Незнам дали ќе успеам да ти дадам доволно добар совет искрено. Јас во животот сум увидела дека ако не успееш со некого да се усогласиш во првите месец дена од врската, голема е веројатноста дека некогаш нема, ОСЕМ кај екстремни случаи на дечки на кои им е стварно стало до тебе каде на секое твое ми фали ова она тој прави напори да те ислуша да те разбере ако треба 5 пати ти објаснува што сакал да каже да не го разбереш погрешно се со цел да покаже колку искрени намери има кон тебе и колку труд вложува да ја придобие твојата љубов. Во секој случај дечко е дечко и треба по правило да биде: -заштитник -културен (пцуења и малограѓанчтина ако доживеете од него во првиот месец дена а не било ситуација сообраќај во чаир пиши пропало) -каваљер, ок може нема кола да те земе секој пат, може ти имаш, па нека те застане на бензиска да стави бензин, 10-15.000 плата за бензин ли треба да ти одат? -прво искачање ако не ви плати кафе сладолед немој ни да му звоните утредента, срамота е за 150-200 денари да се усрами пред вас кога треба да биде џентламен. Ситните работи ја прават врската. Не е важно апсолутно ако нема пари да ви купи бог знае што и не би требало тоа никогаш да се бара од било кој, ниту е важно ако немате доволно да отидете на одмор 10 дена во Шпанија. Верувај ми поважно е ако кога се најдете ти купил стоби флипс пошто еднаш си му каѓала дека обожаваш, или да те чека секогаш 5 минути порано да не дремеш ти на улица сама, да те потргне зад него кога се разминувате во толпа народ. Да ти ги бакнува рацете и да те гледа во очи кога ти кажува ми недостигаше цел ден. Па имав дечко што на сред водњанска застана излезе од кола скина мини ружичка од средина од оние посадените од град скопје тогаш и ми ја даде, си ја пресовав и си ја чував не беше важно што не ми купил ружа од 150 денари крв црвена боја, таквите ги имам фрлено до сега, оваа беше дадена во најискрен момент на емоции и ништо друго, беше повредна за мене него букет од 100 ружи. Искачањето заедно е многу важно, немора да е дискотеки, доволно е 3 пати неделно кафе утринско за викенд, на водно заедно на топло чоколадо, кај пријатели во парови, да го шетате кучето во парк, да пиете чај гушнати на ладно време. Мислам дека 1 година врска со ваков дечко не ти вреди за ништо. дека ти е залудно потрошено време ако немаш убави ситници кои подсвесно ти предизвикуваат насмевска секој пат кога ќе ти звони на телефон. Верувајте се осека дали е некој насмеан кога ќе ве слушне или не. Уште згора на тоа да му кажуваш то ти фали и што треба да правите почесто заедно а он да се понача као оваа збори или канта тропа... јас ова аха добро им го правам на мојте важи , од утре, имам повеќе фрази но секоја значи не ми одговара и нема да го направам. Во најдобар случај од почит ќе го применам 1наш но толку... Поздрав се надевам ќе ги отвориш очите
Спојлер Ја мислам да малце оладиш. Премногу бараш некој работи, што на дечко ти си може малце негативна и одбивна. Од каде да знаеш што ќе се деси за 3-4 год? Може нема да бидеш со него, може 2-3 ќе смениш до тогаш. Не значи ако сте заедно сега, ќе бидете и тогаш. Премногу планираш некој работи, на почетокот, што после може да паднеш на гз.Што не планираш, што утре ќе биде, место за години во иднината. Ако нешто не иде, седни до него и направи муабет, ако не се поправа, па откачи го, ако не те исплонува
Верувала или не, советот ми дојде баш од голема помош, но не во негативна смисла, туку во позитивна. Сево ова што ми го пиша ме натера да ги согледувам буквално оние ситници кои ги прави за мене. Како на пример кога сум изморена, а што е премногу често, самиот ќе се нафати да ми го прошета кучето и тоа понекогаш и два пати во денот. Или кога ќе се возиме во кола, кога ќе ми ја земе раката и ке ми ја пољуби чисто онака без причина. Или кога водиме војна кој да ја плати сметката во кафич и обично ќе ме зафркне со муабетот ,, идам до вц,, а всушност ја платил сметката. Или кога ко будала ми ја мириса косата, бидејќи му мирисала на мене. Или кога ќе ме пољуби и ќе ми рече ,, се наежив од што ми е убаво,,. Кога ќе ми се појави на врата со благо, знаејќи дека обожавам благо, или кога секогаш сака откако ќе се разделиме да му се јавам на кратко, само за да знае дека сум стигнала безбедно дома и уште толку многу работи... Што се однесува до иницијативата за искачање, сега си мислам баш, па и јас не сум совршена!!! Ивана, фала ти многу, ги отворив очите!! Никој не е совршен, па што ако не дава секогаш иницијатива за искачање, битно секогаш доаѓа. Никогаш не ми дал изговор за да не идеме негде. А за патувањата во Шпанија или земањето со кола, тоа воопшто не е тема. Тука отсекогаш сме биле толерантни и грижливи еден спрема друг. Ми ги отвори очите Ивана, богами ми ги отвори!!! Фала ти најмногу. Преку овие работи кои што ги напиша едноставно нешто што сфатив е дека сум нашла па сум зашла.. Незнам колку ти е позната изрекава. ФАЛА МНОГУ!!!
Фала и на тебе Бокчее.. Имам обично навика да ги ''предвидувам'' работите во следните години. Сметам дека сепак сум поставила превисоки критериуми, а на крај краева, може да испадне да си паднам на гз, па од коњ да се спуштам на некое магаре. Незнаете колку само ми помогнавте.. Овие неколку дена размислував само за негативните работи, се што направил убаво за мене го игнорирав и изолирав негде позади во умот. Сега кога Ивана наброја неколку работи сфатив дека претерувам малце!! А се разбира и времето ќе си покаже се, ако не иде во далечна иднина, тогаш чао пријатно. Фала форумџики
Нема проблем, само иди од ден на ден, па што биде нека биде. Ако сакаш да планираш работи, еве почни за нова година, каде да идете, со кого, итн.
Здраво девојки..нова сум на форумов и сакам да ви побарам совет..Се запознавме со него пред 3 месеци..пишувавме секој ден и на вечер до доцна..но во последниве денови го нема ни да ме побара ни да ми се јави ни да пиши..кажете ми дали да му се јавам па да расчистам со него? Ве молам за ваше мислење ..фала однапред <3
@evil_girl Зошто би „расчистила’’ нешто со него, кога бар според напишаново меѓу вас не ни имало нешто повеќе од другарство? Доколку сте само другари или само се допишувате, нема зошто да не му се јавиш прва. Можеш да го прашаш кој е проблемот и зошто го снемало, но не го сфаќај сето тоа толку сериозно и не го земај при срце. Можеби имал некоја работа, обврски и слично, па не бил во можност да те побара.
Ми призна дека ме сака..сепак можеби и повеќе од пријателска љубов.Јас го сакам ама него не можам да го сфатам воопшто..
Е добро де, пиши му ти, Онака ладно, кај си бе што правиш, ме заборави, нешто во тој стил. Си игра топло ладно дечкото
ми требит ваш советт одевме 8 месеци тој ме извара на почетокот му простив после некое време пак истото го напрај со друга и му раскинав ама го сакам ја пуштив другарка ми да прајт муабет со него и тој и рече дека ме сакал ама неможел да е со мене ради то шо ке ме варал а некел да ме повредит,а и прва љубов ми е мислам дек никогаш немат да го заборам. Дали вервите во она дека првата љубов никогаш не се заборават ?и шо мислите дека ова му е само изговор или вистина е?
Изговор му е, и најголемиот женкар кога ке се заљуби ќе се посвети на таа и ќе се смени сам без да мораш ти да му речеш.. Не е вистина дека првата љубов не се заборава, секогаш ке ти биде во сеќавање, ама човек е способен да сака многу и тоа неколку пати и тоа посилно од што мислел..
Дечкото е неиживеано ДЕТЕ и не те сакал туку само колку да каже дека има женска .Кога некој се сака неможеш да се замислиш со некој друг а не па да вараш и тоа 2пати???...Најдобро за тебе е да го заборавиш да се одалечиш од него и да шеташ .Мој совет е да си најдеш некој кој ке те гледа и сака само тебе .За жал многу машки се такви како дечкото кој си го имала можеш слободно да му залепиш една шлаканица јака и да му плукнеш во фаца и да те види среќна .
Мојот бивши тврдеше дека ме сака мене иако на почетокот постојано бившата ја спомнуваше. Па се правдаше дека не ја сакал веќе а цело време во уста му беше. Ај помина тој период бидејќи сериозно му замерив но на крајот од врската тој си го врати стариот профил на Фејсбук на кој ја има цела нејзина фамилија, куп објави посветени на неа итн. Тоа да не му значи уште ќе преминеше преку се. Барем се ослободив од човек кој не знае што сака.
Ти си требала уште од кога ја спомнувал да го откачиш. Чим некој спомнува бивши значи сака да им се врати. Мисли и на неа и на тебе. Убаво му било со неа.
Епа вака..сакам да се советувам со вас.. Имам дечко веќе 9 месеци, но последниве 2-3 некако ми е чуден..не ме одбегнува всушност кога сме заедно секогаш се најде да му врти некој и тој стане и си замине велејќи дека има работа..јас му верувам во потполност..тој секогаш ми вика да најдам време за себе, да учам, да излезам, да си најдам некоја занимација, кога не му пишувам се чуди зошто ме нема, а кога му пишувам напорна сум, дали јас претерувам или тој е премногу окупиран со работата па сака да се опушти малку? и уште нешто кога не му пишувам често и многу кога се видиме му се гледа дека му фалам, ме гушка, ме гризе(тоа му е некоја страст), ми кажува се и сешто што се случувало..што е проблемот?
Мое мислење е дека проблемот е токму во тоа што ти го кажал, дека треба да си имаш и интереси кои не се поврзани со него. Убаво е да му посветуваш време на врската и да се трудиш да има разбирање и добра комуникација со него, но исто така треба да се трудиш и за себе да одиш напред и да се надоградуваш постојано. Така и двајцата ќе си бидете зафатени дел од времето и нема да му бидеш напорна со пишување бидејќи и ти ќе си имаш за учење, работа, хоби. А времето кое ќе ви преостанува како слободно на двајцата ќе си го посветувате еден на друг без притоа никој на никого да му е напорен. Инаку студираш нешто/вработена си?