1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тврди дека ме сака, но...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Lauralee, 11 август 2013.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Се согласувам! :D
    Се гледа дека девојчето ја научило теоријата,сега уште праксата :)
    Се надевам во најскоро време ќе не известе што се случило.
     
  2. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    мислам и дека би требало да не извести во скоро време што се случило...
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    А ние толку се потресовме,па уште и совети и делиме :^)
     
  4. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Луѓе, јас сум нова на форумов...гледам разни мислења проблеми но би сакала да слушнам и мислење ако некој има сличен проблем со мојот да пише..... 4 години поминаа со партнерот, но само првите 2 беа ок, последниве како што времево си поминува и годините станува многу ужасно грозно..... јас не сум вработена, а тој од сабајле до вечер, се вади на немање време, стално обвинува, диктира, како љубовта да ја нема, физички контакти никакви, гледање ептен ретко, а зборува за љубов, пробано е со сите постапки, годините поминуваат, генерацијава веќе деца имаат а тој абер нема за такво нешто И СТАЛНО СЕ ЗАКАРУВА. Најтрагично е што избор друг немам...никој не е како што треба денес, а машките гледаат на здравјето без разлика дали се они како што треба... Нека пише некој мислење и дали слично го снашло ЌЕ МИ КОРИСТИ!
     
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Зошто велиш дека немаш друг избор ? Не знам како да ти помогнеме кога врската ја опишуваш како ужасна и грозна и дека нема повеќе љубов :^)
    Па и се нервираш бидејки не му текнувало за брак , веројатно и тој знае дека не ви штима врската , размисли убаво дали можеш да живееш вака цел живот ? Или само целта е да се скрасиш ?
    Кога веќе толку ти е лошо во таа врска , прекини ја , не се важни годините ако си изгубила 4 години во лоша врска зар уште 40 да изгубиш , еден живот имаш и цени го .
    Секоја врска има кризи , но за криза не се рачуна 2 години , кога веќе 2 години ништо не се сменило и не си среќна, зошто се измачуваш .
    Избор секогаш има и верувам дека ќе бидеш посреќна :)
    Само не ми беше јасен делот со здравјето ??
     
  6. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Грозна станала поради него.... гледа дека иде се напред а он во место ништо не се труди да постигне овие години за да бидеме заедно.... услови има што е најважно...а родителите негови ништо за тоа не коментираат, нормално ќе гледаат да не е он повреден, а цела генерација и негова и моја веќе е многу напред... Јас сум искрена тоа ме довело до тука, пошто на секој сум му отворена пошто здравјето не го кријам, што кога ќе дознае некој отпосле може полопо да биде, а овој ме прифати и сега му сметам стално ми контрира во се... Имам секундарни епилептични напади, проследени со заборавање после тоа и зголемен апетит и потреба за сон, и нешто ситно како гастритис....така да, никој не е совршен тоа го знам но малку се искрени а кај мене тоа не се почитува од никого..... ФАЛА НА ОДГОВОРОТ, мислев дека веќе никаде немам надеж....
     
  7. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Точно е дека не е само да се скраси човек но не несреќен, а среќа не иде еве....... :worried:
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Голди тоа што имаш здравствени проблеми , не значи дека не вредиш .
    Како што разбрав боледуваш од епилепсија , но тоа не е причина да не бидеш среќна и да не бидеш со некој што ќе те цени ..
    Немој да се комплексираш од тоа и да си мислиш дека немаш друг избор ..
    Можеби дечкото те зема здраво за готово оти ти самата си мислиш дека тој ти е единствена шанса , кога би му покажала дека вредиш и дека секој момент може да те изгуби , можеби би се сменил , но ти треба да поработиш на себе и да се цениш повеќе , не би можела да коментирам дали те сака дечкото или не ..
    За брак ,неговите нема што да коментираат тоа е ваша одлука , и да имате и од пиле млеко ако не си среќна со него џабе е , не се задоволувај со трошки ..
     
  9. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Фала за зборовите, пошто сум тотално очајна без излез и порано се гледаше дека ме сака, а со тек на време тоа се изгуби, му смета и мојата сенка, а ако тој има проблеми со работа не би требало со мене да дели преку фрустрации, нашите контакти прво се сведени на 0 и моето присуство кај него е проследено со незаинтересираност за ништо само потиштеност која фрустрирачки ја искажува секој Божји ден... единсвена одлука може да ми е само работата како излез, но не сум сигурна за другото неможам да дадам срце веќе не ми е првпат да сум изманипулирана така да згрозена од вакви особи како да дадам срце на сосема друг ако ми се појави во животот.... решив недела дена да направам пауза, ако воопшто успее тоа, гледам упорно ме бара, но кога ќе се сетам како ми прави стресови секој контакт неможам да дадам шанса.......
     
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    браво за искреноста,убаво ти пишаа не значи дека не вредиш,вредиш само биди секогаш искрена и отворена за запознавање нови луѓе,јас донекаде го разбирам дечково иако ако вистински те сака зборувам вистински да знае да се носи со се што би било веројатно дека во иднина би ви се случувало не би требало да се откаже од тебе,но еве едно мое лично искуство,првиот дечко постојано му се лошеше,укочуваше одот и говорот по пиење алкохол по излегување,па и главоболки и не знаев што е работата,а прва љубов јас на 7мо небо,ама како минуваше времето нели следат и несогласувања и него стресот му правеше агресија ме напаѓање физички и имавме една проблематична случка во која мајка му конечно призна пред мене него и моите дека има некој недефиниран облик на епилепсија и дека не треба да е со мене дека му правам стрес,се маткавме од инат на родителите и со тек на време си дојде крајот.како и да е искренос пред се,и отвореност има добри луѓе кои би поминале преку се но да им се кажело отворено,без лаѓи,глума итн,како и да е со среќа,што е твое ќе си дојде,глава горе и поскоро :inlove:
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ако продолжиш со вакви размислувања, па и да се омажиш за него, за некое време ке те читаме во тема брачни неверства и развод со оправдание јас вака за него јас така за него па јас имам дете итн познати муабети.
    Од секогаш ме нервирало тоа кога некоја ке каже, ете сите се омажија, или мојата генерација или моето друштво, АБЕ сватете дека секој за себе и на сите мажени од твојата генерација не им цветаат рози и тие се мачат и тие патат и тие имаат маки.
    Второ, нели гледаш дека си му на послужавник баш поради ваквите размислувања и дека веке ме си му забавна
    Не си ли свесна дека не е единствен, а не чекај ти пак кажа дека друг избор немаш, епа нема ни да имаш ако не се потрудиш. Помина времето кога со стројниците ја завршуваа таа работа, сега сами си ја бараме среката.
    Тоа што си болна, не ти дава право да се замосожлуваш и да губиш надеж дека никој друг нема да те прифати со твојата болест и дека тој е единствениот што ја прифатил , НЕ има и други
    Ете јас имам псоријаза ( неизлечива болест) па и бившиот дечко ( 1 год ) ја прифати а и сегашниот со кој сум 6 год ја има прифатено, дури не ја ни забележува. Поентата ми е да престанеш со самозожалување дека и другите само ке те сожалуваат и ке те гледаат како таа болното гревче, а никој нема да ги гледа твоите квалитети.
    И уште нешто, ЧОВЕК никогаш не е престар да најде љубов, па макар и на 90 год.
    Немој да остануваш во врска само затоа што го имаш во главата горниот болдиран текст.

    :* :* :* :*
     
    На awayfromyou и Hipica им се допаѓа ова.
  12. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    јас не се самосожалувам туку разочарана сум и неможам повеќе да дадам срце да ме манипулира секој....не ми е првпат со сите вака ме пратело....затоа и објаснувам, инаку моите напади се краткотрајни и не се проследени со насилство туку со отсутност..... а на таа тема со дечкото не зборувам често....сепак почна да ми се врти во глава дека се плаши од обврски а никогаш не е касно точно ,но да се створи семејство сега и на повозрасни години гинеколозите потврдуваат дека е различно, подобро е да се радува човек сега на детенце и друго.... дури и бев исплашена од фактот и за полицистични јајници...но ми се среди хормоналниот дисбаланс сега добивам иако е слаба, но редовно...главниот проблем е дека не можеме да служиме за поигрување на некој и експеримент редовен....конкретно на тоа мислам..
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Голди 26 години имаш , не си престарена воопшто , не се стреснувај со тоа дека ете време е за мажачка . Време за мажачка е кога си со човек кој го сакаш и тој те цени и те прави среќна и се разбирате еден со друг ..
    А за тоа како да дадеш срце на друг ? Па секој се плаши од нова љубов по долга врска .. Ќе ти треба време да преболиш а подоцна само по себе се ќе си дојде .
    Зрела мома си ќе знаеш да процениш кој какви намери има ..
    Многу малку изнесуваш за дечко ти и не можеме да процениме што и како , но грешката е во тебе што си му дозволила да мисли дека што и да прави нема да те изгуби ..
    Еден маж и совршената жена да ја има , ако таа му даде на знаење дека е секогаш тука без разлика како се однесува тој , нема да ја цени .
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ако навистина имаш 26 години, не си стара за да се плашиш за дете, јас имам 27 год па моите врснички која се омажила која уште на журки иде, која на кариера си мисли, која уште од родителите чека итн.
    Зошто не зборуваш отворено, најотворено со твојот дечко за се ова, дека сакаш брак сакаш дете итн. Подобро е да знаеш на што си, или тој сака или не, барем ако не сака тогаш ке си почнеш да си ја бараш среката на друго место. Ако пак не ја најдеш во скоро љубовта, тогаш дете можеш пак да си имаш. Немора а си во брак со некој за да имаш дете, а и немора да се замараш со нашиот селски менталитет кој полека го снемува.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    точно така, многу добро кажано посебно болдираното
     
  16. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    работата е тоа што не е како порано не функционираме редовно како што треба почесто...наместо да се радува што ме има тој ќе се јави да те изнавреди и да се раскара, а не како порано кога било подобро во се со него пред се чувства, незнам што да изнесам веќе таков стана овој последен период откако сме заедно се му смета, нервозен, незаинтересиран за работите, јас памтам наши блиски контакти излегувања само пред 2 години.... на одмори само тогаш, не сум престарена но времето поминува а кој не се радува на семејство секој, а него кога ќе му спомнам или ветува или реагира многу чудно... што има во главата незнам затоа имам сега опции или да чекам нова љубов спонтано или да не се надевам веќе, често се изгорував :(
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Без тактики и индиректни потспопнувања , јасно ќе кажеш дека врската не ви оди дека не си задоволна од неговиот однос спрема тебе и дека си спремна да прекинете ако не се смени нешто .
    Доколку тој смета дека ете до тука дошло и смета дека не може да се промени , подобро за тебе , отколку да губиш време на нервози и стресови .
    Ако е спремен за нова шанса дај му ја ..
    Ние жените само мрчиме во себе кога нешто не е ок , молчиме и мислиме ќе примети и ќе се смени , па се натолажуваат фрустрации , јасно треба да се каже што се мисли ,и кои се вашите желби и очекувања од таа врска , ако ви се поклопуваат убаво ако не секој по свој пат ..
    Уствари јас никаде не прочитав дека го сакаш , цело време се плашиш да не останеш сама .
    Јас не верувам дека имало некој кој раскинал долга врска и во еден момент не помислил дека цел живот ќе биде сам , нормални се тие мисли , ама нека бидат инцидентни а не да те водат во животот ..
     
  18. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    :(((((((((( Нормално е дека го сакам, но неговиот однос доведува да се прекине еднаш засекогаш(поради тоа што тој секој ден е во состојба да се расправа, контрира и да не допринесе за наша близина како порано), а можда и подобро е за да се види во тој период дали нешто останало да ја врзува целата ситуација, шанси јас редовно давам ....не е ова прва ситуација,туку многу почеста, а како што бев јасна кажав дека настана вака спонтано како одминува времето...ништо надворешно или внатрешно не допринело туку од самиот негов однос
     
  19. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    ако тој се однесува сега вака како ќе се однесува кога ќе се земите кога ќе имате деца..
    можеби најдобрата опција ти е да се вработиш и да го продолжиш животот понатаму не си престарена па да неможиш да се омажиш...и да болеста не е никаква причина некој да те одбегнува ако те сака ќе те сака и болна и здрава ќе те почитува и цени...сепак разговарајте а ако нема подобрување сама одлучиси но размисли како ќе биди понатаки цел живот...
     
  20. goldy87

    goldy87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    фала НАЈМНОГУ, но тешко се заборава ќе пробам се пошто се е изпробано крајно со таа личност, но јас само се надевав дека и во брак ќе бидеме поблиски и се ќе биде во ред дека далечината е проблем тоа е сепак фала ви најмногу што ми поделивте по нешто во оваа ситуација