неколку пати сакав да пишам на форумот ама се предомислував и сега решив да го споделам мојот проблем овде и да слушнам други мислења и совети.пред пет години имав дечко и се скарав пошто пиеше и ме малтретираше.не сакам да навлегувам многу во детали,само ке казам дека ми се закани дека ке ме убие ако не се смириме.настана голема збрка,заминав надвор од македонија.претрпев голем стрес.по извесно време се се среди и јас се ослободив од стравот.по време разбрав дека бившиот дечко се женил и заминал австралија,а мене многу ми олесна.почнав да излегувам,не се плашев,како нисто предходно да не ми се случило.по неколлку месеци почнав да се плашам.веке четири јас живеам со страв.не излегувам,не сакам да имам контакт со луге.другарками често ме бара да излезиме а јас не одам.по цел ден дома седам и чистам.немам воља да се нашминкам и да излезам а и се плашам дека некој ке ме повреди,дека ке ме убие.имам страв од сите луге.само дома да седам,да јадам,да пијам и да спијам доволно ми е. бев на псохолог и ми даде апчиња ама јас ги пиев само извесно време пошто многу ми се спиеше и како зашеметена бев.сега пијам само асентра 100 мг ама како да не е доволно.еден период сум ок а друг со страв живеам. сакав ова да го споделам со вас со цел да ми дадете некој совет или имате да споделите исто искуство,или можда знаеете некој апчиња што сте ги пиеле. поздрав
страв ми е да излезам од дома Не знам дали си развила и фобија од отворен простор или едноставен страв. Тука не верувам дека некој може да ти помогне,но фино е да пробаш со психолошки советувања, когнитивно-бихевијористичка терапија или психодрама. Мислам дека многу повеќе ќе ти помогнат, отколку таблетите. Не мислам,туку тврдам. Во секој случај пробај да го рационализираш стравот и почни по малку.
страв ми е да излезам од дома Нема од што да се плашиш тоа било и поминало далеку е сега тој. Знам дека има такви луѓе и треба да сме внимателни. Мене лани ми се случи тоа. Еден дечко (се беше ок со него додека тој не сакаше врска а јас не, едноставно не беше мој тип. )6 месеци не ме остави на мира секој ден кога ќе ме видеше ме скубеше ме вреѓаше еднаш успеа и една врска да ми уништи и со сила ме тераше да имаме секс ама јас не му попуштив. Еднаш дојде со ножици да ме ошиша ама среќа другарка ми беше со мене и таа ме спаси некако да не беше сега можев да замислам каква ќе сум сакаше и мастика у коса да ми стави -.-' . Сепак знам дека тоа е страв, јас со страв одев на училиште. Па ми бидна тешко дури и отидов на психијатар и сега конечно помина се. Само не треба да се плашиш и ти имаш некои права и тебе никој неможе да те истепа или убие ќе плати за тоа.
страв ми е да излезам од дома Како што ти кажаа девојкиве, мораш да одиш на психолог, само професионалец може да ти помогне, ние овде што и да ти кажеме не би знаеле како стручно лице, и една друга работа нема потреба да имаш страв од луѓе, не се сите исти има и стварно добри.
zdravstveni-problemi/anksioznost-t580/ Еве тука имаш доста информации и искуства на други со слична состојба
Што се однесува до терапијата, убаво ти препишал психијатарот, не може да ти се малку Асентра од 100 мг, мислам дека таа беше најголема единечна доза, не ме фаќај за збор. асентрата спаѓа во групата со најселективно дејство и има најмалку несакани последици. Потребно е извесно време да почнат да делуваат апчињата, поради намалување на осетливоста на рецепторите, како последица на зголеменото ниво на серотонинот кој е одговорен за антидепресивното (антипанично и антиопсесивно) дејство. За намалување на несаканите ефкти земај ги заедно со храна. Нема зошто да се плашиш до толку кој е па тој да те замара еее и тоа било одамна сега тој којзнае каде е може си ужива негде се шета, брка девојки, ти се замараш дома за некојси будала. Нема зашто да се плашиш, а ако мислиш дека има веројатност повторно да те нападне, пријави го во полиција. Ама јас мислам дека ова се твои лични ставови и паники. Не се оптоварувај го глупости, не си го уништувај животот и младоста. Со среќичка
Тоа јас го викам “продолжен стрес“. Се` тоа што си претрпела мора некогаш да избие на површина, особено кога страв поврзан со нешто од минатото е во прашање. Знам и јас имам поминато низ тоа. За среќа мојот психолог не сакаше да ми даде апчиња, туку одев на разговори и советување и успеав да се изборам. Тој ми рече дека повеќе лично би му одговарало да ми даде апчиња и да ме испрати, но сакал јас самата да покажам воља да се извлечам од тоа, а таа воља ниту едно апче нема да ти ја даде. Затоа, послушај ја Лилит што се тиче изборот на терапија.
немој да се затвораш дома, со тоа ништо не решаваш еве јас можам да ти препорачам психолог кај кои што јас одам на разговор ординацијата се вика Психеа, а докторката се вика Билјана адреса: бул.Илинден 42/2 место: Скопје телефон: (02) 3237 888 телефон 2: (02) 3216039 -овој е телефонот на докторката, се закажува, и работи со сини картончиња ти посакувам срека, и немој да се плашиш, за секој проблем постои решение.
фала многу,ке пробам кај оваа докторка.инаку мојот психолог само ке ме праша што осеќам и што сонувам и толку.ке ми кажи кои апчиња да ги пијам и толку.се некако набрзина.фала уште еднаш
Ова е многу лоша работа имам комшика некои 28 години низ истово помина,за среќа ниту еден проблем не е нерешлив нејзе и дадоа ЛОРСИЛАМ веќе две години ѓи пие сега почна и да работи сите и помагаат само стресот знае да се повторува веројатно и кај тебе е истото,мајка и мислеше дека со неа е толку,па еве си има дечко почна да си работи само терапијата ја зема редовно и се си дојде во нормала.Не плаши се само верувај во себе и верувај дека ниту еден проблем не е нерешлив.Само лекови немој да земаш на своја рака туку само со консултација со доктор.Биди ми Поздравена
и јас го имав истиот проблем минатата зима се плашев да излезам од дома се пресоблекував во шпајз-дури и мајка ми ме фати, се некој ме манијачел ме следел кога ме виде др. Логи Гоговска исто ко дамла да ме удрила ме прегледа и ме прати на психијатрија горе на клиника па не ме пуштаа да влезам дури два пати страв ми беше да влезам да се избањам а проблемот се состоеше во мојата недеволна самодоверба ама кога живнав им покажав на сите дека јас МОЖАМ да живеам најнормално, се вратив во нормално.
Нема потреба од паника а не пак да не се излегува од дома пак има луѓе, што може да направи еден дечко или бившиот, сегашниот..
moze li iskustvo da mi pisete koj ima so dotor nikola olumcev do 8 mi septemvri bolnicata dali bil nekoj kaj nego i dali mu pomognal
Со апчиња само ќе те клука, не е трплив да те ислуша од каде ти е состојбата во која што се наоѓаш, повеќе бара за себе да зборуваш-односно како ти се чувствуваш. И тоа, ако сакаш појди ќе ти даде терапија. Инаку многу смирено и опуштено делува, а и таков е.Пробај