Токсична врска со родител

Дискусија во 'Психологија' започната од thequeen95, 27 ноември 2019.

  1. Sweery1298

    Sweery1298 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Vo Prvoto mesto roditelite mi se oddaleceni pola saat od mene. Znaci doma ke ziveam. Ke patuvam. A na vtorovo ke se preselam. Ne objasni dobro. Ne poznavam nikoj taka opsto luge na moja vozrast. I mnogu pomal izbor na zabava ima prvoto mesto. No kariera I plata top.
     
    На Sweet Harmony му/ѝ се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    8.961
    Пол:
    Женски
    Не ни приметив во која тема сме, во лош однос си со родителите?
    Јас за мене си зборев, живеам во Скопје.
    Чим се вработуваш, не гледам зошто забава би ти била пресудна. Направи си листа со Pros and Cons и види кое ќе натежне повеќе.
     
  3. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.824
    Допаѓања:
    42.906
    Пол:
    Женски
    :l:
    FB_IMG_1577203724819.jpg
     
    На Different7, adolfhitler, Frosin4e и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Можам да кажам дека мајка ми е слична. Ова сето го прави па посебно врз сестра ми дека е женско само и кажува нешто па та и ја слуша.. Дел од ова мене ми наби некој работи шо ... Сфаќам, родител ко родител се грижи, си ја сакам ама не чини за развојот тоа..
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.595
    Допаѓања:
    6.611
    Нека си го гледа факултетот, плус сега има многу опции за работа на интернет, хонорарно, само нека граба напред. Ако и речат „будало“, нека биде рамнодушна, нека ги игнорира. Секое второ семејство во Македонија е дисфункционално. Колку пропалитет народ сме. Секогаш кога гледам Вип на еден ден се чудат, што се нема по Македонија. Малтретирани и осакатени деца.
     
    На poppie и H.VAGA им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    3.321
    Допаѓања:
    33.130
    Пол:
    Женски

    Не е само да продолжи со факултет кога нема мотивација, учи кога има потреба, ги поминуваше испитите пред да почне да се случува тоа. Потоа се' се промени.
    Често викам, не секој е за родител, ги малтретираат децата и подоцна полни со комплекси се.
    Не е мое да судам кој каков е, ама многу се нервирам кога гледам вакви случаеви.

    Апдејт:
    Се вработи во една фабрика, се надевам за старт ќе биде доволно, решена е да оди на факултет вонредно, па ќе видиме како ќе биде.
     
    На WildMk, H.VAGA, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.595
    Допаѓања:
    6.611
    Од ова што го читам, а и од тоа какви родители беа моите и во моја околина, 70% не се за рдоители, не се способни. Колку неспособен и недоветен народ сме. Родителите не се способни со себе да се справат, не па уште децата да ги изведат на прав пат. Лошо. Јас кога прекинав да комуницирам со другарка, затоа што увидов дека е дволична, купи продај, мајка ми ми велеше себична сум била, не сум сакала да се дружам. Па таа ли ќе кажува детето со кого ќе се дружи, замисли? Мајка ми повеќе водеше сметка да има време за кафе со пријателките, отколку да зготви ручек дома. Денес не ја фермаат.

    Нека му е со среќа на девојчето.
     
    На Mantub, hermosa, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.211
    Допаѓања:
    1.525
    Пол:
    Женски
    Мотивација како и да е мора да ја врати, не е битно како се понаша мајка. И јас бев во таква ситуација, кога запишав факултет со татко ми прекинавме комуникација, а тој како родител требаше да ми биде подршка. Што е до мене јас пробував да комуницирам со него но тој не сакаше. И после толку години лани му купив чоколада за роденден и му напишав на ливче "Среќен роденден :l:", но од него не добив ни едно Благодарам,(иако чувствувам дека му е мило за тоа, сепак се чувствував повредено затоа што ништо не ми кажа). И мене ми беше многу тешко, паѓав испити затоа што бев оптеретена со тоа. По некое време решив да го игнорирам тоа. 2018 чичо ми што многу го сакав се разболе од рак, до последен момент бев со него, барав секаков начин со братучедите како да го спасиме, ама ете не успеавме. Паднав во депресија, најдобрата другарка што ми беше како сестра ми заврте грб кога почнав да зимам антидепресиви. Бев скроз сама. Се посветив тој период на учење. Ненормално учење по осум сати на ден, само да не мислам на сето тоа што ми се случи. Ја исчистив цела 4та година. Сега ми останаа само 2 испита до дипломирање. Затоа велам нека ја најде мотивацијата и нека почне со учење, нека не мисли на ништо друго. Сега и на работа со луѓе ќе е ќе се отргне од проблемите, и полесно можеби ќе најде мотивација. Со среќа.:*
     
    На Frosin4e, WildMk, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  9. nikibi

    nikibi Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е за тука ова што имам да го кажам ама, ајде.
    Моите родители се посветени на брат ми.
    Не дека мене не ме сакаат ама, се чувствувам поделено.
    Пред 1 саат правев муабет со мајка ми за да се префрлам во странство да ги дозавршам студиите и мајка ми одма се збуни како било многу скапо и немала пари да ги фрла за глупости.
    Од друга страна, брат ми има 19 години не сака да иде на факултет а е запишан, моите му викаат синко ќе ти ги платиме сите испити само биди редовен на предавања. Значи, ако немаш пари нема да викаш така. Му купија нова кола од салон која чинеше околу 30.000 евра.
    Многу ми е тешко. Ве молам кажете ми што да правам
     
    На hermosa, bibiiii, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    6.682
    Допаѓања:
    30.937
    Пол:
    Женски
    Разговарај со татко ти :)
     
  11. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    te sfakjam potpolno...majka mi e takva isto..sestra mi sakase puma patiki od 4iljadi i odma i gi kupi ushte denta ednas ja i rekov sakam i ja patiki takvi i pocna da vriska i piska..iskreno nema so da prais nz ja i podeleno se osekjam..kozna jakna od 2iljadi a do pupak i e , ja da go kupev toa kje me isfrlese od doma deka sum dala tolku pari za toa..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Calla

    Calla Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    934
    Дали си им ги кажала истиве работи на нив отворено? Разговарајте директно, како на форумов, истите компарации кажи им ги па види каков одговор ќе ти дадат.
    Но немој да се секираш дека тебе те омаловажуваат, посебно мајка ти, бидејќи можеби тебе те гледаат како поснаодлива, но сепак разговарајте (со отворени карти)!
     
  13. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Ве гушкам сите што се справувате со narcissistic parent.
    Ќе помине и ова.:l: upload_2020-2-9_15-44-52.jpeg

    upload_2020-2-9_15-46-16.jpeg
     
    Последна измена од модератор: 9 февруари 2020
    На Sexychica, *Amethyst*, Cherry333 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    1.617
    Пол:
    Женски
    цел живот татко ми викаше нема ништо да биде од мене па еве го сега што и да му треба прво кај мене ѕвони..која дволичност е тоа...
    ма да тоа негово понашање ме научи да успеам до овој степен што сум сега и да си бидам самостална личност да не зависам од никој и да се снаоѓам во било каква ситуација од животот
     
    На raww, Justicija, marchi-cool и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    16.221
    Пол:
    Женски
    Прво пребарав дали некогаш сум пишала на темава, па после решив да пишам.

    Да се одделиш од родител е тешко и не секој може да го направи тоа. Не фали желба, туку карактер. А не секој има истрајна цврстина во својот. Што не ве прави без карактер.
    Совет кон тие персони е, трудете се колку повеќе вие да ја имате контролата над својот живот, макар почнувајќи од тоа што ќе јадете денес и со кој ќе излезете на кафе(после карантинот 8-| ). Полека ќе се осамостоите се' повеќе.

    Од другата страна, немањето врска/ контакти не е решението за да се спасат односите. Остава празно место само. И на моменти тоа празно место ви ствара страшни емоционални главоболки кога се чуствувате даун.
    Но во секој друг момент е плус, бидејќи немате котва која ве влече надолу секоја секунда.

    П.С. Сега видов дека темава е од пред пола година и е стриктно отворена од конкретен проблем на членка, па нема да пишам повеќе.
    Еве друга тема со слична тематика: https://forum.femina.mk/threads/Развод-од-родителите.27660/#post-3474767
     
    Последна измена: 6 април 2020
    На candy.cane, *Amethyst* и thequeen95 им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    10.327
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да пишам каде да се олеснам иако знам дека после ова ќе имам многу хејт коментари ама ако навикната сум јас на тоа..
    живеам со мајка што секој ден ми го прави пекол ми се дере ми вика сакала да има само едно дете посвоена сум била (ова од татко ми слушнав после тоа цела куќа ме заебаваше) вишок сум била јас секаде цело време пари сум барала а колку пати ми било незгодно да побарам..искачање? другарки? славење родендени? друштво? што е тоа 2 пати месечно и тоа на еден саат само набризина колку да не ги одбијам пред школо после школо сите цело лето шетаат искачаат ја дома седам колку ќотек изедов летово што искочив еднаш со другарки и кажав на мајка ми после тоа направи драма пред татко ми дека не сум и кажала комшија правеше матура мајка ми ми кажува "ти никогаш нема да успееш колку него" глупава проста менатална ненормална болна за лечење се мои прекари кои веќе ги имам преболено и не допираат до мене толку ама сепак боли родител е од родител најмногу боли.. најмала ситница да згрешам настанува драма дома не дај боже 1-ца да донесам дома вака сум се тресела еднаш кога требаше на тест да се потп ми рече само "јас не се потп на 1-ци" не сум одлична ученичка далеку од тоа онака добра мнг добра од цел мој живот само убавите денови да ги собереме ќе испадне на сила 1 месец од цел живот а да не кажувам за физичкиов изглед какови коментари сум добивала.. до сега 2 пати ме има наместено пари дека сум и украла од новчаник.. има среќа што не кажувам на татко ми какви се пораки имам видено и прочитано со др мажи на телл кај нејзе
    дечко да имам? тоа е драма за понатака само Господ нека е со мене
    единствен човек у куќава што ме сака е баба ми она од бебе ме гледа ме чува никогаш ме нема удрено пред нејзе можам да се исплачам на раат само и се убаво
    извинете на одвратниве зборови морав некаде да се искажам
     
    На Orthophill и Sexychica им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.587
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека ќе добиеш хејт коментари? Нема да добиеш.
    Да можев некако да ти помогнам, одма, без око да ми трепне. Да речам жал ми е, тоа би било малку. Премногу ми е мака кога читам вакви приказни. Се надевам се ќе се среди за тебе.
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115, Sexychica и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Женски
    Tatko ti stom e razumen,ili malku go spomna pa dobiv za nego poinakva slika.
    Razgovaraj so nego,neka i objasni na majkati kako se odnesyva,kako vlijae toa na tebe..(imase moja drugarka takva majka,ne deka drugarkata bese cveke,mn gluposti pravese no sepak dete).
    Razgovaraj i so babati,ne smee da ti vlijae nejziniot odnos sto te navreduva.
    Znam deka e tesko,znam deka ne e ednostavno da se pomiris so nejzinite navredi,za zal ne sekoj koj te rodil i cuval go zasluzuva epitetot roditel.
    Razgovaraj so tatkoti.
    Vreme e.
     
    На *Amethyst* и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    10.327
    Пол:
    Женски
    не постои начин за мене некој да ми помогне никој жив не се родил мене да ме сака уште па да ми помогне сепак ти благодарам многу понудено како послужено
    Неможам да разговарам ниту со него 2-та се исти господ ги споил

    Ви благодарам за утехата сепак
     
  20. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Не смееш вака да мислиш! Не е точно.
    Не си сама во ова, јас ја отворив темава и имам сличен проблем, девојките што коментираат исто. Тука сме да си помагаме.
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115, Sexychica и 9 други им се допаѓа ова.