1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајна врска-за или против

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од srcuff, 24 февруари 2011.

  1. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    во случајов се работи за моја помала сестра која има дечко со кого иде 3 месеци тајно...од исти клас се и несакаат да се расчуе нивната врска поради бившиот на сестра ми бидејки откако раскинаа таа одма се фати со сегашниот (и као сега да не му дојде нагло, да не го повреди).Арно ама дечкото е изгледа нетрпелив и сака сите да знаат...сите негови другари ''случајно,, као дознале и сестра ми прилично многу се налути на тоа...дали има место за паника? дали треба да ја расчујат нивната врска? сте ли за тајни врски???
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    тајна врска-за или против

    Сакале ти е или не...секако ќе се дознае.Бившиот е бивши (минато свршено) и нема што да се крие од него, сегашниот веројатно не сака да биде резервен план па нормално сака да се знае дека се во врска.Значи дека сестра ти е таа која мора да реши или ќе биде официјална и јавна или тајна врска (која може и да заврши не славно).
     
  3. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    тајна врска-за или против

    Се согласувам со julie77

    Кога тогаш сакала таа или не сакала, ќе дознаат сите. И тогаш нема да биде баш добра ситуацијата зошто како прво нејзините другарки ќе и бидат лути што не им кажала барем нив, а и многумина ќе се прашуваат зошто се кријат.
    Тој згрешил што им кажал на другарите без претходно да разговара со неа. А што се однесува на бившиот - па тој не ќе ги изеде ако дознае дека се заедно. Тој нели си имал шанса. Не им е успеало - затоа и е бивши.
    Подобро да не продолжуваат со криењето, зошто на пример - ете: имаат тајна врска од една година и одлучуваат и јавно да ја покажат својата љубов. Во тој случај, ќе бидат ли спремни за тон прашања: Зошто криевте? Имавте ли проблеми? Како успеавте да истраете? итн...?
    Мислам дека нема да бидат.
    А за љубоморните - такви личности ќе има и врската да не е тајна.
    Затоа тоа подобро да се спречи отколку да се лечи :*
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    тајна врска-за или против

    Бившиот секако ќе биде повреден, посебно ако ја сака. Е, сега дали по една недела или еден месец сеедно.А и велиш заедно се три месеци.Не е тоа една недела или еден ден.Поминало време, колку-толку, Можеби ова пак ќе го мрдне бившиот да продолжи понатаму , посебно ако е некој од оние кои се залетуваат и по крајот дека кога тогаш пак ќе се смират. Знаеш како велат, ниедна тајна, не е трајна. Нема ништо лошо во тоа да сестра ти да си започне нова врска. Јас во принцип не сум за тајни врски кои никогаш не остануваат баш тајни. Другарите негови секако знаат, што значи клопчето почнало да се тркала.
     
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    тајна врска-за или против

    а бе што сте се уплашиле толку многу секој има право да си одлучи со кого ќе оди па не станува збор за брак одетеси слободно со кого сакате јас лично не сум за тајна врска оти сепак еднаш се живее уживајте
     
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    тајна врска-за или против

    Многу сум против тајни врски воопшто. Другарка ми „тајно“ оди со дечко и веќе 3 години. Кај неа ситуацијата е малку комплицирана, па мора да се крие и од нејзините и од неговите. Внимаваат каде излегуваат, како се однесуваат, да не ги каже некој, кога одиме ние кај нив секогаш не предупредуваат да не ни се испушти нешто, а они као демек се другари. Многу лоша работа!

    Сестра ти нема потреба да се крие, можеби на бившиот нема ни да му биде гајле ако она веќе си фатила дечко. Поминале повеќе од 3 месеци, нека си се стави In relationship на фејсбук и завршена работа :lol:
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Имав и јас ваква врска кога бев помалечка.

    Си фатив дечко, не се гледавме јавно некое време, земајќи предвид дека со бившиот мој си имав проблеми... ме прогонуваше и по телефон, и дома на врата доаѓаше... и си помислував дека спас ке нема. Нејќев на новиов да му кажам да не направат некоја дешавка сериозна.
    После месец дена, забележав дека ми се смачи, па си почнавме јавно да си излегуваме... кога оп-во кафиќ му доаѓа на новиов, го трга на страна, и му вика... е бато, не си ти крив... Демек јас сум расипаната, па и новиов ке си пати со мене. |( :fubar: Испадна на крај да си речам, за ова ли си ја мачев врскава, самата себе и дечково нов? |(

    Инаку, за случајов, ако решила сестра ти да е со типот, нека си оди и ич нека не бери гајле за бившиот. Нека не се секира дали ке го повреди, зашто тие веќе не се ништо, па нема основа да би го повредила. Реално, можеби тајната врска носи и поголем степен на адреналин, па и поинтересно може да испадне дека им било така, но од друга страна, многу е поубаво чувството да можеш љубовта своја да ја гушнеш или бакнеш каде што ке ти се присака.
     
  8. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Па, тајна врска и не може да е тајна засекогаш... Кога тогаш ќе се дознае... А како што и сама кажуваш веќе поминале три месеци од кога раскинала со бившиот, тоа и не е баш краток период...Верувам дека бившиот има преболено..
    Јас не сум за тајни врски, има возбуда во тоа, навистина, но сепак, со време се дознава, ништо не останува тајно и скриено...
     
  9. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    И јас имав тајна врска. Се криевме 1 година а живееме многу блиску и навистина беше тешко да се сокрие. Еден ден собрав храброст и кажав дома сокого сум во врска и моите вакви :o :o :o Додека се криевме ни беше многу поубаво, после се се измеша. Ниту неговите ме сакаа ниту моите него. Ама јас издржав се цели 3 год. Имавме многу проблеми, но заради таа голема љубов јас простував се. На крај тиквата пукна :rofl: и подобро! :) Не ме заслужувал дечкото никогаш.
     
  10. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Па не сум за. Зошто цело време да бидеш на штрек, истовремено да имаш грижа на совест и слично. Глупости ми се тоа и детска работа, слободен живот живееме во време во кое секој си прави што сака. Сега ајде да идеме по подруми да не не види некој. Свашта.
    Другарка беше во тајна врска со новопечениот, затоа што и беше бивш на нејзина најдобра другарка со кој имала нај‘љубовна‘ историја. Може и тоа неетички и неубаво, ама кога веќе биднало и не може undo да се напраи, не ја глеам фрката. И си се криеја 3 месеци, се гледаа на 2-3 места, и во други населби каде што немаат познаници заеднички. Се додека не собра храброст да и‘ каже на другарката. Ипак не сме мали, праиме детски работи од што ни е досадно изглеа.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас сум против криење на врската, од причина што кога тогаш се се дознава. Освен тоа, постои напнатост, грижа на совест... Тајната врска не останува таква засекогаш, а кога ќе се дознае може да стане дури и полошо.
    А бившиот е бивши нели? Не верувам дека тој е толкав проблем, сигурно и тој си продолжил понатаму со животот.
     
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Кога веќе раскинале со бившиот, таа не треба воопшто да се замара за него. Си има свој живот и поарно да си ја одржува врската како што треба, секако не мора целл свет да знае, но и да не се кријат.
     
  13. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    ништо не останува тања а и уствари која е убавината да мораш да се кријаш дали ќе те види некој да не можиш слободно да излезиш и да се држиш за рака. бившиот останува во минатото нема шо да се крија од него
     
  14. Dzverche

    Dzverche Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    37
    јас се криев 4 месеци со тој што ми е сега дечко но мојата ситуација не беше криење од бившите туку јас не сакав да кажам на некој др т.е на никој ни на мајка ми ни на сестра ми зошто нз што сакав ми беше убаво со него а не го сакав,и затоа сакав да си ја пробам среќата зошто знам дека не може преку ноќ некој да засакаш мораш да го запознаеш :) така да моето криење се исплатесе сфатив дека сум заљубена и дека тој е човекот што ќе ме направи среќна,:)
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Јас сум против. Ако врската е тајна тогаш не треба ни да ја имаш.
     
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    И јас имав тајна врска на времето знаеа само најблиските другари и другарки , прилика - не се осекавме спремни да кажеме на цело школи дека сме заедно :lol: по месец-два неможевме да се криеме веке и си се гушкавме јавно ( пред професори и директори не секако :tmi: ) :lol: инаку да предизвикува адреналин иако е детска работа :rofl:
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Против нормално. Од кого да е тајна? Од кого да се криете? |(
    Освен ако не изневерувате...
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Зависи од типот на тајна врска.
    1) Ако се работи за училишна детска љубов, за некои нивни морали, да е интересно и се тоа, зошто да не? Зошто навистина е интересно, а воглавно ништо сериозно, па зошто да се расчуи?
    2) Ако некој се обидува да најдиш нешто сериозно, гледа нешто сериозно во партнерот, го сака и планира иднина со него ама врската ја држи тајна - е нема смисла. Ако повозрасни личности или барем после средно (па и во средно) се обидуваат врските да ги држат тајни, е апсурдно. Сакаш или неќиш? Заедно сте или не?
    Сум имала „тајна“ врска, па неможам да речам ни таква, сите знаеа освен моите дома ама јас со дечкото иднина не гледав, несериозна врска, онака колку за провод, а ако некоја тупи време со некој тајно пропушта и за себе мн шанси, ама и за него. Или пак си ги надохнадуваат во слободно време, неможиш да знајш.
     
  19. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Сум за, ако врската ви е на почеток не гледам тука ништо лошо, едноставно може треба малку време да си дадете, подобро да се запознаете, па кога ќе мислите дека вашата врска е ок и би имала иднина, тогаш би било идеално време да го претставите вашиот дечко.
     
  20. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Според мене секогаш сум ЗА тајна врска. Бидејќи така никој нема да се меша во врската. А би го претставувала како другар или добар колега.
     
    На BoyL и Дискретниот им се допаѓа ова.