1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Текстови

Дискусија во 'Канта' започната од WhiteAngel, 10 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Целта на темава е секоја феминка која што има некој текст кој што сама го напишала или го видела негде па и се допаднал да го сподели со останатите. Видов теми од типот на проза и поезија, но таму не наидов на текстови! А ако сепак не е соодветна темава, клуч!
     
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    22 ружи

    Ни црните темни очила не успеваа да ги сокријат солзите кои се лизгаа по лицето, тивко и нечујно како што и тој замина од нашите животи. Никој не ни помислуваше дека секогаш насмеаното лице денес ќе биде скаменето… Толку млад, полн со елан и желба за живот…А како почна се? Со плач… така и заврши…
    Голема беше поворката која ја следеше колата во која лежеше тој. Многумина дојдоа да изразат почит и големо жалење што една таква личност го напушти овој свет и замина на небото. Солзите беа украс на сечие лице од поворката, единствено лицето на неговата мајка веќе беше пресушило и беше згрчено од болка. Најтешко за секој родител е да го испрати своето чедо кон вечен сон, а неа Бог ја беше казнил два пати. Прво во сообраќајна несреќа и го зеде сопругот, но и подари утеха во синот кој само што се беше родил и постарата ќеркичка која исто така ја преживеа несреќата, но сега кога и го зеде синот на сосема идентичен начин, за неа како да не постоеше причина за која вредеше да живее.
    Пред неа со крстот во раце одеше неговиот најдобар другар. И тој беше скршен од болка. И нему не му се веруваше дека неговиот најдобар другар веќе го нема. Никогаш не беа одделени, постојано заедно, освен тој кобен ден.
    - Не доаѓај со мене, Ќе одам сам – му рече
    Одмори се, а нареден пат ќе одиме заедно. Ти ветувам!
    Тоа беше единственото ветување кое не го исполни. Можеби и намерно не му дозволи да оди со него, можеби и тој знаеше што го чека. По се изгледа судбината сакаше неговиот најдобар другар да биде поштеден. Во себе постојано се обвинуваше зошто не беше со него, којзнае.. можеби и ќе беше нешто поинаку. Можеби и ќе го спасеше…Но, сега веќе е доцна за нешто да се промени.
    Меѓу луѓето што полека се движеа беше и една девојка која во рацете носеше букет од 22 црвени рози, исти онакви какви што тој и подари за роденден. Со неа тој си имаше посебна врска. Еден со друг постојано се дополнуваа, беа како створени еден за друг, но најчудно од се беше тоа што тие никогаш официјално не беа во љубовна врска. Кружеа муабети, шпекулации, но тие секогаш успеваа да останат имуни на тоа.
    Никој не знаеше, но Таа беше последната што го чу неговиот глас. И се беше јавил само еден час пред несреќата за да и посака добра ноќ и да и каже дека е добар. Пред да ја затвори слушалката и рече:
    - Те сакам Мила, убаво да спиеш. Ќе се видиме наскоро.
    Зборови кои сеуште и одѕвонуваа во главата. Целиот живот беше ладна за искажување чувства, но очигледно тие зборови како да го скршија мразот што ја беше завил. И беше тешко сеа кога го загуби, но најмногу ја болеше тоа што не му рече дека и таа го чувствува истото за него. За неа тие зборови останаа неизречени. А го сакаше, навистина го сакаше, но никогаш не се осмели да го каже тоа, оти за неа тие зборови беа безначајни. Додуша немаше ни потреба тоа да го каже за тоа што Љубовта гореше во очите и на двајцата. Ама сепак..
    Почнавме полека да го спуштаме ковчегот, јас заедно со уште неколкумина негови другари, кога одеднаш небото помодре. Еден огромен црн облак се појави над нас, спремајќи се во секој момент да истури силен дожд. Тогаш мајка му списка:
    - Не, не се одделувам од своето чедо, ако треба закопајте ме со него. Јас немам поради кој да живеам. Тој ми беше СЕ!
    И се фрли врз ковчегот. Настана комплетен молк, никој не знаеше како да реагира. Никој не ни помислуваше да и застане на патот.
    - Мамо, рече нејзината ќерка, единственото чедо кое и остана. Те молам, знам дека ти е тешко, и мене ми е, но остави го. Судбината беше сурова и ни ги одзеде двата најмили машки лика од нашите животи, но те молам не заминувај и ти. Не ме оставај сама. Потребна си ми.
    - Не можам! Не не не… Сине зошто замина, чедо мајкино, синеееееееее… -се слушаа мајчините пискотници низ гробиштата.
    - Врати се најмило на мајка! О боже зошто ми го зеде? Земи ме мене, не него! Сине врати ми се!
    Сите оние што беа во нејзина близина се обидуваа да и помогнат, но како? Никој од нив неможеше да го врати него и да и ја пополни празнината.
    Капка по капка, се лизгаа капките на дрвениот ковчег. Дури и небото плачеше за него. Ковчегот конечно се спушти во проклетата дупка каде вечно ќе почива неговото тело.
    Додека лопата по лопата го покривавме со земја, грмотевиците над нас стануваа се посилни, како и тие да ја проколнуваа судбината што го зеде. Поминуваа сите присутни и фрлаа по една рака земја и цветови за спокој на неговата душа. И кога конечно го покривме неговото вечно почивалиште се појави девојката со 22те црвени рози и ги положи точно над него. Никој потоа не се осмели да ги покрие нејзините цветови туку откако ќе се поклонеа своите букети свежо цвеќе ги ставаа од страна.
    Се приближи кон мајка му и сестра му кои сеуште беа гушнати една со друга обидувајќи се да си ја намалат болката, ги прегрна и тивко им прошепоти:
    - Не грижете се.. тој можеби умре, но еден дел остана во мене да живее. Носам негово дете. Сакав да му ја кажам радосната вест кога ќе се врати, но судбината реши тој никогаш да не дознае. Затоа и ви кажувам Вам. За мене тој беше еден и единствен и сакам да го родам тоа дете, но неможам сама да се грижам, ми треба помош, ќе ми помогнете ли?
    Неговата мајка и сестра се скаменија од зборовите што ги слушнаа. Не можеа да поверуваат. Беа просто занемени и незнаеа што да и одговорат. Неговата мајка ја допре за лицето и само и рече:
    - Ти благодарам мила. Ти го оживеа мојот син. Што и да ти биде потребно, каква и да помош ти треба.. се ќе добиеш.. ти ветувам. Сега ти си дел од нашата фамилија.
    Како сонце да ја беше огреало неговата мајка. За миг надежта и се врати. Очите и блеснаа. Ја прегрна силно девојката за која нејзиниот син и рече дека е жената на неговиот живот и успеа да се насмевне.
    Мојата работа беше завршена па полека се оддалечував од гробот кога пред мене се појави една машка силуета. Ја поткренав главата и се вкочанив.
    - Хеј, па.. па.. ти.. ти си.. – почнав да пелтечам, неверувајќи им на своите очи.
    - Мртов? - ми рече со насмевка
    - Па да, што се случува? – мислев дека сум го изгубил умот и дека халуцинирам.
    - Па зарем е можно да сум мртов кога живеам во срцата на многумина?
    Погледни околу тебе. Она што ме одржува жив се спомените на луѓето за мене. Се додека тие го споменуваат моето име и се сеќаваат на сите наши заеднички мигови јас нема да исчезнам. Затоа драг пријателе, кога нешто не сакаш да исчезне труди се да го сочуваш. Се си бара свое внимание: љубов, пријателство, работа, деца, соништа… Никогаш не е доцна да се започне. Јас можеби не сум присутен физички, но духот мој не умира.
    Остани ми во добро здравје и запамети:
    “Изгубено е само она од кое сме се откажале, а се додека некој се сеќава на тебе и ти ќе живееш!”
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Аха, ок, ќе го префрлам таму, а на оваа може и клуч!
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.