Па вака девојки јас сум нова на форумов...и нема каде на друго место да се обратам освен тука...јас бев со дечко ми во врска 2 месеци знам дека не е долго ама премногу поминавме заедно,јас навистина му верував а и тој мене (барем така си мислев) и секој ден ми зборуваше дека никогаш нема да ме напушти...иначе учевме во исто школо он беше само во друг клас и секој одмор бевме заедно едноставно неразделиви бевме..цело друштво ми зборуваа дека е предобар и се тоа...татко ми не ме пушта да имам дечко но јас бегав од дома само да се најдам со него...но се случи нешто многу ужасно почна премногу да ми љубомори зошто се дружев со неговиот другар и ми раскина за тоа но потоа пак ми се врати...бевме заедно и се беше совршено но тој повторно ми раскина итоа на бизарен начин пред училишната врата ми рече сакам да останеме само пријатели ја засакав друга....се прашувам што се дешава како смешна ситуација засакал друга мислам на кое небо е тој...бев многу лута...и потоа повторно ме молеше да бидеме заедно не можел да ме заборави му простив и вториот ден повторно ми раскина и си реков повеќе нема ништо со него да имам....по неколку недели почнаа да ми стигаат пораки од него ми зборуваше дека сум ку*** сум се мувала со братучед му (а јас немам поима за такво нешто т.е не е вистина) и се каравме многу....вечерва повторно ми пишуваше и ми се закануваше дека ќе сум видела убаво утре во школо..незнам зошто се замарам со ова но навистина ми е страв да не направи нешто а и плус му рекол на другар му да ми пише дека ќе собереч женски да ме претепаат....мислам кој идиот незнам што да кажам повеќе....а и со колку женски има закажувано мување што тоа е нешто чудо и додека бил со мене и после мене...а мене ми зборува дека сум ку*** .... вие девојки што мислите што да правам..не можам веќе да го издржам затоа што секој ден го гледам а и секој вторник имаме два часа германски заедно а и ова со заканите...помош ве молам?
Според мене,дечко ти(ако може да се нарече дечко) бил едно големо недозреано детиште.Тој не ни знае како да се однесува кон девојка.. И пораки,закани..тоа е зашо знае дека имаш уште чувстава кон него,и 100 пати си му простувала,и зашо си била добра кон него,така се однесува. Мој совет ти е да не се замараш и да го игнорираш.Тоа се само празни закани. И да ти пишува повторно дека си курва или не знам шо,доволно е шо ти знаеш дека не е така и не му објаснувај ништо,т.е нека не си. Он тоа го сака.Да се замараш. Игнорирај го некое време,и во никој случај не комуницирај со него,и самиот ќе престане со тоа.Всушност ќе најде нова жртва.
Претпоставувам генерација сте по муабетов. Значи и тој уште е малолетен. Нека не лета многу, кажи му дека ги чуваш пораките кои ти ги пратил и дека ако уште еднаш ти се закани дека ќе го пријавиш во полиција, затоа што да имаш дечко на 17 години не е престап, ама да се закануваш отворено Е, така што тој треба да се плаши а не ти, па пред мајка му и татко му нека се црвенее после. Покажи малку заби. Тој тоа досега не видел од тебе па затоа ќе ти се заканува. А какви се` не циркуси сум глеала у средно, не е чудно и доколку ги оствари заканите се` додека го чувствува твојот страв. Тој тука многу убаво го искористува тоа што татко ти не знае и се криеш од твоите. Поарно довери се на некој, вака сама и ништо да не ти направи, многу веројатно е дека ќе се скршиш и ќе ти остане траума од овој период. Довери и` се на мајка ти. Таа најдобро ти мисли. Што и да се случи, никако немој да ги бришеш пораките, тие се докази.
Денеска имав германски со него и тој седеше на клупата пред мене и ја гаѓаше пријателката моја позади мене и "несакајќи" мене ме погоди и почна да се смее како улав ...јас не му обврнував внимание..минував низ ходникот да одам до тоалет и тој ме гледаше како да во секој момент ќе рипне и ќе ме убие но сепак јас повеќе не се замарам со него...иако го сакам тоа ќе помине мислам тој е прв ама не е ни последен ќе го заборавам... само треба време додека се навикнам на сркшеното срце но тоа е не е животот сјаен секој со свои проблеми... Сепак фала за советите
Ти како прво си згрешила што си му давала повеќе шанси.Две шанси се доволно,според мене. Не може тој да игра мајтап со тебе,еден ден одиме,друг ден ти раскинувам. Мислам дека тоа како еден вид занимација му било.Курва?Верувам дека немало причина за такво нешто и тоа ти докажува дека тој е еден голем кретен.Немој ни да ти падне на памет да му дадеш уште некоја шанса.Имал тој многу шанси и ги прокоцкал,а штом така значи и не го интересира. Тебе да не ти е гајле што ти вели тој и тие заканувања.Едноставно остави го на мира и продолжи си со животот.Тој недозреан идиот не заслужува девојка како тебе.