Лекција- ендокрини вознемирувачи https://www.niehs.nih.gov/health/topics/agents/endocrine/index.cfm Не за : пластика, соја; внимателно со: козметика, избор на облека Ова како букмарк за мене, кој сака може да си прочита https://www.webmd.com/diet/news/201...cals leach into food,break down in our bodies. Покрај диета без глутен, последниве години полека се префрлив на органска козметика. Тсх, првпат школски околу 2, претходно стално над 4. Избегавам пластика, колку што е можно да се избегне, паста за заби без флуор.
Кои основни хормони да ги испитам за да знам дали е во ред тироидната?И како можам сама да знам дали нешто не е во ред поточно кои се симптомите.Поздрав <3
Некој дали има искуство со некој добар др од Систина ? Досега одев на нуклеарна ама нешто не ми обраќаат доволно внимание
Здраво Подолго време имам чувство дека нешто ми стои во грлото, а со тоа имам потешкотии и во голтањето на храната исто така чувствувам и замор. Бев на оториноларинголог ми рече дека е алергија примам терапија ама нема подобрување дали можеби е до тироидната? Овие дена имам проблем и со притисокот, а немав досега.
Кој е главен хормон што се испитува преку крвна анализа за да се утврди дали има нешто со тироидната? T4?
Имам пулсирачко чувство во тироидната и како потешкотии во голтањето како грутки да ми застаниваат во грлото но тоа не се случува стално туку во одредени ситуации и поретко навечер.
Преку крв може само со хормоните да се види дали нешто не е во ред, а со ехо дали нешто не е во ред со структурата на жлездата. Не значи дека ако хормоните ти се во ред дека и структурата е во ред и обратно. Треба целосен преглед да се направи ехо и вредности на хормони за да се добие целосна слика
Девојки, ве има голем број на темава, би сакала да прашам што би рекле од искуство... Сестра ми правеше хормонален статус поради полицистични јајници, во време овулација, резултатирте се низок естроген и фоликостимулирачки, за таа фаза се под долна граница. Тоа отприлика и го знаевме, не измемади цисокиот ФТ4 (65, а форна граница 25), ТСХ е во нормала, антитела под 10 пишува, а реф вредности се меѓу 10 и 50... И препорачале и ехо на тироида, за да се постави дијагноза, но она е баш исплашена, не може да дочека....дали некој друг се сретнал со нешто слично...
Како се чувствува? Уморна е? Слободните хормони фт4 и фт3 се многу поважни од тсх. Нека си направи уште една контрола. Може било моментално.... антителата се супер.