Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сува коса без сјај

Дискусија во 'Коса' започната од jasmin, 19 ноември 2009.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што имам сува коса, се одлучив овде да ја објавам статијата за мојата лична нега на косата со оглед на тоа што може да им биде од корист на оние кои како мене имаат сува и тенка коса. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав

    Како ја негувам мојата коса

    [​IMG]
    Здраво драги мои,

    по големиот интерес за статијата во која го опишав мојот личен режим за нега на кожата, се одлучив да напишам една и за косата. Целта на оваа статија е да со вас споделам сѐ она што за мене лично функционира, колку пати неделно ја мијам косата, начинот на кој ја мијам, производите кои за мене се must have и секако кои маски и третмани најчесто сама си ги приготвувам дома. Јас имам сува коса, така да советите и производите кои ќе ги најдете во продолжение одговараат токму на овој вид на коса.

    Миење на косата

    1. Шампон

    Во нормални услови косата ја мијам двапати неделно (секако при физичка активност кога многу се потам или летно време на море ја мијам и почесто во зависност од ситуацијата и потребата). Користам секогаш многу благи шампони со убаво избалансирани формули (за ова веќе подготвувам една статија и ќе ви ја објавам многу скоро) и секогаш ги разредувам со вода пред да ги нанесам на косата. Во едно чисто шишенце од потрошен шампон најнапред ставам мал дел од шампонот а потоа ставам вода и на тој начин го разредувам. Имам приметено дека вака разредениот шампон е подобро да се нанесе на темето на главата, затоа што без разлика на тоа колку еден шампон има блага формула сепак за темето на главата претставува шок доколку директно се нанесе.

    [​IMG]

    Во деновите кога пред шампонирањето не ставам никаква маска, маслен третман или путер за коса, доволно е само еднаш да ја измијам косата, но кога претходно правам маслени третмани или нанесувам разни маски или путер за коса, правам две шампонирања на косата со цел убаво да ги измијам маслата од неа, затоа што доколку убаво не се измие маслото, кога косата ќе се исуши ќе делува масна како да не сме ја измиле.
    Како што веќе напоменав користам убаво избалансирани шампони (формулата на состојките и сурфактантите е многу важна) и од оние кои за мене се покажале фантастични на прво место се трите од линијата на Alverde и тоа:

    - шампонот за коса од авокадо (наменет за сува коса)
    - шампонот за руса коса
    - шампонот со к'на и маслина (наменет за волумен и висок сјај на косата)

    Летно време го користев и шампонот на Gamarde наменет за честа употреба, особено за оние кои имаат чувствителна кожа на темето, и можам да кажам дека е многу деликатен шампон, одлична формула, а сепак убаво измива.

    [​IMG]

    2. Регенератор (балзам)

    Имам пробано многу регенератори или балзами за коса, меѓутоа со оглед на тоа што имам сува коса за мене најдобро дејство даваат производите leave in, односно оние кои не се измиваат. Најчесто овие производи сама си ги правам со оглед на тоа што поголемиот дел готовите производи на пазарот содржат силикони. Еден од моите омилени регенератори кои не се измива е оној со веќе готов балзам. За неговата подготовка детално говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_4.html. Секако го правам со убав производ без силикони (во мојов случај користам маска за коса на Schultz).

    [​IMG]

    Исто така како производ за нега на косата кој е без измивање го правам и спрејот со алое вера гел кој одлично ја хидрира и храни косата. И за него веќе говорев ама еве сепак ќе ви ја повторам постапката. Потребно ви е:

    - 50 мл вода (најдобро деминерализирана);
    - 50 мл масло (може да користите едно масло или пак комбинација од повеќе масла, важно е да не преминувате повеќе од 50 мл);
    - 10 мл гел од алое вера (може а и не мора)

    Во едно празно спреј шишенце ставете ја најнапред водата, потоа маслото и на крај гелот. Доколку немате гел спрејот ќе биде доста функционален и само со маслото. Гелот од алое вера ќе му даде додатен навлажнувачки ефект на самото влакно, а со тоа и поголема хидратација.

    Убаво помешајте ги сите состојки и протресете пред секоја употреба.

    3. Маски, путери и третмани за коса

    Е, тука навистина многу експеримнтирам и менувам во зависност од она што го имам дома на располагање, но и од ефектот кој што сакам да го постигнам на самата коса. Од производите на пазарот досега ги имам користено маската за волумен на Casyopea која навистина дава многу убави резултати http://biodevojka.blogspot.mk/2015/05/casyopea_25.html и путерот на Alverde http://biodevojka.blogspot.mk/2015/07/alverde.html.

    [​IMG]

    Од домашни маски и третмани обожавам третмани со чисти масла (кокосово, масло од ленено семе, маслиново, арган) во комбинација со етерични масла, потоа разни путери како чист шеа путер или пак путерот која сама го приготвив и за кој веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/09/blog-post_14.html.

    [​IMG]

    Третманите секогаш ги нанесувам на благо навлажнета коса, со оглед на тоа што на сува коса се врзвуваат со маслата природно присутни во влакното и при измивањето ги носат истите со себе и резултатот е сува коса. Водата креира еден вид на бариера каде маслото сепак го храни влакното и делува врз неговата надворешност, без притоа да успее да навлезе длабоко во неговата структура. Откако ќе го нанесам маслото, путерот или маската, одозгора најнапред ставам најлонска ќеса а врз неа пешкир. Доколку не е жешко времето, загревам 2 мин. со фен и оставам така да делува најмалку два саати, а понекогаш и преку ноќ за подобри резултати.

    4. Серум за коса (за врвови)

    Како серум за врвови и како замена за лошите силиконски капки, секогаш на влажна коса (пред сушење) или на сува откако ќе ја исушам, нанесувам една до две капки арганово масло или пак мала количина од путерот кој го направив. На овој начин косата добива сјај, а и самите масла дополнително ја хранат.

    5. Пена и лак за коса

    Многу ретко употребувам пена за коса. Ја имам пробано пената за коса на Alverde, меѓутоа забележав дека доколку често ја употребувам ми ја суши косата. Лак за коса не употребувам речиси никогаш иако еднаш се обидов и да го направам сама од природни состојки (и за тоа ќе говорам во некоја наредна статија, секако доколку има интерес)

    Сушење на косата

    [​IMG]

    Мојата коса е природно виткана (благо виткана, крупни локни), меѓутоа кога сакам да ја исфенирам тоа најчесто го правам на следниов начин: по измивањето на косата, нанесувам балзам спреј кој не се измива и косата убаво ја сушам со фен (или природно ја оставам да се исуши доколку е топло). Кога ја сушам со фен, гледам колку е можно повеќе фенот да го држам на што поголемо растојание од косата со главата наведната надолу за да и дадам и поголем волумен. Кога косата е скоро сува, поминувам со фен и четка за да ја исфенирам. На овој начин косата помалку се оштетува од фенирањето. Никако немојте косата да ја чешлате додека ви е мокра, затоа што тогаш влакното е најосетливо и лесно се крши, и резултатот ќе биде оштетена коса. Додека ви е мокра може да ги користите вашите прсти како чешел и нежно да поминете низ неа за да ги раздвоите прамените. Дури кога поголемиот дел од неа ќе биде сув, тогаш слободно може да поминете со чешел или четка.

    Ете драги мои, ова беше мојата нега на косата и она што јас го правам за да имам здрава и убава коса. Секако како што напоменав мојата коса е сува и тенка и се обидувам максимално да ја хранам и негувам користејќи квалитетни природни и органски производи.

    [​IMG]

    Каква е вашата нега на косата и што најчесто користите да го задржите сјајот и убавината на истата? Вашите коментари и искуства се повеќе од добредојдени.

    Поздрав

    Вики
     
  2. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    8.882
    Јас го користам ова за сува и оштетена коса е и помага :D :*
    [​IMG]
     
    На Viki693 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    каде да го најдам ? и која цена е?
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    8.882
    Во дм во сити мол 279 денари е :D :*
     
  5. SuperGirl02

    SuperGirl02 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Дали можете да ми кажете било каков ПРОВЕРЕН лек за многу многу многуу оштетена коса? Имам природно кафена боја,се изглупирав да се правам омбре и тоа сама.Ставив хидроген и бланш за да ми падне мојава боја,па се офарбав,значи сега косва ми е К А Т А С Т Р О Ф А.Ај тоа,туку и од многу пеглање ми е изгорена,а сакам и да ја скратам,ама ептен голем волумен имам и ако ми е кратка изгледам како чадорче.(facepalm) Ама морам да ја кратам,и да ја вратам во живот што побрзо,сериозно ми е катастрофа.. Ова веке не е коса туку сено дефинитивно;(
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Ножици се лекот.
     
    На elimkd и fallenangel им се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    ^^Ако имаш многу волумен, ќе ти ја поизретчат на фризер :)Офарбај се некоја нијанса слична како твојата природна, пеглата подалеку и домашни маски му е мајката.:mm: Е сеа ќе потрае процесот, ама ќе бидеш многу задоволна.
    Имаш една купица рецепти за домашни маски на форумот. Бурични по темиве:)
     
  8. Garbar

    Garbar Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас ист случај како тебе,јас ке се правев плава (facepalm) ама се решив и ја скратив,неможев да се поднесам,а башка имам виткана коса,ама јбг,морав ;(. Бидејќи не сакаш да ја кратиш ,пробај вака ( моја другарка имаше оштетена коса и и се среди со шампон откога го користеше подолго време,значи ефикасен е) сама да го направиш овој шампон,мислам да му ги ставиш овие работи
    1 л шампон од коприва најобичен што е
    1 ампула Б1
    1 ампула Б6
    1 ампула Б12
    50 мл кокосово масло
    неколку капки оревово масло.
    Сите овие ампули и масла ке ги ставиш во шампонот,ке го протресеш шампонот и ке го оставиш да отстои 1 ден,после можеш да го користиш.Ке видиш да не премногу ти се мрси косата,па намали од кокосовото масло,сепак за сите е различно.Исто тако после миење на косата,можеш да ставиш неколку капки оревово масло на врвовите на косата,бидејки многу е добро.Се надевам ке ти помогне ова :)
     
    На Acka22 и SuperGirl02 им се допаѓа ова.
  9. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    2.583
    @Biodevojka Ја прочитав твојата статија за путерот на Alverde и во план ми е да го купам само сакав да те прашам дали после нанесувањето е доволно косата да ја измијам еднаш со шампон или ќе личи мрсна?:)
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, јас лично ја мијам еднаш, мене ми е доволно. Двапати ја мијам само кога имам масла на коса како третман. Меѓутоа пробај, немаме исти коси, можеби ќе имаш потреба од едно а може од две. Не знам каква коса имаш. Поздрав.
     
  11. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    2.583
    Ее фала ти:) И јас обично ја мијам еднаш а кога имам масла тогаш два пати,не сакам многу да ја оптеретувам со шампони бидејќи ја мијам на 2 дена.
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Косата подолг период ми беше сува, веројатно од ладново и пробав домашна маска-резултати WOооW :rock::emo:
    Од око ставив маслиново масло и мајонез, расчешлав и оставив да стoи некаде 1h, со кеса на глава и пешкир. Косата после ми беше ептен мека и сјасна како со ниедна маска што сум ја купила.:lol:
     
    На Crnookata и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  13. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    И мојата е сува од фарбањето но маслиновото уље и прави чуда, ставам од него откако ќе ја исушам два до три сантиментри почнувајќи од краевите и ја прави преубава! Добивам комплименти за неговата употреба, целокупниот впечаток.
     
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Kosata mi e suva i oti mi e vitkana zanikade nekoja dobra maska za gusta i vitkana kosa ??
     
  15. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
  16. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    Таман ми порасна косата, се вратив од одмор и забележав ептен изгорени врвови и ај шишање, помина еден месец и еве денес пак приметив прегорени суви врвови а не се фарбам не ја ни пеглам и морав да скратам 3цм..мене не ми е јасно од што ми се случува секогаш тоа кога ќе ми порасне под раменици, има ли некој лек да можам да ја пораснам долга а не оштетена значи уште еднаш не ја фарбам не ја пеглам ретко ја сушам со фен имав кератински третмани, користам dove шампон и регенератор и арганово масло..
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Можеби таков е квалитетот на влакното, суво и остро.Почесто прави третмани со маски и масла, иако косата не е хемиски третирана.И природната коса во зависност од типот бара своја нега.
     
    На India му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, спас се третманите со масла. За почеток прави ги двапати неделно. На благо навланета коса стави било кое масло (најдобро ако мое комбинација на маслиново со рицинусово или ленено масло и нанеси го врз должината особено врвовите. Остави да делува околу саат време (покриј со ќеса и пешкир). Потоа убаво се измива со шампон. Пробај ќе бидеш задоволна. Поздрав.
     
    На India му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pinkgirl.22

    Pinkgirl.22 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Црвениот јуник на Ревлон навистина многу помага за сува и оштетена коса. Го има по фризерските салони 850 денари.
     
  20. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Јас би ви препорачала кокосово масло. Имам многу сува коса, иако не ја пеглам, не ја виткам, такво ми е влакното. Сум пробала секакви производи и буквално ништо досега не ми помогнало. Како што кажа и Биодевојка погоре, спас му се само маслата. За мене конкретно кокосовото масло. Ми ја прероди косата, презадоволна сум. Го ставам неколку саати пред капење, а кога ќе можам и претходниот ден пред легнување. На влажна коса го нанесувам, и на коренот и на врвовите.
    Како што кажав, премногу сум задоволна, косата ми е многу помека и многу брзо ми расти. Ја кратам секој месец, можеби и од тоа побрзо расти, во секој случај, го препорачувам.
     
    На Crnookata и India им се допаѓа ова.