1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Србија и Босна и Херцеговина под вода

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 17 мај 2014.

  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува за што се дискутира. :x
    Во вакви ситуации е битно да се покаже човечноста , да се помогне колку што се може, а не да се мешаат баби и жаби. :!:
    Да се ставиме барем малку на местото на овие кутри луѓе.. ми се ежи кожава кога ке помислам што ги снајде и како пред очи им се урива се и како се борат за живот.
    http://zase.mk/foto-makedonskite-gr...nastradanite-od-poplavite-vo-srbija-i-vo-bih/
     
    На Psihologue му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Најискрено повеќе ми се плаче за животните на кои им треба човечка помош да се спасат, отколку за луѓето. Можеби некој ќе ме нападне, но ова е мое мислење, бидејќи животните имаат чиста душа и полно срце со љубов, за разлика од луѓето кои срцата им се полни со омраза, завист, љубомора, а душите полни со гревови. Но сепак има и луѓе кои во срцата имаат љубов и добрина кон другите.
    И на луѓето и на животните сепак треба подеднакво да им се помогне, а не да им се помага само на луѓето, а животните да се оставаат на милост и немилост и на питачки стап. :)
     
    На Mimi123, Butterfly-Girl и miss.ella им се допаѓа ова.
  3. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Не е исто. Скопје беше дел од таа држава, обврска беше да се подигне.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Абе од мршојадци човек глава да не може да крене. Просто не ми е јасно како може да сте така проклето споени во мозокот и секогаш толку пресметливо и подло да размислувате кога се во прашање многу животи или било што друго што не ве засега лично ВАС! Ниту еднаш додека се организираа хуманитарни акции и пунктови за донација не ми текна на тоа дали тие утре би помогнале ако нешто слично се случи кај нас, затоа што сум сигурна дека ќе помогнат и дека секогаш ќе има солидарни луѓе коишто без разлика на моменталните политички случувања дека нема да замижат пред туѓата несреќа, а особено пред некоја ваква од масовен карактер.
    Оној што вистински сака да помогне ниту е глуп, ниту е малоумен и наивен, а богами не бара ни нешто за возврат туку помага колку што му се можностите и од чиста желба, затоа што не може да поднесе некој да трпи за леб и да се тресе од студ без покрив над глава.

    И ако можете/сакате да придонесете некако арно, ако не ве молам доста се бламирате тука! Прво беше зошто за „џукелтите“ се секирале луѓево, сега националистички срања ќе слушаме и така се во круг. Секој ќе помага за кого сака и колку сака, тој што не сака нека ја прескокне дискусијава и сличните на нив.
    Темава мислам дека не е поставена тука за поставување на глупави прашања и ширење омраза, туку за споделување информации во врска со катастрофата, што е потребно, каде и кога да се донира и сл.
     
    На Domino, Elennaa, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Јас се обложувам дека да беше обратно Србите немаше да мрднат со мал прст за нас што е сведок и историјата. Ќе пратеа нешто малку државна помош и тоа, а инаку собирање храна, вода, облека, пари нема теоретска шанса да видиш. Македонија сега нуди 5 поголема поддршка од сите, а најмалку не спомнуваат нас едвај со пола уста.

    П.С. Ние добиваме секојдневна поддршка од Србија во видот на Вранишковски ;)
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Во вакви случаеви, доволно е да си хуман,не мора да си богат.

    Ние дома дониравме на ж-ро сметката, може не е многу, ама не некого ќе му биде од голема помош.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Обврска и задолжително било за војската и самата држава да помогне со финансиски средства. На обичниот народ не му било обврска да помага. Се' тоа било доброволно. Како сега што одат наши со полни коли за Србија. Така и тогаш обичниот народ од таму доаѓал навака.
     
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Што ти е бре гајле човеку дали не спомнале некаде или не? Важно е само тие средства да стигнале и да спасиле нечиј живот. Не ли ви е жал кога ги гледате тие расплакани старици, растревожени деца и избезумени родители. Тие луѓе не знаат како ќе помине наредниот час, а не па нешто повеќе. Се што створиле во животот веќе го нема, не знаат утре каде ќе живеат и дали ќе имаат кров над глава.

    Ако некому му помогне тоа ќебе што сум го пратила или тие пари што сум ги донирала телефонски искрено ич не ми е ни гајле дали ќе ме спомнат некаде. Иако србите и босанците се многу свесни за тоа кој се им праќа помош и верувам дека многу го ценат тоа, по сите портали и вести се пишува за тоа од каде стигнала помош и како се справуваат со кризата. А и претходно реков, тој што сака вистински да помогне има сосема други мотиви, а не брои колку пати го спомнале во весник за добрината.
     
    На Anne.B, Domino, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Сепак, во иста држава живееле. Комунизам/социјализам, работни акции, едно-друго.

    А ако ви е за помошта имате тема тука
    humanitarni-akcii/humanitarna-pomos-za-srbija-t21263/30.html#p2069091
    Нема што некој да ја прескокнува оваа, кога веќе е сместена во Политика и настани може слободно да се третира како настан од секој можен аспекти кој сака може што сака да напише, нема никој вас да ве прашува каков став да изрази. И не туку рипајте со навреди, не дека некој напиша оти го радуваат вести за уништени домови, инфраструктура и бездомни лица |(
     
  10. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Абе луѓе ако ви се помага - помагајте!
    Толку е едноставно. Нема потреба за коментари од типот “Дали тие би ми помогнале доколку истото ни се случуваше на нас“. Ти ако си ЧОВЕК, ако сакаш и си во можност да помогнеш, ќе го сториш тоа - безразлика за кого се работи. А доколку правиш добрина со цел и очекување дека еден ден истото ќе ти се врати тогаш тоа не е хуманост! Хуманост е несебичното помагање на оние кои имаат потреба од тоа, а вие доколку чекате нас истото да ни се случи па да видите кој и дали ќе помогне тогаш нема потреба да ја отварате темава. Едноставно баталете ја. Ете толку е лесно и едноставно.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Само би сакала вака активни и хумани да сме постојано, и за деца на кои им требаат средства за операции кои живот значат а ги има многу. Погоре некој напиша дека ете прилика од дома да се ослободат од многу работи кои не им требаат, воедно и да помогнат. Прилики има постојано, секојдневно, ако се завртиме малку повеќе околу себе. Не мора да пишува по весници со податоци за тоа колку сме помогнале изразено во бројки. Не сме на натпревар за тоа која држава е похумана, иако за жал многумина поттикнати од тоа донираат. Да го носиме тоа чувство во себе, за циганче, за животно, за стар човек, за наши, ваши, поблиски или подалечни.
     
    На mims-89 и Giovanna им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е ни важно тоа, се додека така гледаме, ќе бидеме едни против други.Битно е да се помогне, кој, колку има, да даде она што не му користи, односно што му е непотребно, а има доволно за себе си, дали облека, вода, храна.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Се збори и за помошта што ја нуди македонија, и не е дека не нудат и другите земју, Црна Гора има исто пратене помош преку 2 милиони во пари и намирници. А инаку вчера се збореше за тоа дека и македонија понудила помош али верувај најмалце се збори за тоа кој понудил помош се збори за тоа која река ке надојде, каде се потребни волонтери, каде што треба да се направи и каде што се случило.

    Искрено моментално ке бидам најголео зло и ке кажам нешто за што многу ке ме осудуваат, ама баш би сакала да видам како ке ви беше на вас што зборите како не требало да се помогне да бевте од оваа страна?!
    Али добро, кој прави добро 5 пати подобро да му се врати, кој седи и јаде тоа што не се јаде.. кхм
     
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Во моментов не се важни ни медуимското внимание ни политичките проблеми,а најмалку дали тие би ни вратиле на нас. Најважни се луѓето кои се борат за живот, кои останаа без кров на главата и се со крајно неизвесна судбина. Значи се помага од човечки аспект, од човечка сочуствителност.
    Господ е голем се гледа.
     
    На Elennaa и daylight им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Kои делови се под вода

    [​IMG]
     
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека не се спомнува Македонија, јас неколку дена читам на српските форуми постојано луѓето се заблагодаруваат на Македонија и Црна Гора конкретно. А на српските телевизии побитно е да пренесуваат вести од најзагрозените места, а не кој колку пуштил помош. Искрено се надевам дека бројот на жртвите нема да биде многу висок како што се шпекулира. :(
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Јас сум пријатно изненадена од Боки 13.
    Плоштадот е преполн! Браво!
     
    На LittlePinky, Daydream и Elennaa им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Еве сега ги ставија на еден форум (не знам дали е дозволено да ставам линк) сликите од плоштадот во Скопје.
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^[​IMG]
    инаку сега читам, цело негово семејство било вклучено во акцијава.


    [​IMG]
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Каде ќе може утре да се однесат донации?
    Кажаа на тв дека ќе продолжат со собирање, ама не разбрав каде да се носат?