1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срцето или разумот?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Emily Dora, 27 јануари 2015.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Меѓу срцето и разумот, разумот го има примарното место за се што ни се случува.
    И кога срцето и душата се во некоја полусостојба, разумот треба да ја детектира секоја наша постапка.,
    Поговорката: "Од главата страдаме", многу кажува.
     
    На crazylady, vitamina, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    Е ајде де срце или разум,едното ми вели(срцето) дај надеж труди се и ќе ја биде кога тогаш.разумот ми вели остај го чим до сега не се сменил зашто веруваш дека сега нешто екстремно ке промени...залудно губиш време,за нешто што одамна треба да е крај...ах,..
     
    На Umbrella22, Miss.M5 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
  4. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Ова ми е најголема двоумица.
    Многу пати го имам послушано срцето, се имам зафркнато но се немам каено.
    Има една "некогаш некој да се каеш за нешто ако си бил тогаш си бил среќен".

    Неможе човек да биде добро додека срцето му плаче. :)
    Но понекогаш и размот треба да се слушне..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.136
    Пол:
    Женски
    Разумот. Срцето е будала, ќе те однесе на места од каде нема излез.
     
    На DaCi1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Разумот. Затоа што сум видела што им прави срцето на луѓето. Учам од туѓи грешки.
     
    На DaCi1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DaCi1

    DaCi1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Разум! Секој крај е нов почеток. Понекогаш сами сме си кројачи на судбината. Се најубаво ти посакувам! :)
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Тешка одлука,дефинитивно не можам да одлучам,сум ги послушала и двајцата,и сум извлекла и поука од сето тоа,и среќа сум искусила и несреќа,мислам која е логиката ако нешто му е драго на срцето и телото и душата,да те спречува разумот? никогаш не го сватив тоа и жал ми е што мораат да постојат некои си одредени граници и одлуки и мораат да ни го скршат срцето за наше добро или само така си мислиме моментално8)
     
    На 2212 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Natee2

    Natee2 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Разумот дефинитивно.
     
    На DaCi1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. infinity*

    infinity* Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И јас имам сличен проблем. Во врска сме 4 години, иако и претходно бевме заедно(скарај се смири се)но последните 4 г сме без прекин. Нашето не почна како што треба,од негова страна ( ова пред 4 години) но сепак останавме заедно. Ови 4 години ни е убаво, но последниве 5,6 месеци јас постојано се карам. Нешто ми смета во него ни сама неможам да опишам што. Јас и он се одкажавме од мн раб како излегувања со другари, другарки, одење по диска, но излегуваме постојано со парови и друштво. Љубоморни сме и двајцата многу. Јас оваа последна год од студирањето решив да ја поминам каде што студирам односно да седам таму, а тој оди во Скопје и тој таму ќе седи. Сакам да ја прекинам врската поради страв и затоа што немам доверба во него целосна, се плашам дека после се, ниту он имал врска претходно , ниту јас, дека ке посакаме нешто ново. Тој верува во нас и ме убедува дека ништо нема да се промени, но јас се плашам од тоа тој да стави крај на врската затоа што пред овие 4 год беше со мене кога тој ќе посакаше, а јас како будала го дозволував тоа. Е сега ме мачи истата работа дека тој може да стане како порано, иако во овие 4 години ми го докажа спротивното јас сеуште немам целосна доверба во него. Незнам како да постапам.
     
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Само кога едното = на другото, само тогаш е она вистинското!
     
    На infinity* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Интересно е што тие две работи некако одат заедно хаха.Ако го послушам срцето,разумот од нигде негде вели грешиш.Ако пак е обратно,тогаш си викам бори се,немој после да се каеш..Најубаво некој баланс меѓу овие две работи да се има,ама тешко..или или е работава.:)
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Девојче немаш потреба од сценарија и испади.
    Убаво си кажа и самата дека тој ти докажал дека те сака и почитува, 4 години врска не е за потценување зошто си ствараш непотребни проблеми?!
    Во една врска клучот за нејзиниот опстанок е довербата.
    Најлесно е кога сме заедно и кога ништо не ни фали, но тешкото и доказот на љубовта е кога е полошото и кога наидуваш на некоја препрека да знаеш да ја надминеш.
    Затоа стиснете заби и надминете го овој проблем.
    И престани да си правиш филмови во главата, наместо тоа фокусирај се на нешто паметно и живеј.
    Ако немаш доверба во твојот партнер и покрај се што прави за тебе како што велиш, тука ништо не ти помага, се осудуваш само на пропаст на врската ништо друго.
     
    На simoncelicius и infinity* им се допаѓа ова.
  14. infinity*

    infinity* Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да така е , значи проблемот е во мене и морам сама да го решам. Ти благодарам, добро ми дојде што го слушнав ова од друг.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кога сум го слушала срцето на крај сум сфатила дека подобро ќе било да го послушам разумот. А кога сум го послушувала разумот, жалев поради тоа што не постапив како што ми велеше срцето.

    Крај краева, интуицијата си ја следам веќе. До сега не ме изневерила.
     
    На Rama и infinity* им се допаѓа ова.
  16. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.739
    Пол:
    Женски
    Златна средина ;)