Абе, многу е лесно да се морализира и осудува кога некој/а веќе има родено дете и знае дека нема никогаш да се соочи со ваков избор, или кога некој/а има едвај дваесет и нешто години и ни на крај на памет не и е дете да раѓа. Во „абортус“ една членка пишуваше дека, и да е силувана, нема да го абортира тоа дете. Ама никогаш ниту била силувана, ниту пак родила дете од силувач. Така и темава, се додека не ни се случи лично на нас, никогаш, НИКОГАШ, нема да знаеме како ќе реагираме. И тие кои навистина се развеле поради неможноста да имаат деца, да биле прашани пред да дознаат дека сопружникот е стерилен, големи се шансите дека би одговориле во стилот на „Јас? Никад!!!“ Колку и да звучи сурово, оној кој има проблем нема избор, сакал-нејќел ќе мора да се помири со ситуацијата. Булгаков многу романтично има напишано „Тој кој сака, мора да ја дели судбината на тој кој го сака“, но изборот партнер или дете е страшен. Јас знам што би избрала (партнер) но навистина не можам да ги осудам оние кои ќе изберат „дете“.
Помеѓу веќе родено дете и партнер... веројатно детето ќе го одберам. Велам веројатно, родителство немам искусено, но тие што искусиле велат дека нема поголема љубов. Но помеѓу непостоечко дете и партнер... партнер.
- Од моја гледна точка, повеќе подржувам развод доколку веќе не се поднесуваат партнерите помеѓу себе, тоа е причина за развод, а ради стерилитет, не би никад. И не сакам да ми се деси искрено, да бидам оставена, поради тоа и обратно. - Доколку има љубов, помеѓу двајца од кои едниот има проблем, тогаш све е решливо и има заеднички јазик околу таа тема. Доколку нема љубов, ондак... Се си е џабе. Дека во денешно време има доста начини и постои решение, само треба силна и јака волја. А кога има љубов, човека ништо не го попречува во своите намери, патот кон врвот е доста тежок и тоа е факт. Но, ако имаш сила и волја да се искачиш, ќе се помачиш, меѓутоа после од горе глетката... Е прекрасна! Луѓе, све е минливо и за се има решение.
Реално, колку сакате правдајте се, себични сте ако одлучите да оставите некого само затоа што не може да има деца. Ако сакаш некој, го сакаш до крај и безусловно, особено кога веќе си влегол во брак со таа личност...а не бидејќи е плоден и здрав и прав. А да би се работело за друго нешто? Недајбоже едниот доживува сообраќајка и останува инвалид, или добива некоја хронична болест. Во тој случај ќе го оставите? Никогаш не се знае што може да се случи. Ама веќе си одлучил да стапиш во брак, треба да си спремен на се'. Не велете само демек секој со своето размислување. Со тоа ваше размислување повредувате некого, нечија гордост, некој што ве сакал и се заколнал на љубов до гроб и што не е самиот виновен за таа ситуација. Можеби за нас тука нема некое значење тоа ваше размислување, но не сакам да се најдам во кожа на оној што ќе биде оставен, до која мера би бил повреден, а самиот можеби не би го направил истото. Лично јас не би. Никогаш. Или ќе го сакам таков каков што е, или воопшто не го сакам. Истото важи и за него. Би се обидела со сите начини, крај крајова би посвоила, пак ќе го сакам како мое. Па и да немам деца...ќе го сакам пак.Ако сум одлучила да го поминам остатокот од животот со него бидејќи го сакам, нема да го оставам сe' додека има љубов.
Не би сакала да се разделиме доколку се јави таков проблем, наместо тоа постојат решенија. Ако тој не е во можност да има свое дете тогаш може да дојде во предвид вештачко оплодување со донатор да речеме или пак ако не постои друга можност, и посвојување на дете е решение.
Мислам дека овие теми се премногу чувствителни и субјективни за да се расфрламе со мислења кои до некој степен се осудувачки. Додека не го почувствуваме ова на своја кожа или додека облизу не ја согледаме ситуацијава - невозможно е да тврдиме што е правилно а што е погрешно. Бидејќи кога станува збор за вакви важни животни одлуки сметам дека концептот за правилно и погрешно е аут. Секој си има желби и цели во животот како во кариерата или не знам, стекнувањето материјални добра така и во замислата за создавање семејство. Фер е пред да се одлучи да се стапи во брак ова да се испита. Затоа што брак е веќе нешто далеку посериозно од врска и без разлика на тоа дали еден пар планира деца или не, ова мора да се знае. Јас сум во една состојба во која е можно да останам неплодна. Искрено, далеку посериозно е и јас, колку и да сум нихилист, би била среќна ако останам жива после триста вакви компликации. Колку и да не сакам да си го признаам ова на себеси - реално е имам во предвид дека може да ми заврши животот. Со дечко ми сме во сериозна и стабилна врска и иако и двајцата сме млади и брак и деца не доаѓаат во предвид сеуште, во моментов полека полека почнуваме да живееме заедно и нормално е, ако продолжи вака убаво да ни оди, да очекуваме заедничка иднина. Нему му е многу важно семејството и од клучна важност во животот му е да има деца. Пред некој месец, сабота беше, бевме излезени и пиевме коктели. Јас сум ситничка така и лесно се опијанувам, тој немаше гајле. Ни беше многу убаво, зборевме за нас. И одеднаш, од никаде ми кажува „Знаеш дека ако останеш неплодна, ќе бидеш single нели? Ќе ми требаат години да те преболам ама ќе те преболам, мора така.“ И јас тука си помислив holy shiiiiietttt. Дали сериозно, додека сум во ваква тиња состојба, се дрзнува да ми плесне нешто вакво во лице наместо да ме поддржува. И сакав да реагирам емотивно но се закочив. Си реков, премногу си пијана. Кажи му дека е океј и разговарај за ова кога ќе можеш. Два дена ме мачеше ова и не можев да престанам да размислувам. И го прашав. Му викам, зошто ми кажа така? Да не е подобро да умрам? И ми рече - нема да се извинувам за ова затоа што ти знаеше колку сакам да имам деца. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе и имам само два dealbreakers - би ти раскинал само ако ме изневериш или ако си стерилна. И јас тука си реков... Ова е зрело. Ова е фер. Сурово е и не ми беше сеедно кога го слушнав но е фер човек да се стави себе на прво место кога станува збор за нешто од толкава важност. А врската ни е од убава поубава, здрава, стабилна, тој мене многу ме сака и ме почитува. Но што е фер, фер е. Можам да замислам колку е ужасна ситуацијата кога си веќе во БРАК и кога не е само хипотетичка мисла како што беше кај мене, и кога си дал се за некого за на крај да бидеш оставен поради нешто кое НЕ МОЖЕШ да го исконтролираш - Но мора да се знае кога треба, а кога на треба да се биде себичен во љубовта. Кога навистина сакаш некого ти е многу помило да е среќен далеку од тебе отколку да го гледаш покрај тебе, но празен и неостварен. За секого има по некој.
Дефинитивно е фер што ти кажал како размислува, но јас себе си се ставам на прво место и си викам - поважна ми е целосна подршка и љубов а не некој да ме гледа како машина за раѓање деца. Едноставно, знам дека неможеш категорично да кажеш - да или не за вакво нешто. Многу сме комплексни и секој со различни приоритети, но дефинитивно доколку сме лонче капаче и си се сакаме, нема шанси да го оставам заради репродукција.
^ Баш заради тоа што самата себеси МОРАШ да се ставиш на прво место, не треба никој да се моли и по никого да се трча. Фер е некој да си замине поради ова, но фер е и ти да продолжиш со животот. Тоа ми беше поентата.
Искрено, дечково после 10 години заедно, и се` што правиме заедно вака да ми каже... ќе му олеснам. Јас ќе бидам искрена и ќе му кажам дека сакам и заслужувам маж кој ќе ме сака и ќе биде со мене без оглед на се`. Да, за секого има по некој. За мене само таков доаѓа во предвид. Не верувам во условна љубов. Јас не сакам условно, и мислам прво на себе, па не прифаќам ништо помалку од тоа што го нудам.
Jas za nas konkretno ke kazam ne ni znaevme oti imame problemi koga bevme decko I devojka toa se otkri koga pocnavme da se obiduvame da ostanam bremena koga bevme vo brak veke I krajno ne iznenadi negativno spermogramot katastrofa moite hormoni strasno poremeteni a imav redoven menstrualen ciklus neznaev sto e menstrualna bolka I shok shok bese ova za nas so toa zborot mi e oti duri ne se ispita nikoj nemoze da znae predvreme daliima problemi ili ne a za pricina za razvod spored mene ne e pricina za razvod ako vistinski se sakaat mazot I zenata lesno ke go prebrodat I ovoj problem fala bogu barem denes ima napredna medicina a ima I posvojuvanje iako ova ne e tolku lesna odluka
Јас ви го разбирам младалачкиот полетен ентузијазам. Ама пред да наречете некого себичен, ставете прст на чело. Оти исто себично е и некој што не може да има деца, да го задржува другиот, иако другиот копнее по деца. Да не го пушта да ги следи своите сонови и желби, да се исполни на едно повисоко ниво од она што тој му го дава. Секоја прикаска има 2 страни, дај да не бидеме површни. Има луѓе кои ќе останат заедно без разлика на се. Има луѓе кои нема да останат заедно дури и ако едниот зема мала плата, затоа примерите со инвалидитет се нон сенс, оти секој случај е посебен. Факт е дека емоцијата со текот на времето се менува. Прогресира, расте, се намалува, се шири, ескалира. Не можете ниту да претпоставите какви причини кои сега не ви значат апсолутно ништо, еден ден можат да бидат одлучувачки или пресудни. Секој има право на среќа. Тој што ќе ја остави девојката оти е неплодна, ќе си ја најде својата среќа со друга. Ама и девојката која е неплодна на тој начин добива шанса да си ја најде својата среќа со некој на кој нејзината состојба нема да му преставува проблем. Ниту тоа значи дека претходниот дечко не ја сакал, ниту ќе значи дека нема да најде некој што ќе ја сака пак од дното на душата. Оние муабети од типот “јас тоа никогаш” ви важат овде, сега и само и само под овие моментални околности. Да ги кажете во идно време, се едноставно префорсирани. Никој не може да ја предвиди иднината.
Jas toa nikogas slobodno mozam da go kazam oti 13 god sum so mm I tolku vreme se obiduvame da imame deca
Јованти, мислам дека сме генерација, можеби си и помлада. Не можам да ја предвидам иднината, ама дека "ќе го разберам" партнерот, и било кого... тешко. Ете, не сум толку голем човек, немам толку добра душа и не разбирам. Не сакам ни да искусам таква "љубов", не мора да е деца, било што да е "услов" - а да е нешто што никако не зависи од мене. Секој случај е посебен, ама масовно трудни невести има и тоа не е случајно. За мене и моите морални вредности е погрешно. На крајот, сите може трудни да остануваат предвреме чисто за да се уверат дека партнерот не им пука ќорци, тоа не значи дека јас морам да ги разберам или да сочувствувам. Така што, посебно на темава, не би рекла дека е "младост" во прашање - многу од членките се повозрасни, мажени итн. П.С. Не знам како би задржала со сила некој покрај мене. Ако копнежот му е поголем за што било, ако себе се гледа среќен со било која друга... јас тоа ќе го сфатам како - не ме сака доволно.
Ако се оженил/омажил само за да има деца, да себично е тоа. Треба да има љубов меѓу партнерите, а не само да направат дете и толку. Еве и Камелија пиша, колку само трудни прават свадба, као мора прво трудна да се знае дека може да роди, па свадба. Тоа ми е мизерно.Јас и мм прво се земавме, па после почнавме со обидување за бебе. Имав два спонтани (вториот поради аномалија), па не рекол дека ќе ме остави поради тоа. Значи, сме биле заедно кога ни беше најтешко.
Се менуваат луѓето, се менува љубовта, се менуваат емоциите и размислувањата. Посебно кога станува збор за партнери кои се подолго заедно и на почетокот од врската немало дефинирани ставови или желбата на партнерот била несвесно прифатена како сопствена. По икс години и поминати стотици убави моменти, но можеби и проблеми и предизвици, или ќе те направат појак или ќе сфатиш дека не треба понатаму да се инвестира во тој брак. И тоа е тоа. Ако некој посакал деца а другиот не, најчесто тоа е само делче од мозаикот поради кој не се повеќе заедно.
Ни пред 10 години, ни сега ни во иднина нема да ми се смени мислењето зошто знам дека сум со вистинскиот човек. Кога човек ќе си ја најде сродната душа, без разлика на се сака со него да го помине животот. Доколку поради неплодност едниот партнер се одлучи за разделба, тоа значи дека не е со вистинската личност. Во еден пост пишував за мои многу блиски луѓе. Мажот премногу сакаше да има свои деца и можеше да има ама поради тешката операција на жена му останаа без свои, со посвоено дете. Тоа е така зошто и покрај сите маки ја сака, ја почитува и сака да го помине животот со неа. Скоро пензионери се веќе и имаат многу убав брак, живеат во хармонија. Среќни се луѓето што имаат таков животен сопатник.
@CameliaMiller јас тебе те разбирам. И сфаќам што сакаш да кажеш. И јас во овој момент и сега знам дека ништо не би ме натерало да го оставам, освен ако ме изневери, навреди или удри. Мене тука ми се повлечени црвените линии. Ама, има едно ама. Ако утре јас не можам да имам деца, а јас знам колку тој сака да има, треба ли да го држам до мене оти ние двајца многу се сакаме, притоа знаејќи дека тој не е целосно исполнет? Јас сама ќе се изедам од совест да му го направам тоа, и во случај тој доброволно да ја прифатил ситуацијата, цел живот ќе ме јаде мисла дека ради мене не се исполнил целосно. Вака грубо кажано. Би пробала се што се може, ако гледам дека не оди, или оди премногу бавно, ќе го пуштам баш оти го сакам и сакам да го почувствува и оној дел од среќата што му недостига. Иначе поголема глупост од прво трудна па свадба немам слушнато. Тука веќе и дискутабилно е колку има љубов. @Black girl сакањето да се има дете не ја исклучува под дифолт љубовта меѓу сопружниците. Има нешто што се вика емоционална исполнетост, што кај секој човек се манифестира различно. Некој е исполнет само од патувања и не сака ниту да помисли на брак и деца. Некој сака да љуби жена и да има деца оти само едното не му е доволно. Некој само да има жена му е доволно. Затоа не можеме да им кажуваме на другите што е правилно, а што не. И кој е себичен а кој не. Секој треба да прави како што чувствува.
Јованти, никогаш, никогаш не би држела некого или молела да биде со мене. Значи - да потенцирам - ние овие разговори сме ги правеле. Во име на темава, не му кажав зошто го прашувам - само го прашав, дали сѐ уште е со ставот дека би бил со мене дури и ако одлучам дека не сакам деца (не сакам, а не не можам), ми го даде истиот одговор од пред години... јас тебе те сакам, со или без деца. Ако имам деца, со тебе ги сакам. Мене ова ми треба. Јас лично не сум нешто заинтересирана за имање деца, не ги планирам, не очекувам, не се потресувам.. не живеам за тоа. Но, ако имам деца, би ги имала само со него. Зошто сакам маж што ми е доволен. И сум среќна зошто сум нашла маж на кој сум му доволна, таква каква што сум. Некој што не се труди да ме промени, некој што не ме ограничува, некој што не ме тера да бидам нешто што не сум. И некој кој ме сака со сите маани - и некој кој себе многу се жртвува заради моја болест. Да не го опишувам односот на дечко ми и мојата болест... линк до постот. Јас не би го избркала од себе. Нит лажам, нит глумам. А ако сам одлучи да си замине поради тоа (посебно ако не можам, а сакам да имам деца), значи дека сите години ме лажел, а сѐ ќе простам полесно од лага. И себично е, да. Себично е што воопшто може да се замисли со друга. Исто како да ме изневерил. Мислам... не е само деца во прашање. Живеење со друга е. Друга треба да сака. Како да му простам или разберам таква работа? Ако му е само до деца, знаеш, може сурогат да се најде, може нели и донирана јајце клетка, може милијарда работи.... ама треба да ме сака. Ако не ме сака... сѐ ќе му биде премногу. И да, тоа намерна трудноќа пред брак ми е мизерничко. Поарно нек земат да се испитаат, ама.... сТрамота е тоа.
@CameliaMiller пак ќе кажам, јас тебе те разбирам. Зошто и јас сум во иста ситуација. Знам тој што се направил за мене, како се носел и се носи со мојава состојба и плус ние имаме и дополнително надворешни битки и притисоци. Оти такви ни се земјите. И сеуште сме одлучни дека јас и него нема што не би можеле заедно. Тој е мажот на мојот живот. Мажот како маж не те ограничува во таа смисла. Еден куп околности кои со текот на времето се менуваат, можат да ограничуваат. Целиот муабет ми е дека сега под овие околности јас и ти и тој мислиме вака. Може после 10 години тој сеуште исто ќе мисли кога ќе го прашаш, а може и не. И тоа не значи дека те лажел. Значи после се што поминал со тебе за што сама си свесна и пишуваш за истото, не можеш и не смееш да го обвиниш дека те лажел само зошто ако еден ден посака пелени да мењава, а ти не можеш. Не знам зошто под дифолт мора љубовта да се исклучи. Како и да е. Пак ќе кажам, само зошто ти така мислиш и само зошто тебе те исполнува една работа, не значи под дифолт дека другата работа е неправилна, нема љубов или е себична. Сега вака мислиме. Да сме здрави и живи за понатака.
Самото тоа што е способен да има што било со друга, да живее и создава со друга... Изневерување е. Јас така го доживувам, можеби премногу субјективно, но едноставно, после Х години заедно, наеднаш да се разбуди и да му текне дека може туку така да ме остави и да си создаде “семејство“... предавство е. Не оти ќе го спречам, ама нема да можам да разберам..