Сум за тајна врска додека да стане истата сериозна. Тие што ги имав пред маж ми ги чував во тајност, затоа што немав сериозна врска со нив.
За да не се навреди бившиот?!? Глупости! Какво криење? Тие не се должни да го усрекуваат него. Тој имал шанса и заебал. Ако е само поради ова, ич да не се секираат. А за тоа што се расчуло, нема потреба да се нервира. Од бога, не ограбиле банка, не направиле кривично дело!! Лубовта не е нешто од што треба да се срамат. Млади се, деца се, нека уживаат во слобода.
Јас индиректно изгубив другарство поради тајна врска и затоа сум против. Еве што се случи. Мојот верен другар имаше долгогодишна успешна тајна врска за која што само јас знаев. Иако ја познавав добро и неговата сопруга никогаш не се осудив да се вмешам во нивниот живот на било кој начин. Еден ден другарот мој ме обвини мене дека сум му бил љубоморен и дека сум го предал нашето другарство затоа што жена му дознала за вонбрачната врска негова. Беше еден многу непријатен, тензичен и на висок тон разговор меѓу нас, кој јас по секоја цена сакав да го завршам што е можно побргу затоа што со здивен човек нема разбирачка. Навистина не ми беше јасно како тоа дознала жена му кога другар ми важеше за човек кој успешно се носеше со криење на неговата вонбрачна врска поради тоа што многу му значеше и љубовта и семејството. Еден ден по нивната разделба(со жена му) ја сретнувам јас во стар трговски центар. Не издржав, се извинив и пријдов и побарав да ми каже како е другар ми. Таа знаејки дека јас сум жртва на ситуацијата нивна беше навистина фер, фина и додека пешачевме ми објасни се. Една ноќ кога љубовницата отишла на одмор летен некаде овој од што му фалела и од што ја сакал, спиејки во брачната постела до жена му почнал да сонува за љубовчето негово и да вика гласно во сон... ЛИДИЈААААААААА...ЛИДИЈААААААААААА....ТЕ САКАААААААААААААААМ...ЉУБОВ МОЈААААААА... Жена му се запрепастила и решила да изнајми приватен детектив за да се увери во сомнежот. После од кога се вратила неговата љубовница, другар ми е фатен на дело. А јас беспотреба излегов крив за неговото лудило во сон кое неможел да го контролира. Сега и да сака не му зборам.
Znaci decki mi se dopagja eden mnogu ama stvarno mnogu i se zatreskav u nego se gledavme mesec dena i ja mu prekinav zaso mislev imam custva z bivshiot i plus nejkev da se rascue deka iskacham so nego radi istata pricina bivshiott. Nego toa mu smetashe i nekolku pati se zakaravme i taka si raskinavme i toa po miren pat. Sea uste praime muabet i stvarno se raduvam radi toa amaa neznam dali da bidam so nego. Prvo pomina mnogu kratko vreme otkako raskinav so bivshiot a odevme dosta dolgo vtoro na vremeto bil zenkar ja sum taa so go smeni i uvidoa site i nekako pak mi e sube plus me zasega mislenjeto na drugite so kje mislat kako kje mislat i taka .. help?
@pcelka123 Не сакаш јавна врска во случај да не го повредиш бившиот или се надеваш дека ќе има нешто повеќе со бившиот или уште имаш некакви чувства за бившиот и не сакаш да го повредиш новиот? Ете ќе ти дам мислење за трите опции, па да нема потреба да ми одговараш на прашањата. Ако не сакаш јавна врска во случај ад не го повредиш бившиот со кој си одела многу време, а ти се допаѓа момчево сега, објасни му дека ти имаш разбирање за нечии чувства и нормално после долга врска не е сеедно ако бившиот/бившата си ги видиш со некој, ќе мислиш дека сите тие години биле залудни, во смисла полажни отколку што сте замислувале. надежно - ќе сфати. Ако се надеваш дека ќе има нешто повеќе со бившиот, тука одговорот е краток - не му давај надеж на новиот, греота е да го повредиш. И за третата опција, исто како и втората, речиси иста, така да одговорот е ист, ако не сакаш да го повредиш новиот, а имаш чувства за бившиот, остави го момчето - греота е. Сепак ова е мое мислење, твое е како ќе постапиш. Со среќа.
Ова како некое филмче А незнаев и дека има и вакви бракови,вонбрачен брак и брачен брак,во исто време
Против. Ако сака некој да е со мене ќе биде со мене, нема да ми кажува еј подобро да биде ова во тајност да не ни расипе некој. Понастрана од таквите си се држам.
Се крие од сопруга или бивша девојка/ дечко на кој некој се уште се надева тој/таа што врзува за врската да биде тајна. Тоа дека некој нешто ќе расипе е изговор. На зрели и стабилни личности кои искрено се сакаат па кој сака нека биде нема начин да им се вплетка некој во врска. Еднаш тајна врска никогаш нема да се официјализира.
Тоа за мене не е врска или има девојка друга или жена штом сака во тајност. Тие што се во врска, брак така прават, ако ме сака нема што да ме крие има пред сите да ме покаже и каже дека сум му девојка и дека ме сака нема причина зошто да ме крие. Така да огромно против сум за тајните врски, никогаш не би прифатила таква врска.