме..едноставно преку солзите си ги олеснуваме маките кои постепено ни се собирале.
     
  11. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Ева прво смири се.Како што сама кажуваш нема некоја посебна причина за вознемиреноста па веројатно се работи за анксиозност.Тој страв што го чувствуваш е ирационален,односно не постои нешто што ќе ти се случи туку само ти така си мислиш во моментов.Затоа смири се,вдиши воздух,напиј се вода,исплачи се ако ти се плаче и размислувај за тоа дека ова е само нешто што до утре кога ќе станеш ќе го заборавиш и нема да размислуваш исто како сега.Еве и тука имаш малку повеќе,прочитај,разгледи...
    zdravstveni-problemi/anksioznost-t580/
     
    На eva11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273

    Знам какво е чувството. Се е тоа во потсвеста. Ништо од тоа не постои. И самата рече дека го знаеш тоа, а сепак се плашиш. Ми се случува и мене многу пати и станува збор за голем страв кој тешко се победува. Барем јас сеуште не сум го победила. Мислам дека ми помина малку стравот откако се присилив себеси да одам нормално од вц до мојата соба навечер, а не забрзано плашејќи се да не ми излезе нешто. Стравот ќе биде голем, но ќе станеш ќе земеш тоа што ти треба и полека ќе се вратиш. Бори се секој пат кога ќе го почувствуваш тој ненадеен налет на страв.
    Во врска со другово, дали си слушнала за паничен напад? Ти се одзема воздухот, имаш чувство дека умираш и дека ти запира срцето.
    Морам да прашам дали ти пречи тоа што си далеку од дома, т.е дали чувсвуваш носталгија? Ако тоа те измачува и повеќето време сакаш да си дома, можеш да развиеш некој вид на анксиозност проследено со панични напади, што би било навистина лошо. Ако не е тоа, пробај да прочепкаш по твоето минато и сегашност и да го најдеш изворот на страв, бидејќи колку и да ти звучи нелогично и смешно, нешто потсвесно го предизвикува тој неконтролиран страв. За да се ослободиш од стравот, прво треба да се ослободиш од она што го предизвикува тој страв...
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    тоа ке да е да ви казам се подрсплачив и за чудо ми олесна па можам на тенане да си преспијам уф
     
    На BlekiD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Дали ти се случило некое големо емотивно нарушуање? Дали некој сериозно те повредил со нешто? Ова мене ми личи на пречуствителност кон се. Не можам точно да ти одговорам зошто, бидејќи за тоа би ми требале повеќе информации. Очигледно постои некој проблем, кој ако има вакви тешки последици би морало да биде откриен од стручно лице.
    Да не си загубила некој близок случајно или се случило нешто што придонело да ја согледаш од поинаков агол смртноста на луѓето? Мора да има нешто сериозно што те изместило од колосек. Јас вака само можам да нагаѓам...
     
  15. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Вака сега, знаеме сите каква е ситуацијата во нашава Македонија, но не смееш да дозволиш тоа да те демотивира. Нормално дека кај нас со врски успеваат, а способните ги туркаат надолу, ама ете таква ни е државата, што можеме ние да смениме?!
    Мислам дека тие неправди на кои си сведок треба дополнително да те мотивираат да се бориш и да докажеш дека можеш ти против тоа. Што е битен просекот? И моите немале голем просек на факултет па се далеку поуспешни од некои со 10,00. А твоите цимерки сигурно ужасно ти завидуваат за нешто штом толку сакаат да зборуваат за тој пуст просек. Значи, тие го праат тоа намерно бидејќи забележале дека се чувствуваш непријатно. Знаеш луѓето најмногу ги исполнува туѓата несреќа. Ретки се оние кои се среќни поради некој друг. Сега завист владее со светот. Би те посоветувала ако и во нешто друго не се согласуваш со нив, ако ти прават и слични други работи да ги смениш наредна година.
    Што се однесува до дечко ти - знам дека ќе ти биде тешко, но мора да се соочиш со него. Разговарајте. Кажи му што те мачи. Обвини го дека не те сака. Дека ако те сака ќе му биде убаво и само со тебе. Види како ќе реагира на тоа. Немој да се плашиш дека ќе останеш сама. И да останеш сама - задржи си ја гордоста! Ако тој ти прави така и ти си се помирила со тоа не е воопшто добро. Впрочем, дечко ти најверојатно забележал дека твојата самодоберба е опадната и ти кога од сите страни си притисната нормално си мислиш дека ако те остави тој, не би те сакал никој или слични глупости. Тоа не е воопшто точно. Луѓето со своите постапки ќе одат толку далеку колку што ти ќе им дозволиш. Соочи се со него и стои цврсто на својот став. Поради не знам која причина очигледно не си му интересна повеќе на дечко ти. Или смени го тоа некако или откачи го ти него, пред тој да те откачи тебе. Сигурно си заљубена во него и тоа би ти било ужасно тешко, но мислам дека тоа би било најсоодветно.
    И уште нешто за цимерките. Доколку ти се добри другарки - соочи се и со нив. Или отворено кажи им дека тоа те навредува или културно исмеј ја нивната опседнатост со просекот.
    Запознај нови луѓе кои не те познаваат и постави се пред нив со самопочит и самодоверба! Зошто да се осеќаш така? Ти сигурно не вредиш помалку од ниту една од твоите другарки со „голем“ просек. Прво, пред се - соочи се со самата себе си и запознај се. Вредиш! Не дозволувај никој да направи да се чувствуваш омаловажено!
    Што се однесува до финансиските проблеми - во нашава навидум среќна држава најмалку 80% од семејствата ги имаат. Тоа е тоа. Мораш да бидеш силна и да се бориш против се, во спротивно ќе си го упропастиш животот и ќе западнеш во некоја депресија. Ова не е ништо во споредба со проблеми кои ќе ги имаш понатаму во животот. Барем така велат моите кога се жалам за нешто и тоа е точно. Изгради си го цврсто карактерот сега за да не патиш повеќе понатаму!
    Се надевам дека помогнав. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Кога бев многу мала гледав филм со духови и се си мислев дека ќе ми дојде навечер некој дух или сениште навечер од сон се будев,односно воопшто не можев да спијам.Но,по некое време тој страв исчезна,си велев дека нема ништо и дека не постојат духови.Значи се е во нашата потсвест,секој страв од нешто и чувство на несигурност ние го контролираме и можеме да го извлечеме од нас.
    И мене многу често ми се случува онака без причина да липам.Односно од се што ми се има насобрано пукам и морам да го извадам некако од мене.Сета нервоза и тага излегува со солзите. Не е ништо страшно,само мој совет е да не бериш ништо во себе,се да искажуваш,пример кога некој ќе те навреди,налути подобро кажи му,ако треба и подвикни малце отколку да го бериш во себе,па да те уништи од внатре.
     
  17. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Ми треба некој совет бидејки ке полудам

    Феминки на крај на нерви сум и ми иде да се убијам :@
    Сакам некаде да избегам,далеку но малолетна сум и затоа неможам,а и немам кај да идам.Всушност имам постар пријател,ама неможе тој за мене да се грижи........... :@ :@ :@
    Незнам што да правам?!!
    Ве молам за некој советтттт!!!!!!!!??????????? :sweat: :sweat:
    Мн ке ви бидам благодарна ако ми дадете некој совет!!!!???????
     
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Ми треба некој совет бидејки ке полудам

    Крај, нерви, самоубиство?? Причина?

    Не верувам дека е до тој степен работата па со такви мисли од сега..
     
  19. l..o..v..e

    l..o..v..e Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Ми треба некој совет бидејки ке полудам

    И те како до каде е стигната работата :sweat:
    пред се неможам да живеам мирен живот само ме осодуваат,тоа што го правам нечинело,биле гревови... :@
    сум било мало размзено детишто што само котек сака,што само лоши нечовечки работи прави,за казна сум била,па доста ми е да ги слушам другите,аман :@ :@
    а татко ми ке ме убие ако дознае и за др работи :sweat: :sweat:
     
  20. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ми треба некој совет бидејки ке полудам

    Можеш ли поконкретно да го објасниш твојот случај за да знаеме што да ти помогнеме ... вака се иде некако непојаснето.... што ти правиш всушност !??!?!