1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совет за подобра врска!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Selenaab, 27 јануари 2016.

  1. Selenaab

    Selenaab Нов член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Имам 16 години и имам дечко бевме заедно пола година но се скаравме за глупост и по 2 месеци се смиривме но сега сме сменети ама се сакаме премногу како и порано.Но неможеме да се направиме среќни,ми треба совет несакам да го изгубам..Како да го направам среќен советувајте ме
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    Хм. Секој е среќен на различен начин.
    Златна формула за успешна врска: љубов + разбирање + доверба = успешна врска.
    Непознати:
    • љубов = се сакате безусловно, неможите еден без друг. Имате своја потреба, се чувстувате среќно и релаксирано покрај партнерот.
    • разбирање = не го ограничувате партнерот или ја злоупотребувате нивната љубов кон вас.
    • доверба = кратко и јасно, му верувате на партнерот и тој вас.
    Према мене ова е доволно, само зависи кој што разбира во тоа.
    Љубов: Сеуште сте млади па можеби само се сакате, но не сте заљубени кога неможите да бидите среќни во таа врска и исполнети. Како што она горе е формула за успешна врска, да бидиш среќен во врска си има своја формула: исполнетост + релаксираност + опуштеност + активности заедно = среќа во врска.
    Среќа во врска = Успешна врска.
    Накратко ако нешто фали во таа врска, таа врска не е нити успешна ити среќна (секако има секакви случаеви, но сепак се осмелувам да генерализирам, ама во секој случај ако нешто фали, тоа ќе се почувствува). Некои врски опстојуваат безразлика на околностите, се борат против околностите.
    Дали ти си среќна кога си покрај него е клучно?
    Зошто би била со кој ако тој некој не те исполнува целосно и ако не си среќна покрај него, а тврдиш дека го сакаш?

    Разбирање: Е сега, ако навистина се сакате целосно, шо се надевам дека е вистина зошто нема нешто поубаво од тоа да сакаш некој и да бидиш сакан, меѓу другото мислам дека разбирањето е клучно. Треба да разбирате и да ги исполнувате своите потреби заедно, да се подржувате.
    Доверба: Ова веќе си знаеш, да не навлегувам подлабоко, без доверба само ќе те јади нешто одвнатре како некој црв.

    Е сега како јас мислам дека вие би биле среќни и опуштени во врска, нешто што секој пар треба да го прави повремено:
    • Да направи нешто ново.
    Било тоа да одиш на кино, во сендвичара, да гледаш некоја комедија, да почните да играте заедно некоја игра, да одите на шопин, да направите нешто интересно, да ја изразите својата креативност, да учите заедно. Безразлика. Битно е времето кое го врвите заедно да биди исполнето, да биди среќно и убаво. Лично верувам дека со воведување на нешто ново вас ќе ви се обнови времето заедно, ќе имате повеќе теми за разговор и воедно ќе бидите посреќни.
    Ако не:
    • Разговарајте што ви смета.
    Ако воведување нешто ново не ве направи среќни во врската тогаш станува посериозен проблем. Можеби има нешто шо некој од вас го прави несреќен и треба да стигните до коренот на тој проблем, дали е тоа причината за која претходно раскинавте, дали е нешто од пред тоа - и можеби со разговор ќе можи да се среди.



    Навистина се надевам дека ќе бидите среќни.
    Ајде со среќа :l:
     
    На eloves, stevemila, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  3. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Драга Selenaab,
    верувај дека волшебна формула за љубов не постои. Вие двајца си се познавате најдобро, знаете што ви пречи и во врската и во однос на некои ваши карактеристики, па мој совет ти е она што него го нервира кај тебе, а и обратно, гледај да го сведеш на минимум. Покрај тоа и покрај основните златни правила - почит, разбирање и доверба, гледајте секое слободно време што го имате да си го посветите на вас самите и на вашата врска, без разлика дали тоа ќе биде прошетка или диско или кафе - муабет, битно нека биде посветено време на вас. Близината си го прави своето. Не плаши се да го споделиш со него се она што ти се случува, со тоа ќе му дадеш до знаење дека имаш доверба во него и дека неговото мислење ти е битно. И најважно од се не заборавајте да си кажете “Те сакам“.

    Се надевам дека ќе ти послужат моите совети.
    Со среќа :)
     
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Како да го направиш среќен?:^)
    Едноставно, смејте се, уживајте во љубовта, шетајте, дружете се и не се преоптеретувајте со вакви прашања и подпрашања, млади сте сеуште па да така овој љубовен период доживувајте го најопуштено и исполнето.
     
    На crazylady и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    За да се има успешна врска не треба само едниот да се труди за се да биде совршено.Кога двајца се сакаат имаат доверба меѓу себе ,и се почитуваат,нема потреба од напнување и од загрижување дали ќе има оддалеченост меѓу вас.Караниците понекогаш влијаат многу лошо кај некого.Поминувајте повеќе време заедно со тоа ќе ви се подобри комуникацијата.Нема потреба да анализирате,екои девокји трошат премногу време за анализа на однеување на нивните партнери наместо да разговараат со нив. Премногу товарење со ова анализирање мора да признаете дека одзема прмногу енергија и време кои можете да ги искоритите за нешто добро.Добро е познато дека со еден позитивен збор се бришат 3 негативни. Но дали е така не знаеме. Тоа зависи пред се од тоа што сме кажале и колку често правиме такви грешки. Затоа што тоа на некој начин може и да ја премине границата и да настане крај на врскатата потенциран од страната која повеќе слушнала навреди од било што. Затоа потсетете на самиот почеток на вашата врска, зашто сте се вљубиле еден во друг.Не мора секогаш да излегувате како победник во секоја дискусија. Кога ниту еден од вас двајца не сака да го промени својот став не е потребно секоја дискусија да заврши со среќен крај. Обидете се заедно да дојдете до решение кое е прифатливо за вас и за вашиот партнер наместо да настојувате вашиот збор да биде последен. Ова ќе ви помогне да дојдете до компромис. :)
     
    На crazylady и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    За пола година, мора да знаеш што го прави среќен. Излегувајте повеќе пати заедно, шетајте, разговарајте за убави нешта, одете на романтични места, одмори заедно, кино-театар и тн. И како што ти кажаа другите, доверба и почит меѓу себе.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  7. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    26.129
    Пол:
    Женски
    Најважно е да се сакате мегу вас да има доверба и почит и да бидете искрени еден кон друг.
    Како да го направиш срекен пстојат многу работи ти кажаа некои од членовите пробај нешто.

    На пример мојот дечко е срекен кога неочекувано ке му пратам порака на телефон,кога ке му купам нешто без повод,кога ке му казувам колку го сакам и колку ми значи итн.. :)
    Ви посакувам среќа :)
     
    На stevemila, crazylady и theowndemon им се допаѓа ова.