Pomos!! Мисли на себе ! Врати си го својот живот во нормала ! Место да мозгаш за него вака било така било , земи спреми некој испит , вози точак , ролери , фати со некоја другарка излези шетај . Или собери друштво гледај некој филм. На кој му требаш верувај ми ќе најде начин да те побара и да се види со тебе ! Батали го некое време, кога ќе осети потреба да те види ќе те побара сам , до тогаш не го замарај !
Pomos!! А мора ли да е или раскинување или напињање константно? Еве, не му раскинувај, ама аман те молам не си играј со нервите негови во ваков период, aко навистина ти значи како што си пишала, греота е. Нека се соземе и самиот нека одлучи. Мада по она со лажна тревога - бременост, мислам дека доволно ја имаш укакано работата. А не е глуп да не сфати дека не си „као изненадена дека си добила“. И плус си му го направила тоа во таков период ... ја на негово место у к***ц би те отерала. Остави го на раат. Нема да ја спасиш врската со замарање и сеприсутност верувај. Си понудила поддршка, тој тоа го видел, ни е слеп, ни е глув. Си му дала до знаење дека си тука за него. Сега остави го малце.
Pomos!! Па ја не ни спомнав ти да раскинеш со него , туку да се олабавиш и себе си и него .... ама очигледно дека за џабе пишуваме тука и те советуваме , кога ти си тераш по старо си одлучила и си запнала по секоја цена да бидеш со него , па ни Св . Петар не може да те предомисли , како мислиш така прави крај краева , излишно е веќе човек да ти објаснува
Pomos!! Благородно е тоа од твоја страна,што постапуваш така,и размислуваш..не можеш да го оставеш во тежок момент. Ама дечкото кажал дека нема никаков проблем,се е во ред,те сакал итд. Е сега,ние тука залудно пишуваме.Ти веќе си умислила нешто,и тебе не ти треба наш совет тука наша поддршка во смисла барај го,сака те.Во ред е,може да те залажуваме ние,ако тоа го сакаш.Уствари ти сакаш да ти го кажеме тоа што ти сакаш да го слушнеш. Ама нема.Бидејќи ти не можеш трезвено да размислиш,се обидуваме да те натераме да размислиш со ладна глава,ама џабе е.
Pomos!! Јас искрено мислам дека причината за да не му раскинеш не е тоа што моментално поминува низ тежок период поради смртта на неговиот татко, туку баш поради тоа што самата Ти несакаш да го оставиш и да продолжиш без него. Те свакам, разбирам дека ти е многу тешко но мислам дека мораш да го прифатиш фактот дека дечкото веке не е заинтересиран за тебе, колку и да вели дека те сака, ако навистина е така, ке го покажи тоа на било каков начин, а досега од сите твои постови јас не видов тој во ниту еден момент да покажи дека му значиш. Иако вели дека те сака, зборовите се само зборови, делата докажуваат. Ке се сложам со погорните мислења и ке ти речам да го оставиш колку и да ти е тешко, ете немора да биди официјално раскинување, едноставно не му звони, не го барај , остави на времето да покажи што и како треба да биде.. Грижа на совест не треба да имаш, заради тоа што еден милион пати си покушала да извлечиш однего било какво објаснување и не си успеала. Единствено си постигнала да испаднеш досадна и опседната женска што не го остава да земи здив ниту една минута...Верувај ми, мораш да се обидеш да не го бараш повеке, ако стварно те сака ке те побара..ако не, мораш да сватиш дека дечко сосила неможеш да држиш.Никој не е должен да трпи и да пати на таков начин, како ти, а сама си го правиш многу потешко. Ако тој не е спремен да биди со тебе да те сака и почитува, има многу други кои што би го правеле тоа и многу повеке...Ајде собери сила, крени ја главата горе, и немој да се секираш..Времето само ке си покажи
Pomos!! Послушај барем еден од советиве и ке видиш дека ке ти биде подобро. Вака само го напнуваш и го тераш да те отера у пи*ку материн,досадна ке му станеш,ке почнеш да го гушиш и после колку и да те сака ке ти раскине..олабави се малку. Остави го човекот да дише,да си ги среди мислите.
Pomos!! еве да ви кажам дека ве послушав и дека не го побарав од вчера навака ни еднаш , ниту пак он ме побара... но можда со тек на времето ,како ќе поминуваат деновите ќе се јави, или бар ќе знам на што сум... Ч/
Pomos!! Нема потреба да размислуваш на што си. Терај си го животот, посвети се на други нешта, работа на својот изглед, спремање на некој испит. Одговорот сам ќе си дојде. И каков и да биде, во иднина ти препорачувам, никогаш немој да си дозволиш толку да се изгубиш себеси поради дечко, ма принц нека е. Затоа што и личноста во која се вљубил ќе отиде по ѓаволите.
Pomos!! Девојко дај ни го бројот на дечко ти ќе му се јавиме ние овде здружно да ти се јави може?? Аман свести се не си мала, 22 години имаш, смири малку топката што е ова како мало дете , не се јавува не се јавува. Сите овде сме сакале, сме биле оставани па еве не живи здрави.. Доста веќе, мене ми падна жал за дечко ти најискрено. После таа твоја тортура ја да сум на негово место би сменила телефон и би ти ставила полициска забрана за пристап до мене. Не знам зашто ама ова твоево ме потсеќа на филмот Фатална привлечност!!! Погледај го па ќе видиш за што ти зборувам.
Pomos!! ^^ Баш сакав да и кажам дека замара со тоа што мора после два три коментари и она да искоментира макар со една безвезна реченица. Дај оди во другите теми, пишувај таму не си запнала тука па тука, се едно исто. И не дреми цело време пред компјутер со мобилниот во рака. После се жалиш си се здебелила, немаш друштво, си изгубила година од факултетот. Па како нема да се здебелиш кога по цело време дремеш на интернет и си го тупиш мозокот со глупости. Наместо да кукаш во една тема на форумов оди прошетај, викни некоја другарка на кафе, заборави на тој твој дечко еден ден, ако те сака ќе бидете заедно, ќе ти се јави ама ако тој не сака не можеш бре со сила, помири се со фактот дека се приближува крајот и готово, нема сега вени да сечеш, да скокаш од мостови, да се труеш. Животот е еден и биди благодарна што го имаш. Можеби полесно ќе ти биде без него а и нему без тебе, изгледа не си одговарате карактерно. Фати го денот и искористи го, биди физички активна, стопи некоја калорија или ако те мрзи па прочитај некоја книга, спремај некој испит за да не се жалиш после. Никој не ти е крив. И престани да се повторуваш само во оваа тема со едни исти коментари-"знам дека сум крива, знaм дека не треба да му се јавам, еве денес нема да му се јавам, се надевам дека ќе ми се јави итн" Мислев дека одамна ќе ја избришеа темава, зашто како прво нели се води според правила овој форум а насловот не ги исполнува правилата. Ова е обичен љубовен проблем за кој има многу теми во кои може да се смести. Не знам зошто модераторите и администраторите до сега не реагираа
Pomos!! Да можда стварно ви се жалам и ве напињам , ја мислев дека форумот е токму за тоа да си даваме совети, идеа и слично..вие ми дадовте и ок,но да ми кажувате дека толку ве напињам стварно не разбирам,ја да цело време пишувам што има ново и што се десило мислејќи дека некој нешто ќе каже како што и кажувате вие не сте должни мене да ми враќате и советувате,тоа нормално кој сака да ми даде совет,а тоа што се жалам се жалам од што ми е многу тешко и мислев дека барем некој има поминато низ ова па да ми каже конкретен совет,а вие ако мислите дека толку напињам неморате никаков совет да ми дадете и да се жалите кај админи и сл.
Pomos!! Убаво ти рече нена, не „некој“ туку „сите“. Сите сме сакале и ни` фалел некој и сме се воздржувале од ѕвонење по сто пати и ние сме си знаеле како ни` било. Во моментот можеби изгледало како страдање што нема да помине, но сме знаеле дека е минливо. Не си била само ти заљубена и игнорирана. Убаво те советуваат, престани да се самосожалуваш, направи нешто за својот живот наместо за неговиот за промена, смени го фокусот кон себе, кон својот изглед, успех, дружење. Греота е на 22 години да си пресудуваш таква казна единствена поента у секојдневието да ти е дали ќе ти се јави и/или ќе се видите.
Pomos!! Форумов Е за давање совети. И сите овде сто пати те советуваа да станеш од компјутер, да го заборавиш телефонот за момент, да излезеш, да правиш нешто друго освен што се жалиш тука, ама ти тие совети не ги слушаш. Значи џабе гракаат сите тука, а? Уста им зборвала, шапка ти слушала. Што има ново? Нема ништо ново? Дечково се‘ уште те нема побарано. А ти ќе пишеш Еве издржав денес не го побарав, ама сакам да ме побара, а кога ќе ме побара?, ме сака ли, што му е?, сакам да знам...! Тоа на ново тебе ти личи? М? Знам дека сум груба, ама вчера читав читав на темава, се обидов да сфатам, и единствено што сфатив е дека потрошив 20 минути на разглабање на твојов проблем. Еве денес гледам пак. Аман! http://www.youtube.com/watch?v=YUWMSVDPdGQ Дечкото не и‘ враќал, тешко и‘ било. И нему му е тешко, родителот му починал пред 2 недели. Него може ни година нема да му биде доволна да се врати во нормала, камо ли 2 недели. И мене ми е тешко, ми расти умник. На друга и‘ е тешко, и касни. На трета и‘ е тешко, го изгубила работното место, нема пари пелени и млеко да купи за малото! А ти го тупиш и (pardon my French) не‘ дупиш овде веќе осум страници дека ти е тешко. Добро, немаш блиска другарка, мајка, сестра, тетка, сосетка, прва братучеда... да им се пожалиш и нив малку? Еми тешко ни е и нам, греота сме, нели? Најдобронамерно: дечково дал ќе те побара - не знам. Многу работи му се случуваат, нормално дека му е тешко и во моментов не е заинтересиран да решава поголеми животни прашања и проблеми како што е вашава врска. Кога ја изгубив баба ми со месеци не можев да се вратам во нормала и ништо не ме интересираше, камо ли родител да изгубиш. Дај му време на времето. Заборави (бар труди се) дека сакаш да го слушнеш, дека сакаш да е до тебе... работите се менуваат. Ако досега сте биле газ и гаќи, тоа биди сигурна дека ќе се промени. Себично е да сакаш цело свое време тој со тебе да го поминува (како што сте правеле од почетокот на врската). Гледај да обновиш стари пријателства со луѓе кои биле во твојот живот пред него. Сигурна сум дека има такви и дека твојот живот не започна со почетокот на вашата врска. Седни и напиј се кафе со мајка ти, заинтересирај се за факултетот, почни да собирраш материјали, ангажирај се малце околу ТВОЈОТ живот. Не мора цел свет да ти се врти околу дечкото, туку направи дечкото да биде еден дел од твојата сопствена сложувалка. Изгради си нови приоритети. Жално е една 22-годишна девојка, умна разумна, да се треска како недопечена тинејџерка за дечко.
Pomos!! Hipica, очигледно дека девојкава нема никој зашто ги тргнала од својот живот кога го фатила дечково. Има такви девојки кои кога ќе фатат дечко , забораваат на деругарки , другари пријатели ама кога ќе дојде ваква ситуација сваќаат дека се сами... Знам дека ова е офф топик ама морав да го напишам нека им послужи на сите девојки дека дечкото не е центар на светот!!!
Pomos!! Па добро девојко, зарем ти немаш ГОРДОСТ? Се понижуваш и молиш некој кој воопшто не вреди и цело време те омаловажува.. А со тоа што само за него знаеш и ништо околу себе не гледаш, ги губиш пријателите. Кога тој конечно ќе те остави, ќе останеш сосема сама.. Велиш дека ти викал дека само тебе те сака, како не.. па да беше така сигурно ќе сакаше да те гледа често и долго време да поминува со тебе. Остави го таквиот, обрни малку внимание на себе и се околу тебе. Па светот не се врти околу него. Поздрав и се најубаво!
Pomos!! хахахахахахах па одприлика хаахаххаа ,вака еве да ви кажам можда ептен дека нагло ми дојде,некако ептен се смирив и океј ми е се помирив,ако се јави се јави ако не .. уште 1000 такви и можда и подобри дечковци ќе си најдам , пред него ги имав многу ќе ги имам и после него сигурно уште многу .. фала ви што ме освестивте да не паѓам толку во депресии и да се затварам дома , живот е надвор,од дома седење никој не видел аир па нема ни јас.. како што реков времето ќе си покаже дали тој сака уште да е со мене,а доколк усака ќе треба да се помачи ... затоа што вакво непочитување ни една од нас девојките не заслужуваме па посебно коа ќе им се посветиш до максимум ..
ау да видам да неверувам сепак браво за тебе “ако“ е така ама до пред некој ден се трескаше од земја зашто не се јавил, а после некој саат веке не ти е важен аман со овие тролови труе форумов