1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стрес

Дискусија во 'Психологија' започната од Meggy, 13 јануари 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    stres

    Ако ти се јаки лековите, појди си пак кај лекарот, што ти ги препишал лекарствата и кажи му за сите овие симптоми што ги имаш. Кажи си дека ти се премногу јаки овие, пак можеби ќе ти ја намали дозата или ќе ти препише други лекарства.
     
  2. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    stres

    оди на тема анкциозност мсилам дека ке можи малку да ти се разјаснат некои работи можи и ке ти олесни малце еве ти линкот ако веќе ен ја знајш темата поззз zdravstveni-problemi/anksioznost-t580/
     
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    stres

    периодов ми помина во стрес и трауми и мислам дека ке пукнам неможам векееееееее не функционирам како што треба
     
  4. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    stres

    самиот начин на живот, кој ете го прифаќаат сите, сакале не сакале е стресен. нон стоп се трчи некаде, секаде има рокови, па и за пријавување во социјално, како да после нема да бидеш социјалец или невработен!
    седнете некаде, било каде, на клупа во парк сеедно, размислете пола саат и доволно е!
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    stres

    стресот е нешто најлошо што може да му се случи на човек
    но затоа постојат начини да се ослободиме од стресот
    курсеви за пилатес, јога, танци, учење јазици, медитација,дружење со позитивни личности

    како и секој човек, и јас сум под стрес многу често
    (особено за време на ПМС-тогаш се ми се пореметува, и многу лесно излегувам од контрола, дури и за ситници :lol:
     
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    stres

    дали е можно да ми се имаат појавено повеќе бели влакна од стрес ..полагам некои тестови па.... периодов само се нервирам.... мислам дека фали катче на форумот за нас кои по факултет бараат работа и неможат да најдат ... за да си се пожалиме и да се тешиме еден со друг ;(
     
  7. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    stres

    Можно е,и мене исто...и јас имам неколку а немав воопсто,а за моте 24 год е мн рано тоа...од стресови и нервози е тоа.
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Стресот ми е секојдневие, и не само на мене туку на сите. Тешко се справувам со него, некогаш неможам да функционирам нормално. Се смирувам со убава музика, книга или излегување. Сите имаме такви периоди, таков е начинот на живот во денешно време.
     
  9. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    i jas isto taka se custvuvam,i mene mi e strav deka ke nemozam da si go iscuvam deteto,neznam kako ke pomine ova izlagam setam se trudan da nemislam na losi raboti ama se mi e kako vo magla,segde prisustvuvam kako da ne prisustvuvam,bev i na psihijatar mi dadoa heleks ama prestanav da go pijam mnogu mi e jak i me tera celo vreme na spienje si go zapostaviv i deteto,sega nepijam nisto cekam samo po sebe da pomine,i jas baram nekoj sovet kako pobrzo da si pomognam da ne se custvuvam vise vaka pozzz
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Јас постојано сум под стрес,со малата,со мажи само кои чекаат на се,фамилијарни проблеми,немање социјален живот.Не можам навечер да спијам,се тресам,под градите нешто кога спијам Ме тресе,на која и страна да се свртам не можам да спијам.Се реков се вракаме од Мк септември малата в градинка,така ми препорача лекарката,затоа што не можам сама се,можам да се разболам да паднам в депресија :|
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Мене стресот најмногу ми влијае врз менстуацијата :worried: Секогаш ми касни, многу ми е нередовна, направив милион испитувања и тестови да не е нешто друго проблемот, ама гинекологот ми вика дека ми е на нервна база. Е па не можам нервите да ги контролирам! :|
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ооо стрес, па кај си бе стрес од коа не сме се виделе |( Сенката моја. Значи стресниот хормон убедливо најмногу се лачи кај мене. Нема што, и затоа ќе ја искористам оваа прилика да го поздравам.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Стрес-Слободно може да се каже болест на 21 век.Покренувач на сите механизми на организмот,број еден причинител на скоро сите болести во синергија со други ризик фактори.
    Колку и да го избегнуваш-тој е неибежен.А свесни сме за неговата штетност
    .
    Стрес - во психологијата, состојба на телесна или психичка напнатост, која резултира од фактори што имаат тенденција да ја менуваат постојаната рамнотежа. Стресот е неизбежен ефект на живеењето и особено е сложен феноменот во модерното технолошко општество. Се поврзува со коронарната срцева болест, психосоматските нарушувања и други ментални и психички проблеми. Третманот, обично, се состои од комбинација на советување или психотерапија и медикаменти.

    Животот е проследен со многу случувања кои не притискаат и не доведуваат до стрес. Да научиме како да го надминиме и победиме, прво треба да разбереме што е тоа стрес, како настанува и како функционира. Луѓето се разликуваат според тоа што е стресно за нив. За оние кои сакаат промени и авантури може да биде стресна едноличната работа и без промени. За оние кои сакаат рутина и сигурност, стресна е работата во која промените се чести. Она што за едните е забавно, за другите може да биде прилично стресно. Самосвесните луѓе умеат да излезат на крај со стресот и да го искористат за свои цели. Она што за една личност е огромна и незаобиколна препрека на патот, за другата е само едно скалило кое треба да го прескочи на патот до успехот. Ние сами го оформуваме своето доживување на реалноста. Начинот на толкување и доживување на реалноста може да биде најголем извор на стресот или најдобро орудие против стресот. Нивото и начинот на поднесување на стресот може да се менува со годините. Многу проблеми и болести се последица на нивото на стрес кој е над нашата способност за толеранција

    Позитивен и негативен стрес
    Колку и чудно да звучи, стресот сам по себе нема вредносна конотација. Тој може да биде позитивен и негативен зависно од личноста и начинот како таа реагира на настанот. Да се присетеме: Реалноста е неутрална, ние и даваме и придодаваме значење. Дали им придавате преголемо значење на некои проблеми? Дали сте преокупирани со негативни мисли? Дали повеќе внимание им придавате на лоши аспекти на животот отколку на добри? Позитивен стрес се сите случувања кои даваат возбудливост на животот и активираат поголемо ниво на нашата енергија. Натпреварувањето е стрес. Иако можеме да уживаме во тоа, силните чувства кои не поттикнуваат на некои високоенергетски активности се стрес. Стресот може да не покрене на активност, на поснажно доживување на животот. Љубовта и вљубеноста се стресни. Животот е стресен. Недоволно стрес може да го направи животот досаден. Може да не успие. Негативен стрес е се она што предизвикува алармна реакција на нашиот организам, реакција "бори се или бегај" и активација на симпатичкиот нервен систем. Стресни случувања предизвикуваат силни емоции, пратени со одредени физички и физиолошки одговори. Тие се контролирани од симпатичкиот нервен систем, нервно ткиво чија функција е да го припреми организмот за случај на опасност, за борба или за бегство. Овој типичен образец на одговор настанал во дамнешните времиња кога човештвото било соочено со бројни физички опасности. Иако опасностите со кои се сретнува современиот човек се многу поретко од физичка природа, нашето тело реагира како да се. Телесните реакции на стрес се следниве: Зениците се шират да пропуштат повеќе светлина, потењето се зголемува смалувајќи ја можноста од повреда на кожата. Крвните садови поблиску до кожата се собираат за да ја смалат можноста на крварење при евентуална повреда, а во мозокот и мускулите се шират да го зголемат дотокот на кислород. Срцето бие посилно, а крвниот притисок се подига. Нормално, кога стресните случувања завршат, луѓето се смируваат, особено ако можеле да направат нешто да излезат на крај со таа опасност. Да побегнат од опасноста или да се изборат со неа. Но, ако тоа не се во состојба, доаќа до акомулација на стресниот одговор и можно оштетување на здравјето.
    Које е вистинската мерка на стресот и каков стрес ни е потребен?

    Стресот не може да се елиминира и не треба потполно да го елиминираме. Може да се смалат изворите на негативен стрес. Можеме подобро да се организираме, појасно да ги дефинираме целите и менаџментот на време и така да избегнеме стрес кој произлегува од хаотичноста, преоптеретеноста и несигурноста. Можеме да научиме како подобро да излеземе на крај со стресот. Да го употребиме во наша полза кога делува мотивирачки на нас и да ја смалиме и отстраниме вишокот и негативните ефекти на стресот.

    Симптоми на стрес

    Aкни или премногу сува кожа,желба за храна,болки во вилицата,крварење на непцата,шкрипење-бруксизам со забите,дијареа или опстипација(запек),главоболки,нередовен циклус.

    Совети како би можел да се ублажи

    Консумирајте повеќе овошје,зеленчук,избегнувајте тешка храна,газирани пијалоци ,алкохол и кофеин кога сте под стрес
    -Внесувајте доволно витамини-витамин Ц,Е ,магнезиум....
    -Одвојте барем половина час во денот за прошетка
    -На работа правете почести паузи макар и по 5минути
    -Најдете хоби,работете почесто во градината
    -Релаксирајте се со тивка музика
    -Не игнорирајте го социјалниот живот
    -Неделен одмор. Тој е многу важен, иако многу често во недела имаме обврски кои треба да ги завршиме. Важно е да се организираме во текот на викендот да се собере семејството барем на кратко време.
    Годишен одмор. -Во траење на десет до петнаесет дена, поволно делува на организмот, како да сме ги „напониле батериите“ за нови активности. Најдобро е , секако доколку имате можности, да имате два одмори од по 7-10 дена и тоа еден во зима а другиот во лето.
     
    На J.Ivanoska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Некогаш стресот е корисен,во мала доза.За да се свестиме,за да направиме нешто,за да се заозбилиме за некои работи,ама големата доза стрес убива! Јас овие последните 6 години сум постојано под стрес.И коста ми обеле ( е за ова плус и гени),и ми се појавија камчиња во бубрег,кожни проблеми и што не,само ради тоа.Кога си под стрес,ќе падне имунитетот и готово...Страв ми е дека порано нешто ќе ме стрефи,и онака си имам лоши гени...
     
  15. Isabeau

    Isabeau Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Нервоза, негативност, стрес - како со нив?

    Драги припаднички на понежниот пол,

    имам 20 години и сум цело време под стрес, нервозна сум, негативна сум, имам страшни испади на нервоза и правам лоши работи во таквите нервозни моменти кога кулминираат. Причините за тоа и самата ги знам: имам семејни проблеми, финансиски, и ред други работи што ми висат над глава цело време и ми вршат преголем притисок. Работата е што овие работи ги знам во смирена состојба и свесна сум дека не постои човек без проблеми и дека се се решава, но сето ова ми испарува од глава кога некој, нешто или било што ќе ме изиритира и ќе почнам да се полнам со сета негативност што постои и на крај пукам. Ради тоа страда дечко ми, се карам со сите околу мене, не можам да си спроведам контрола над животот. Ова вече трае со години, од почетокот на пубертетот и имам чувство дека никогаш нема да престане. Чувствувам како си го губам здравјето и колку се попесимистична станувам и свесна сум дека нема долго да издржам веке затоа што се полошо и полошо станува, се плашам дека ќе почнам да имам сериозни психички проблеми. Би сакала да посетам психолог, но не можам да си дозволам.
    Ве молам, помогнете ми што да сторам за да имам поубав живот, пробувам на сите начини да се борам со оваа лошотија, ама ништо не помага.
    Однапред благодарна,
    Isabeau
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Читај ја фемина :) Тука многу постови ми помогнаа да се расположам и да размислувам поинаку :) А и гледај да се релаксираш,тоа што најмногу ти годи музика,прошетки,топли бањи,нешто што нема да те прави нервозна.И секогаш кога си нервозна и сакаш да се изнавикаш,прво број до 10,помага.Пред да кажиш нешто за што покасно ќе се каеш.Светот е таков,сите се нервозни,но,пробај да не се замараш и преоптоваруваш со нервозните луѓе околу тебе.Кажи си дека се ќе се среди и мисли позитивно.
    Ако знаат другите нека напишат некој совет плус. Поздравче :*
     
    На Isabeau му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мене некогаш стресот толку многу ме напаѓа, што чувствувам дека желудникот ми е како мешалка за малтер :| Обично кога имам испити целата сум под стрес, нервозна сум, се ми пречи, а кога се ќе заврши добро - можам малку да одморам и психички и нервно.
    Најстрашното е што не можам да го контролирам. И сето тоа резултира со нередовен циклус, нездрав живот, паднат имунитет... А за поголемиот дел од здравствените проблеми кои ги имам, на лекар ми кажуваат дека ми се на невна база. :|
     
    На pinkylady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Добро кој/а накаков начин го победува стресот ?
    периодов сум под тотален стрес што цела снага ми се тресе, и вилицава ми трне ужасно :( џабе ми е Б6 и музикана тапа :doh:

    Имате некој посебен начин на победување на стресот ?
     
    На Isabeau му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски

    А да пробаш медитација,јога,убава книга да читаш(онаа особено моќта на позитивното мислење) Ако имаш када наполни си ја,со меурчиња направи си,мирис на лаванда смирува,ама тогаш да пробаш да немислиш на ништо! Ако ти дојди нешто на ум,речи не сега и смени во друга насока :) Мисли за лето,за нешто убавп што сакаш да ти се случува...Секој ден сме под стрес,ама број до 10 и диши длабоко,кажи си дека не треба да се нервираш за глупости. :*
     
    На Leticija-petrolicka и WildCherry им се допаѓа ова.
  20. Leticija-petrolicka

    Leticija-petrolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    14
    Јас мислам дека стресот може да се реши само со јога.Јас одам на јога и само така успевам да го контролирам стресот:имав многу лош период и само тоа ме спаси.Медитирајте ви ветувам дека ке ви биде полесно.А ако не знаете како запишете се на јога нема ништо да изгубите само можете да добиете.Поздравче до сите.