1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стара љубов, нови почетоци...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Annie.mk1, 1 јуни 2011.

  1. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Имав дечко со кој одев долго време ( година и седум месеци, кои можеби не се нешто премногу, но тоа е мојата најдолга врска хехе ).. Инаку типот ме сакаше премногу, не велам дека јас него не го сакав, едноставно не сум таков тип на девојче што ги покажува своите емоции на таков начин. На почетокот се беше окај се додека не стана НЕ ПОДНОСЛИВ т.н ПАПУЧАР.. Тоа мене многу ме иритираше и ме доведуваше во ситуација многу пати да ја прекинам нашата врска.. Иии секако, следуваа драми !! Често му велев да си најде друга, иако го сакав, мислев дека тоа ќе биде најдобро за двајцата. Конечно си најде друга. Се правевме дека не се познаваме, тешки периоди.. Се обидуваше да ме заборави, како и јас него. Сега по една година, повторно ми пиша. Чувствата биле се уште тука, ме сакал.. Не можам да одречам, но и кај мене е исто!!.. Проблемот е што и двајцата си имаме партнери, но се уште тајно се гледаме.. Што да направам ?!.. Дали е во ред ова ?! Или сепак да го прекинам се ова помеѓу нас ?!
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ако се сакате, не ги повредувајте тие околу вас. Кажете им се искрено и вие продолжете си..Но, внимавајте да не е само занес,и да изгубите нешто вредно, односно она што веќе го имате крај себе...Во секој случај не е убаво тоа што изневерувате.
     
  3. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Ако сеуште се сакате како шо велиш...би требало да прекините со вашите сегашни партнери...зошто не е убаво шо ги изневерувате...но пази да не згрешиш
     
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Проблемот е што он не може да прекине со сегашната девојка :) Но очигледно е дека јас треба да ја прекинам "тајната врска" ..Ви благодарам на советот :$
     
  5. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    зошто не може да прекине па нели викаш се уште имате чуства еден за друг?
     
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Се додека неможе да раскине со девојката,вие ќе се гледате тајно.Ризикуваш да си ја расипеш твојата сегашна врска а тој сеуште да неможе да раскине со девојката и да останеш без ниту еден.Можеби му е само изговор дека неможе да раскине,затоа што кога се сака некој се прави се за да бидеш со него.Внимавај и сама процени си ја ситуацијата.
     
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Не може да ја прекине врската од причини што моето и неговото друштво се против нашата врска... многу пати имаме прекинувано со други за да ние бидеме заедно, но упорно не ни одело.. Секогаш се наоѓал некој што ќе ни ја растури врската.. Од тие причини ние се согласивме на ваква врска да се гледаме тајно без никој да знае... :tmi:
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сте се согласиле да се мувате и што сега бараш совет. Како може да се дозволи некој да се меша во врската па и да ја растури ако е толку јака?!?
     
  9. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Најубаво е да прекинете и двајцата со партнерите.Се повредувате самите себе со тоа што не сте заедно а од друга страна ги повредувате и вашите партнери.Расчистете се и почнете од почеток.Ако вистински се сакате најубаво е да бидете заедно.позз
     
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ако се сакате...зошто се повредувате самите себе, а и своите партнери?

    Смирете се, свртете нов лист...почнете одново.

    Мислам дека е најдобро!
    Со среќа!
     
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Благодарам... Сепак полесно е да се каже отколку тоа да се направии :D :D Сепак ќе видиме што ќе направиме :*
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    се согласувам. :)
     
    На poizon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Абе како тоа друштвото е против вас па ве разделува?
    Во кој тинејџерски филм живеете.
    Ако сакате да бидете еден со друг што има друштвото да ви се меша?
    Поставете си граници, како може друштвото да ви се меша во вашите интимни работи... свашта :o
    Ама кој како ќе си дозволи, имаш 19 и дозволуваш друштвото да ти го диктира животот :x
    Што е со твојата личност девојче?
     
  14. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    многу гледаат шпански серии..забранета љубов
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако се сакате зошто да не пробате одново? Дајте си втора шанса, ако навистина сакате да сте заедно ќе ви успее. Но бидете фер и кон сегашните партнери, не им правете нешто зад грб, кога тогаш тоа се дознава и може да настанат проблеми.
     
  16. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Не е во тебе проблемот во него е, тој е Будала штом со тебе си фатил работа, вас не ви одговара ама баш ништо ако е добар многу е добар ако ве удри еднаш филм си правите од тоа, мој совет ОДИ ВО МАНАСТИР :devil:
     
    На poizon му/ѝ се допаѓа ова.