1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од ЉУБОВ

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tylanni, 8 март 2011.

  1. Tylanni

    Tylanni Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Hi! Со никаква навреда кон сите кориснички и корисници на овој форум сакам да кажам just for the record дека не сум некоја јака форумџика, ама сакам да започнам/отворам тема, надевајќи се дека до сега не била активирана некоја од овој жанр. Моиве 24 годинки (кои за некои се смешна цифра за женска недоволна созреаност) ми донесоа една мала траума (не знам како некој друг би ја декларирал, сметам дека не грешам). Поминаа скоро 6 години од кога една од моите платонски љубови сексуално ме злоупотреби (сексуална злоупотреба - и не е толку поубава фраза ама не боли толку како кога ќе речеш 'ме силуваше'). Неколку месеци пред да ми се случи тоа, станав 'виновна'. Можеби и ден денеска премногу трескам глава од ѕид, но сум онеспособена да чувствувам (чувства подлабоки од сексуална привлечност или симпатија кон личност со добро распоредени црти). Некои од вас сигурно ќе ме прашаат дали го пријавив гадот во полиција... одговорот е НЕ. Знам дека требаше, но во тој момент ситуацијата беше таква што ќе буткав ѕид со глава. Моите 18г. ВЕРСУС неговите 30г. Можеби и сестра ми е во право, СЕКОГАШ ИМАШ ИЗБОР! Но ... АКО НЕ ШУТНЕШ НЕ МОЖЕШ ДА ПОСТИГНЕШ ГОЛ! Малку забегав од темата што сакам да ја изградам сега. На враќање само ќе кажам СЕ ИЗВИНУВАМ што гњавев со своето патетично минато.
    Знам дека постојат доста девојки, а и момци кои го имаат истиот страв како и јас (можеби тој не дошол по истиот пат како и во мојот случај, но се појавил и постои) и ако тој/таа некој/а се 'шетка' од време на време по форумов... ве молам споделете со мене како се справувате со стравот?
    Признавам, скоро 2 години после дешавката имав страв пак да легнам со маж/дечко. Сега е сменето. Стравот од легнување во кревет се претвори во некој вид омраза, одбивност... што знам како да се изразам. Како некој да ми ја извадил љубовта со голи раце у сред ноќ и сега се ми е сведено на еден one night stand кој понекогаш покажува ветувања за продолжување на рокот на траење. Но кога се случува тоа, ме фаќа паника, почнувам да се губам, да ме нема. Да не кликам на ANSWER дугмето од телефонот, или се кријам на случајни среќавања по улица и слично. Пријателите ми средуваат blind dates ама што фајде? Не ја гледам потребата да имам маж/дечко во животот....
    Како луѓето како мене (ако ве има такви тука) се справувате со тој страв?
    Треба ли да почнам да барам стручна помош?
    Дали стравот е... за... заувек?
    Како повторно да си ја вратам довербата (не во спротивниот пол - во љубовта)?

    Колку и да ве има што делиме иста судбина во однос на љубовта - јас ви благодарам на сите оние кои ќе се обидат да ме посоветуваат - ШТО ПОНАТАКА...
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.299
    Допаѓања:
    101.403
    Пол:
    Женски
    Како прво не давиш воопшто. Сепак сметам дека треба да побараш стручна помош за да ти помогне да заборавиш и да продолжиш со животот. Во тоа нема ништо срамно.
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со Нена2010, девојко тоа што си го доживеала е тргично и жално, многу ми е жал што некој гад те повредил, а уште повеќе што не ги сносил последици за неговото недело...мислам дека е нормално по еден таков чин да имаш одбивност кон сексот и недоверба во љубовата, најди стручна помош олесни си ја душата, исплачи се, испразни се...можеби е касно да биде казнет за тоа што ти го направил, но не е касно за тебе..за твојот живот..не се сите исти, не се сите кретени...Многу ми е жал што постојат вакви манијаци и никој не заслужува да го доживее тоа што тебе ти се случило :(
     
    На Tylanni и nena2010 им се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Е ова е прва и основна работа.
    18 години со 30 годишен!
    Не го кажувам ова во контекст дека годините (не) се мерило за зрелост, туку во индивидуалната разлика.
    Со твоите некогашни 18, иако не си била веќе девица, не можеш од 30 годишен маж да очекуваш да те држи за рака и само да те бакнува.
    Јасно е дека тој има сексуални нагони кои би требало да ги задоволи, а ти ако не му даваш.. а си со него, тогаш.. или би ти раскинал, како впрочем што и би требало да направи.. ако е НОРМАЛЕН или ќе те силува.
    Пошо го одбрал психопатскиот начин..тебе ти создал траума.
    *искрено јас не би си дозволила да одам со некој 12 години постар од мене.
    Мислам дека би биле на ептен различни бранови должини, што нема да донесе многу среќа.

    Траумата не може никој да ти ја излечи освен самата ти.
    Ако толку се осеќаш неспособна,како што рече погорната членка, побарај стручна помош. Нема ништо срамно или лошо во тоа.
    Она што ти го имаш направено.. си изградила ѕид околу тебе и не сакаш да се отвориш,ниту да пружиш шанса.
    То е сосема нормално да го правиш после доживеана траума, ама бидејќи си 24,а се поминати години и години редно време е да почниш да се дружиш и да бидиш поотворена кон машкиот пол.
    Ќе наидеш на полоши.
    Ќе наидеш на подобри.
    Но,како тоа очекуваш да имаш некој покрај тебе, а ниту бараш,ниту те интересира, ниту сакаш да дадеш воопшто шанса некој да го запознаеш подобро?
    Let it be.
    Секое машко е приказна сама за себе.
    Некогаш викаме "сите се исти".. не се.
    Секој оној кој ќе го запознаеш да ствараш индивидуална слика за него,а не да ти се враќа онаа генералната што ја имаш створено за некој идијот.
    Во случајов си и ти и тој твојот 30 годишен.
    Како прво треба да размислиш кои се МААНИТЕ кога се впушташ во таква авантура,а тој да размисли дали е сосема во ред да го прави тоа, на негови 30.
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.
  5. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Tylanni многу тажно минато имаш оставено зад себе..т.е. не си го оставила,се уште е тоа тука во твоето секојдневие,кое ти попречува да ги видиш и убавите нешта во животот...мислам дека многу се затвораш во себе си...поразговарај со некој близок од фамилијата на оваа тема,ако немаш позитивни резултати побарај стручна помош...сепак изминале 6 години,а ти си заглавена некаде во минатото...мислам дека колку повеке го оставаш проблемот нерешен,толку повеке се зголемува :) А на прашањето дали стравот е тука засекогаш...НЕ Е ! :) Со твоја упорност и со помош на стручно лице,ке го решиш твојот страв...Тажно е и болно е кога ке помислам низ какви моменти имаш поминувано,но никој не може потполно да те разбере...само ти си знаеш шо се' си претрпела...Затоа главата горе и само напред...не се срами да побараш помош...менталитетот наш нема никогаш да се промени,а ако ти побараш помош од стручно лице,единствено за тебе ке си направиш да ти е подобро...позз и се надевам дека ке не послушаш ;) :*
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tylanni

    Tylanni Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пред се ви се заблагодарувам од се срце за советувањето... Ashling, да во право си за тоа дека немало да ме шета низ град фатени за рака. Вистината е тоа што ние не функциониравме така. Бев свесна во што се впуштам, знаејќи ја годишната разлика, не само поради годините туку и поради искуството. На 18 години ми беше се некако интересно, некако бунтовнички се поставував кон се што ми доаѓаше во животот. Кога тоа се случи повеќе бев изненадена отколку исплашена. Ништо што тој правеше не алудираше на таа случка. Можам да кажам, со мало преувелучување, дека ме чуваше. Поклони и цвеќиња без повод, јавувања само да чуе глас... За момент делуваше како некој лик кој секоја од нас посакува да го има во животот. Спомнав реченица која ми ја кажа сестра ми: СЕКОГАШ ИМАШ ИЗБОР! Да, имав избор да не излезам со него таа вечер, ама како би знаела што следи понатака?
    Имам еден испуштен факт во првиот пост, не напоменав дека сепак продолжив напред со животот, не застанав под некоја крошна од убави спомени тешејќи се дека некогаш ќе се вратат или пак ќе ги доживеам повторно. Не се сомневам во тоа дека и на моето тенџерче ќе му стави некој капаче. Проблемот е во тоа што немам повеќе доверба, а полека ја губам довербата и во себе. Премногу сум уверена и убедена во тоа дека мене не ме заслужува никој, а спротивно на тоа свесна сум за тој ѕид и бариера/барикада што ги имам изградено/поставено околу себе и во себе. Од тој момент навака, немам желба за продлабочување на односот девојка - дечко. Се некако ми се сведува на кеиф. Ако ми е кеиф, ке го направам тоа, ама веднаш потоа губам интерес, мислејќи дека не вреди да се обидувам понатака (без разлика дали ќе остане на еден бакнеж или пак сексуален однос). Не верувам повеќе во љубов. Сега како што стојат работите не ми е тешко да го пребродам тоа, на некој начин и го оставив зад себе. Темава што ја отворив кажува се. Не ми е повеќе страв да легнам со некого, ја немам веќе таа помисла дека може да ме повреди. Не може да ме повреди повеќе од она што веќе сум. Ми е страв да засакам. Ми е страв да се отворам. Не мислам дека сите се исти. Верувам во тоа дека секој е индивидуа сам за себе, но се плашам од љубов. Еднаш посетив психијатар, но ми кажа дека со тек на време ќе се потиснат тие спомени и дека се ќе се врати во нормала. Е сега како да ја вратам довербата во љубовта???? Како да ги извадам оковите кои сама си ги ставив?
    Би сакала да исцедам од вас девојки уште некој вреден совет... ако не ви претставува проблем... уште еднаш ви благодарам на досегашните совети и мислења... можеби мислите дека ништо не сте сториле со неколку збора, но не знаете дека многу ми помагате... ви благодарам!!!
     
  7. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Годините не се никаков показател дека нешто лошо ке се случи, проблемот овде бил во личноста од спротивниот пол , кој веројано има црти на манијак.
    И тоа што ти се случува денеска е нормално, затоа што ти имаш трауми од твоето сексуално искуство , кои со време ке избледат или ке ги потиснеш или сама или ке треба да побараш стручна помош со која ке дојдеш до истиот резултат. Тие трауми се твојот одбрамбен механизам да не се случи повторно истото. Но не се сите такви и треба што побрзо да разговараш со психијатар , психолог. А стравот секогаш се победува која со истиот ке се соочиш , но сепак претпазливо и без брзање ,затоа што ако е избрзано и се случни нешто лошо повторно , тогаш ке се најдеш во многу полоша состојба од оваа што си сега.
    Но биди јака , мораш да си ја вратиш самодовербата тоа е најбитниот фактор за опстанок и да одиш понатаму.
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Вака, само немој да се навредиш те молам не ми е тоа намерата, како прво почни повеќе да се почитуваш себе си и сопственото тело, немој да легнуваш со некого само од ќеиф, нормално е да имаш потреби, ама немој, едно време апстинирај, не се впуштај туку така во сексуални односи, велиш дека никој не може повеќе да те повреди од она што веќе си повредена, си го надминала стравот од сексот, сега е на ред љубовта....Според мене сексот треба да биде со некого кон кого имаш имаш барем некакви чувства, дозволи си да го запознаеш дечкото подобро, обиди се да најдеш нешто посебно кај него, нешто по што тој ќе се издвојува од толпата, отвори си го срцето, дозволи си да бидеш сакана и да сакаш, дај му шанса на потенцијалниот додворувач, на пр. не го гледај само како средство за задоволување на потребите, гледај го како личност, како човек со емоции, како некој кој можеш да го сакаш....ако бидеш барем малку сигурна дека тој е тој, тогаш целосно предади се и со срце и со тело...Пробај да веруваш во љубовта, таа постои и искрено се надевам дека ќе ја пронајдеш и дека ќе ја искусиш, навистина заслужуваш после твоето горчливо искуство. :)
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.299
    Допаѓања:
    101.403
    Пол:
    Женски
    Јјас мислам дека сепак си преживеала траума. Дали си била девица или не тоа не му дава за право така да се однесува со тебе. Како и да е, убаво е што си отворила тема овде, зашто не си едиствена со ваков проблем. Сепак мислам дека за твое добро најубаво ќе биде да разговараш со психолог. Не психијатар, психолог. Ние можеме да ти бидеме подршка и ќе ти бидеме, но твојот проблем е покомплексен. Особено затоа што си влегла во нова фаза, на едновечерни секс шеми, бегање од нешто подлабоко, а се тоа води до еден затворен круг од кој колку подолго си во него нема лесно за излезеш. Млада си, побарај помош. Не е срамно, не е страшно туку напротив, и со самото тоа шти ти сваќаш дека твоето однесување после траумата не е нормално, и нема подбрување, зборува за тоа дека ти си на пат да оздравиш и да се опоравиш. Ти посакувам се најдобро и живот исполнет со мноооооогу љубов.
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не си била свесна, само си мислела дека си доволно зрела за таква врска.
    Многу девојки го прават тоа, нормално кој би претпоставил дека тој некој има задни намери.
    Се држевте за рака се додека не му дошло преку *цензура* и 30 годишен маж со девојка не можи само да мастурбира.
    Сака да си ги задоволи потребите што е разбирливо, она што не е разбирливо е начинот на кој што го направил тоа.
    Затоа вината е на двајцата.

    Сите во животот сакаме да пробаме некои работи мислејќи ги за предизвик и дека ќе ги издржиме, дека ќе не направат подобри и поискусни.
    За некого тоа е групен секс, за некого дрога, за трет врска со многу многу повозрасен од него,а уште не ги навршила нејзините teens.
    Таква ни е природата, никој не знае во што се впушта, бидејќи понекогаш нема знак што би можело да ти укаже на сосема спротивното.
    А, интуицијата не ни е на сите добро развиена,а некои од нас не се доволно ни цврсти личности да стават крај, пред да доживеат кулминација, за на крај веднаш да се спуштат најдолу.

    Неговото однесување е џентлменски. Се однесувал сосема пристојно.
    Она што воглавном секоја девојка би сакала да го има од својот партнер.
    Мали слатки изненадувања,кои те прават многу посреќна, отколку оние кога одбележувате само годишнина или денот на вљубените нели?
    Но ние не знаеме да разликуваме гест од добрина и често ги мешаме тие поими.
    Тоа се случи и кај тебе, затоа дојде до таков стадиум да страдаш буквално.


    Не си се затворила дома меѓу четири ѕида, што е за пофалба.
    Но, ти всушност се затвори во себе и тоа не можеш да го надминеш никако.
    Не чекај на тоа "само по себе да дојде", оди пронајди го, земи си го, ако е твое.
    Сите сакаме сами работите да ни се случат, па да речиш ете се случи,ама не е така.
    Многу труд, волја и храброст се потребни за да излезеш од тоа твое стаклено ѕвоно и повторно да му погледнеш на животот во очи.
    24 имаш, млада си.. имаш уште премногу искуства за да доживуваш,а не можеш.

    Запомни : За да надминеш некој страв,треба да се соочиш со истиот.
    *Во случајов не ти алудирам да се сренеш повторно со него, туку да се обидеш повторно да бидеш старата ТИ, да не се понаша бичарски према машкиот род и кога ќе дојде до тоа да легнеш со некого, да пробаш да го надминеш тој страв.
    Не е лесно,никој не рече дека ќе е.
    Имаш бааѓи трнилв пат пред тебе кој треба да го поминеш за да стигниш до ливадата,ама потруди се.
    Ти не се ни трудиш,затоа не можеш да успееш и оставаш се во рацете на судбината.

    Ти не ни даваш некому шанса.
    И мене ми праи ќејф да ме легнe сега во моментов Јason Statham,aма нема.
    Ти интересот го губиш пред време,затоа не успеваш.

    Знаеш имам на една тема пишано, си имав поставено критериум за машко какво сакам. Со црна коса да е убавезно, да е ваков да е таков.
    Уствари ми се деси да ги најдам со плава коса.
    Обратно од критериумите мои и мојот личен ќејф.. сепак доживеав некои ствари кои не сум ги заборавила.
    Тоа е така можеби затоа што ко ќе го запознам, како што ти реков.. гледај го како индивидуа, поединец, а не како генерална слика за тоа какви се машките.


    Да не чекаш некој да ти го донесе клучот, туку сама да го пронајдеш.
    Соочувањето со работите ти е најголем страв, не љубовта.

    Во моментов ко сама да се прочитав. :)
    Љубовта не може да опстани сама од себе.
    Бара труд.
    Некогаш ќе добиеш многу помалку од тоа што ќе изгубиш, но ќе бидеш задоволна.
    Можеби ќе ја загубиш таа гордост, но да знаеш ќе бидеш подобар човек.
    Кој би сакал ладна девојка покрај себе?
    Не чекај некој прв да го скрши мразот,па ти да возвратиш.
    Биди ти таа, што ќе го направи тоа.

    Не може постојано да си среќна или несреќна нели?

    Секое добро, се надевам дека малку ти помогнав.
    Уште ова да ти напоменам.
    Тоа што си го надминала стравот, не значи дека си се соочила со него.
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Некои грешки во животот скапо чинат. Со поголема самодоверба во себе а ако чувствуваш потреба дека неможеш сама да се справиш тој проблем побарај стручна помош. Треба да живееш во иднина и да го заборавиш минатото, ама со таква траума малку поспоро ќе оди ама ќе мораш самата да го надминеш минатото. Треба да почнеш да веруваш во љубовта дека постои и ќе ја најдеш. Таа е насекаде околу тебе и не ја заобиколувај.
    Ајде дигни глава високо и да те читаме во други теми дека си заљубена :inlove: . Ти посакувам се најубаво.
     
    На Tylanni му/ѝ се допаѓа ова.