Драги феминки, се извинувам за долгиот пост но имам сериозен проблем.Со дечкото кој што бев во врска пред некое време се регистриравме затоа што врската беше за никаде и се надевав дека ќе се промени, но стана уште полошо. Истовремено студираме и двајцата, и неговите цело време се против тоа, сакаат да се отпишеме и да живееме кај нив и цело време прашуваат кога ќе имаме деца, инаку јас сум 22 тој 26, сеуште е рано и сакам да поживеам, но веќе немам никаква поддршка и барам совет од вас.Моите не се за да се разведам и многу сум им лута, викаат дека тешко ќе најдам друг, а што е уште полошо забременив и кога кажав за абортус мајка му кажа дека несака да ме види. Моите ми рекоа дека доколку абортирам да си бришам семејство од главата бидејќи нема да можам да имам деца, ќе ме гледале сите чудно и немало да можам да најдам друг. Им објаснував дека се земав со него од страв но тие ми кажаа дека никој после 23-24 не раѓа, и ми викаа дека абортусот е со милиони пари а знам дека не е толку, 1000 или 2000 евра.. Не осеќам среќа и цело време сум затворена и тажна, сакам да го абортирам но немам поддршка.Што е најдобро да направам? Има ли некаде некоја заштита за жени? Сакам да не ми биде вака, не викам дека не сум крива но немав излез. Попуштив навреди, мм на почетокот сегде сам излегуваше, признавам дека не ми е убаво, цело време ме прави неспособна дека незнам да работам по дома и дека немам најдено работа за пари, и ќе полудам..Ве молам за совет!
Зошто си избрзала со одлуката неможам да разберам,многу е лошо кога од погрешни причини стапуваш во брак...Каде е маж ти во целава ситуација,што вели он за бебето ?
vrskata ne cinela pa si se omazila za da ja opravis...pa samo po tri meseci i bremena ostanuvas...mislam deka nekoi raboti treba dobro da se obmislat pred da se napravat,pogotovo koga e brak vo prasanje... ne e igracka sakam pa nejkam....sigurno tvoite imaat dobra pricina za nivnoto odnesuvanje ...ne se plasat deka ke ostanes nemazena -nesto drugo e vo prasanje?!toa i treba da go znaes najdobro
A бе, една од најлошите причини за брак покрај она „ни` се згреши“ е надеж дека партнерот ќе се смени. Ама не дека разочарување не можело да се случи по неколку години солиден брак/врска. Може триста фактори да влијаат. Премногу се комплексни овие односи за да се одреди. Вака можеби подобро што порано да се реши тоа. Само треба да се разграничи дали е оваа постојана состојба или е некоја криза... а тоа тешко се одредува. И аман од тие муабети „нема друг да најдеш/сите се исти, па има и полоши...“ и сл. Не од шо има исти такви па и полоши, туку од тие муабети многу луѓе седат во бракови во коишто не се среќни и исполнети како што треба. А и те како влијаат во овој свет на асоцијалност и затвореност. Како па баш и бременост се случила... тешка ситуација.
Ауууу воопшто не ги оправдувам твоите родители? Каде живеат тие? На 22 години нема друг да најдеш? Здрава, права, образована девојка? Тебе каде ти е самодовербата?
Ништо, сега ти останува уште една глупост да направиш. Да абортираш, се разведеш и треснеш главата од зид а потоа да завршиш факултет и бараш работа. А тој маж да не е овој што тука си пишувала http://forum.femina.mk/threads/Љубовни-проблеми-и-совети.243/page-480#post-1449768
Да. Сакам да го направам тоа но моите се против, незнам ни што после, не ми се верува дека навистина ќе биде така, затоа што со деца се разведуваат и пак им е ок..Многу ми е страв!
Ако навистина е истиот дечко за кој што си пишувала во љубовни проблеми, бегај со време што подалеку. Сега и да ги истрпиш притисоците од околината за останување во тој брак кога тогаш (во најскоро време)ќе ти пукне филмот како што сега ти е пукнат. Ако тој на 26 уште е студент и не работи, а тебе те тера да работиш за пари тури му пепел. Ништо нема да те обвинуам зошто си постапила така. Најди некоја тетка, стрина некој што ти е навистина близок и побарај поддршка. Не размислувај што после, животот продолжува. Ако пак толку си исплашена за твојата безбедност има центри каде што можеш да пријавиш семејно насилство. Ах бре родители. По секоја цена ги втурнувате своите деца во невоља. Немало да се омажи, срамота било. Жими мајка. Подобро детето да е само и среќно отколку некој идиот да ти го малтретира. Или вашата девиза е: Сама си го бираше па сега трпи. Ееее не се трпи.
Значи ние што имаме 24+ години да се обесиме според мислењето на твоите пошо никад нема да имаме деца . Како бе вака влагате во брак без визија и без замисла за иднината. Врската не чини па ке се земеме.Врската ако не чини се прекинува додека е време а не се продлабочува со што ке напраите опса опса свадба. Браков денес стана шала жими се. Никви вредности,никаква љубов...Не сакам да сум сама,нема да најдам нов па ајде ке се тегавам со шмоглето што сум сега и ке се надевам на подобри времиња. Ц Ц Ц алал да ви е а на храброста. Ја едни штикли коа идам да ги купам 10 пати ги мислам дали да ги земам или да почекам може ке најдам поубави, вие остатокот од животот го решавате со 2 потега па после комшијата е крив што темиве се преполни со вакви постови и жалопојки. Што да ти кажеме ти си знаеш најдобро и маж ти каков е ,и твоите дома какви се и најбитно од се ти каква си и што сакаш од животот.Ако не па да дојдеме на гости колективно од Фемина кај твоите и да им кажеме дека на 24 години тек почнува животот а не е крај на свет ако си сам не омажен или неоженет. Јаз'к бре !!!
Визијата ми беше да завршам факултет, но мм викаше не е тоа битно, сакав да патувам ми викаа ти требаат 5000 евра најмалце за тоа, незнам како си замислуваш такво нешто Сакав да проживеам, ако ова е доволно...
Оф бе навистина тешка ситуација но те молам не се секирај пошто нее добро за бебто секако и за тебе верувај во подобро утро иако е тешко знам но сакам малку да те охрабрам.Види сега во секое лошо има и некое добро можебии доброто кај тебе е тоа што си бремена значи сега е тешко уште тоа фалеше но гледај од позитивната страна можеби тоа дете кее најубавото нешто во животот ке имаш надеж ке живееш за тоа дете кога веке неможеш да абортираш мисли вака.Немој да бидеш под стрес знаеш дека нема добро да биде за двајцата ти и детето мислам.Незнам незнам што да ти кажам друго тешко е кого замислените нешта не се остваруваат но помири се со тоа.
По муабетов делуваш несозрена и неспремна за брак а за мајка па... Ти си одговорна за секоја постапка. Ниту некој ти стави пиштол на слепоочница кога се венчаваше, ниту дете кога правеше. Точно знаеше каков човек венчаваш и точно знаеше веројатност за бременост. Каков ќе биде бракот никој не знае, ама со кого ќе биде треба да се знае. Ај малку собери се и доста со ова ми рекоа она ми рекоа. Сите испаднаа криви сега. Нема кривец. Реши што сакаш и врши ги процедуралните работи.
Девојче/жено. Под итно превземај чекори и напуштај мрачна заедница. Возрасна си за да одлучиш дали ќе го задржиш детето или не. Со таков човек како што го опишуваш немаш иднина. Уште малку ќе почне и да те тепа. Сепак едно не ми е јасно. При очи слепа да бидеш. Зошто? Не верувам дека родителите се единствена причина што си влегла во тој брак. Откога имаш пишувано во љубовни проблеми поминати се 2 години. Да беа 2 месеци ајде де. Ама 2 години се период. Зарем не увиде до сега дека тој човек не е за тебе.
Можам да абортирам, сеуште има време. Инаку мм вика многу фантазираш, многу мислиш..Незнам што да правам
Заинтересиан е, но сеедно му е дали е рано или касно. На 22 не сум била веќе млада, требало милиони за да имам живот а вака било најдобро роди и чувај. Не сваќа дека сакам да излагам, да шетам мисли дека тоа не е во ред.