1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стравот од разделба не ми дозволува да ја живеам сегашноста

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од infinity*, 30 август 2015.

  1. infinity*

    infinity* Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Во врска сум 4 год. Претходно бевме заедно, па не бевме знаете како оди тоа во помалите години. Се сакаме, и јас го сакам знам дека и тој ме сака. Но јас изгледа имам проблем со мене, што не ме остава на мира. Излегуваме, се движиме но јас секогаш како не задоволна, лута, намуртена, во текот на денот 5 пати ќе се искарам со него и без причина, ќе го избришам од фб, ќе избришам слики..а тој постојано ми се јавува, еднаш ако не ми се јави кога ќе се прибереме навечер и ми каже те сакам, иако тоа го правиме пред да се испратиме се лутам...значи се однесувам како дете... знам дека сетоа ова ќе го оддалечи од мене и нема да бидам свесна што ми се случило. Јас не знам да уживам со него една минута ме нервира некое негово однесување, и во другата минута јас не можам без него. Кажете ми како да престанам да бидам давеж, што да правам, како да го направам да биде среќен, а не мене нешто ако не ми е во ред него да му се истурам. Предобар е и не го заслужува тоа, а јас сакам да се сменам и за себе затоа што и јас постојано сум напната, а го сакам и сакам да бидам со него. Јас најверојатно имам проблеми со ниска самодоверба што ме прави да бидам човек на кој постојано му треба доказ од дечкото дека ме сака... ама не оди ова вака. Што да правам, ми требаат вашите мислења.МНОГу!!Јас постојано се скарувам крај е пораки пишувам, бришам се што можам, а можеби сетоа ова го правам затоа што тој само тогаш реагира и ми покажува дека му значам, ама не може бе јас да имам потреба некој на 2 мин да ми кажува дека ме сака, не може само тоа да ме прави среќна, мора да најдам начин да се спасам од оваа состојба за да се спасам и себе а и врската, и тој да ужива кога ќе биде со мене а да не се плаши дека од ништо може да настане огромна караница со плачење.
     
    Последна измена: 30 август 2015
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Колку и да те сака, ако продолжиш така да се однесуваш еден ден ќе му пукне филмот и нему, ќе му досади од тоа и ќе те остави. Ти се преоптоварена со едно големо ништо. Се грижиш за ништо, правиш драми и проблеми за ништо. Не можеш постојано од него да бараш да ти кажува и докажува дека те сака, самото тоа дека е со тебе во врска значи дека те сака, нема за што да се грижиш. Зошто да си ја уништиваш среќата и постојано да бидеш загрижена и напната? Биди малку позитивна. За промена, почни да мислиш на убави нешта.
     
    На Feather и infinity* им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Како да си помогнеш?
    Самата кажа оти си свесна за твоите психички проблеми, тоа од целава ситуација ти е плус бидејки си свесна за состојбата во која се наоѓаш.
    Не ми е јасно при свесност за се ти сеуште неможеш да се промениш?
    Какво е тоа секојдневно бришење слики и блокирање од се со човекот?
    Зошто го малтретираш и секојдневно му приредуваш нервози со твоето никакво однесување?
    А кога планираш да се промениш?
    Кога веќе ќе биде касно за се? Или...

    Па побогу бре никој не ти е должен да ти ги трпи твоите безпотребни испади и напади, смени се пронајди решение искорени го тоа недолично однесување од главата ако сакаш да бидеш човек и жена што го заслужува твојот партнер.

    Мислам извини за дрскоста но кога ќе прочитам вакво нешто навистина неможам да се воздржам, штом си свесна за се што правиш тражи помош и чаре додека не е прекасно и додека на крај ќе останеш сама без луѓето што ги сакаш а свесно ги повредуваш, можеби тек тогаш ќе се свестиш за работите што ќе ги изгубиш.

    Твоето однесување со префрлања блокирање и бришење е недолично и еднакво на несозреаност.
    Ако после секоја ситница и кавга ставаш крај на твојата врска на овој начин верувај ми дека нема ништо да добиеш туку ќе загубиш и тоа многу, треба да сватиш дека ниедна врска неможе да фунционира на овој начин а камоли брак, една врска бара доверба, зрелост, подршка за да успее, умешност во справување со најразлични ситуации.

    Незнам колку години имаш но треба да се вразумиш и да сватиш дека треба да се промениш, во 4 годишна врска си, незнам како партнерот ти ќути и после се но не верувам дека засекогаш ќе го трпи твојот детски однос.

    Посети психолог, потруди се, проработи на својата психа бидејки вака само тонеш, да успееш не ќе можеш.
     
  4. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе се надополнам и ќе ти препорачам да си најдеш некое хоби кое те релаксира кое те исполнува и смирува, а исто би ти и препорачала физичка активност немора да одиш со некој оди и сама.
     
  5. corapka

    corapka Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Оваа вечер изгледа сакам да филозофирам и во детали да објаснувам. Ама кога го прочитав ова што си го напишала, неможам. Истата јас до пред 3-4 месеци само со малку по благ степен на расправии. Без бришење од фб, слики ова она. И знаеш како се „излечив„ ?
    НЕ ГО ПРАВИ НЕКОМУ ОНА ШТО НЕ САКАШ ТЕБЕ ДА ТИ ГО ПРАВАТ. Размисли ја темелно реченицава.
     
  6. capricorn1501

    capricorn1501 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2017
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    И јас имав ваков страв на почетокот, кога ние се фативме првите 2-3 месеци беше ок, но после тоа уз муабет го прашав за бивши, кажа имал само една пред мене, но ме уби како да имал сто.Биле во предолга врска, плус симпатии од мали, бурен живот имале заедно, со многу секс, многу излегување, состаноци, носење дома, нивните на шала се викале сватови, мајка му постојано ги прашувала кога свадба, ја гледала како кралица, сеуште контактира со нејзините.Нејзината преселба ги разделила, но си правев филм дека ке дојде во Македонија и ке го заведе, ми беше страв да се опуштам, имаат заедничко друштво, дури дечко ми кажа дека многу ја сакал и се си мислам дека не ме сака доволно, дека поубаво му било со нејзе.
    Некогаш се случуваше тој да излезе сам со пријатели, се мислев дека ме лаже и дека ке го начекам некаде сам како ја преболува, неможев никако да уживам.
    Помина време и решив да не се замарам, па што е тоа е.На моменти ми е гадно кога ќе ми текне, но се надевам на подобро.Не сакам да ја зборам и да се карам за да не се скараме и да не си расипам врска.Го сакам навистина.