1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тој или таа..?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од feminamk, 8 април 2011.

  1. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Бидејќи ова е моја прва тема..се надевам не ја утнав категоријата..
    тој или таа??
    тој е момче кое ми се свиѓа..и можам да кажам дека за него можам се за напраам ..
    а таа ми е другарка..порано најдобра се дур не се смува со него..од тогаш почнав да се отргнувам од неа.
    незнам што да правам..меѓу кој да бирам..неколку пати и кажав дека ми се свиѓа но таа не ме сфајќа сериозно..
    а тој постојано е тука покрај мене..дава некој знаци ама не сум сигурна..
    ајде помош..
    он и баш не е нешто затрескан во неа..никогаш не и пишува онака само за мување ја чува..
    и сеа.??
    што да правам.?
    да му кажам што чуствувам или сепак да ќутам??? :?:
     
  2. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    тој или таа..?


    Доколку ти била верна другарка немало тоа да го направи,а доколку мислиш дека тоа што го чувствуваш за него е тоа вистинското вреде да се бориш за неговата љубов!!!
     
    На feminamk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    тој или таа..?

    да..тоа што го чуствувам ептен е онака убедувачки..покрај него сум си најсреќна..иако не сум негова..имаме исти интереси..за многу работи си се сфајќаме..
    но сепак..како да го направам првиот чекор..??
    незнам како ќе реагира она коа ќе сфати дека сепак сум била сериозна...
     
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    тој или таа..?

    Жити другарката |( па уште како она ќе сватела :^) Она не оставила простор за ти да се секираш како ќе те сфати а ако е како што викаш дека знаела,дека си и кажала дека дечкото ти се допаѓа и пак направила нешто ова за мене е многу подмолно и лицемерно,поготово ако ти била другарка.Ти си знаеш најубаво,нема да ти ги пишувам тие исти реченици fight for this love зашто ми се малце излитени,само ќе ти кажам ако навистина чувствуваш нешто тогаш зашто па да не го направиш 1 чекор..
     
  5. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    тој или таа..?

    Ти девојче си направила два погрешни избори и другарка и момче кое ти се допаѓа. Таа твоја „најдобра“ другарка била со него а тој што ти се допаѓа само „онака “ бил со нејзе. Па јас на најдобрата другарка се плашам да и го погледнам дечкото. Се знаат границите. Ако она е со некого за мене веќе тој не претставува ништо освен „нејзин“ дечко. Јас не знам зашто уживате да бидете постојано во некој триаголник. Јас би ги елиминирала и двајцата. Сега ти го превземала момчето што ти се допаѓа, утре може да биде твојот сопруг, да се растури семејство. По профилот гледам дека имаш 20 години, сосема доволно за да размислуваш и на ова поле. Не знам колку другите се согласуваат со мене, но сметам дека ниту двајцата не заслужуваат да бидат дел одтебе во никоја смисла.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    тој или таа..?

    Едноставно, ни тој, ни таа. Има многу други другарки и дечковци кои повеќе го заслужуваат твоето внимание од овие двајца егоисти кои си го гледаат својот мерак.
    Не биди дворски шут, само тоа ќе ти кажам.
     
  7. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    тој или таа..?

    Имаш 20 години ... незнам колку може мојот совет да ти помогне иако сум скоро 4 години помала од тебе али ако мислиш дека е вистинскиот борисе и во др. коментар ти пишав... направи ги првиот чекор кажи му што чувствуват бар така ќе знаеш на што си ништо нема да загубиш ако тој не ти возврати значи сепак господ чува нешто подобро за тебе ... со среќа :)
     
  8. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    644
    тој или таа..?

    Не мора да бираш, има и трета опција. Најди си нов симпатија и нова другарка, а горенаведените нека ти бидат златни резерви 8)
     
  9. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    тој или таа..?

    се согласувам со баба дара,не те заслужуваат ни двајцата.Таа како најдобра другарка не требало да има ништо со него бидејќи нели знаела дека момчето ти се допаѓа и имаш чувства кон него додека тој пак ако си му дала некаков знак на симпатија или било каков повод не требало да биде со другарка ти па потоа со тебе.Ова е само мое мислење а твое е да одлучиш.Се надевам правилно ;)