Здраво на сите, Јас сум прилично нова на форумот, но го следам постојано и ги читам вашите дискусии. Конечно собрав храброст да прашам нешто на кое што веќе подолго време размислувам, околу една ситуација на моја пријателка. Па ме интересираат вашите размислувања... Имено, ситуацијава со пријателката е дека она го изневерува маж и. Причината е тоа што веќе подолго време тој е опседнат со работа и немал време за неа ич, и покрај тоа што имаат три деца. Она започнала афера со познаник, и дури му кажала и на сопругот. Е сега ситуацијата е што следно? Децата уште ништо не знаат. Што мислите, дали треба да останат заедно или пак не? Дали има начин да се помират со својот сопруг? Ме интересираат мислења, бидејќи низ мозоков ми поминува свашта... Јас идам на неколку дена во Рим, па ако не сум активна да знаете дека после секако ќе се вклучам.
Сонцееее те сакаммм кога те гледаммм на тв екраните. Чувај го Виктор не биди будало... Таков маж нема да најдеш П. С. Ако дојде до развод те молам извести ме
Едно нешто не ми е јасно. Како така кога некој ви се довери вие веднаш му ги пишувате проблемите на форум? За другарка прашувам?! Терзиева, мајка на три деца жена на психотерапевт. Каква случајност? На 90% од луѓето не им е гајле за твоите проблеми, а на останатите 10% им е мило дека ги имаш. Не гледам Сител
Според мене, бракот би имал шанса да продолжи само ако сопругот успее целосно да го тргне на страна неверството кое се случило, да заборави дека воопшто се случило и никогаш да не го спомене веќе во ни една брачна расправија. Се разбира, услов за тоа е сопругот да знае за неверството и тоа никогаш да не се повтори. Тешко е да се поверува дека би опстојал брак во кој едниот од сопружниците има паралелна врска со друг човек, а другиот е свесен за тоа и го прифаќа како нормална работа. На неверството гледам во стил "speak now or forever hold your peace". Ако му признаеш на сопругот, голема е веројатноста дека се каеш. Тој има шанса да одлучи дали е спремен да го продолжи тој брак или не. Во секој случај и двајцата на еден начин ја делите болката за неверството кое се случило. Друга опција е никогаш да не се дознае за тоа неверство. Тука целата тежина припаѓа на тој што изневерил. Ако сметаш дека цел живот си спремен да носиш таков тобар, слободно. Трета и најлоша опција е да признаеш неверство после долго време од кога се случило: Тогаш си посакал да го криеш неверството, ама не си можел да го издржиш товарот, па на еден начин го префлаш целиот товар на твојот партнер, си се олеснуваш врз него. Не знам кој би можел да опрости ваква ситуација Изневеруваме или затоа што не го сакаме/никогаш не сме го сакале сакале, или се чувствуваме празно, отфрлено или напуштено. Лошо е што чинот на изневерување нема да направи да се чувствуваме подобро. Можеби моментално ќе почувствуваме дека му враќаме на тој што не запоставил, дека му се оддолжуваме, ама тоа е краткотрајно, се до моментот додека пак не се почувствуваме запоставено и празно. Така влегуваме во еден магичен круг од кој нема никаков излез. И не сме среќни, се чувствуаме уште попразно. Ние не можеме да знаеме дали бракот на вашата пријателка ќе опстане, ама ако таа ја продолжува аферата дури и откако му признала на сопругот, хм... I wouldn't bet my money on it..
што има да се дискутира за мажена жена,мајка на три деца која изневерува?Нека се разведе па нека се тркала настрана со кого сака.Прашај ја другарка ти дали ужива во парите на маж и?Веројатно он и добро заработува штом раб мн и често е отсутен од дома.Како ли време наоѓа она воопшто за швалерај со три деца?
Тие 2ца најдобро си знаат. Тоа се 2 возрасни особи кои сами одлучуваат свесно за своите постапки. Иако по претпоставка(од она јавно виденото) сметам дека понекогаш многу поисправно и поздраво е секој да продолжи да живее онака како што е најзадоволително и најдостоинствено за себе. А и ти не му се замарај толку за пријателката. Убаво да си поминеш во Рим со тамошното друштво.
Здраво Децата ќе одлучат кога ќе дознаат,дали ќе го простат неверството на нивната мајка. Тие се главен фактор во приказната каде не се многу спомнати,освен дека постојат, како и во многу приказни. Децата се на последно место,сите гледаат бракот да го спасат во вакви случаеви. После е****нема каење тоа е тоа. И мажот да и прости џабе е децата ако не и простат.
А зошто децата да се оптоваруваат со таква мрачна тема? И што ако се 3-4годишни и поим немаат што се подразбира под неверство? И што има децата да судат за емотивните односи меѓу родителите тоа е приватна и многу лична работа за која се одговорни 2ца. Децата немаат врска со неверставата на возрасните,иако нажалост ги сносат најмногу последиците од неверството доколку тоа резултира со развод.
Јас не гледам понатамошен разговор. Ниту совет. Каков совет сакате? Имала афера и му кажала на мажот и сега шо? Као демек сакаш однапред да ти кажеме шо ќе се случи? Не го сфаќам прашањето. Дали можеби ќе останат во брак? Да. Дали можеби ќе се разведат? Да.
А што ако беше обратното е тогаш е во ред не дека го оправдувам ама ние жените не смеме а мажите смеат .Тој ј и таа ако живеат како јас што викам куче и маче да не се разведуваат заради децата доколку се мали а ако се големи сум за развод па секој сака внимание за време ќе се најди а мажот и тој сигурно си има некоја друга. Знам едни такви мажот ја изневерува и жената го фајќа го докажува тоа им кажа значи на татко му и мајка му и другиот ден како ништо да не било а и тој немаше време за неа, ама имал време за некоја друга не една повеќе работеше нон стоп и тој
Во неверство е виновен тој кој изневерува. Ако сопругот е способен да прости вистински, да не префрла за неверството - бракот можи да се спаси. Ако сопругот префрла за неверството - само ќе се мачат двата. Децата умеат да разберат лоша ситуација, полошо за нив е да има кавги дома, нетрпеливости. Некои одлуки се за добро на партнерите, а и за добро на децата.