1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стара љубов

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Angelsi, 16 јуни 2010.

  1. Angelsi

    Angelsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Девојки еве вака.Мене ми треба итна помош бидејќи сум во безизлезна ситуација или барем јас така мислам.Мојата приказна е следнава:
    Пред 3 години се заљубив во едно момче кое е постаро од мене 10 години верувале или не сосема случајно.Не мислев многу (тогаш уште бев мала и незрела) и го прземав првиот чекор.Го пронајдов неговиот број и почнав да му пишувам.Тој иако е сериозна личност ме изненади како ги прифати моите на почеток зафрканции.Јас не му кажав која сум само му давав до знаење дека многу ми се допаѓа.Поради мое невнимание дозна која сум и стапивме во контакт.Се почна како детска игра.Почнавме да се дружиме да одиме на кафе секој ден и на почетокот не му пречеше нашата разлика во години.Јас за него дознав букално се бидејќи само тој постоеше во мојот живот.На прашањето дали има девојка секогаш добивав одговор НЕ.Како поминуваше времето неговото внимание кон мене беше се поголемо но само еднаш го достигнавме врвот.Еден ден сосема случајно излегов од дома и го видов со друга девојка за рака.Ми падна мрак пред очите и почнав да се распрашувам за неа и дознав дека му е девојка и дека е во врска со неа 2 години.Мојот однос спрема него се смени.Му кажав за неа а тој ме гледаше во очи и ме лажеше,упорно негирајќи и тогаш разликата во години почна да му смета.Оправдување зошто неможеме да бидеме заедно беа моите години.Јас неможав да се смирам бидејќи веке премногу го сакав.Не јадев,не спиев,попуштив во школо.Одеднаш престанав да контактирам со него и го игнорирав.Ми требаше многу време да го заборавам,зошто само што ќе успеев повторно се навраќав на него.Но некако успеав и си продолжив понатаму во животот.Но пред една недела се случи да се погодиме заедно на патување и моите чуства за него повторно се вратија.Неможам да поверувам како е тоа можно.Се чуствувам исто како пред 3 години.Тој се однесува подобро спрема мене викајќи ми дека сега сум повозрасна,позрела,муабетите со него се на друга линија.Покажува чуства но не такви како што сакам јас.Се е на другарско ниво а освен тоа тој уште е во врска со таа девојка и како што гледам сега и врската им е поозбилна.Јас сум целосно збунета го сакам,излегувам само за да го сретнам а пред да излезам се спремам по 2 саати за да му бидам убава кога ке ме сретне,се движам во неговиот круг и правам некои работи како порано.Сакам да е со мене но тоа за мене е невозможно..Сакам да знам што мислите вие и какви совети ќе ми дадете..
     
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас мислам да не се надеваш многу зашто тој веќе е во врска и тоа озбилна и плус 10 год. се многу разлика меѓу вас во случај да бидете заедно. Од тоа што го напиша дека те гледа другарски очигледно е дека те гледа навистина така и дека не планнира да ја раскине врската. Мој совет е да не се надеваш многу дека ако се повеќе и повеќе се заљубуваш и мислиш на тоа ќе се затрескаш и ќе се разочараш на крајот.Ова е мое мислење, што не мора да е точно, сепак ти си знаеш најдобро. Поздрав и среќно.
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Уште на почеток те лажел дека нема девојка, сама викаш дека во очи те лажел, па тогаш како можеш да имаш доверба во него и да го сакаш? Јас не би можела да бидам во врска со некој што знам дека ме лажел за озбилни работи. Веќе еднаш си успеала да го заборавиш, направи го истото и сега. Тој сигурно нема да раскине со девојката заради тебе. Може само да се смува со тебе и толку, а после само на тебе ќе ти биде уште потешко.
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Најдобро за тебе е да го заборавиш. Сега како што разбрав има петгодишна врска, и сигурно нема да ја остави девојката заради тебе. Мислам дека на тебе гледа како на дете и во почетокот те лажел дека нема женска бидејќи му било интересно и сакал да види до каде си спремна да отидеш. А ти залудно си ја трошиш младоста трчајќи по него, бидејќи свесна си дека тоа е невозможно... Најди си некој возможен за тебе и заборави го. Тоа е мојот совет, можеби звучам грубо ама тоа е реалноста.
     
  5. Angelsi

    Angelsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    фала ви на сите за советите,ќе пробам да го заборавам меѓутоа знам дека ќе е мн. тешко.Очекувам совети и од други :$
     
  6. Wind

    Wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    28
    Залудно е... Според мене..
    Мислам дека тој дечко уште од самиот почеток знаел што сака но ти си му била некоја нова интересна појава во животот која му пристапила на многу интересен начин... Очигледно е дека тоа многу го заинтересирало штом се нафатил да дознае која си и што си... Лагата не смееш да ја оправдуваш од негова страна и треба да сфатиш дека ти на некој начин си аутсајдерот во оваа приказна... Тој има свој живот а ти се појавуваш одвреме навреме и му го привлекуваш вниманието. Искрено незнам колку му била целосно “другарската„ помисла према тебе... Можеби има нешто повеќе. Сепак мислам дека ти си за него некоја интересна појава во животот, но само толку... :^) :( Мислам дека треба да продолжиш напред дефинитивно и колку што можеш да се трудиш да ги избегнуваш местата каде што е тој. Зацртај си ја таа цел во тебе и пробај да ја оствариш... Дури и кога би биле заедно, мислам дека би те повредил, таа девојка секогаш ПРВО на тебе ќе ти биде врежана.. Ти претходниот пат не си била причината за да ја остави таа девојка, ... Верувај ми дека нема и сега....
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    искрено,пред 3 години и не ме чуди зашто те лажел.му било интересно,не сакал да прекинеш да му обрнуваш внимание,а сепак ништо не планирал со тебе.
    но самиот факт дека еве и се уште е со неа треба да ти е знак дека да мислиш на него е само губење време.
    така што,за да си олесниш себеси,веднаш најди си друга "жртва" :D :D
     
  8. Angelsi

    Angelsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Девојки сите имате право,не сте први што ме советувате за истото ама сепак сакав да слушнам како некој што не ме познава гледа на тоа.Фала ви мн. за сите совети :*
     
    На Mekki030 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mekki030

    Mekki030 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Веќе една година сум вљубена во едно момче со кое што бев само една вечер.После него имам фатено дечко,но сеуште мислам на него и не можам да го заборавам... Знам дека тој има девојка и дека не можам да бидам со него.Што да правам,ве молам помогнете ми ?! ;(
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Сте биле еднаш заедно и најверојатно дечкото сметал дека на тоа и ќе остане. Ако не те побарал до сега, најдобро ќе ти биде да се трудиш да не мислиш на него и да ги окупираш мислите со друго нешто.
     
    На Mekki030 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не вреди да се трудиш, не вреди ни да мислиш на него...
    Тргни и ти по својот пат, не се надевај затоа што очигледно тој нема во план да ја раскине врската. Како што тој си продолжува понатаму со животот продолжи и ти. Окупирај ги мислите со нешто друго. Може нема да успееш да го заборавиш одма, ама во ваков случај времето е лек.
     
    На Mekki030 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. impossibleBlack

    impossibleBlack Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Знам како е да си заљубен и ние колку и да ти кажеме да го заборавиш сепак не е толку лесно.
    Пробај, зацртај си во главата дека немаш шанси кај тој човек, дека тој човек има девојка, сепак и годините не се малце разлика... знаеш и самата дека немаш шанси кај тој човек. Зошто залудно да си го трошиш времето со зафатен човек ?
    Јас на твое место за да го заборавам полесно, би го избришала бројот, не би идела на тие места кај што искача, едноставно би се трудела што повеќе да искачам со друштвото, и да си фатам дечко за да не мислам на него. :)
     
    На DirtyQueen му/ѝ се допаѓа ова.