Тиктокификација на дебатен клуб: дали онлајн дејтингот го искривува концептот за љубов?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 2 март 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.840
    За ова си скроз во право и иако мислев дека знам, сега знам дека не сум знаела.
    Пред да живеам со бившиот бевме години заедно, заедно имавме имоти, кредити, свашта поминавме заедно. Технички и живеевме заедно, ама не сосема сами (кај моите - кај неговите се шалтавме).

    Што дека секој божји ден бевме заедно кога сепак кога заживеавме заедно испаднаа проблеми кои не ги ни сонував дека ќе се случат. Се' бидува.

    Затоа ич ортома не си ставам што ќе биде со овој, па колку е реално, колку е нереално, колку ќе ни оди кога и ако заживееме заедно... од се' има назад освен од умирачка :)
     
    На SummerGirl, FridaodaMk, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    27.825
    Ама зошто ја водите темата кон врски на далечина? Мислам дека скроз друго е темава.
     
    На Angie1432, sweet-cherry, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    ❗Потсетник дека темава ќе биди активна до Сабота да си се доискажите. :D
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.840
    Па оти дел од врските на далечина е онлајн дејтање :D

    За запознавање, се изјаснив лично уште во првиот пост, имам предрасуди кон апликациите, основани или неосновани - не знам.

    Повеќе луѓе околу мене првично по фејс се имаат запознаено што се денес во брак, нема врска со лонг дистенс, туку и од ист град.

    Не сум во тек со модерни збивања во онлајн хук ап култура за да дадам мислење за тоа.
     
    На Mrs. right, nextredstyle и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.889
    Допаѓања:
    85.660
    Пол:
    Женски
    Онлајн дејтингот е платонска врска која не се конзумира.
    Се идеализира, се фантазира,но е далеку од реалноста .
    Без физичка врска не може да опстане.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.840
    Се согласувам потполно, но и реален факт е дека луѓето се' повеќе вака се запознаваат, посебно минативе 15 години.

    Мислам дека и целава тема уствари е тоа - запознавањето, почетокот.

    Понатаму мислам дека секому целта е физичкиот дел (за тие што не е, не знам што е идејата зад запознавањата), меѓутоа @Biljarkata најточно кажа дека вистинскиот тест за било каква врска е заедничкиот живот.

    Со комшија да си, дур не живееш активно, дискутабилно е.

    Ама тоа е веќе ептен напред, никој од запознавање не скока на живот заедно, ваљда.

    Интернационалните врски, па и од други градови во една земја, не се нешто ново, не се нешто невидено ниту модерно.

    Баба ми и дедо ми, дедо ми од Скопје, таа од Дојран, во 1959 дејтале на далечина :D Ни се стигало до Дојран како што се стига денес, ни таа била слободна кога сака да дојде. Писма и повремено гледање со брат и' да ја пази било дејтањето. :)

    Од Југославија колку мешани бракови се излезени, од различни места луѓе се наоѓале и се селеле, не е нешто ново, дури мислам дека е поретко денес. Перидот од "здраво јас сум Тој од Велес" и "здраво јас сум Таа од Сараево" до брак не е една недела.

    Истото постои со децении, само сега е полесно.

    А за воведот - хук апс, свајпање слики и слично, не знам што да кажам, знам дека луѓе така запознале партнери, не сум имала ни џаст фор фан апликација, колку реално е функционално - ваљда е, одамна така се мажат по светов, дури има и специјални апликации за различни вери итн.

    Едит: на форумов има неколку теми како се нашле брачните партнери, голем дел се најдени онлајн.
     
    На nextredstyle, Amellie13 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    А зошто темава не е посебна тема?
    Повеќе од обичен тренд е сепак.
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Пошто воспоставените прашања се тие и не е тренд туку е реалност ради постоење на интернет свет и интернет култура. Тема за врски на далечина - има. За онлајн дејтинг - има. Искуствени теми се каде секогаш можи да се коментира во тој правец, шо дури и тука се почна така, шо ја прај темава непотребна/неодржлива долгорочно.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.